Автопат Прилеп - Битола |
Post Reply | Page <123 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #41 Posted: 07-Sep-2024 at 18:38 |
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола
Нови проблеми околу изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Жителите чие земјиште треба да биде експропреирано за потребите на автопатот револтирани поради ниската цена која им се нуди за метар квадратен започнуваат судски постапки. Според Основниот суд во Прилеп тие во моментов се 62, а според ЈПДП 50. Но бројот секојдневно се зголемува. Според адвокатот Кирил Топчиоски кој застапува поголем дел од овие граѓани, тие не се против автопатот, само сакаат да им се плати реалната цена. Понудените надоместоци во атарот на село Тополчани биле 32 денари, а за областа кај селата Алинци и Беровци 70 денари за метар квадратен. „Тие износи не соодејствуваат со реалната вредност на земјоделското земјиште кое им се кеспропреира. На жителите на овие населени места им се одзема високо квалитетно земјиште, прва/втора/трета класа земјиште, притоа им се одземаат поголеми површини од неколку илјади метри квадратни на секој поединечно, сите жители на овие населени места примарна дејност им е земјоделието и тоа им е основен извор на приходи, поради што и се појавува одреден револт кај нив“, истакна Кирил Топчиоски, адвокат. Жителите се жалат и на тоа дека земјиштето за екпропријација во Гостиварско се исплаќало и по 10-кратно повисоки износи. Од ЈПДП велат дека проценката за експропријација се вршела од страна на Биро за процена, во кое според Закон за процена се определува и цената и дека во секоја општина имало утврдена цена од страна на Бирото. „Голем дел од земјоделците и жителите на овие населени места се надеваат дека во иднина во соодветна судска постапка пред надлежниот суд ќе имаат можност со изведување на соодветни докази за утврдување на вредноста на земјиштето, со вршење на нова проценка од страна на вешти лица, да добијат повисока и реална пазарна вредност на одземеното земјиште“, додаде Топчиоски. За регионот околу самиот град Прилеп се вршеле подготовки за изработка на основен проект за тој дел од автопат и затоа таму се уште нема експропријација https://sitel.com.mk/niska-cena-za-eksproprijacija-na-zemjodelsko-zemjishte-za-noviot-avtopat-prilep-bitola |
|
Carpe diem
|
|
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 42 |
Quote Reply #42 Posted: 10-Oct-2024 at 08:33 |
https://kanal5.com.mk/prenasochen-soobrakjajot-prilep-bitola-od-kluchka-topolchani-po-r1101-do-deponija-alinci/a663274
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #43 Posted: 02-Nov-2024 at 19:49 |
Carpe diem
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #44 Posted: 03-Nov-2024 at 22:20 |
Знае ли некој која година е изграден патот Прилеп - Битола? 79-та, 80-та, 81, 82?
Имав наидено на едно видео од 83-та или 82-ра за Градот Прилеп, каде што кажуваат дека неодамна била изградена обиколницата на Прилеп, најверојатно почетокот на 80 - те. Тогаш може и да е изграден целосниот пат од Прилеп до Битола а и до Ресен. |
|
Post Reply | Page <123 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |