build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Адора - Крњево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Apr-2021 at 17:31
Овие 2 парцели веќе се во сопственост меѓутоа не фигурира Адора туку Порта Инженеринг(изгледа под ова име ќе настапуваат на домашниот пазар).
Исто е и во Аеродром со комплексот Супериум и другите 3 згради што ги градат во Стар Аеродром.
Раздвиженост на парцелава би можело да се очекува веројатно кога ќе дојдат во понапредна фаза со проектот Porta Superium.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Jun-2021 at 12:45
ЧИФЛИГАНЕЦ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА ГРАДБА НА 42-МЕТАРСКА ЗГРАДА СПРОТИ СКОПСКИ САЕМ






Поднесено е барање за градба на 42-метарска зграда на паркингот спроти поранешен Скопски саем. Сопственикот на земјиштето и инвеститорот фирмата „Адора“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, како што велат од Општина Центар, ја почнал постапката за изградба на големиот станбен и деловен објект кој треба да ги зафати целиот паркинг.

Барањето за градба е поднесено според проект од стариот Детален урбанистички план за Крњево 2. Зградата е висока 42 метри и долга 206 метри, оформена од еден објект кој фрла сенка на целата населба

„Барањето на инвеститорот е одбиено бидејќи не само што границите на планските опфати не се совпаѓаат, туку и источниот дел од важечкиот план навлегува во регулационата широчина на примарната мрежа на улици дефинирана со ГУП на Град Скопје 2012-2022. Тоа значи дека зградата која сака да ја гради Чифлиганец ја фаќа пешачката патека и треба да биде до самата улица“, велат од Општина Центар.

Општина Центар веќе го има изработено новиот план за овој дел од градот, помината е јавната анкета, но во моментов се наоѓа кај планерската куќа на корекција по забелешките од Град Скопје. Тоа значи дека додека се донесе, на сила е стариот план и по него инвеститорите можат да градат. Со планот се дозволува развој на куќите кои се наоѓаат во Крњево односно изградба на згради.

Според стариот план или важечкиот, во моментов откако е укинат мораториумот и додека се донесат измените, станбена развиена површина е за 4.460 жители, нето густина од 1.594 жители на хектар што е преголема густина. Со новиот план бројот на жители се намалува на 2.645, нето густина од 978 жители на хектар и добиени се јавни намени за граѓаните на државното земјиште. Во стариот план не е предвидена градинка, а во новиот се предвидува на површина од 312 метри квадратни, на две нивоа. Со стариот план има само еден локален парк од 483 метри квадратни или од површината на четвртта само 1.33% е јавно зеленило. Со новиот план се предвидуваат 4 локални паркови со вкупно 1871 метри квадратни и зелената површина е зголемена за 4 пати ил. 5% од четвртта е јавно зеленило.

„Направени се измени и за објектот на Чифлиганец, односно со стариот план се предвидува ѕид без прекин висок 42 метри и долг 206 метри кој беше оформен од еден објект и кој фрлаше сенка на целата населба. Со новиот се предвидува расчленет објект со 3 кули со висини 30, 45 и 42 метри и простор меѓу секоја од нив од 39 и 37 метри. Направени се измени и за останатите објекти. Направено е разбивање на уште објект со висина од 19 метри и должина од 151 метар, на два дела со простор меѓу нив. Со стариот план се дозволуваат објекти со голема длабочина, високи 19 метри кои се доближуваат на 5 или 7 метри меѓу себе со што е загрозена безбедноста и ќе има недостаток на светлина. Со новиот план нема станбени објекти кои со лицето се доближуваат на помалку од 12 метри, објектите се оддалечени и разбиени на блокови, со што просторот дише подобро, има повеќе светлина и е побезбеден“, велат од Секторот за урбанизам на Општина Центар.

Измени се направени во однос на сообраќајноот решение кое предвидувало само еден влез и излез и слеп сообраќаен крак од 203 метри. Со новиот план се предвидуваат два влеза и излеза и нема подолг слеп крак на улица од 100 метри.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/chifliganets-podnel-barane-za-gradba-na-42-metarskata-zgrada-sproti-skopski-saem/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Jul-2022 at 12:13
Сеуште нема ништо од проектов,а најверојатно нема Адора да настапува под тоа име бидејќи земјиштето е на Порта Инженеринг(кои на почетокот кога се почнуваше зградата кај Тобако 2 се водеа на иста адреса со Адора на ул.Орце Николов 182А).
Чудно е што Адора не покажува никакви активности и по падот на мораториумот во Центар а и на други места.

Во продолжение интервју со Чифлиганец од пред 2 години,негде околу 53-та минута се зборува за Адора а во позадина неколку пати може да се види проектов за кај ВИП хотел кој сеуште никаде не е официјално објавен освен на еден саем за градежништво кај нас пред 6-7 години.



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Jul-2023 at 12:30
Има промена во катноста на највисоката ламела од 12 на 18 ката а другите 2 ламели 11 и 7 ката.



https://www.facebook.com/photo/?fbid=679044394236006&set=a.308180314655751
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Jul-2023 at 11:36
Ќе никне помал брат на МРТВ, од другата страна на булеварот



Зградата што треба да ја прави градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец, меѓу кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и трговскиот центар Ист гејт, ќе биде на три дела, од кои најнискиот ќе има осум, а највисокиот 19 нивоа или 60 метри. За 30 метри пониско од соседната зграда на МРТВ. Тоа се предвидува со новиот детален урбанистички план за Крњево 2, кој вчера го усвои Советот на Општина Центар.

Станува збор за зграда што со старото планско решение од 2011 година требаше да го пополни речиси целиот паркинг кај хотелот ВИП, на аголот меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица. Тој објект требаше да има 14 нивоа, односно приземје, 12 ката и поткровје, со вкупна висина од 42 метри од почетокот до крајот. Зад него, во населбата во која голем дел од објектите се супстандардни, беа предвидени тројно пониски станбени згради.

Двете парцели на паркингот, едната од речиси 3.000 квадратни метри, а другата од 4.200 квадрати, ги поседува фирмата „Порта Скопје“, со која управува Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Сопственик на „Порта Скопје“, пак, е познатата градежна компанија на семејството, „Адора“.

Со оглед дека парцелата на семејството Чифлиганец се наоѓа на источната страна од населбата, ако се изградеше во предвидената форма како долг лак покрај двете сообраќајници, ќе ја блокираше дневната светлина на остатокот од жителите.



Општина Центар и претходно се обиде да го ревидира ова решение додека траеше мораториумот за градење. Стручната комисија што подготвуваше ревизии на ДУП-овите тогаш предлагаше објектот да има три кули од по 14 ката поврзани со пониски објекти. Но, тој предлог не беше прифатен и не стигна ниту на гласање во општинскиот Совет.

Чифлиганец во 2021 година поднел барање за градежна дозвола, за да ја изгради зградата како појас од 14 ката од едниот до другиот крај. Беше одбиен бидејќи планот не се совпаѓаше со Генералниот урбанистички план. БИРН побара коментар од Чифлиганец за новото решение, но тој одговори дека не може да коментира бидејќи не е во Скопје.

ДУП-от што се донесе вчера предвидува зградата да се гради само покрај улицата Беласица, спроти Ист Гејт, до крстосницата со булеварот, додека делот од паркингот непосредно пред хотелот ВИП ќе остане слободен. На аголот ќе биде највисокиот дел од приземје и 18 ката, односно 60 метри. Вториот дел се спушта на 39 метри, поточно приземје и 11 ката, а третиот, со приземје и 7 ката, може да достигне најмногу 27 метри.

Со стариот ДУП се предвидуваше зградата на Чифлиганец да се простира на околу 4.100 квадратни метри во основата, а вкупно да се изградат над 57 илјади квадрати развиена површина (станови, ходници и други простории), додека, според информациите од Советот, сегашната развиена површина е намалена за околу една третина.



Крњево е една од населбите, која, иако се наоѓаат во центарот на градот и се дел од Општина Центар, се познати по неквалитетните услови за живот, како што се тесната улична мрежа и слабата инфраструктура. Добар дел од објектите се стари и дотраени куќи од керпич, додека некои се реновирани или одново изградени.

Во изминатата деценија стана вообичаено за скопските општини да ги решаваат проблемите на ваквите подрачја со тоа што во ДУП-овите ќе предвидат високоградба наместо куќи. Со тоа им ја зголемуваат вредноста на имотите на локалните жители и им овозможуваат преку договори со инвеститорите да најдат поквалитетно решение за своето станбено прашање, истовремено отворајќи им терен на градежните компании да остварат профити.

Резултатите од ова, навидум „вин-вин“ урбанистичко решавање на социјалните проблеми, може да се види во Маџир маало, Ново маало, Капиштец, Стар Аеродром и во повеќе други населби, каде што дотраените домови ги заменија нови, високи згради, густо изградени една до друга, речиси без зеленило и јавни простори.

Новиот ДУП за Крњево 2 предвидува, освен објектот на Чифлиганец да се изградат уште триесетина згради на седум нивоа, односно приземје, пет ката и поткровје, некои како самостојни објекти, а други споени во блокови. Луѓе од населбата присуствуваа на седницата со барање конечно да се донесе планот за да може да си ги подобрат животните услови.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, по седницата рече дека новиот план е подобар од старото решение зашто има повеќе зеленило, а предвидува и детска градинка.

Кога семејството Чифлиганец ќе ја изгради новопредвидената зграда, објектот на МРТВ нема повеќе да биде единствена високоградба во тој дел од градот.

https://prizma.mk/ke-nikne-pomal-brat-na-mrtv-od-drugata-strana-na-bulevarot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Jun-2024 at 14:13
Тука сеуште нема ништо од изградба на 18 катницата,веројатно ова ќе биде следниот голем проект на Порта Инженеринг по завршување на проектот Супериум.

По последните промени во деталниот план на овој дел ламелите ќе бидат П+7 и П+11 а на свиокот кон бул.Гоце Делчев П+18





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Aug-2024 at 17:26
Нови работни, градежни предизвици на #Адора

Во предвечерјето на 22 роденден, Adora Business Group воспостави соработка за реализација на најновиот проект Порта Скопје Адора - Општина Центар, со познатата водечка, светска групација Peri од Германија. Денес тимот на Адора инженеринг го посети претставништвото на Peri во Србија, што ќе ги имплементира светските стандарди во системите на оплати и скелиња, при изградбата на новиот репрезентативен станбено-деловен комплекс на Адора во срцето на Скопје и Македонија.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=922562953233053&set=pcb.922585183230830
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 03-Oct-2024 at 18:22
ЧИФЛИГАНЕЦ ПОЧНА ДА ГРАДИ ЗГРАДИ СПРОТИ „ИСТ ГЕЈТ“ ВО СКОПЈЕ НА ПОВРШИНА ОД 33.724 МЕТРИ КВАДРАТНИ, МАКСИМАЛНАТА ВИСИНА СПОРЕД ПЛАНОТ Е 18 КАТА



Фирмата „Адора инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец почна да гради станбено-деловен објект на паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Паркингот од пред неколку дена е заграден со тараби и се подготвува старт на градежните работи, откако на 27 септември Општина Центар му издаде градежна дозвола на градежникот.

Според Деталниот урбанистички план (ДУП) Крњево 2, максимално дозволена висина на објектот е приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е според параметрите од новиот ревидиран ДУП кој беше донесен во јули лани.

„На оваа парцела е предвиден објект со намена А2 односно домување во станбени згради со можност за компатибилни намени Б1-мали трговски единици, Б4-деловни простори и Б2-големи трговски единици максимум до 40 посто. Согласно параметрите од ДУП максималните дозволени вредности за бруто изградена површина се 33.724 метри квадратни, а дозволена катност во различни делови од објектот се П+7, П+1, П+18“, велат од Општина Центар.

За изградбата на објектот уплатени се комуналии од околу 4,5 милиони евра од кои 40 отсто или 1.8 милион евра на Општина Центар, а останати 60 отсто или 2,7 милиони евра на Град Скопје.

Чифлиганец имаше поднесено барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, според стариот план кој дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Како што соопштија од Општина Центар лани при носењето на новиот ДУП, проектирана е намалена површина за градба и разбиен е огромниот бетонски објект.

„Наместо ѕид без прекин на северната страна од 5 споени објекти, кој предвидуваше висина од 19 метри и должина од вкупно 151 метар, во новиот план вцртан е разбиен ѕид на 2 дела од 56 и 68 метри со простор меѓу нив, каде секој дел е составен од по 3 споени објекти. Стариот план предвидувал и ѕид без прекин на јужната и источната страна, со висина од 42 метри и должина 206 метри кој бил оформен од 1 објект и кој фрлал сенка на целата населба. Во новиот план целосно е ослободена јужната страна во делот каде големиот комплекс се доближуваше најмногу до другите објекти и од каде фрлаше најмногу сенка врз населбата, а развиената површина на објектот е намалена од 57.456 м2 на 33.724 метри квадратни. Севкупно, развиената површина на објектите за домување во ДУП-от Крњево 2 е намалена од 144.931 метри квадратни на 93.640 метри кавдартни односно за 35 отсто“, соопштија од Општин Ценатр при носењето на новиот ДУП.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/chifliganets-pochna-da-gradi-zgradi-sproti-ist-gejt-vo-skopje-na-povrshina-od-33-724-metri-kvadratni-maksimalnata-visina-spored-planot-e-18-kata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Oct-2024 at 19:01
од твитер

Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15263
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Oct-2024 at 19:19
Опа, значи нема веќе бесплатен паркинг спроти Ист Гејт
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 03-Oct-2024 at 21:23
Аман бе пак вакви згради..
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 03-Oct-2024 at 22:45
Ќе му парира на Фине Холдинг по монструозност. Thumbs%20Up
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Oct-2024 at 07:37
Балконџиски степенест тенок ѕид со мали комунистички прозорчиња,едноставно ко фарса се повторвит приказната за македонското градежништво,уште фарба за фасада фалит за комплет транзициски чир
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 04-Oct-2024 at 13:40
Добра е локацијата меѓутоа штета, очекував нешто помодерно. Се надевам нема да биде со евтин абриб, бело пвц и наредена со клими. Во најмала рака вентилрачка фасада со декоративна цигла + алкобонд и антрацит пвц за бар некако да се оправда цената од 2к+ еур по м2.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Oct-2024 at 17:59
Станбен џин од 15 ката ќе никне спроти МТВ и Ист Гејт



Градежната компанија Адора Инженеринг наскоро ќе започне со изградба на нов станбено-деловен комплекс „Порта Скопје by Adora“ на улица Беласица бр. 1, во Општина Центар. Проектот, кој ќе биде сместен на простор што долго време беше занемарен и користен за нелегално паркирање и депонирање отпад, вклучува реконструкција на дел од старото скопско маало Крњево.

Објектот, кој според деталниот урбанистички план (ДУП) од 2012 година, првично беше предвиден да се простира на 57.500 квадратни метри, е намален на околу 33.700 квадратни метри. Според новиот план, ќе се изградат 193 станбени единици, кои ќе зафаќаат 60% од објектот, додека останатиот дел ќе биде наменет за деловни простории. Објектот ќе има 317 паркинг места на партер и две подземни нивоа, како и 408 места за велосипеди, што е прв ваков пример во државата.

Проектот, кој се реализира според сите законски прописи, предвидува и 20% зеленило на површината, со што центарот на Скопје ќе добие современ и функционален комплекс. Од компанијата информираат дека во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени голем број домашни компании и работници, со што ќе се отворат нови работни места.

Изградбата на комплексот следи по претходни реакции и негативни кампањи во јавноста, за кои од компанијата велат дека немаат основа. Сепак, тие истакнуваат дека нивниот проект ќе донесе позитивни промени за ова запуштено подрачје во срцето на главниот град.

https://skopjeinfo.mk/stanben-dzhin-od-15-kata-kje-nikne-sproti-mtv-i-ist-gejt?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 04-Oct-2024 at 18:12
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 04-Oct-2024 at 18:22
Еве што се гради во Приштина пошто Тирана веќе стана запад.. што правиме каде одиме??!? Таа раскрсница може да има топ изглед со висококатници..


Edited by my Macedonia - 04-Oct-2024 at 18:25
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Oct-2024 at 11:09
Уште не ми се вервит како го усраjа и ова место,секоја чест за градоначалников на центар од сдсм,заедно со петрета,данела,стевче во соработка со компанииве шо штанцат згради ради реда матер му ебаа на градов секое можно празно место го потполнија со срање згради,едно место не остана празно новиве да посерат нешто и тие,ЕДНО Треска,паркинго карши Холидеј Ин,околу Рамстор,Ново Маало,Маџир Маало,Кисела Вода,Аеродром кај шо остана нешто празно,овде карши Ист Гејт кој пак личит однавор на нешто модерно,се

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 05-Oct-2024 at 14:43
Веќе целосно е оградена парцелата а донесен е и багер









Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Nov-2024 at 20:25








Новиот резиденцијално деловен комплекс со препознатлив стил и префинета естетика, се гради на исклучително атрактивна локација во срцето на Општина Центар-Скопје, на ул. „Беласица“, наспроти главниот влез на трговскиот центар Ист Гејт, на аголот на крстосницата со бул. „Гоце Делчев“. Оддалечен само 1,5 km или 10 минути пеш од главниот градски плоштад „Македонија“, комплексот е лесно достапен од сите страни на Скопје и Македонија и претставува симболична капија во центарот на метрополата.

Во станбениот дел, комплексот располага со 193 модерни, квалитетни и функционални домови, со површина од 33 m² до 260 m², распоредени во 2 ламели, со 2 влезови и 5 лифтови. Во понудата има и неколку луксузни пентхаус станови.

Во двете станбено деловни ламели, има голем број ексклузивни деловни простории, со површина од 55 m², 380 m², 475 m², 1.500 m², за кои има посебен влез и 2 лифтови. Една ламела од комплексот е засебен, ексклузивен Бизнис центар Порта Скопје, кој располага со вкупна деловна површина од 5.000 m², со свој влез и 2 лифтови.

Обезбедени се 317 паркинг места за возила на партер и две подземни нивоа и паркинг места за 408 велосипеди, што е единствен ваков пример во државата.

о префинето осмислената архитектура и дизајн на надворешниот и внатрешниот дел на комплексот, докажаната стабилност, врвен квалитет, одличните материјали и иновациите во високата градба, Порта Скопје by Adora ги носи во Македонија најновите стандарди и трендови во сферата на недвижностите на глобално ниво.

Нудејќи совршени домови за современо, комфорно, еко домување и ексклузивни деловни простории за успешно водење бизниси во стилот на модерните светски метрополи, овој комплекс претставува хармоничен спој на станбени и деловни единици, на една од најатрактивните локации во срцето на Општина Центар – Скопје.

Пријатниот, енергетски ефикасен комплекс, збогатен со 20 % зеленило и хортикултурно уредување, ќе обезбеди долгорочно одржливо, здраво, економично и хумано домување и работа во централното урбано јадро на главниот град на Македонија.

Комплексот Порта Скопје by Adora, кој е резултат на 22 годишната традиција, искуство и напредок на Адора Бизнис Групацијата во високата градба на национално и регионално ниво, ќе биде новиот препознатлив, автентичен урбан симбол, достоен за центарот на македонската метропола. Место каде совршено ќе се спојат модерните објекти за домување и ексклузивните деловни простории, по светските стандарди за живеење и бизнис, во срцето на македонската метропола.

Линк до каталог на станови

https://adora.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/Katalog.pdf

https://adora.com.mk/proekti/porta-skopje/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.221 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.