build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кружен тек кај Момин Поток
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кружен тек кај Момин Поток

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 16-Nov-2023 at 20:30
Од кај па сега ова? Извадоков е од некој ДУП од Општина Карпош од 2021? Зашто е тогаш кружниот ако реално имаме само труба клучка?



Edited by user8642 - 16-Nov-2023 at 20:30
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 16-Nov-2023 at 21:24
Дискутирано е понапред, види на втората страница, на кружниот тек треба да излезе улица од касарната „Илинден“. Не знам зошто не е обележана на последната слика. Секако дека додека не се направи таа улица, кружниот тек ќе биде излишен, но подобро да се направи сега отколку после 10-на години пак да се копа.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 17-Nov-2023 at 16:03
Originally posted by Влатко

Originally posted by stef4o

ОПАСНОСТ: Еден месец исклучени семафорите кај Момин поток за накај Визбегово



Веќе четири недели семафорите на улицата после кружниот тек за накај Визбегово се исклучени.

Сигнализацијата е исклучена, полиција не го регулира сообраќајот, па возачите и останатите учесници во сообраќајот се снаоѓаат како знаат и умеат. На овој потег, почнувајќи уште од кружниот тек кој стои со месеци недонаправен, буквално возењето и движењето претставуваат огромна опасност.

Кружниот тек стои недовршен, зјаат кабли, подигнати бетонски ѕидчиња. Улицата по која се вози е крпеници. Хаосот станува уште поголем на семафорот кој сега е исклучен, особено што во овој дел има стационирано механизација, багери.

Вообичаено, кога се менува одреден сообраќаен режим, Градот и надлежните се должни да ги информираат граѓаните за воведените промени. Дури и да станува збор за дефект. За исклучувањето на семафорот кај Момин поток никој ништо не информирал.

https://091info.mk/2023/09/07/опасност-две-недели-исклучени-семафо


За скоро започнува и третиот месец како не работат а често поради тоа се случуваат сообраќајни незгоди, има ли некој било каква одговорност кај нас?


Четврти месец
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 18-Dec-2023 at 15:00
https://makfax.com.mk/makedonija/skopje/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2/

Не сум сигурен точно за кои улици се работи ама мислам дека се непосредно врзани со овој проект.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Jan-2024 at 15:31
ФИРМАТА „БАУЕР“, КОЈА ДАНЕЛА ЈА КАЗНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ, ДОБИ ТЕНДЕР ОД ГРАДОТ ВРЕДЕН 7,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА КЛУЧКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА

Град Скопје склучи договор во вредност од 7,7 милиони евра со фирмата „Бауер“ за изградба на клучка на булеварот Словенија на вкрстувањето со Качанички пат. Станува збор за втората фаза од проектот за изградба на клучка и булевар на потегот од Момин Поток до булеварот Словенија, со цел растоварување на сообраќајот во овој дел од градот.

На тендерот кој го распиша Градот имало четири понуди. Според податоците на сајтот на Бирото за јавни набавки, за изградба на оваа важна сообраќајница, покрај „Бауер“, понуди доставиле и градежните фирми „Гранит“, „Бетон“ и „Жикол“. Фирмата „Бауер“ е избрана бидејќи доставила најевтина понуда.

Станува збор за истата фирма која градоначалничката Данела Арсовска еден месец по стапување на функцијата, во декември 2021, ја казни со 88.000 евра за загадување на Скопје. Како што рекоа тогаш од кабинетот на Арсовска, фирмата „Бауер“ фрла ѓубре како подизведувач во градежните работи за изградба на станица за отпадни води во Ново Лисиче. Инспекторите на Градот фатиле камион на фирмата како истура ѓубре врз цевката, а врз неа не смее да има ништо.

Од кабинетот на Арсовска не добивме одговор на нашето прашање дали „Бауер“, кој сега добива пари од Градот, ја платил казната.

Парите за овој проект Град Скопје ги доби од Владата. Станува збор за вториот дел од проектот за проширување во булевар на Качанички пат, кој сега се вика улица Хасан Приштина и изградба на клучки кај Момин Поток и на булевар Словенија. Клучката кај Момин Поток почна да се гради во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов и требаше да биде готова до февруари 2024. Но, со доаѓањето на Арсовска на функција, работите се закочија и нема абер од изградбата.

Во август лани, Градот конечно, по две години градба, го заврши кружниот тек кај „Хубо маркет“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmata-bauer-koja-danela-ja-kazni-za-zagaduvane-dobi-tender-od-gradot-vreden-7-7-milioni-evra-za-izgradba-na-kluchka-na-bulevar-slovenija/
Carpe diem
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 21-Jan-2024 at 20:27
Бауер ќе ја спои таа клучка и со булеварско решение до мостот на Љубљанска.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 21-Jan-2024 at 20:51
Originally posted by alexsend

Бауер ќе ја спои таа клучка и со булеварско решение до мостот на Љубљанска.
Ова прашуваш? или кажуваш дека е така планирано? Никаде не пишува дека ќе се гради продолжение на Булевар Словенија до Бардовци?


Втора работа која тука е заебанција во овој дел е гужвата на Улица Скупи. Генерлано гужвата се прави од Автосалоните за коли кои супер е вака како изложбени салони што се на разумна дистанца од центар, а сепак не се надвор од град, ама постепено преку годиниве наназад станаа и лиценцирани овластени сервиси и доаѓаат коли на редовни сервиси и се паркираат каде стигнат и од тоа се прави гужвата. Требаше ова да остане само за продажни салони и пред нив да се паркираат само посетители и купувачи кои се заинтересирани за нови возила, а тие слупаните коли што чекаат делови да се испаркираат некаде понадвор од град каде би биле сервисите.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 27-May-2024 at 18:08
Од фотките не може да се види дека асфалтирањето е завршено, затоа ќе објавам само една:

Град Скопје го заврши проектот за изградба на новопроектираната улица 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош. Изградбата на улиците 1 и 4 произлезе од потребата ова населено место ефикасно и безбедно да се поврзе со новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември“ и улица „Скупи“.

Со изградбата на новопроектираната улица во ова населено место, се обезбедува промена на постојниот сообраќаен режим и обезбедување сигурност за сите учесници во сообраќајот, а за жителите се овозможува сигурен и безбеден пристап до нивните домови.

Со оневозможувањето на движење на моторните возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на булеварот, се превенира загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и се овозможува нивно сигурно движење.




https://www.facebook.com/CityofSkopje

Edited by Џоле - 27-May-2024 at 18:09
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-May-2024 at 08:09
Последнивве денови има раздвижување околу работите на терен, асфалтиран е и еден дел кај семафорите, кај контејнерите на Жикол.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 29-May-2024 at 17:26
Ајде, една денешна фоторепортажа од мене:

-уличката што беше асфалтирана пред некој, фактички ги заобиколува двете згради лево:



-десно од уличката се урива куќа, веројатно се подготвува терен за некоја нова градба:



-тротоарот пред кружниот тек:



Остатокот од фоторепортажата во нишката за проширување на бул. Никола Карев.
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-May-2024 at 07:15
Џоле, дали помина по новопроектирана и каде точно води позади зградите, односно каде се спојува со главната?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-May-2024 at 08:42
Не поминав, но видов дека се спојува со уличката што излегува на кружниот тек (на последната фотка десно ќе му дојде после знакот).
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 16-Jun-2024 at 14:16
НЕМА АБЕР ОД КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДОЦНИ ОТИ МВР НЕ ИМ ИЗДАВА СООДВЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ



Доцни изградбата на клучката кај Момин Поток во Скопје, а според темпото на градежните работи на терен, нема абер дека ќе биде готова наскоро. Динамиката на изградба е многу бавна и иако се поминати точно три години од стартот на овој капитален проект за градот, на терен е многу малку изведено.

Повеќе од една година не работат ниту семафорите на крстосницата, па сообраќајот се одвива забавено.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дека се работи со забавена динамика оти од Министерството за внатрешни работи не им издаваат одобрение за воведување времен режим на сообраќај.

„Динамиката на изградба на клучката е забавена зашто СВР Скопје повеќе од една година не му издава на изведувачот соодветен времен режим на сообраќај. Истото резултира со работа само во делови на сообраќајницата и го отежнува движењето во сообраќајот на овој потег поради што е забавена динамиката на работа и реализација“, велат од Град Скопје.

Клучката кај Момин Поток почна да се гради во јули 2021 во време на ексградоначалникот Петре Шилегов и треба да го намали метежот на влезот и излезот од Скопје. За таа цел се предвидува изградба на два кружни тека. Првиот на крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи е готов, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек, улицата продолжува до крстосницата со булеварот Словенија, каде што се поврзува и со булеварот Босна и Херцеговина.

Изградбата на кружниот тек и клучката чини 18 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-aber-od-kluchkata-kaj-momin-potok-od-grad-skopje-velat-deka-dotsni-oti-mvr-ne-im-izdava-soodveten-rezhim-na-soobrakaj/
Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 17-Jun-2024 at 07:42
Утрово забележав дека се отстранети семафорите и направен е импровизиран кружен тек. Да се надеваме дека кратко ќе функционира бидејќи ми изгледа како дека ќе има тотален хаос и не дај боже многу сообраќајки.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 08-Jul-2024 at 18:10
Нова сообраќајница го претрка гасоводот, ќе мора одново да се копа



На делницата која дел е изградена, а дел се уште се гради кај Момин поток, ќе треба одново да се работи ако се реализира гасоводниот прстен околу Скопје. Ова произлегува од ревизорскиот извештај кој открива дека државната Номагас предвидела градење на гасоводот, но на градот не му се чекало.

„Изградена е нова сообраќајница и кружен тек, со што при изградба на гасоводниот прстен би требало повторно да се работи на веќе изградените објекти“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Овој заклучок го донеле државните ревизори кои работеле на извештај за развојот на системот за гасификација во Северна Македонија. Во дел од извештајот тие констатираат дека сега веќе државното претпријатие за гас „Номагас“, кое е формирано од АД ГАМА и државното Македонски енергетски ресурси (МЕР), поседува цевки кои, меѓу другото, би се користеле за доизградба на гасоводен прстен околу Скопје. Се работи за 4 километри кои недостигаат за да се затвори гасоводот кој го обиколува главниот град, а кој е дел од магистралниот гасовод.

Ревизорите заклучуваат дека овој дел од гасоводот е исклучително важен и претставува траса која во март 2020 година била вцртана во инфраструктурните проекти на Градот Скопје.

Радио Слободна Европа по слободен пристап до информации од јавен карактер доби документи кои покажуваат како се одвивал процесот на планирање и проектирање. Уште во јули 2019 та година тогашното Акционерско друштво ГАМА испратило известување до изработувачот на инфраструктурниот проект за клучката кај Момин поток, ГЕИНГ, дека на истата траса е проектиран и гасовод.

Било побарано при изработката на сообраќајниот проект да се земе предид и гасоводот.

Уште еден документ покажува дека во предвидените проекти на ГАМА веќе е впишана изградбата на гасоводниот прстен. Во планот за доизградба на гасоводот од 2020-2024 година предвидело рок до 2020 година да го финишира прстенот околу Скопје.

За изградба на 4 км гасоводна мрежа друштвото ГАМА предвидело милион и петстотини илјади евра.

Во инфраструктурниот проект од 2020 година за Град Скопје за сообраќајницата со назив „КЛУЧКА НА БУЛ.НИКОЛА КАРЕВ СО БУЛ.8МИ СЕПТЕМВРИ И УЛ. СКУПИ“, градот сепак го предвидел и гасоводот како еден од проектите кои ќе поминуваат паралелно со сообраќајниците кои треба да се градат и да ги сечат новите кружни текови. Но во текот на изградбата не го земаат предвид.

Сообраќајницата интензивно се гради додека гасоводот чекал дозвола

Во април 2021 година тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов го промовира проектот. Клучката е најавена како еден од најсложените сообраќајни проекти во последниот половина век во градот кој ќе чини 18 милиони евра.

„Се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот во близина на приватната болница „Систина“, а вториот на крстосницата кон населбата Визбегово. По оваа сообраќајница поминуваат 25 илјади возила дневно, рече Шилегов на промоцијата (28.04.2021).

Три месеци пред локалните избори во октомври 2021 година, багерите почнуваат да ја копаат локацијата додека актуелниот градоначалник Шилегов говори за стартот на изградба на два кружни тека.

„Овој потег е можеби највидлива стратегијата на развојот на Градот Скопје“, вели Шилегов на промоцијата.

Паралелно речиси во исто време ГЕИНГ започнува да со изработка на урбанистички проект за гасоводот кој треба да го затвори кругот околу градот. Во него се содржи и актуелниот Генерален урбанистички план кој бил испратен од Градот Скопје за потребите на проектот за гасоводот.

Во меѓувреме, изборите завршуваат па на градоначалничката фотелја седнува Данела Арсовска.

Актуелната градоначалничка недостапна, Шилегов тврди - не можеле да чекаат

Радио Слободна Европа испрати прашања до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, но не доби одговори. Поранешниот градоначалник Петре Шилегов вели дека градот не можел да чека да се заврши целата проектна процедура за гасоводот бидејќи на овој начин би се одолговлекувала и реализацијата на сообраќајниот проект. Убеден е дека со новите градежни технологии не мора со сигурност да се прекопува веќе изграденото сообраќајно решение.

„Ако ти како градоначалник го чекаш гасоводот да стартува, тогаш тешко тебе. Во проектот се е предвидено, кога ќе дојдат до тоа место за цевки за изградба на гасоводот може да се оди со подземно решение, што не мора да значи дека со сигурност ќе се прекопува. Можеби е поскапо но може да пробиваат подземно од двете страни под асфалтот и да се инсталираат цевките, вели Шилегов за РСЕ.

Од НОМАГАС признаваат дека сега проектот за гасоводот е стопиран, а ситуацијата станува уште покомлицирана.

„Ова е од причина што државното акционерско друштво е лиценцирано само за пренос на природен гас, не и за дистрибуција. За сега државата нема оператор за дистрибуција на природен гас за територијата на град Скопје, па развојот на среднопритисната и нископритисната дистрибутивна мрежа станува комплицирано„, велат од претпријатието за РСЕ.

Инаку, кружниот тек кој е близу „Хуго“ маркет веќе е пуштен за сообраќај. Во моментов траат градежните работи на клучката кај Момин поток каде ќе се поврзат патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

И на крај, кој ќе плати кога повторно ќе треба да се копа за да се изгради и доврши гасоводниот прстен околу Скопје? Како можело да не се земат предвид сите елементи при планирањето? Градот не одговара на ниту едно прашање.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/gasovod-kruzentek-skopje/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.