build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Прилеп - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 07-Sep-2024 at 18:38
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола



Нови проблеми околу изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Жителите чие земјиште треба да биде експропреирано за потребите на автопатот револтирани поради ниската цена која им се нуди за метар квадратен започнуваат судски постапки. Според Основниот суд во Прилеп тие во моментов се 62, а според ЈПДП 50. Но бројот секојдневно се зголемува. Според адвокатот Кирил Топчиоски кој застапува поголем дел од овие граѓани, тие не се против автопатот, само сакаат да им се плати реалната цена. Понудените надоместоци во атарот на село Тополчани биле 32 денари, а за областа кај селата Алинци и Беровци 70 денари за метар квадратен.

„Тие износи не соодејствуваат со реалната вредност на земјоделското земјиште кое им се кеспропреира. На жителите на овие населени места им се одзема високо квалитетно земјиште, прва/втора/трета класа земјиште, притоа им се одземаат поголеми површини од неколку илјади метри квадратни на секој поединечно, сите жители на овие населени места примарна дејност им е земјоделието и тоа им е основен извор на приходи, поради што и се појавува одреден револт кај нив“, истакна Кирил Топчиоски, адвокат.

Жителите се жалат и на тоа дека земјиштето за екпропријација во Гостиварско се исплаќало и по 10-кратно повисоки износи. Од ЈПДП велат дека проценката за експропријација се вршела од страна на Биро за процена, во кое според Закон за процена се определува и цената и дека во секоја општина имало утврдена цена од страна на Бирото.

„Голем дел од земјоделците и жителите на овие населени места се надеваат дека во иднина во соодветна судска постапка пред надлежниот суд ќе имаат можност со изведување на соодветни докази за утврдување на вредноста на земјиштето, со вршење на нова проценка од страна на вешти лица, да добијат повисока и реална пазарна вредност на одземеното земјиште“, додаде Топчиоски.

За регионот околу самиот град Прилеп се вршеле подготовки за изработка на основен проект за тој дел од автопат и затоа таму се уште нема експропријација

https://sitel.com.mk/niska-cena-za-eksproprijacija-na-zemjodelsko-zemjishte-za-noviot-avtopat-prilep-bitola
Carpe diem
Back to Top
nikolakoco View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Dec-2021
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote nikolakoco Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 10-Oct-2024 at 08:33
https://kanal5.com.mk/prenasochen-soobrakjajot-prilep-bitola-od-kluchka-topolchani-po-r1101-do-deponija-alinci/a663274
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 02-Nov-2024 at 19:49
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 03-Nov-2024 at 22:20
Знае ли некој која година е изграден патот Прилеп - Битола? 79-та, 80-та, 81, 82?

Имав наидено на едно видео од 83-та или 82-ра за Градот Прилеп, каде што кажуваат дека неодамна била изградена обиколницата на Прилеп, најверојатно почетокот на 80 - те. Тогаш може и да е изграден целосниот пат од Прилеп до Битола а и до Ресен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.