build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кружен тек кај Момин Поток
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кружен тек кај Момин Поток

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кружен тек кај Момин Поток
    Posted: 28-Nov-2020 at 10:17
СО КРУЖЕН ТЕК НА ДВЕ НИВОА ЌЕ СЕ РЕШАВА МЕТЕЖОТ ВО СООБРАЌАЈОТ КАЈ СКОПСКИ МОМИН ПОТОК



Напролет ќе стартува изградбата на кружниот тек на две нивоа кај населбата Момин поток во Скопје. Владата на последната седница му додели 5 милиони денари на Град Скопје за старт на градежните работи за реализизација на овој капитален проект, со кој ќе се реши метежот во сообраќајот што секојдневно се создава во овој дел од Скопје.

Проектот предвидува решенија за двете крстосници. На крстосницата кај „Хубо маркет“ ќе се гради голем кружен тек кој, како што велат од Град Скопје, ќе овозможи проток на возилата без застој и нема да се создаваат колони особено наутро и попладне. На втората крстосница, односно онаа кај улицата Никола Карев, се предвидува изградба на кружен тек на две нивоа со кој непречено ќе се движат возилата и кон Визбегово и улицата Словенечка и кон касарната Илинден.

„Наскоро ќе се распише тендерот за избор на фирма изведувач, а напролет очекуваме да почнат градежните работи. Дотогаш ќе се работи на реконструкцијата и проширувањето на улицата Никола Карев односно продолжението на Пластичарска улица. Годинава завршивме со реконструкцијата до крстосницата кај касарната Илинден, а во текот на овој месец ќе стартуваат градежните работи за вториот дел односно од касарната до крстосницата каде ќе се гради клучката на две нивоа“, велат од Град Скопје.

Од Град Скопје објаснуваат дека месецов завршија со реконстуркција на булеварот 8 Септември од крстосницата кај „Хубо маркет“ до Илинденска, со што оваа сообраќајница ќе биде целосно обновена со изградбата на кружниот тек.

Град Скопје од Владата доби и 4 милиони денари за почетокот на градежните работи за изградба на мостот во Карпош 4 односно од улицата Љубљанска до Скупи.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-kruzhen-tek-na-dve-nivoa-ke-se-reshava-metezhot-vo-soobrakajot-kaj-skopski-momin-potok/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Nov-2020 at 11:49
На бришан простор ржавно земјиште на касарната, од предвидена нормална клучка идат чекор подолу на некаков "кружен тек на две нивоа". Глупости, доволно беше само да се држат до ГУП-от!
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Nov-2020 at 12:39
Еве што викаат регулационите линии од катастар за овој простор. Ниту двата кружни тека не се во согласност со ГУП. Не ми е јасно како вака градските власти си проектираат инфраструктурни проекти надвор од согласност со ГУП?! Па ги наведуваат после стручните служби на тенок мраз да потпишуваат дека се е у согласност, кога не е.



Кај Момин Поток е предвидена T-bone клучка.
https://www.google.com/search?q=t-bone+interchange&rlz=1C1CHBD_enMK742MK742&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjGrcqclKXtAhXSDewKHebqDSEQ_AUoAXoECAgQAw&biw=1920&bih=969

Edited by user8642 - 28-Nov-2020 at 12:42
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Nov-2020 at 17:00
Кружен би бил корисен ако во иднина пробијат тунелче и улица низ касарната до Втора Македонска Бригада.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Nov-2020 at 18:03
Немам некои очекувања за клучката или „кружниот тек на две нивоа“ кај Момин Поток. Таков проект досега се нема реализирано во Македонија и мислам дека уште е преголем залак за нас, едно од што е скап, друго од неискуство на нашите градежни фирми.

Ми изгледа како властите да ги продаваат и две раскрсници како еден проект колку да се каже дека се работи и на клучката Момин Поток, која беше одамна најавувана, но не се планира да се направи во скоро време, на што посочуваат одвоените 5 милиони денари.

За другава раскрсница не би требало да има некој проблем. Веќе е вцртан турбо кружен тек во предлог ДУП-от.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Nov-2020 at 19:17
На крај од двете обеќавани нивоа, ќе добиеме две ленти во турбо кружен тек, ама не било убаво пренесено кажано.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Nov-2020 at 20:33
Одлично што конечно ќе се решат овие две крстосници! Мостот голем бонус
Одсекогаш ми се свиѓала идејата за кружен кај Хубо, прегуст сообраќај...

Дај боже да ги реализираат!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Nov-2020 at 21:09
Значи турбо е кај Момин Поток, на две нивоа е крајот на Никола Карев. Добро што е турбо, само да пазат на радиусите и ширината поради камиони.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Jan-2021 at 17:32

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Jan-2021 at 18:57
Лошо решение, на отворен простор кај што може цела детелина да се направи, се одлучиле за нешто овакво што тотално не одговара на бројот на возила што доаѓа од различен правец и не обезбедува проточност.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Feb-2021 at 01:54
Претпоставувам дека тука се направени одредени студии, посебно кај разкрсницата/клучкта кај Никола Карев зошто тука ќе се влева сообраќајот од автопатот од Блаце
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Feb-2021 at 12:02
Mislam deka ke treba da se napravi slicen kruzen tok i na raskrsnicata na bulevar 8mi septemvri so bulevar Ilinden. Tamu se stvara golema guzva.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Feb-2021 at 17:21
Една визуелизација правена според претходниот ДУП на која се гледа и првично замислената клучка.

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Feb-2021 at 19:51
Originally posted by Théoden

Една визуелизација правена според претходниот ДУП на која се гледа и првично замислената клучка.
Resenie so vakva klucka e daleku podobro i pokorisno od kruzen tek. Vakvata klucka ovozmozuva protocen vlez, dodeka kruzniot tek sepak go zapira/zabavuva soobrakajot i ovozmozuva stvaranje na guzva.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Feb-2021 at 21:14

Нели станува збор за турбо кружен тек, односно кружен тек на две нивоа? (слично како ова подолу)



Edited by гитардемон - 01-Feb-2021 at 21:15
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Feb-2021 at 22:15
Originally posted by гитардемон


Нели станува збор за турбо кружен тек, односно кружен тек на две нивоа? (слично како ова подолу)

Ne znam kakov e toj turbo kruzen tek, no ovde samo od sebe se nudi resenie so nadpatnik.

https://www.facebook.com/koce.trajanovski/videos/1482425305139087/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Feb-2021 at 22:29
Турбо кружен е кај Хубо, другата клучка е на две нивоа
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Feb-2021 at 22:43
Originally posted by alexsend

Турбо кружен е кај Хубо, другата клучка е на две нивоа
Sfativ. Dobro e i toa resenie.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Feb-2021 at 00:01
Ај да ги раздвоиме работите:

1. Кај Хубо се вртат два видови кружен тек во опција:
- Едниот е турбо кружен тек каде лентите се вртат спирално према надвор во насока на правецот на движење, и таков кружен тек во Скопје е единствено тој кај Католичка. Оваков кружен тек според симулации на сообраќајни инженери е за 12% поефикасен во проточност од обичен.
- Обичен кружен тек, што се врти по некои визуелизации, како таа на Коце и како во тој ДУПот горе со зеленилото.

2. Кај Момин Поток на патот за Приштина се вртат три различни опции:
- Кружен тек со денивелација на главниот форсиран правец Пластичарска-Блаце, а горе обичен кружен тек за комуникација со булеварот према Хубо. Овој тип има една маана, а тоа е дека е проточен беспрекерно само во еден правец, форсираниот во случајов Пластичарска-Блаце, а тука на оваа раскринца тоа не е случај. Третиот правец има еднакво загушен сообраќај. Мислам дека ова не е соодветно решение за тука. Оваков тип кружни текови многу се форсираат во Косово и Албанија.
- Обична клучка тип: Труба. Оваква е првично предвидена уште во првите планови за овие булевари пред децении. Оваа нема форсиран правец, туку сите правци се еднакво важни и максимално ефикасни, нема застој во ниеден правец на движење.
- Полуизведена клучка детелина. Ова по функционалност е слична на Труба, само што овозможува плус превец да возило што доаѓа од правец на Хубо да може да се врати назад према Хубо, што и не е некој голем плус, и го нема кај обичната Труба. Исто така е максимално ефикасна и во сите правци на движење нема застој. Овој тип обезбедува future-compatibility за некогаш да се отвори четврти правец према Касарната. И ова е најдобрата опција за оваа клучка. Оваа е таа што ја има кај Коце во симулацијата, а и оваа е таа што е вцртана во ГУП-от моментален на Скопје. Ако се реши Шилегов да прави други типови, ќе треба прво да го смени ГУП-от како не би градел против-законски контра важечките планови.

Еве извадок од Катастар каде јасно се гледа дека тука би се идело на полуизведена клучка детелина.






Edited by user8642 - 02-Feb-2021 at 00:06
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Feb-2021 at 07:33
Дали воопшто има некаква динамика за решавање на овие 2 точки?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.