build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Прилеп - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Apr-2021 at 00:49
Ова само левица да им го бутне, друго чаре нема.

Со вакви на власт тешко веќе, ама кога тогаш ќе си лежат.
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-Apr-2021 at 06:25
Ајде нека отидат до Србија да видат како се прави автопат но и патарини - да не застануваш на секои 10 километри да наплатиш. Аман више оваа наша држава 😭
Back to Top
none_ski View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Apr-2021 at 13:59
не ми се допаѓа што е без тендер и гурање многу работи под тепих, но ова за жал е најбрзиот начин да се завршат овие делници и да добиеме квалитетни патишта што поскоро.
до вчера пиштевме сакаме побрзо да дојдеме до автопати, од вчера пак пиштиме не сакаме автопати. кој ќе ни го фати крајот..?
според мене, ова е научена лекција од автопатот кичево-охрид, колку и да лошо звучи.
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
none_ski View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Apr-2021 at 14:04
Originally posted by The Wild Boy

Ова само левица да им го бутне, друго чаре нема.

Со вакви на власт тешко веќе, ама кога тогаш ќе си лежат.


обично не коментирам коментари поврзани со политика, ама сериозно мислиш левица може нешто да бутне? левица се 'утицај муве на лету авиона'
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 02-Apr-2021 at 16:06
БОЧВАРСКИ ОЧЕКУВА ГОДИНАВА ДА СЕ ГРАДИ АВТОПАТ ПРИЛЕП-БИТОЛА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека е потпишан меморандумот за соработка за изградба на автопат Битола-Прилеп и дека очекува годинава да почне да се гради. Токму тоа што нема автопатско поврзување со Скопје е еден од најголемите инфраструктурни проблеми со кои се соочува Битола. Од тој пат составен дел е и делницата Битола-Прилеп која сега е двонасочна со две-три ленти, а потоа продолжува превојот Плетвар кој е еден од најризичните за минување со возила. Битолчани за Скопје уште патуваат по три часа во еден правец.

„Првиот чекор до изградбата на автопатот Битола-Прилеп е меморандумот за соработка што го потпишавме пред два дена, следниот чекор претставува навлегување во техничките детали поврзани со договорот кој во иднина би се случил. Со нашите експерти транспарентно ќе ја разгледаме целата постапка и на крај ќе одиме во Собрание за одобрување на тој договор. Во минатото, во државата пробавме на многу начини да градиме патишта, најчесто низ редовната постапка, но често се мачиме, ги губиме проектите, а парите остануваат нереализирани и затоа сега сакаме да се обидеме на еден нов начин, низ нов принцип, првпат да покажеме дека можеме брзо и ефикасно и јасно да покажеме дека ќе градиме инфраструктура за граѓаните како национален интерес број еден за државата“, рече Бочварски.

Битолчани повеќе од 15 години чекаат автопатско поврзување со Прилеп, Велес и Скопје, а изградбата на патот е предизборно ветување на сите политички партии. Иако во изминатиот период и кај сегашната власт, а и кај таа претходно министерите за транспорт и врски беа од Прилеп, покрај ветувањата не успеаја автопатски да го поврзат Пелагонискиот Регион за Скопје.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bochvarski-ochekuva-godinava-da-se-gradi-avtopat-prilep-bitola/
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-May-2022 at 10:29
Како што објавив во темаите за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Гостивар до Кичево ќе објавам и овде.

Подолу ви се сликите кои што успеав да ги сликам од едно од видеата на ДУИ од изборната кампања:


Ова се слики, мислам за еден дел од овој проект. Се гледа убаво дека ќе се искористи веќепостоечката обиколница кај Прилеп, со тоа што веќепостоечкиот пат ќе се пренасмери во еден правец, ќе се прошири(нешто слично како што се планира за автопатот Тетово - Гостивар), а блиску до веќепостоечкиот пат само ќе се изгради нов, и со тоа Прилепската обиколница ќе се претвори во автопат. Интересно ќе биде да се види како ќе завршува Прилепската обиколница, дали ќе се остави продолжеток да се продолжи автопатот да оди преку Бабуна. Можеби некаква клучка на влезот од Прилеп, каде што е таа бензинската.
Гледам и дека не се оди со другата варијанта за поголема обиколница која што би имала поголем бенефит, особено за фабриките во близина како витаминка. Ама што друго да очекуваш од истите идиоти на власт кои што секојдневно ни ја рушат економијата и крадат се повеќе и повеќе.

Инаку видеото го имате подоле, на фејсбук објавено:
https://fb.watch/cK27u1mTQC/
А ова беше пратено од еден член на SkyScraperCity форумот. Обично не гледам и паѓам на такви политички реклами, но оваа пат кога го погледнав видеото ми го привлече вниманието, бидејки ги покажаа плановите и тоа не само за овој автопат, туку и за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Гостивар до Кичево. Кога ќе седнам на компјутер, ќе пробам повтроно да ги сликам да видам дали ќе испаднат во поголема резолуција.

Жално што сеуште ги немаме официјалните планови, а со овој автопат теба да се почне со градба оваа година...

Edited by The Wild Boy - 01-May-2022 at 10:48
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 12-May-2023 at 16:47
Carpe diem
Back to Top
CHE91 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote CHE91 Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-May-2023 at 17:14
Донесоа машини. Донесоа бина. Кренаа знаменце и си заминаа. Ден 5ти, нема ништо.
Back to Top
pekson View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Jun-2023
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote pekson Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Jun-2023 at 14:55
Браћо Македонци,
Одраће вас Американци (Bechtel).
У Србији уговорено за 900 милиона еура (уговор криминалан). Са накнадним радовима тренутно око 2 милијарде.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 20-Aug-2023 at 14:25
Ниту активности некакви за автопат, камоли барем за некаква си рехабилитација на постоечкиот магистрален пат Прилеп-Битола.

Во цела должина асфалтот е во очајна состојба, како да возиш по коцка а не по асфалт, постојано е со грпки и удира на цела кола.

Катастрофа од пат.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 20-Aug-2023 at 15:33
За 150 милион Бехтел ни од дома не излегва. Ко ќе му допрефрлат уште 700 милиони еур, ќе пуштат еден авион да фрли една лопата со падобран.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Aug-2023 at 16:32
Па во најмала рака една рехабилитација нека има на сегашниот, да не биде калдрма.

Второ, премногу идиоти има по овој пат што возат 60 км/ч. А имаат уште еден стар пат, па иди вози по тој, не кочи сообраќај на овој пат со 60 брзина
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Nov-2023 at 18:19
Се дупчи и испитува почвата за автопатот Прилеп-Битола





БИТОЛА – Се дупчи почвата на неколку позиции покрај патот Прилеп-Битола каде треба да биде изграден автопатот во Пелагонија. На терен затекнавме поставена механизација која прави бушотини во земјата како дел од подготвителните работи и геотехнички истраги.

Вработените од ЈП за државни патишта кои денеска беа на терен потврдуваат дека испитувањата се започнати и дека се работи извесен период наназад.

Автопатот ќе се гради со проширување на сегашениот магистрален пат Битола-Прилеп ќе биде помеѓу кое ќе биде кон стариот пат за Прилеп. Ако се движите од правецот на Битола кон Прилеп проширувањето ќе биде од десната страна на коловозот и е многу блиску до стариот пат, на само неколку метра.

Делот каде што треба да се прошири патот за да биде автопат е исполнет со ниви, меѓи, канали и дрвја, а на повеќе позиции се приклучуваат и земјени селски патишта. Стариот пат е понизок од сегашниот пат Битола-Прилеп по кој се одвива сообраќајот.

Новото модерно автопатско решение од Прилеп кон Битола ќе биде во должина од 39,3 километри. Автопатската делница е дел од коридорот 10д.

Според најавите на министерот Благој Бочварски оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат или транзитираат од тука и ќе значи развој на Пелагонискиот регион.

Овој автопат ќе се надоврзе на новиот експресен пат Прилеп-Градско кој е во градба, како и поврзување со патот од Битола до грчка граница, кој е во завршна фаза на рехабилитација.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми информираше дека на сите планирани траси на Коридите 8 и 10д непречено се одвиваат геомеханички испитувања, а до проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти речиси за сите делници.

„Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а се очекуваат и елаборатите и за Прилеп-Битола“, изјави директорот Рустеми пред два месеца кога заедно со премиерот Димитар Ковачевски и претставници на „Бехтел и Енка“ беа на локација на патот Прилеп-Битола каде се вршеше минирање за изведбата на овој патен правец.

https://nezavisen.mk/se-dupchi-i-ispituva-pochvata-za-avtopatot-prilep-bitola/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 564
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Nov-2023 at 20:32
Текстот како да го пишувал некој среде срцев напад. Nuts

Но нешто ми го привлече вниманието и при претходните изјави: се спомнува вкупна должина од 40-на km. 40 km е растојанието од сегашната клучка за северниот влез на Битола, до источниот влез на Прилеп. Ако автопатот се изведува на оваа делница, тогаш ќе ја опфаќа и прилепската обиколница. Но според претходно претставениот проект, битолската обиколница треба да започне кај Могила, некои 5-6 km северно од сегашната клучка.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Jan-2024 at 16:23
Локалитет Црн Камен
За изградба на автопатот од коридорот 10д, „Бехтел и Енка“ почнале да експлоатираат материјали токму од ова место







https://360stepeni.mk/video-banichkiot-kromid-i-unikatniot-mineral-makedonit-kurban-za-avtopatite-na-behtel-i-enka/

Edited by stef4o - 20-Jan-2024 at 16:23
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 564
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Feb-2024 at 21:11
Според објавениот, но недостапен, урбанистички проект на страницата на министерството за транспорт и врски, ќе се работи на 30-на од ветените 40 km (7+825.81 – 37+072).


Дали некој успеа да го виде проектот пред да го скријат?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 564
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Feb-2024 at 21:29
Ова само го ископав:



Back to Top
nikolakoco View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Dec-2021
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote nikolakoco Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Apr-2024 at 22:13
Моментално се реновира/проширува мост од стариот пат Битола - Прилеп на реката Шемница, во близина на село Могила. Сообраќајот е целосно во прекин во тој дел. Стариот мост беше лента и пол широк и реално беше тесно за разминување на две коли. Претпоставувам дека оваа репарација е за во иднина сообраќајот да се одвива по овој пат при потреба при изградбата на автопатот
Back to Top
regional View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Feb-2024
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote regional Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 03-May-2024 at 18:55
Здраво дали има некакви градежни активности да знаете негде за овај автопат ?
Пошто веќе како што разбрав во близина на Прилеп Бехтел направиле Рудник за ископ на тампон па сакам да прашам дали некој нешто има забележано ?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-May-2024 at 18:31
Спречена работата на “Бехтел и Енка” во изградба на автопатот Прилеп - Битола

Да престанат минирањата на Бехтел и Енка, поради кои ни се уриваат куќите, а во опасност се и изворите на питка вода за Прилеп. Со вакви барања неколку дена протестираат жителите на прилепското села Ореовец, кои денеска го блокираа локалниот пат кон селото, не дозволувајќи на механизацијата да влезе кон градилиштето.

Тие обвинуваат дека никој не ги известил оти Бехтел и Енка тука ќе врши ископ на суровини, за изградба на автопатите до коридорите 8 и 10Д.

Жителите велат дека од минирањето, еден од деветте извори на вода за пиење е неупотреблив. Во опасност се и ректите инсекти кои ги има во овој предел, но и црквата, која веќе е оштетена.

Од Државни патиша велат дека ископот е согласно добиените лиценци, одобренија и концесии. Оттука ќе се вади камен за изградба само на автопатот Прилеп - Битола, велат од ЈПДП и негираат дека минирањата се вршат толку блиску до објектите, како што жителите велат.

„Фирмата која го врши минирањето, и покрај тоа што не е нејзина обврска, постапувајќи одговорно, 24 часа пред самото минирање вербално ги известила и жителите на с. Ореовец. Исто така, се проверува и влијанието на секое минирање. Најблискиот објект од местото на минирање е оддалечен точно 706 метри, во која точка се поставени мерни инструменти кои мерат бучава и вибрации, согласно кои може да се види дека и вибрациите и бучавата се минимални.“ - велат од Државни патишта.

Во меѓувреме, жителите на Ореовец поднесоа претставка до Уставниот суд, со која ќе бараат преиспитување на законот кој на Бехтел и Енка им овозможува минирање, а од судот ќе бараатр проценка на досегашните штети.

Пред неколку месеци, жителите на гостиварските села Горна и Долна Бањица протестираа против изградбата на базата на Бехтел и Енка, поради која им се одзеде земјоделско земјиште.

https://24.mk/details/sprechena-rabotata-na-bekhtel-i-enka-vo-izgradba-na-avtopatot-prilep-bitola
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.