build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Адора - Крњево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Apr-2021 at 17:31
Овие 2 парцели веќе се во сопственост меѓутоа не фигурира Адора туку Порта Инженеринг(изгледа под ова име ќе настапуваат на домашниот пазар).
Исто е и во Аеродром со комплексот Супериум и другите 3 згради што ги градат во Стар Аеродром.
Раздвиженост на парцелава би можело да се очекува веројатно кога ќе дојдат во понапредна фаза со проектот Porta Superium.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Jun-2021 at 12:45
ЧИФЛИГАНЕЦ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА ГРАДБА НА 42-МЕТАРСКА ЗГРАДА СПРОТИ СКОПСКИ САЕМ






Поднесено е барање за градба на 42-метарска зграда на паркингот спроти поранешен Скопски саем. Сопственикот на земјиштето и инвеститорот фирмата „Адора“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, како што велат од Општина Центар, ја почнал постапката за изградба на големиот станбен и деловен објект кој треба да ги зафати целиот паркинг.

Барањето за градба е поднесено според проект од стариот Детален урбанистички план за Крњево 2. Зградата е висока 42 метри и долга 206 метри, оформена од еден објект кој фрла сенка на целата населба

„Барањето на инвеститорот е одбиено бидејќи не само што границите на планските опфати не се совпаѓаат, туку и источниот дел од важечкиот план навлегува во регулационата широчина на примарната мрежа на улици дефинирана со ГУП на Град Скопје 2012-2022. Тоа значи дека зградата која сака да ја гради Чифлиганец ја фаќа пешачката патека и треба да биде до самата улица“, велат од Општина Центар.

Општина Центар веќе го има изработено новиот план за овој дел од градот, помината е јавната анкета, но во моментов се наоѓа кај планерската куќа на корекција по забелешките од Град Скопје. Тоа значи дека додека се донесе, на сила е стариот план и по него инвеститорите можат да градат. Со планот се дозволува развој на куќите кои се наоѓаат во Крњево односно изградба на згради.

Според стариот план или важечкиот, во моментов откако е укинат мораториумот и додека се донесат измените, станбена развиена површина е за 4.460 жители, нето густина од 1.594 жители на хектар што е преголема густина. Со новиот план бројот на жители се намалува на 2.645, нето густина од 978 жители на хектар и добиени се јавни намени за граѓаните на државното земјиште. Во стариот план не е предвидена градинка, а во новиот се предвидува на површина од 312 метри квадратни, на две нивоа. Со стариот план има само еден локален парк од 483 метри квадратни или од површината на четвртта само 1.33% е јавно зеленило. Со новиот план се предвидуваат 4 локални паркови со вкупно 1871 метри квадратни и зелената површина е зголемена за 4 пати ил. 5% од четвртта е јавно зеленило.

„Направени се измени и за објектот на Чифлиганец, односно со стариот план се предвидува ѕид без прекин висок 42 метри и долг 206 метри кој беше оформен од еден објект и кој фрлаше сенка на целата населба. Со новиот се предвидува расчленет објект со 3 кули со висини 30, 45 и 42 метри и простор меѓу секоја од нив од 39 и 37 метри. Направени се измени и за останатите објекти. Направено е разбивање на уште објект со висина од 19 метри и должина од 151 метар, на два дела со простор меѓу нив. Со стариот план се дозволуваат објекти со голема длабочина, високи 19 метри кои се доближуваат на 5 или 7 метри меѓу себе со што е загрозена безбедноста и ќе има недостаток на светлина. Со новиот план нема станбени објекти кои со лицето се доближуваат на помалку од 12 метри, објектите се оддалечени и разбиени на блокови, со што просторот дише подобро, има повеќе светлина и е побезбеден“, велат од Секторот за урбанизам на Општина Центар.

Измени се направени во однос на сообраќајноот решение кое предвидувало само еден влез и излез и слеп сообраќаен крак од 203 метри. Со новиот план се предвидуваат два влеза и излеза и нема подолг слеп крак на улица од 100 метри.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/chifliganets-podnel-barane-za-gradba-na-42-metarskata-zgrada-sproti-skopski-saem/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Jul-2022 at 12:13
Сеуште нема ништо од проектов,а најверојатно нема Адора да настапува под тоа име бидејќи земјиштето е на Порта Инженеринг(кои на почетокот кога се почнуваше зградата кај Тобако 2 се водеа на иста адреса со Адора на ул.Орце Николов 182А).
Чудно е што Адора не покажува никакви активности и по падот на мораториумот во Центар а и на други места.

Во продолжение интервју со Чифлиганец од пред 2 години,негде околу 53-та минута се зборува за Адора а во позадина неколку пати може да се види проектов за кај ВИП хотел кој сеуште никаде не е официјално објавен освен на еден саем за градежништво кај нас пред 6-7 години.



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Jul-2023 at 12:30
Има промена во катноста на највисоката ламела од 12 на 18 ката а другите 2 ламели 11 и 7 ката.



https://www.facebook.com/photo/?fbid=679044394236006&set=a.308180314655751
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Jul-2023 at 11:36
Ќе никне помал брат на МРТВ, од другата страна на булеварот



Зградата што треба да ја прави градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец, меѓу кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и трговскиот центар Ист гејт, ќе биде на три дела, од кои најнискиот ќе има осум, а највисокиот 19 нивоа или 60 метри. За 30 метри пониско од соседната зграда на МРТВ. Тоа се предвидува со новиот детален урбанистички план за Крњево 2, кој вчера го усвои Советот на Општина Центар.

Станува збор за зграда што со старото планско решение од 2011 година требаше да го пополни речиси целиот паркинг кај хотелот ВИП, на аголот меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица. Тој објект требаше да има 14 нивоа, односно приземје, 12 ката и поткровје, со вкупна висина од 42 метри од почетокот до крајот. Зад него, во населбата во која голем дел од објектите се супстандардни, беа предвидени тројно пониски станбени згради.

Двете парцели на паркингот, едната од речиси 3.000 квадратни метри, а другата од 4.200 квадрати, ги поседува фирмата „Порта Скопје“, со која управува Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Сопственик на „Порта Скопје“, пак, е познатата градежна компанија на семејството, „Адора“.

Со оглед дека парцелата на семејството Чифлиганец се наоѓа на источната страна од населбата, ако се изградеше во предвидената форма како долг лак покрај двете сообраќајници, ќе ја блокираше дневната светлина на остатокот од жителите.



Општина Центар и претходно се обиде да го ревидира ова решение додека траеше мораториумот за градење. Стручната комисија што подготвуваше ревизии на ДУП-овите тогаш предлагаше објектот да има три кули од по 14 ката поврзани со пониски објекти. Но, тој предлог не беше прифатен и не стигна ниту на гласање во општинскиот Совет.

Чифлиганец во 2021 година поднел барање за градежна дозвола, за да ја изгради зградата како појас од 14 ката од едниот до другиот крај. Беше одбиен бидејќи планот не се совпаѓаше со Генералниот урбанистички план. БИРН побара коментар од Чифлиганец за новото решение, но тој одговори дека не може да коментира бидејќи не е во Скопје.

ДУП-от што се донесе вчера предвидува зградата да се гради само покрај улицата Беласица, спроти Ист Гејт, до крстосницата со булеварот, додека делот од паркингот непосредно пред хотелот ВИП ќе остане слободен. На аголот ќе биде највисокиот дел од приземје и 18 ката, односно 60 метри. Вториот дел се спушта на 39 метри, поточно приземје и 11 ката, а третиот, со приземје и 7 ката, може да достигне најмногу 27 метри.

Со стариот ДУП се предвидуваше зградата на Чифлиганец да се простира на околу 4.100 квадратни метри во основата, а вкупно да се изградат над 57 илјади квадрати развиена површина (станови, ходници и други простории), додека, според информациите од Советот, сегашната развиена површина е намалена за околу една третина.



Крњево е една од населбите, која, иако се наоѓаат во центарот на градот и се дел од Општина Центар, се познати по неквалитетните услови за живот, како што се тесната улична мрежа и слабата инфраструктура. Добар дел од објектите се стари и дотраени куќи од керпич, додека некои се реновирани или одново изградени.

Во изминатата деценија стана вообичаено за скопските општини да ги решаваат проблемите на ваквите подрачја со тоа што во ДУП-овите ќе предвидат високоградба наместо куќи. Со тоа им ја зголемуваат вредноста на имотите на локалните жители и им овозможуваат преку договори со инвеститорите да најдат поквалитетно решение за своето станбено прашање, истовремено отворајќи им терен на градежните компании да остварат профити.

Резултатите од ова, навидум „вин-вин“ урбанистичко решавање на социјалните проблеми, може да се види во Маџир маало, Ново маало, Капиштец, Стар Аеродром и во повеќе други населби, каде што дотраените домови ги заменија нови, високи згради, густо изградени една до друга, речиси без зеленило и јавни простори.

Новиот ДУП за Крњево 2 предвидува, освен објектот на Чифлиганец да се изградат уште триесетина згради на седум нивоа, односно приземје, пет ката и поткровје, некои како самостојни објекти, а други споени во блокови. Луѓе од населбата присуствуваа на седницата со барање конечно да се донесе планот за да може да си ги подобрат животните услови.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, по седницата рече дека новиот план е подобар од старото решение зашто има повеќе зеленило, а предвидува и детска градинка.

Кога семејството Чифлиганец ќе ја изгради новопредвидената зграда, објектот на МРТВ нема повеќе да биде единствена високоградба во тој дел од градот.

https://prizma.mk/ke-nikne-pomal-brat-na-mrtv-od-drugata-strana-na-bulevarot/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.173 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.