build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Домови за стари лица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Oct-2020 at 14:26
Ова беше најавено како приватна болница и еве дури сега на сајтот на Пелагонија најдов дека пишува Дом за стари лица.Согласно ова нишкава ќе ја преименувам и ќе ја префрлам во Проекти.
--------------------------------------------
Домот за стари во Гостивар полека го добива својот лик. Активно се работи на негова реализација, а се очекува да биде целосно завршен кон средината на 2020 година. Станува збор за нов модерен дом за стари лица кој ќе располага со сите потребни услуги, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас. Во градот Гостивар направени се повеќе инвестиции, но оваа инвестиција е посебна, бидејќи за првпат во Гостивар и пошироко во регионот се гради дом за стари лица, кој ќе им служи на граѓаните на целиот регион.







http://pelagonijagv.com.mk

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Oct-2020 at 15:17
Дом за стари лица на 6 ката... Старите во лифтови и по скали ќе се качуваат? Има причина зошто се обично на еден или два ката максимум.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Oct-2020 at 16:33
Треба да се каже дека Македонија нема никакво искуство со вакви домови. И во кичево се отвори таков дом- катастрофа. Не се зема во предвид дека се ептен стари и не можат да се качат како младите.
6 ката не е проблем, ако има лифт. Проблем е дека нема парк пред домот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 26-Nov-2020 at 16:59
Објектов сум го гледал стопати досега поред автопат но не сум знаел дека е предвиден за старски дом,со децении стои вака сега се продава

.....
Ekskluzivno Astoria Nedviżnosti nudi za prodażba objekt-karabina ( Prizemje plus 2 kata so vkupna površina od 2.300m2 ) dodeka vkupniot plac e so površina od 29.000m2. Objektot e predviden za starski dom, so uredni dokumenti od objektot i zemjišteto-imoten list.





https://www.facebook.com/astoria.real.estate
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Nov-2020 at 18:18
Отворам една општа нишка за домови за стари лица,изградени или во градба што се и дел од веќе отворените нишки ќе ги преместам во оваа да ги имаме на едно место.
.....................

Студио ЛЕЛЕЛЕЛЕ со Проект за ДОМ за СТАРИ лица, Илинден, Скопје, 2019-2020





https://www.facebook.com/Studio-lelelele
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Apr-2021 at 14:38
Во Битола се градат три домови за стари лица, инвестицијата е скоро 3 милиони евра

На просторот на поранешната касарна во Битола, во тек е изградба на три сместувачки капацитети за стари лица. Вкупната инвестиција изнесува 2.900.000 евра, а ќе обезбеди сместување на 210 лица и вработување на над 80 лица, медицински, помошен и друг персонал согласно планот за работа на инвеститорите.



Како што информираат од Општина Битола, инвеститорот на првиот сместувачки капацитет за стари лица, чија градба е во напредна фаза, претставува и успешен пример за женско претприемништво. Овој објект вклучува изградба на приземје, два ката и потпокрив и истиот зафаќа површина од 2.500 квадратни метри.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/vo-bitola-se-gradat-tri-domovi-za-stari-lica-investicijata-e-skoro-3-milioni-evra
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Jul-2021 at 17:02
ВЕЛЕШАНИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД СТАРЕЧКИ ДОМ, А НЕКОГАШНИОТ СТОИ ПРАЗЕН И ПУСТ

Велешани имаат потреба од пензионерски дом, бидејќи постојниот е со капацитет кој не може да ги задоволи барањата на највозрасна категорија граѓани. Затоа, во сега веќе далечната 1985 година беше изграден старечки дом, кој потоа се трансформираше во Хотел, а откако неговиот корисник го напушти, десетина години е пуст и празен а времето го руинира.

Објектот со одлична архитектура е обележје на левата страна од градот, веднаш до Железниот мост. Во дел од зградата е сместен Техничко- технолошкиот факултет од Велес, како и неколкуте деловни простории во приземјето, кој му дават живот.

„Ако се види колкав број на пензионери има во градот и колкумина живеат сами, оти нивните деца, внуци заминаа од градот, државата и нема кој да им купи храна, даде лекови, јасно е дека е неопходен“, велат велешани.

Локалната власт се обиде во два наврати да го продаде објектот, откако претходно преку јавно-приватно партнерство, сакаше да го реактивира како Старечки дом, но неуспешно. Ниту за едното, ниту за другото нема интерес. Не доаѓаат охрабрувачки информации, дека објектот може да му се врати првобитната намена, преку Владата, откако општината не успеа.

„Моделот како овие објекти да работат е тој да биде одржлив. Нешто што порано функционирало а денес не, значи дека моделот не бил одржлив. Не можеме да помагаме нешто, што за некоја година ќе го нема. Овој објект и сличните ќе се вратат во функција, само кога моделот за нивно работење, биде одржлив. За да не се случи, по пет години, Владата да дава нови народни пари и вложува, за да опстане. Владата јавните пари мора да ги користи на ефикасен и ефективен начин. Сакаме да се згрижи една категорија граѓани, но тоа да не биде на грбот на друга категорија“ – порача Фатмир Битиќи при неодамнешната посета на Велес.

Објектот кога беше изграден имаше 60 соби со 160 кревети. Поголемиот дел од инвентарот денес е украден, подолго време не е во функција, па времето го оштетува и прокиснува вода од покривот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veleshani-imaat-potreba-od-starechki-dom-a-nekogashniot-stoi-prazen-i-pust/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 31-Dec-2021 at 18:19
Originally posted by stef4o

Ова беше најавено како приватна болница и еве дури сега на сајтот на Пелагонија најдов дека пишува Дом за стари лица.Согласно ова нишкава ќе ја преименувам и ќе ја префрлам во Проекти.
--------------------------------------------
Домот за стари во Гостивар полека го добива својот лик. Активно се работи на негова реализација, а се очекува да биде целосно завршен кон средината на 2020 година. Станува збор за нов модерен дом за стари лица кој ќе располага со сите потребни услуги, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас. Во градот Гостивар направени се повеќе инвестиции, но оваа инвестиција е посебна, бидејќи за првпат во Гостивар и пошироко во регионот се гради дом за стари лица, кој ќе им служи на граѓаните на целиот регион.







http://pelagonijagv.com.mk



Објектов добил назив Пеламед,фотките се од пред 4 месеца











https://pelagonijagv.com.mk/proekti/pelamed/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Jan-2022 at 18:31
На 01.01.2022 официјално се отвара првиот дом за грижа и нега по светски стандарди, Пела Мед. Лоциран во центарот на Гостивар, со совршени услови и сеопфатна нега предводена од професионален тим кој ќе се погрижи за вас и заедно ќе креирате моменти на среќа, сигурност и чувство на љубов.



https://www.facebook.com/Пела-Мед-Pela-Med-110101634742995
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Jan-2022 at 11:36
ШТИПСКИОТ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА НЕ СЕ ГРАДИ ВЕЌЕ ОСУМ ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ДИВОГРАДБА



Штипскиот дом за сместување стари лица почна да се гради во 2014, но брзо доби статус на дивоградба зашто објектот ја немал комплетната документација. Место да се изврши адаптација на ресторанот што се наоѓаше на таа локација, се изгради зграда со четири ката. По две години судски рочишта, обвинителството го повлекло обвинението кога сите наоди говореле дека има чесна намера да се изгради дом за сместување на 100 пензионери, за кој веќе биле обезбедени пола милион евра.

Судската постапка заврши, но зградата веќе осма година пропаѓа. Таа има готова карабина, без кровна конструкција, фасада и внатрешно уредување и опремување. Штипските пензионери сметаат дека и оваа година нема да продолжат работите на нивниот дом.

Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша последниот Закон за легализација на дивоградби во мај 2021, а Владата го поднесе во Собранието новиот, изменет закон, кој уште не е усвоен.

„Новата верзија на Законот за легализација на дивоградби не ја знаеме, но се надеваме дека ќе нема законски пречки домот за стари лица да добие зелено светло за продолжување на изградбата. Тогаш ние настапуваме со нашите плански проекти за продолжување на изградбата“, велипретседателот на здружението на штипските пензионери, Ристе Нетков.

Тој и другите членови на Здружението на пензионери во изминатите години имале неколку средби со штипските градоначалници и со министерот за транспорт и врски. Велат дека и новиот градоначалник Иван Јорданов им дал целосна поддршка за доизградба на домот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtipskiot-dom-za-stari-litsa-ne-se-gradi-veke-osum-godini-otkako-beshe-proglasen-za-divogradba/

Edited by stef4o - 09-Jan-2022 at 11:36
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-May-2022 at 17:12
Најсовремен, модерен и безбеден дом за стари лица Пела Mед

Домот за стари лица Пела Mед располага со 129 кревета, 45 апартмани, специјално наменети соби за постоперативна негасо медицински кревети и декубитис душеци, вип соби, специјални програми за социјализација, соодветна технологија за постојан надзор, медицински и стручен персонал 24/7 часа, чист воздух, рекреативни програми и излети. Пела Mед нуди достоен живот на луѓето во трето доба.

Пела Mед е дом за стари лица кој има специјално опремени соби за лица со посебни потреби како деменција, алцхајмер, неподвижни или им треба друга специјална нега и грижа.

Една од работите што не издвојува од другите резиденции е нашата филозофија за грижа на секој од вас, развиена за да создаде средина што не поврзува, средина за активно стареење со зголемена самодоверба, стабилна емоционална благосостојба, безбедност и сигурност, чувство на припадност, подобрено здравје и среќа.







https://faktor.mk/najsovremen-moderen-i-bezbeden-dom-za-stari-lica-pela-med-
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Jun-2022 at 08:49
ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА - "ФИЛИП СТОИЧОВ" с. Тработивиште - ДЕЛЧЕВО.







https://www.facebook.com/gpaarchitecture
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 31-Jul-2022 at 22:35
Не знам во која нишка припаѓат домови за стари лица, ето овде ќе постирам па ако треба преместете.

Се отвори нов приватен старски дом во Битола, „Софија“, во Старата касарна.
Објектот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници. Со отпочнувањето со работа, ПУСЗ „Дом Софија“ вработува 16 лица, а при полн капацитет ќе вработува 30 лица.

















apla.mk

и

bitolanews.mk



Edited by hcitrS - 31-Jul-2022 at 22:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Aug-2023 at 17:07
Дом за стари лица "Филип Стоичов" - с. Тработивиште, Делчево







https://www.facebook.com/RingiKompani
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Nov-2023 at 18:04
Нов проект на компанијата Хантерс

ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА – КАТЛАНОВО











https://hanters.com.mk/p/45/dom-za-stari-lica--katlanovo
Carpe diem
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Mar-2024 at 21:32
дали има некаков напредок?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 18-Apr-2024 at 19:10
Дом за стари лица во Крива Паланка

вреди 42.000.000 денари со вклучен ДДВ;
со капацитет за 21 корисник, 15 еднокреветни и 3 двокреветни соби со сопствена бања;











https://www.facebook.com/o.krivapalanka
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1001
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Apr-2024 at 19:33
И кај нас веќе почнаа многу западни текови, еден од нив е и овој со старските домови. Се повеќе се оставаат старците по домови, се помалце има луѓе да се грижат за нив.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.