build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кружен тек кај Момин Поток
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кружен тек кај Момин Поток

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Apr-2021 at 06:45
Вчера малку студиозно ја гледав визуелизацијава (ја има на фб страната на Петре Шилегов) и малку ми е конфузно околу вело патеките. Дали некој може да објасни, кога со велосипед ќе се движиш од тојота кон Словенечка како по вело патека ќе се стигне до таму? Верувам дека и вело мостот ќе мора да се користи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Apr-2021 at 08:47
Во јуни ќе почне да се градат кружни текови и два моста кај скопски Момин Поток



На две од главните скопски артерии ќе се олесни сообраќајот преку изградба на крстосница на локацијата Момин Поток. Поврзувањето на северниот и јужниот брег на главниот град ќе се врши со проект на скопската локална самоуправа, чии градежни работи се очекува да започнат во јуни и да траат две и пол години. Планирани се два кружни тека и два моста по цена од 18 милиони евра. Првиот кружен тек прво ќе ја замени крстосницата на булеварот 8 Септември со улицата Скупи, а втората меѓу булеварот Никола Карев и патот кој води кон Косово.

Иако засега станува збор само за проект на хартија, на терен денеска дојдоа повеќе градоначалници.

„Ова нема да биде решение само за Општина Карпош, туку и за сите други општини бидејќи оваа врска се наоѓа на границата на некои општини…“

На прашањето на Алсат дали овој проект ќе го замени заборавениот булевар од зградата на Владата кон тунелот под Кале, градоначалникот Шилегов рече дека Градот го раскинал договорот со изведувачот. Инаку, во овој мандат булевар нема да стане ниту патот кај Визбегово што води до обиколницата кон Блаце, а проектот за Качанички пат, кој ја поврзува земјава со Косово, не е предвиден во оваа буџетска година.

https://alsat.mk/mk/vo-juni-ke-pochne-da-se-gradat-kruzhni-tekovi-i-dva-mosta-kaj-skopski-momin-potok/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Apr-2021 at 08:57












https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/1061937144294846/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Apr-2021 at 16:05
Проточноста ќе се зголеми од претходно и тоа ќе подлаже народ дека проблемот е решен. У суштина еде ден пак ќе треба да правиме импровизации како модификација на клучка Бит-Пазар и слични вратоломии кога ќе сватат влатите дека нема ништо потемлно од детелина или кловерстак клучка со потполна достапност.

И незнам зашто веќе кога се решени за класични кружни текови како овој кај Хубо, зашто да не биде од оние супер-типови, или како и да се викаат, како кај католичка кога веќе се знае дека се поефикасни и ефективно се искористуваат двете ленти.

Edited by user8642 - 29-Apr-2021 at 16:07
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 29-Apr-2021 at 16:38
Турбо. Нема никаква причина да не е таков кога има три краци. Можеби е проблем за камиони, којзнае.

А клучка треба да планираат барем кај Словенија. Треба да се продолжи накај Бардовци, а ќе се вкрстува практично со автопат, така да обична раскрсница или кружен е несериозно решение.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 29-Apr-2021 at 20:02
Не разбрав, обичен кружен тек или нешто понапредно ќе прават на раскрсницата 8 Септември/Никола Карев? Со 18 милиони евра и информација дека овој зафат е посложен од клучката кај Континентал би требало да е второто.

Рендерот за Скупи/8 Септември горе личи на турбо кружниов:
Originally posted by Théoden

За другава раскрсница не би требало да има некој проблем. Веќе е вцртан турбо кружен тек во предлог ДУП-от.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-May-2021 at 06:56
Два нови кружни текови, подвозници и надвозници – решение кај Момин поток

Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-May-2021 at 12:56
Супер, само да не е предизборен маркетинг.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-May-2021 at 16:05
Za ova mislam deka ke se realizira posto sredstva se obezbedeni preku TAV kako kompenzacija za aerodromot vo Stip so nema da se gradi. E sega ke vidime kolku dolgo ke odi. Do sega Silegov barem dosta brzo rabotese.
Back to Top
build View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote build Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 16-May-2021 at 14:19
ke prodolzi li bul. slovenija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Jun-2021 at 14:14
ГРАД СКОПЈЕ ДОБИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА ЗА КЛУЧКА КАЈ СЛОВЕНЕЧКА И ПРОШИРУВАЊЕ ВО БУЛЕВАР НА УЛИЦАТА ДО ОБИКОЛНИЦА

Град Скопје доби два милиони евра со ребалансот на државниот буџет за реализација на проектот клучка на булевар Словенија. Станува збор за третата фаза од сообраќајното решение за овој дел од градот која предвидува проширување во булевар на улицата Хасан Приштина до Обиколницата, а наместо семафор на крстосницата со Словенечка да има клучка. Со тоа без семафори и со современо сообраќајно решение би бил потегот од булеварот Никола Карев до Обиколница.

„Ние пред два месеци ја почнавме постапката за изградба на клучката кај Момин поток. Со овие два милиони евра од Владата ја продолжуваме третата фаза од проектот. Со тоа овој дел од градот ќе добие нови сообраќајни стандарди, брз и безбеден сообраќај. Вкупната вредност на проектот кој треба да овозможи поврзување со Обиколница е 11 милиони евра“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Проектот за ова сообраќајно решение е готов, а откако ќе се усвои ребалансот на буџетот во Собранието и парите се префрлат на сметката на Градот, ќе се распише тендер за изведувач.

Шилегов вели дека до крајот на месецов треба да биде избрана фирма која ќе ги гради кружниот тек кај „Хубо маркет“ и клучката кај Момин поток, со што летово би стартувале градежните работи. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно поминуваат 25.000 возила и метежот е голем. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Вредноста на проектот е 18 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-dobi-2-milioni-evra-od-vladata-za-kluchka-kaj-slovenechka-i-proshiruvane-vo-bulevar-na-ulitsata-do-obikolnitsa/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Jun-2021 at 18:04
Добро е, ќе се синхронизираат со автопатот. Само со 2 милиона не верувам добра експропријација да се направи за широк профил со зеленило, велосипедски итн.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 09-Jun-2021 at 20:02
Одлични вести се ова!
Владата мора да интервенира почесто во град Скопје, сепак пола држава живее тука и ако чекаме само на градскиот буџет ќе се изначекаме...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Jun-2021 at 20:07
Дали ќе иде преку Визбегово или ќе се помести западно меѓу Инд.Зона Визбегово и село Бардовци??
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Jun-2021 at 20:41
Треба да почекаме и да го видиме проектот прво, некоја презентација веројатно ќе има до пред изборите. Big%20smile
Моја претпоставка е дека ќе се оди на варијанта слична на оваа на пластичарска: 2+2, со средишно зеленило од 1-2 m, велосипедска патека или лента и тротоар од 1,5-2 m. Ова го собира во 20-на метри, што ќе бара навлегување за само 5-6 метри во парцелите од страна и значи помалку експропријација, иако ни за ова нема гаранција дека нема да се закочи процесот.


Edited by Théoden - 09-Jun-2021 at 20:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Jul-2021 at 08:45
Почнува изградба на клучка кај Момин поток

Град Скопје денеска ги почнува најавените активности за изградба на клучка помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин поток.

По повод означувањето на почетокот на работите на кружните сообраќајни решенија кај Момин Поток заедничка прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Со цел да се намали сообраќајниот метеж се предвидува изградба на два кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот „8.Септември“ и улицата „Скупи“, а вториот крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

https://mk.tv21.tv/pochnuva-izgradba-na-kluchka-kaj-momin-potok/
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 20-Jul-2021 at 09:12
Со среќа и што побрзо да се заврши. Чинам дека најавата беше 2 години а еден месец веќе каснат.

Edited by Влатко - 20-Jul-2021 at 09:13
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 20-Jul-2021 at 09:16
https://skopskoeho.mk/shilegov-vo-chetvrta-brzina-od-bulevarot-nikola-karev-mashinite-se-selat-kaj-momin-potok/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 20-Jul-2021 at 12:12
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ПРОЕКТОТ ОД 18 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ВО 2023 ГОДИНА

Денеска започна реализацијата на уште еден голем инфраструктурен проект за Скопје – изведбата на клучката кај Момин Поток, која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. На почетокот на градежните работи се обрати градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
- Станува збор за огромен проект во вкупна вредност од околу 18 милиони евра, чија изведба ќе трае од 2 до 2,5 години. По својата комплексност се работи за најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изведувано од 1965 до денес, каде што сличен, но поедноставен проект за изведба беше тој на клучката кај хотелот „Континентал“, изградена пред 15-тина години. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, каде што првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем – рече Шилегов, на денешната прес-конференција.
Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.
Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница, како и изградба на надпатник во продолжение на бул. 8. Септември, над бул. Никола Карев, со распон од 42 метри, потпорни ѕидови со вкупна должина од 2.000 метри, атмосферска и фекална канализација. За непречено одвивање на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај предвиден е пешачко-велосипедски надпатник над бул. Никола Карев и 3 подземни пешачко велосипедски премини во рамки на денивелираниот јазол на спојувањето на бул. 8. Септември со бул. Никола Карев.
- Сакам да нагласам дека во 2017 година кажавме дека ќе работиме и градиме по план. Во делот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот ги завршивме булеварите, Никола Карев, Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош, и ако на тоа ја додадеме и оваа клучка и нејзиното поврзување со булевар Словенија, и сега веќе се гледаат резултатите од ваквото планско работење – нагласи Шилегов.
Тој додаде дека создавањето на инфраструктурни услови во северниот дел на градот неминовно води до намалување на притисокот на урбанизацијата во јужниот дел, која се случува повеќе децении наназад, заради нерамномерниот развој на различните делови од градот.
На прес-конференцијата Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата на РСМ во континуитет работи на давање на финансиска и политичка поддршка за проектите кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните. Владата тоа изминатиов период ќе го реализира преку 94 проекти во целата земја, каде што преку реализацијата на ТАВ Програмата се предвидени 49,7 милиони евра.
На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски и Заменик на Претседателот на владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 20-Jul-2021 at 12:38
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ПРОЕКТОТ ОД 18 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ВО 2023 ГОД



https://360stepeni.mk/video-so-dva-kruzhni-teka-mostovi-i-podzemni-premini-ke-se-reshava-soobrakajniot-metezh-kaj-momin-potok/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.