build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Бристол - Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хотел Бристол - Центар
    Posted: 06-Dec-2020 at 14:50
Култниот хотел „Бристол“ го чека ДУП „Голем ринг“ да си го врати ликот кој му прилега



Култниот хотел „Бристол“, кој денес е затворен, е еден од најстарите хотелско-угостителски објекти во главниот град, обележје на центарот на Скопје. По 90 години постоење, на 9 ноември 2012 година најстариот хотел во Скопје, „Бристол“, беше затворен. Со напуштениот хотел стопанисува „Македонија турист“ АД Скопје, но од таму не сакаа да дадат одговор што се планира со овој култен објект. Велат, согласно атрактивноста на локацијата каде се наоѓа, но и историјата и спомените што ја носи низ времето кај гостите кои го уживале духот на овој угостителски објект, заслужува да го има ликот кој му прилега

Култниот хотел „Бристол“, кој денес е затворен, е еден од најстарите хотелско-угостителски објекти во главниот град, обележје на центарот на Скопје. Од 1924 година кога е изграден од браќата Атанас и Ташко Караџа, тогаш познати скопски трговци, објектот сместен во непосредна близина на старата Железничка станица, а денес Музеј на Град Скопје, и по неколку реновирања ја задржа убавината и им пркоси на трите згради спроти „Бристол“ изградени изминативе години во барок стил.

Низ годините зградата менувала сопственици, била национализирана од државата итн. Една е од ретките згради што го има преживеано скопскиот земјотрес во 1963 година во Скопје. По 90 години постоење, на 9 ноември 2012 година најстариот хотел во Скопје, „Бристол“, беше затворен.

Со напуштениот хотел стопанисува „Македонија турист“ АД Скопје, но од таму не сакаа да дадат одговор што се планира со овој култен објект.

– Согласно атрактивноста на локацијата каде се наоѓа, но и историјата и спомените што ја носи низ времето кај гостите кои го уживале духот на овој угостителски објект, заслужува да го има ликот кој му прилега. „Македонија турист“ АД Скопје, како компанија со децениско искуство во работата во угостителскиот бизнис и сопственик на повеќе хотели, меѓу кои и хотел „Бристол“ во своите планови за идниот период од работењето, има предвид на овој деловен субјект да му го даде ликот што му прилега. Активностите сè уште не се отпочнати, сè до ревизија на Деталниот урбанистички план за „Голем ринг“ – изјавија за весникот ВЕЧЕР од „Македонија турист“, но не прецизирајќи какви сè активности планираат да направат за да го вратат повторно во живот.

Оттаму велат дека како акционерско друштво, сите планови и активности за следниот период за овој легендарен хотел, се дел од системот на работа што го налага структурата на компанијата.

Хотелот „Бристол“ беше надалеку познат по својот ресторан во кој се јаделе најубавите чорби, пред неа летната бавча и стариот разгранет орев кој фрла дебела сенка на околината. Всушност оревот е засаден како плод на една љубовна врска што се случила во хотелот. Нашиот познат писател Петре Бакевски ја раскажува приказната за засадувањето на оревот и страсната љубовна врска меѓу двајца млади во својот роман „Црно јагне, див Балкан“.

Имено, хотелот свечено бил отворен пред 96 години на 24 април 1924 и важел за еден од најугледните и најмодерно опремени хотели. По формирањето на првиот Ротери клуб од Скопје во 1931 година, во хотелот „Бристол“ редовно се состанувале членовите на овој клуб. Од колено на колено се раскажувала приказната дека познатата англиска писателка и патописец, Сисилија Изабел Ендрус, позната под псевдонимот Ребека Вест, престојувала во хотелот во периодот помеѓу двете војни.

Со нејзиното име се поврзува една приказна од 1936 година за големата љубов помеѓу неа и нејзиниот придружник Станислав Винавер, новинар, познат под псевдонимот Константин. Сесилија посакала нивната љубов да ја овековечи со тоа што во бавчата на хотелот ќе засади орев, како силно и долговечно дрво како и нивната љубов.

Се проценува дека во светот има околу 200 градови што имаат хотели со име „Бристол“. Овие хотели опстојуваат самостојно, не се дел од ланец на хотели. Најпознати се оние во Виена и во Париз, кој е всушност првиот хотел со ова име, основан 1816 година. Постојат две теории за потеклото на името на овие хотели.

Првата се врзува за истоимениот британски град Бристол, кој е осми по големина град во Англија, а единаесетти во целото Обединето Кралство. Втората теорија е поврзана за лордот од Бристол, подоцнежниот бискуп Фредерик Хервеј. Се вели дека Хервеј уживал во патувањата, а бил познат и како човек со репутација за препораки на добри места за престој. Тие набргу биле наречени „хотелите на лордот Бристол“, а името бргу се проширило низ цела Европа.

https://www.vecer.press/култниот-хотел-бристол-го-чека-дуп/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Dec-2020 at 14:52
ХОТЕЛ „БРИСТОЛ“

Браќата Атанас (Ташко) и Ристо Караџа, познати скопски трговци, го изградиле хотелот во 1923 година, веднаш до старата Железничка станица, а денес Музеј на Град Скопје. Хотелот свечено бил отворен на 24 април 1924 година. Важел за еден од најугледните и најмодерно опремените хотели, во кој редовно се состанувале членовите на првиот Ротери клуб од Скопје, формиран во 1931 година. Се раскажува дека познатата англиска писателка и патописец Сисилија Изабел Ендрус, позната под псевдонимот Ребека Вест, престојувала во хотелот во периодот помеѓу двете војни. Со нејзиното име се поврзува една приказна за скопската љубов помеѓу неа и нејзиниот придружник Станислав Винавер, новинар, познат под псевдонимот Константин.

Во 1936 година Ребека и Константин пристигнале во Скопје. Меѓу нив се развила врска, која била нешто повеќе од пријателство. Токму со нивната љубов е поврзан и еден куриозитет, за кој знаат малкумина. Имено, во бавчата на хотелот „Бристол“ постои еден огромен орев со прекрасна крошна, кој фрла дебела сенка на околината. Таа бавча на ресторанот, поради стариот орев, била една од најубавите во Скопје. Оревот, всушност, е љубовен дар, плод на една љубовна врска. Засадувањето на оревот и романтичната љубовна приказна се опишани во романот „Црно јагне, див Балкан“ на Петре Бакевски:

„Кога се симнаа долу во ресторанот, додека појадуваа, Сисили му рече на Станислав:

– Сакам да засадам орев во дворот од Хотелот.

Станислав беше изненаден – Орев? – ја праша со вчудовиденост – Да орев? – За убавата ноќ! – Станислав се насмеа, му беше пријатно што ги слуша тие зборови... - Оревот... Оревот е силно дрво – објаснуваше Сисили и го пиеше чајот – Оревот долго трае, широко листа, разгранува, сака да ги дофати височините, го врти сонцето над круната, сенката му е дебела, згустена. горделив е, издржлив на грмотевици, бури, затоа сакам да засадам орев, како трајна мисла за ова што ми се случува со тебе. – А што ти се случи? – иронично и подбивно ја праша Станислав – Тоа што го посакува секоја жена – му одговори Сисили...- Таму крај грмушката, сакам да имам свој орев, таму да расте, да се вишнее, многу, многу птици на него да слетуваат, многу утра тука да се завиделуваат, многу ветрови тука да се скротуваат, да стивнуваат, многу луѓе под неговата голема круна да седат, да се одмараат под дебелата и густа сенка, сакам...сакам орев да засадам оти корените во моето срце ќе му бидат“.

Хотелот „Бристол“ е една од ретките згради која го има преживеано земјотресот во 1963 година во Скопје. По 90 години постоење, во 2012 година најстариот хотел во Скопје, „Бристол“, беше затворен.

http://www.kum.mk/kultura/hotel-bristol.html
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1763
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Dec-2020 at 18:47
"... да си го врати ликот кој му прилега"

Кога ќе му прилегне овде уште еден Кермес во сред Скопје. Надграден и проширен! Само некоја камена пластика од фасадата и чорбата у Бристол може да останат слични со оригиналот, другото има да биде некоја новокомпонована зградурина ала Дебар-Маало што во најдоабр случај може да биде нешто како ИК-банка во продолжеие.

Од друга страна, стара е зградата, прашање и колку може и колку вреди да се интервенира врз објектот, може и не е лошо да се обнови телемелно со нова зграда, само да не отстапува од ликот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Dec-2020 at 22:06
Прашање е каква маркица ќе се донесе со планот,постојната висина според мене е добра а каков изглед планираат да му дадат незнам се надевам нема да биде надградуван со некои безвезни поткровја и кич фасадни материјали.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Dec-2021 at 13:47
од твитер

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.