build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Совет за купување на стан во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Совет за купување на стан во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nikola21m View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Oct-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote nikola21m Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Совет за купување на стан во Скопје
    Posted: 04-Oct-2020 at 21:22
Здраво друштво! морам да ве пофалам поради тоа што секогаш кога барам нешто на интернет, форумов е меѓу првите резултати кога е во прашање станови, па денес решив да креирам акаунт и да ви пишам.

Имено сакам да купам стан во Скопје но имам некои специфични барања кога се работи за потрагата на мојот стан па се надевам ќе ми помогнете или во најмала рака дадете совет.

Имено барам некој стан кој ќе биде во некоја си квадратура до 60 максимум 63-65м2 (ова како ептен ако нема избор па 65), и истиот да биде барем со спална и детска односно 2 спални плус дневна.

За ова по некои си стандарди секако е многу односно, собите би биле мали или дневната би била мала, но има луѓе што купуваат гарсоњери па е ок, така да од тоа што видов по интернет испадна една зграда што се гради во влае на ул вангел дину (можеби грешам) и распределбата на станот за мене е ТОП! - линк до слика.линк до слика но да бидам искрен не сум дојден во скопје и не знам баш кај е уличкава, но од гугл мапите ми изгледа како мирна населба.

Она што друго го гледав во мој ценовен ранг беше Алур комплексот кај лукоил во влае, но не таа зградата што е на самата уличка туку тие што се градат во позадина (тие се мислам комплексот). За САНИК немам информации, некои велат ок се, некои велат “подалеку од нив“.

Гледам исклучиво нови градби и по можност истиот стан да го земам од инвеститор, (ова доколку се одлучам на 65м2 а ми фалат пари па со мало кредитче).

Мразам: Центар (секако немам финансиска моќ, ама и ептен е густо)
Аеродром (нешто слично мислење како центар, плус лош “газда“ на општината)
Кисела Вода (почетокот ајде ми се допаѓа, ама се понатака ми е некако депресија).
Ѓорче (не сакам тука)

Би сакал:
Убави се зградите спроти гоце студентскиот ама таму се мали не знам дали се гради нешто.
Кај Реплек фабриката има убави згради тоа место некако ми се допаѓа, од една страна гледа на водно.
Влае (ми изгледа како мирна населба само да не е на партизанска).
+ Ваш совет.

Доколку е Реплек или нешто накај гоце тогаш цената ќе оди накај 1000-1100е/м2 што пак ок е и можам да си дозволам со оглед што многу е разлика со Алур па и оправдано е таа цена.

Можеби грешам со цениве, па затоа барам од вас да ми дадете совет дали знаете нешто што се гради со слични спецификации.

Зградата кај Вангел Дину е мала со 3 ката мислам така да тоа ми е за сега единствено што најдов (покрај алур) што е мало и со поставеност на станот како што јас замислувам..


Фала ви однапред на одговорите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Oct-2020 at 07:27
Здраво и добредојде на форумов.

Прво да ти кажам дека линкот што си го ставил за распоредот на стан е во зграда на Клико Градба која се наоѓа во Аеродром на ул.Фрањо Клуз(спроти Макптерол).
Еве линк до постот
https://www.facebook.com/klikogradba/photos/pcb.134035521400310/134026328067896/

-----
За зградата на ул.Вангел Дину веројатно мислиш на објектите што ги градат ДДМ Инженеринг мислам дека скоро почнаа незнам во која фаза се но можеш да ја погледнеш нишката за тој комплекс под името Станбен комплекс Влае(ДДМ Инженеринг).Што се однесува до нив има доста позитивни коментари и воедно тие не градат некои големи станови баш тука негде околу 57 м2 какви што бараш.

Еве еден таков



За нив велат дека добро умеат да направат распореди во релативно мали квадратури.Во комплексот во Влае ќе градат(веќе градат) 2 згради краен рок за завршување им е август 2021 на спрат има по два стана и околината е прилично мирна. Толку би имал да кажам за нив.

----
За Саник имам слушнато доста различни мислења можеби квалитетот им варира од зграда до зграда градат и низ Аеродром а и во Влае но не би можел да дадам некој совет бидејќи во принцип до сега само една или ниту една зграда од тековните проекти не им е готова па за искуства би требало да се почека вселување на барем некоја од нив.

---------------------------------
ПРОДАЖБА НА СТАНОВИ ВО НАСЕЛБА ТАФТАЛИЏЕ 2 (спроти Реплек на главна улица).
Станови од 33м2 (гарсоњера), 53м2 со една спална соба, 80м2 со две спални соби, 83м2(пентхаус)со две спални соби
Улица Ванчо Мицков 2б, општина Карпош, Скопје.
https://www.facebook.com/toil.structure

Овие веќе привршуваат со двете зградички но тука во принцип веќе можно е да се распродадени становите или пак останати се поголемите квадратури.Можеби во нивна близина се гради и уште нешто слично но ретко минувам во овој дел па незнам како е ситуацијата.

------

Во тој дел на градот во принцип има доста вакви мини зградички но повеќето ретко се рекламираат дека се во градба или тоа го прават доцна кога ќе им останат уште стан-два за продавање па затоа е доста тешко навремено да се откријат.

Јас толку би имал да споделам,инаку кога бираш мирна и тивка населба прво види во околина или разгледај го деталниот план за тој дел бидејќи многу лесно во градов навидум мирните населби се претвораат во градилишта и постепен хаос.










Edited by stef4o - 05-Oct-2020 at 07:28
Back to Top
nikola21m View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Oct-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote nikola21m Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Oct-2020 at 13:36
Ти благодарам за брзиот одговор, разгледувам се уште што како. Да како што и ти кажа, малите зградички баш и не се „промовираат“ многу.

Имаше нешто ново во Хром, ама изгледа потфатиле некоја зграда, мислам дека беше до некоја кафана... Имаш некое инфо повеќе?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Oct-2020 at 13:52
Види страна 162 од општата нишка за станбени и станбено деловни објекти и неколку страни понапред(од 150 до 160 негде мислам има пак нешто).Таму ја срушија кафаната Кај Панко и почнаа со ископ за зграда која ќе биде П+4+Пк но имаше некои скандали(пехови)при ископот кинеа цевки,навлегле преблизу до соседната зграда и слично.Сеуште се вели дека нема табла со рендери и повеќе инфо можеби кога ќе се крене карабина ќе дадат повеќе информации но тогаш за купување стан може да е веќе доцна.
Еве една слика од тоа градилиште од пред месец дена



Многу ретко минувам натака па ако има некој друг поупатен од делот на Влае,Ѓорче нека се вклучи во нишкава.
Back to Top
Ema111 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Oct-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ema111 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Oct-2020 at 20:45
Здраво, заинтересирана сум за купување на стан во Скопје барам да е двособен, околу 50 квадрати -+ не менува многу.. за населби Центар, Карпош, Тафталиџе, Капиштец, Козле, Аеродром..греење на парно, и да е вселив за брзо, до кај Јануари,Февруари... секакви информации тука или лична порака би биле добредојдени да напоменам, побарав скоро секаде, преку Настел, Урбан гарден, Адора, Дабар, Голден арт, Саник, Елена Лука, Би холдинг, Порта, Фине, Капитол инженеринг, Хантерс, Луна, Тим инженеринг.. меѓутоа или воопшто немаа според тоа што барам, или па вселиви беа за година, две, во згради што веќе се градат.. некоја друга препорака, каде да барам? Или доколку знаете приватни лица што продаваат, уште поубаво.
Најдов 2,3 наместени станови во Џевахир, меѓутоа многу поделени мислења слушам за таму.. доколку некој има лично искуство или слушнал од друг може да ми каже бидеќи ми е ептен итно и важно.. во темава разгледав има интересни понуди но не за сите има точни информации
Фала ви однапред
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jan-2021 at 15:30
Купување стан во Скопје - што е подобро, стара или нова градба?

Купувањето на стан е една голема, важна и скапа работа во животот на секој човек од која ќе ни зависи квалитетот на нашиот сопствен живот во иднината. За тоа при купувањето на стан е многу важно да се проверат сите можни фактори кои би можеле да влијаат на удобноста на вашиот иден живот и животот на вашата фамилија.

Но, што е подобро. Да се купи стар стар, и да се реновира или да се купи нов стан, каде што добиваш само клуч на рака и се вселуваш?

Секој со различно искуство, но оно што може да се забележи од коментарите и искуствата на луѓето, е дека далеку се поквалитетни старите станови во градот.

- Дефинитивно СТАРА градба.Имам искуство и со новоградбите и старите. Живеевме една година во нова зграда. На лик преубава. Фасада нова, околу неа паркче абе милина. Тоа беа единствените предности а негативни страни еден куп. Мислам дека не ни постоеја вистински ѕидови, се беше гипс картон. Единствени ѕидови беа на тарасата и од надворешната страна а тие што ги делеа становите еден од друг не. Секој муабет на комшијата му го слушаш. Еве на пример кај нас дома како што ни беше распоредот на собите воопшто не одговараше на тој со комшијата. Ѕидовите на мојата соба беа залепени со ѕидовите на неговата дневна. Многу ноќи не спијав поради неговиот тв и разговори кои што се слушаа како да се кај мене во соба. Исто така поради тоа што беа мн дебели ѕидовите често на кафе си се довикувавме преку ѕид. Можевме да си разговараме преку ѕидовите и тоа беа повишување на тонот. А сега, еве веќе 2 год како се преселивме и имаме стан во доста стара зграда, но за живеење е каде каде подобра од таа новата. Според моето искуство старите згради се доста поквалитетни во споредба со новите, барем јас имам такво искуство.

- Апсолутно стара градба. Не само заради квалитетот на градбата, туку и заради сеизмичкото тестирање кое сите градби до 90-та година мораа да го направат. Од 90-та наваму се е мачка во вреќа. Ако имаш среќа ќе се погоди станот, ако не...

- Ние кога почнувавме да бараме стан мислевме дека е подобро стара градба, но... по некое време, согласно доста консултации со стручни лица искочи дека е подобро нова градба. Старите згради јес да се поцврсто градени, сепак може сериозен проблем да е старата инсталација (зборувам за оние градени пред или непосредно по земјотресот). Вие дури и да ја промените во вашиот стан со комплетно реновирање и комплет промена на инсталација, не може да ја менувате на целата зграда инсталацијата. Ова од повеќе места го имам чуено. Освен некои „стари“ згради од пред 20-30 години (како тие во Капиштец за кои се вели дена се солидни згради во добра состојба во секој смисол).

Еве некои од најважните работи на кои би требале да внимавате и да ги проверите пред да се одлучите:

ОПШТО:
- Зошто се продава станот
- Колку долго се продава
- Дали цената е фиксна или може да се договори

ЛОКАЦИЈАТА НА СТАНОТ:
- Дали околината е тивка
- Дали во зградатата или во близината има кафиќи, дискотеки, некоја фирма или слично
- Загадување (постои ли некоја блиска фабрика, пиварница, зоолошката градина, итн.)
- Дали станот е свртен кон улица или двор
- Каков е сообраќајот на улицата
- Близина до медицинскиот центар, супермаркети, училишта, градинка, пазар
- Близина на јавниот транспорт

ОД КОЈА ГОДИНА Е ЗГРАДАТА:
- Кои градежни материјали се користеле
- Дали објектот е здрав (без влага, пукнатини предизвикани од слегнување на почвата, надградби, итн.)
- Ако зградата е постара- дали инсталациите во зградата се реновирани и кога

КАТНОСТ:
- На кој кат е станот
- Ако е сутерен- дали тоа е навистина сутерен или подрум
- Ако е на пониските катови дали има влага и доволно природна светлина
- Ако е на најгорниот кат, каков е покривот (рамен, закосен, поправен или не …)
- Према која страна на светот гледа станот
- Ако е на приземје или прв кат колку е бучно, дали е нарушена приватноста од
ниски прозорци и дали се обезбедени (прозорци) од провална кражба
- Дали има лифт – големина, состојба
- Дали лифтот оди спратот каде што се наоѓа станот?

СТРУКТУРАТА И КВАЛИТЕТОТ НА СТАНОТ:
- Колку соби има и која е квадратурата
- Дали има подрум и / или други заеднички простории и каков е режимот на користење на истите
- Дали има шпајз во станот или некоја слична просторија надвор од него
- Дали имате соби кои се од минлив тип (да се влезе во една соба мора да се мине низ друга соба)
- Дали е возможно станот д а се преправи за да се добие повеќе или помалку простор (прозорци, греење …)
- Големината на малите соби – собираат ли двоен кревет, работна маса, итн.
- Колку квадратни метри од станот се ходници и коридорите и дали е можно да се инаталираат плакари ислично во нив
- Дали е станот во неговата оригинална состојба или е модифициран од страна на сопственикот / реконструирано нешто во него
- Ако постојат тераси – колкави , кон каде гледаат, дали тие влегуваат во квадратурата на станот
- Дали постојат ролетни и во каква состојба се
- Какви се плочките во купатило, кујна, итн.
- Состојбата на патосите: дали тоа е паркет, загреан патос, ламинат или нешто друго
- Состојбата на таваните – има доволно сијалични места
- Кујна – дали тоа одговара на сите потребни, стандарди и дали има доволно простор за јадење
- Дали кујна и бања имаат природна вентилација или не
- Има ли знаци на мувла поради кондензација во било кој дел од домот (особено во кујна и бања)
- Дали бањата е доволно голема да собере и машина за перење
- Гардероби и плакари – ако ги има дали се доволно големи за сместување на вашите работи
- Дали станот има има тро фазна електрична енергија со сопствено броило
- Дали станот имал било какви проблеми со електричните инсталации
- дали станот има доволен број на електрични приклучоци
- Дали станот има има топла вода
- дали станот некогаш имал било какви проплеми со водоинсталацијата
- Како е притисокот на водата во летните месеци

ТОПЛИНА:
- Каков вид на греење има: на дрво, калиеви печки, термо греење, централно/електрично парно или комбинација
- Ако е централно греење -која грејна површина е пријавена
- Како е добро централното греење во тој дел од градот
- Колкава е месечната сметка за греење (во зима)

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ:
- Дали има некој вид на Спогодба (класичен, со камера)
- Каков вид на телефонска линија (по можност дигитална, не двојно, PCM или FM уреди)
- Дали може да постои ISDN или слично.
- Ддали зградата има кабловска телевизија
- Дали е можно за кабелски интернет во истата зграда

ДОКУМЕНТИ:
- Дали станот е под хипотека
- Дали е зградата под хипотека
- Доказ дека продавачот има сопственост

https://skopjeinfo.mk/kupuvanje-stan-vo-skopje-shto-e-podobro-stara-ili-nova-gradba
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 660
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jan-2021 at 15:35
Или е текстов рециклиран од пред 15-тина години или го пишувал некој технички неписмен. Кој користи ISDN.... 21-ви век?!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.