build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар 8ми Септември

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар 8ми Септември
    Posted: 03-Nov-2020 at 08:45
Друштво, во овој подфорум не најдов нишка за булеварот 8ми септември па затоа решив да отворам нова тема. Имено секој ден поминувам таму со велосипед и не можам а да не го изразам мојот револт кон "реконструкцијава" која се одвива. Најпрвин секоја чест за градските власти за тоа што решија да го обноват но не ми е јасно како може толку да се нема визија. На целиот потег од Тојота до Мида нема никаде пешачки премин. Следствено на тоа сега се појави шанса за правење на подземни премини, барем два, кои би го врзувале стариот дел на паркот со салата Борис Трајковски и во продолжение со новиот парк. Рабниците се сите високи и проектантите и оперативците како да не мислат на инвалидизирани лица со количка или пак велосипедисти кои на места треба да рипаат од истите рабници. Понатаму, сега беше шанса да се стави жардиниера во средина како би се спречиле оние полукружни вртења на скопските шофери по целиот булевар каде ќе им дојде. И уште една работа која ми паѓа во очи е тоа што можеби и има шанса за проширување за уште една лента со што на некој начин ќе ја решат работата за наредни 20-25 години. Добри страни - новата вело патека (ќе видиме како ќе излезе), новиот асфалт, претпоставувам нов кружен тек кај Тојота за скоро време и веројатно реконструкција до семафорите на спојката со булевар Никола Карев. Накратко тоа се некои работи кои ми паѓаат во очи, доколку некој смета дека грешам, нека ме демантира во врска со овој булевар.

-


Edited by Влатко - 03-Nov-2020 at 08:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.