build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Пржино

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија - случај Пржино
    Posted: 12-Nov-2020 at 17:21
Жители на Пржино со жив штит и полициско присуство ја бранеа улицата од инвеститорски багер







Жителите на улицата „Пржино“ денеска ги спречија инвеститорите да почнат да го расчистуваат теренот за изградба на четири четирикатници до нивните куќи. ИРЛ го следеше апсурдното урбанистичко решение за малата пржинска улица. Преку неа ги илустриравме контроверзните законски и општински одлуки носени со партиски консензус во Советите, а со кои што од општината Кисела Вода се направи најконроверзната урбанизација на оваа скопска населба.

Градежно – полициска офанзива

Утрово околу 10 часот низ тесната и слепа уличка во населбата Пржино се обиде да влезе багер, но неможеше да се пробие до локацијата на која треба да се градат четири четирикатници. Инвеститорите повикаа полиција која засилена со два пајаци пристигна да асистира да се расчисти теренот и да се отстранат паркираните возила. Со закани со казни ги принудија околните соседи да ги тргнат автомобилите и механизацијата успеа да стигне до средината на улицата. Багерот го запреа жителите кои со жив штит не дозволуваа пристап до локацијата наменета за градба.

Жителите не дозволуваат влез од нивната улица до парцелата, бидејќи според градежната дозвола пристапот е од друга улица „Кара Трифун“. Таму е поставена и таблата на која пишува дека одобрението за градба е правосилно од 16 септември, а инвеститори се фирмата „Топ метал“ и Љупчо Продановски.

Неколку часа жителите стоеја пред багерот, а на терен излезе и градежен инспектор од општината Кисела Вода. Тој му изрекол забрана на инвеститорот за градежни работи за денешниов ден, по што и механизацијата и полицијата заминаа од улицата „Пржино“.

„Неизвесноста продолжува. Не знаеме што ќе се случи утре. Дали повторно ќе се обиде градежната механизација да помине низ нашата улица, каква одлука ќе донесе градежниот инспекторат“, вели Чупески.

Пред два месеца ИРЛ објави сторија за начинот како инвеститорите добиле дозвола за изградба на четири згради, а кои во Деталниот урбанистички план се водат како станбени куќи. Објектите ќе имаат вкупно шеснаесет станови и ќе бидат сместени помеѓу две слепи и тесни улички.

„Ние ќе бидеме блокирани и оневозможени да функционираме нормално затоа што и сега не може да се разминат два автомобила. Камионот на „Комунална хигиена“ скоро секогаш има проблем да помине, ги удира терасите на соседите и не може да стигне до крајот на улицата. А, тек допрва што ќе биде со новите шеснаесет станари. Ни брза помош, ниту пожарна нема да може да пристапи.“, алармира жителите во сторијата на ИРЛ објавена во септември.

Претходно на локацијата со години имало само една стара куќа и една градежна парцела. Но, непосредно пред донесување на ДУП-от во мај 2016 година, сопственикот ја поделил на четири дела и наместо една маркица за градба добил четири за изградба на станбени куќи со висина од 10 метри или приземје, два ката и поткровје.

Сопственик на парцелата на која се планира градбата е Љупчо Продановски, сопруг на Мери Проја Продановска – раководител на инспекциски надзор во Државниот пазарен инспекторат. Тој за ИРЛ изјави дека со неговата сопруга не живеат заедно веќе 15 години и нејзината партиска припадност немала никаква улога при носењето на ДУП-от за Пржино.

Продановски процедурата за изградба на четирите објекти ја почнал во 2017 година кога склучил договор за заедничка градба со фирмата „Топ метал“. Жителите на улицата „Пржино“ два пати ја оспорија градежната дозвола со жалба до второстепената Комисија при Министерството за транспорт, но битката со институциите ја изгубија летово. Инвеститорот на 16 септември доби правосилно решение да гради. Денешниот обид за почеток на градбата беше неусепешен.

ДУП-от донесен едногласно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во 2016 година општината ја водеше градоначалничката Билјана Беличанец, а мнозинство во Советот имаше ВМРО-ДПМНЕ. Во тој период советник во општината од СДСМ беше и Мери Проја Продановска, сопруга на инвеститорот од нашата приказна Љупчо Продановски.

ИРЛ согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер побара општината Кисела Вода да ни го достави записникот од седницата одржана на 31 мај 2016 година кога е донесен ДУП-от за Пржино. Кога на ред дошла точката на која се одлучувало за иднината на десетици илјади жители од оваа скопска општина ниту еден од советниците не се јавил за збор. Деталниот урбанистички план бил донесен едногласно. Гласале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и советниците на СДСМ.

https://irl.mk/zhiteli-na-przhino-so-zhiv-shtit-i-politsisko-prisustvo-a-branea-ulitsata-od-investitorski-bager/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Nov-2020 at 13:43
Жителите на општина Пржино во битка да го зачуваат редот и мирот во населбата



https://sitel.com.mk/zhitelite-na-opshtina-przhino-vo-bitka-da-go-zachuvaat-redot-i-mirot-vo-naselbata
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Nov-2020 at 15:59
Каква општина Пржино?! До кога новинари кои третираат специфични теми ќе мешаат што е населба што општина?!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Nov-2020 at 12:46
Багерите почнаа да работат додека жителите чекаа средба со градежниот инспектор

Багерите што жителите на населбата Пржино во четвртокот со жив штит ги спречија преку тесна слепа уличка да стигнат до локацијата каде што треба да се градат четири четирикатници, вчера се пробија и почнаа со работа. За тоа е искористена ситуацијата кога претставници на граѓаните отишле на претходно закажана средба со градежниот инспектор, истиот оној што во четвртокот, во обид да го смири гневот на граѓаните, издал решение за инвеститорот за забрана за градежни работи во текот на денот.

Средбата не се одржала затоа што инспекторот си земал слободен ден, ниту пак кој било од општинарите ги примил граѓаните, кои залудно очекувале дека ќе се најде некое решение за нивниот проблем.

– Вчера дојдоа четворица полицајци со два „пајака“ за да ни ги тргнат возилата од уличката да поминат багерите. Потоа дојде инспектор од Општина Кисела Вода, направи муабет со началничката и инвеститорот и ни закажа состанок за денеска во 9.30 часот. Отидоа сабајле дел од соседите, а во меѓувреме овие „мртви ладни“ си дојдоа со багерите, демек нема што повеќе да чекаат. Соседиве во Општина чекале цел час и најпосле им кажале дека инспекторот си земал слободен ден. Замислете каква институција е тоа и колку е монструозно цела улица да лажеш – револтирано објаснува Искра Димитрова, една од засегнатите жители во Пржино.

Граѓаните и вчера излегле на протест, но залудно. Тие велат дека изведувачите добиле решение од МВР за времен сообраќаен режим, со кое тесната улица може да се користи за минување на механизацијата до локацијата за градба, кое веднаш било одобрено од Општината.

Зошто воопшто општинскиот градежен инспектор издал решение за забрана за градба во четвртокот, останува нејасно, а од Општина Кисела Вода нема прецизен одговор.

– Градежниот инспектор има изречено забрана со цел увид во сообраќајното решение за кое не е надлежна Општина Кисела Вода. Општината за овие станбени куќи во низ со катност П+2+Пк со вкупно 16 станбени единици има издадено правосилно одобрение за градење согласно Деталниот урбанистички план за Реон Ј, Градска четврт Ј20.01 донесен на 31.05.2016 година – одговорија кусо од Општината.

Со овој ДУП, меѓу другото, се предвидува на парцелата на улица „Кара Трифун“ да се изградат четири станбени куќи со шеснаесет стана, сместени меѓу две слепи и тесни улички. Жителите од Пржино веќе подолг период укажуваат дека доколку тоа се случи, тие ќе бидат оневозможени да функционираат нормално, затоа што постојната инфраструктура не дозволува ни два автомобила да се разминат на улица, а не може во случај на потреба да пристапи ни возило за Брза помош ни пожарна.

Сепак, објектите почнуваат да се градат, но жителите велат дека нема да се откажат. Тие имаат намера да преземат некои акции, затоа што, како што велат, ова е веќе шеста зграда што се гради по доаѓањето на градоначалникот Филип Темелковски, иако претходно немало воопшто изградба на овој простор, затоа што теренот тоа не го дозволува.

https://www.slobodenpecat.mk/bagerite-pochnaa-da-rabotat-dodeka-zhitelite-chekaa-sredba-so-gradezhniot-inspektor/?fbclid=IwAR1wvy5kt6VxQgJKg1fO87rraW2YrXoqrYg0l1oAw8esJEZindBeaw8Z9zY
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Nov-2020 at 16:55
(ВИДЕО) Пржино: Камионот на инвеститорот гази по ДУП, ред, закон, право, жители и почит









Пркосните жители од слепата уличка во Пржино денеска му послаа бело платно на инвеститорот кој до нивните куќи гради станбен комплекс од четири четирикатници. На платното долго 50 метри со црни букви е испишано: Ред, ДУП, закон, право, жители, почит. Камионот помина низ нивната улица до градилиштето по платното, а жителите со дрон го снимија „погазувањето“ врз сите зборови кои значат правда и правна држава.

Минатата недела инвеститорот почна да го расчистува теренот за изградба на четири четирикатници високи по 10 метри. Станбениот комплекс ќе биде сместен на врвот на две слепи улички во населбата Пржино во општината Кисела Вода. Жителите на улицата „Пржино“ веќе две години водат битки со институциите и со инвеститорите. Но, не успеаја да ја спречат изградбата на шеснаесетте станови во нивното маало.

ИРЛ со своите мобилни редакции ја следи оваа јалова борба на жителите кои се чувствуваат осамени и измамени од локалната власт во Кисела Вода. Попусти беа сите нивни жалби до општината и до Министерството за транспорт и врски, бидејќи на крајот инвеститорот доби дозвола за градба.

Процедурата е почната уште во 2016 година кога Советот на Кисела Вода го носи контроверзниот ДУП и дозволува изградба на четири станбени куќи. Сопственик на земјиштето и ко-инвеститор е Љупчо Продановски, сопруг на Мери Проја Продановска, која и самата гласала за носење на ДУП-от во време кога била советник во општина Кисела Вода. Продановска сега е на раководна позиција во Инспекцискиот надзор во Државниот пазарен инспекторат.

Минатата недела жителите на улицата „Пржино“ се обидоа со жив штит да го спречат почетокот на градењето, но не успеаја да му го попречат патот на багерот. Беше повикана и полиција за да ги отстрани возилата на локалците и да и’ се расчисти пристапот на механизацијата. Вториот инвеститор на објектите, заедно со Продановски е фирмата „Топ метал“ чиј сопственик вчера влезе во вербален дуел со соседите откако дознал за белото платно кое му го постилаат за негов пречек.

https://irl.mk/video-przhino-kamionot-na-investitorot-gazi-po-dup-red-zakon-pravo-zhiteli-i-pochit/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Nov-2020 at 18:22
Originally posted by stef4o

Жители на Пржино со жив штит и полициско присуство ја бранеа улицата од инвеститорски багер







Кога нешто се прави на сила тоа се ефектите,на парцелава после 3 дена ископ им паднал потпорниот ѕид од горната улица



https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Dec-2020 at 14:31
ВИДЕО: Бунт во Пржино, жителите бараат стопирање на градбите во населбата

Дино Чупевски и Ацо Антевски живеат во непосредна близина на локацијата каде што се поради изградба на нова зграда се сруши потпорниот ѕид во Пржино. Веќе еден месец заедно со останатите жители на населбата протестираат против изградбата на зградата, која како што велат значително ќе им го уништи нормалното живеење, а покрај тоа укажуваат и на незаконско работење.

-Нашите барања се комплетно да се укине решението за градба на објектот, бидејќи е незаконски донесено решението за градба, да се направи мораториум на сите спортни објекти во цела населба. Дознавме дека се планира да се гради и на спортскиот објект „Славија“, кој што е единствено место за дружење на сите Пржинци. Бараме и ревизија на ДУП-от, што ќе вклучи партиципативно тело составено од архитекти од асоцијацијата на архитекти и претставници на грашаните на Пржино. Бараме и потранспарентна работа на месната заедница бидејќи е дискутабилно на кој начин се донел ДУП-от во 2016 година, поради што ги трпиме овие неправди, рече Чупевски.

Овие барања не се официјално доставени до Општина Кисела Вода, во моментов се собираат потписи од населението, по што во понеделник барањата ќе се достават како до Кисела Вода, така и до Град Скопје, Министерство за транспорт и врски и до Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега се потпишани околу 800 луѓе на он лајн петицијата и 500 на хартија.

Според Ацо Антевски има големи пропусти при донесување на ДУП-от.

-Прво и основно, за оваа парцела се добиени четири маркици за градба, на место од една парцела, според стариот ДУП.Прашањето е дали тоа е привилегија на луѓе со партиски, роднински или бизнис врски. ДУП-от можеби е легален но не е легитимна постапката на која бил донесен. Бараме да ни каже кои советници гласале за да докажеме дека со врски е донесен ДУП-от. Се жалевме и пред Второстепена комисија за спорниот објект и успеавме да докажеме дека проектот не е добар. Меѓутоа, за наша несреќа со истиот проект инвеститорот доби одобрување за градба. Нашето прашање е како се сменија критериумите на Второстепената Комисија Најголемиот проблем е член 65а од Законот за градење кој што вели дека доколку ние се жалиме пред Управен суд и ја оспориме градбата и доколку го изгубиме процесот, инвеститорот може да не тужи нас, и ние ќе траба да платиме голема отштета, од околу 50.000 евра.Нас државата со тоа не репреира, не можеме да се побуниме и да се одбраниме од желбата за профит и пари на инвеститорите, вели Антевски.
Жителите на Пржино спас од неконтролираното градење ќе бараат и од градоначалникот Петре Шилегов и од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој е на местото на Горан Сугаревски, кој ја потпишал одбиена жалба за конкретната градба.




https://www.slobodenpecat.mk/video-bunt-vo-przhino-zhitelite-baraat-stopirane-na-gradbite-vo-naselbata/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.