build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Прилеп - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автопат Прилеп - Битола
    Posted: 23-Dec-2020 at 21:48
ЗАЕВ ГИ ИЗРАДУВА ПРИЛЕПЧАНИ И БИТОЛЧАНИ : АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЛЕП И БИТОЛА ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАПОЧНУВА ОД МЕСЕЦ МАРТ СЛЕДНАТА ГОДИНА!
Почнува во март месец изградба на автопат Прилеп – Битола, прилепчани до Битола ама автопат е автопат, така да влегува овој автопат кој што вреди некаде безмалку 100 милиони евра како автопатско решение

https://narodenglas.com/%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%b3%d0%b8-%d0%b8%d0%b7%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d1%87%d0%b0/?fbclid=IwAR2ekbWitshPtn_xEaQ_OEmKmkdUU4nfsIj-iaksM2Rh2IO5RrAtChEZJvg

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Dec-2020 at 21:58
Ќе се надоградува регионалниот или на нова траса е планиран автопатот?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Dec-2020 at 22:13
Највероватно би се доградувал магистралниот (не регионалниот стариот). И тоа е сосема логично и очекувано зашто прво е најефтино од аспект на експропријација и нагдградба, половина веќе го имаме готов, а и по најкратка линија иде. На тоа укажува профилот на новата клучка за ТИРЗ Прилеп која е дупла за под нејзе да може да помине автопат. Другите мостови за клучки ќе треба да се изградат од ново.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Dec-2020 at 22:23
Да, магистралниот. Се надевам дека ќе им текне велосипедски патеки да направат до него (и Тетово-Гостивар кога ќе го шират). И онака е краток прав пат во рамница кој поврзува два релативно големи града. Ако не, тогаш до регионалниот, нека воведат современост подигнувајќи го велосипедизмот на највисоко ниво.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Dec-2020 at 16:42
Видете ја само клучката кај ТИРЗ Прилеп и ете ви одговор како ќе се надогради до автопат. Нема простор за велосипедски патеки, велосипедистите можат да го користат регионалниот пат кој е комплетно рехабилитиран.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Dec-2020 at 21:06
Се работи за надградба за постоечкиот магистрален пат. Постоечката траса има доволно добар профил за една насока на афтопат, и сега како дво-смерен има 100км/ч, а ако не се лажам на едно место и знак од 120км/ч (не сум сигурен)
За велоспиедска врска помеѓу два града во рамничарски дел, како Битола-Прилеп или Гостивар-Тетово. Би ги додал и Кавадарци-Неготино, Струга-Охрид, Кочани-Виница... Е многу напредна Беннелукс-идеја. Меѓутоа не знам колку е реална за очекување. На пример стариот пат Битола-Прилеп со мал реконструктивен зафат (моментално асфалтот е очаен), покрај за земјоделски возила може да се користи (а понекогаш и сега се користи) за велосипедисти, со оглед на не толку големиот број на велосипедисти што сакаат да возат подолги дестинации.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Dec-2020 at 21:52
Треба само волја и промена на навиките; државава би била многу поздрава, почиста и помобилна со бенелуксизација на сообраќајот. Дел од локалните, регионалните и магистралните патишта во 21 век би требало да изгледаат вака, со тротоари, посебна лента за јавен превоз, посебни велосипедски патеки, зеленило и еколошко осветлување.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Dec-2020 at 13:29
Инаку да, и јас се сложувам и треба по веќепостоечката траса автопат, бидејки овде за време на југославија е изграден брз пат, па лесно може да се надогради во автопат.

Како што напоменав во темата за експресниот пат од Битола до Меџитлија, овој патен коридор не е само за да ги врзе Битола и Прилеп, туку многу повеќе.

Објаснив дека алтернатива на A1 мора да има, а тоа во овој случај е A3.

На овој патен правец, едно 97% од кривините се благи и се по автопатски стандард. Можеби има неколку кривини кои што ќе треба да се подисправат или ако се остават така како што се, само да има намалена брзина. Горе долу се си е океј.

Клучките: Прилеп, Ново Лагово, Тополчани, (и ако автопатот завршува кај) Кркино, ќе треба да се срушат и од ново да се изградат и прошират по автопатски стандард.

Само клучката кај ТИРЗ Прилеп е проширена и има простор за под неа да помине автопат во полн профил.

Инаку идеата за велосипедски патеки на автопат не е лоша, ама кај нас е незводлива. Неможат они на кеј на вардар да го средат хаосот а не па на автопат да направат такво нешто...

Побарајте на интернет, ќе видите во Јужна Кореа како е. На автопат измеѓу двата дела имаат направено простор за велосипефдисти,го имаат покриено / заградено сето тоа и од горе соларни панели.

Тој 3D Render горе нема смисла оти е за булевар.
Ваљда не мислиш да кратиме од лентата за застанување па да правиме патека за велосипедисти, или од лева / десна страна да се направи патека која што ќе треба со заштитна ограда да биде, и сигурен сум дека повеќето не би сакале да се возат до автопат каде што ќе им фрчат коли со 120 km/h брзини.
Повеќето сакаат да си возат на раат и да уживаат во природата, а мислам дека веќепостоечкиот регионален пат е доста доволен за таа намера.
Back to Top
Samsung View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Feb-2021
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Samsung Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Feb-2021 at 16:56
За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во прилепската локална самоуправа имаат средба со стопанствениците од регионалните комори на Прилеп и Битола кои бараат современа инфраструктура во Регионот, услов за економски развој. Битиќи и Бочварски нагласија дека на стопанствениците им ги претставуваат сите владини развојни и инвестициски планови за овој значаен економски регион во земјава.

Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка” за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.

-За првпат воведуваме нов начин на градење автопатски решенија според „Фидик-правилата” што се применуваат во ЕУ, што значи да имаме поевтино, побрзо автопатско решение. Ќе се заштеди барем 1,5 година во изградбата.Значи. за една и пол година Прилеп Битола ќе имаат автопат. Очекувам дека веќе наесен ќе имаме избрана компанија која ќе работи на автопатот Прилеп-Битола, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека пред стопанствениците на еден од најзначајните региони во земјава, пелагонискиот, кој е блиску до границата со Грција и со солунското пристаниште ги претставувата владините планови за економски развој на регионот, а патната инфраструктура е една од најбитните. Наредните години во оваа сфера ќе се вложат околу 1 милијарда евра, годинава преку 200 милиона, а од сите средства во овој Регион ќе се инвестираат околу 300 милиони евра.

-За ивестирање во инфраструктурата ќе вложиме околу 1 милијарда евра во наредните години. Само годинава во инфраструктурата ќе се вложат над 200 милиона евра. Прилеп и Битола се општините кои добија најмногу средства од ТАФ-пропектите и тоа, вкупно 3 милиона евра, што е речиси 10 насто од вкупните средства за сите општини. Ова само укажува дека, ако еден регион придонесува со 13 насто од бруто домашниот производ, а доби толкав износ, укажува каков однос имаме спрема локалната самоуправа. Пелагонискиот регион е атрактивен за компаниите. Пред сѐ, поради близината на границата со Грција и блиското пристаниште во Солун и затоа имаме намера овде да има вистински „инфраструктурен бум” со кој ќе направиме модерни и безбедни патишта. Вкупните инцвестиции во патната инфраструктура во овој регион наредните години ќе бидат околу 300 милиона евра, вели Битиќи.

Со стопанствениците се разговара за владините намери за системски промени кои ќе донесат царински даночни олеснувања што е чекор напред за поддршка на домашните, но и на странските компании. Битиќи очекува ова да биде година на заздравување на економијата.

-Досега донесовме системски мерки како што е укинување на царините за одредени тарифни броеви, а намерата е царинскиот тарифник да го усогласиме со европскиот. Очекувам оваа година да биде година на економско заздравување, закрепнување или рестарт на економијата. Во наредните години заедно да имаме нова развојна економија, изјави во Прилеп заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски смета дека овие три години е инвестициска офанзива во Регионот и се надминати претходните проблеми во патната инфраструктура.

-Во изминатиот тригодишен период во Пелагонискиот регион се случуваше силна инвестициска офанзива: и во патната и во комуналната инфраструктура. Ги надминавме проблемите што ги наследивме во патната инфраструктура. Градежните активности од Градско до Дреново ги презеде компанијата „Штрабак” и од минатиот месец се воведени во работата. За втората фаза, клучјка Дреново до Фаришката клисура, се знае дека и таму изведувачот ја напушти трасата. ЈП „Државни патишта објави нов тендер за изградбата на останатите 65 проценти од оваа траса. Во овој момент се врши евалуација на пристигнатите понуди. Што се однесува до третата фаза, од Прилеп до ленишки мост и изградбата на третата лента, сега се врши проектирање. Ќе заврши до крајот на март, а во мај ќе се распише тендер за изведување на градежните зафати. Во меѓувреме ќе се рехабилитира магистралниот пат Фаришка клисура-Прилеп и за изградбата на трета лента на Плетвар. Заврши тендерската постапка и во фаза е евалуацијата. Годинава ќе се рехабилитира патот Битола-Меџитлија, а се работи и на експресниот пат, изјави Бочварски.

Според претседателот на регионалната стопанска комора Мирко Велковски, пелагонискиот е втор по големина Регион во земјава, но прв според производството кое ќе биде поголемо доколку има современа инфраструктура.

– Пелагонискиот регион е со 8300 правни субјекти и со 220000 жители. Втор е по големина во земјава, но прв според количествата на произведеното и производите. Затоа ни се потребни современи инфраструктурни решенија. Ни треба автопатско решение Прилеп-Битола. И современо поврзување со соседството што ќе го зголеми протокот на 250 000 жители од пограничниот регион на Грција и на преку 200000 жители во Албанија, рече Велковски.

Средбата со владините претставници заеднички ја иницираа и ја поддржа регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола и градоначалниците Илија Јованоски и Наташа Петровска
Мислење според вас ќе се изгради автопатот Прилеп - Битола и експресниот пат Градско - Прилеп или ?
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Feb-2021 at 17:04
Мое мислење е дека тоа е во суштина и идејата т.е целта: Автопат Прилеп - Битола, експресен пат Гратско - Прилеп и експресен пат Битола - Меџитлија.
Велес - Прилеп и дефинитивно отпаѓа за во блиска иднина (барем според мене, т.е. како јас го толкувам сето ова)
А и лично мислење е дека тоа е и најреално - Битола - Прилеп заради теренот и конфигурацијата би чинел 80-90 милиони евра, Битола - Меџитлија експресниот 10-15 милиони евра и експресниот Гратско - Прилеп околу 35-40тина милиони евра (нека ме поправи некој ако го знае поточно износот).
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Feb-2021 at 18:52
Ајдее, сега уште 20 години ќе се влечкаме да добиеме целосно автопатско поврзување од Скопје до Прилеп...
Едноставно е, нека завршат со недовршените експресни патишта од Градско до Дреновска клисура, па после нека почнат со планови за автопат преку Бабуна.
Јас правев едно мое истражување, и од Велес до Прилеп па и не е толку којзнае што тежок теренот да се направи автопат преку Бабуна.
Неколку виадукти, и еден голем тунел или неколку помали преку Бабуна, и решена работа... Незнам што ја тупат толку работава... па демир капија - смоквица далеку потежок проект беше и го завршија.

Вака само се обидуваме да градиме низ клисура која што е полна со камења и далеку потежок терен, а решението ни е пред нос.

Џабе автопат од Прилеп до Битола, кога од Прилеп до Скопје нема саглам поврзување. Да не зборам за Катланово - Велес што не е ни експресен пат, а камоли не автопат...

Да, ова уште еднаш потврдува дека ќе слушаме уште 20 години се едни исти лаги, и дека на крајта народот ќе треба да плати за нивните глупости... Неможат еден автопат до косовска граница да го направат, 3 години ќе се гради за толкаво мало растојание.

Се нервирам за тоа што цели 20 години решението им беше пред нос, и они пак се понастрана од самото решение...
Автопат преку Бабуна, Велес - Прилеп ќе мора да има кога тогаш, тоа е најиеалното и најкраткото решение, а не дреновската клисура.
Еве погледнете железничката пруга од каде поминува и размислете малце.


Инаку ова супер што за година ипол ќе се изгради автопат, само прашање е кога ќе се почне, и дали навистина ќе се заврши за година ипол или ќе си слушаме уште лаги...
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Feb-2021 at 23:42
Каква година година ипол, таму ни проектирањето уште не е започнато. Не знам зошто воопшто ги менуваат овие функционери од едно министерство во друго кога не се ни свесни што зборуваат. Таман Сугаре и Китанов поднаучија нешто од инфраструктура па заминаа, сега други торковци ќе ни мажат очи.
Се обложувам дека низ Пелагонија пред 2025 год. нема да има автопат.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Feb-2021 at 12:46
Originally posted by Marxentric

Каква година година ипол, таму ни проектирањето уште не е започнато. Не знам зошто воопшто ги менуваат овие функционери од едно министерство во друго кога не се ни свесни што зборуваат. Таман Сугаре и Китанов поднаучија нешто од инфраструктура па заминаа, сега други торковци ќе ни мажат очи.
Се обложувам дека низ Пелагонија пред 2025 год. нема да има автопат.
Хахаххах Сугаре и Китанов за овие сега се научна фантазија, по мене подобри беа.
Настрана тоа, нека каже некој поупатен ама мислам дека проект конкретно за Битола - Прилеп има и дека во суштина ќе биде обична надградба на магистралата (истата е де факто проектирана за автопат) т.е. ќе изградат 10 метри парарелен коловоз, модификации на клучките, алтернативен пат колку што знам има стариот и година ипол (не од сега туку од лопатата) и не е нешто нереално - 40 километри најрамничарски терен шо може да биде. Плус 80 милиони евра (не е 800 како кичево охрид хахах) и ете ти фалење направивме автопат.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Feb-2021 at 19:21
Originally posted by Vasilij


Originally posted by Marxentric

Каква година година ипол, таму ни проектирањето уште не е започнато. Не знам зошто воопшто ги менуваат овие функционери од едно министерство во друго кога не се ни свесни што зборуваат. Таман Сугаре и Китанов поднаучија нешто од инфраструктура па заминаа, сега други торковци ќе ни мажат очи.
Се обложувам дека низ Пелагонија пред 2025 год. нема да има автопат.
Хахаххах Сугаре и Китанов за овие сега се научна фантазија, по мене подобри беа.
Настрана тоа, нека каже некој поупатен ама мислам дека проект конкретно за Битола - Прилеп има и дека во суштина ќе биде обична надградба на магистралата (истата е де факто проектирана за автопат) т.е. ќе изградат 10 метри парарелен коловоз, модификации на клучките, алтернативен пат колку што знам има стариот и година ипол (не од сега туку од лопатата) и не е нешто нереално - 40 километри најрамничарски терен шо може да биде. Плус 80 милиони евра (не е 800 како кичево охрид хахах) и ете ти фалење направивме автопат.
A sto ocekuvas ti, avtopat? Ke pocekas malku, bidi sreken ako napravat barem ekspresen pat so vistinskata smisla na zborot. Inaku glaven vo gradenjeto e ministerot odnosno vladata, dodeka direktorot e samo izvrsitel, figura...
Back to Top
GoranM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote GoranM Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Feb-2021 at 09:11
Ако постоечкиот пат биде во иднина едната страна на автопатот зошто не со обнови тој прво па после до кога сакаат нека ја праваат другата страна
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Mar-2021 at 16:19
Бехтeл Енкa“ без тендер ќе ги поврзува Ќафасан со Блаце и Битола со Прилеп заради побрза изградба на автопатите

Американскиот контрактор „Бехтел Енка“ ќе го гради Коридорот 8, односно автопатите Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан, како и автопатот Прилеп - Битола без распишување на тендер, туку преку модел кој ќе треба да биде одобрен од пратениците во Собранието.

Ова денеска го потврдија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и првиот вицепремиер Артан Груби по потпишувањето на меморандумот за разбирање со веќе избраниот оператор од САД.

Вицепремиерот Бочварски вели дека по овој модел, американскиот изведувач сам ќе ги изгради овие важни проекти по најкусо можно време, наместо да има застој со години како што е примерот со автопатот Кичево- Охрид и пругата кон Бугарија.

- Ова е модел без тендер, со пристап кон нова постапка. Од утре ќе се креира процес во кој биде вклучена стручната фела, но договорот треба да биде изгласан во Собранието. Нема да се оди со постапки за проектирања, ревизии, и други постапки за градба. Тоа го води самиот изведувач. Така ќе се избегнуваат судските постапки, а од друга страна имаме силен изведувач. На автопатот Кичево - Огрид и пругата кон Бугарија имаме големи проблеми со реализацијата. Овие примери се доказ дека треба да се обидеме со овој модел кој дава брзи и ефикасни резултати., рече Бочварски.

Според министерот, ова е модел кој ги дава најбрзите и најоптимални резултати, бидејќи досегашното искуство покажало дека со години проекти се одолговлекуваат поради проектирање и проблемите кои настануваат поради неусогласеност на изведувачите, проектантите и надзорот. Бочварски вели дека со новиот проект нема да има повеќе калкулантски игри. Цената што ќе биде понудена се уште не се знае.

- Колку би чинело не се знае, експертите треба тоа да го проценат како пакет кој ќе биде презентиран пред пратениците во Собранието. Тоа ќе го покаже техничката документацијата и анализите. Треба да се знае дека ќе има изградба на мостови, тунели, вијадукти, натпатници, тврди Бочварски.

За видепремиерот Груби ова е проект кој ќе биде брз и ефикасен бидејќи е под покровителство на САД, а компанијата веќе се докажала во Косово, Албанија и Србија.

- И од политички аспект станува збор за добра можност, тој добива нова геополитичка тежина. Со овој меморандум ќе овозможиме преструктуириање на постоечката инфраструктура и нови градби. Исто така, важен е од енергетски аспект за економијата., кој лесно ќе ги поврзе Ќафасан и Блаце, изјави Груби.

https://faktor.mk/behtel-enka-bez-tender-kje-gi-povrzuva-kjafasan-so-blace-i-bitola-so-prilep-zaradi-pobrza-izgradba-na-avtopatite
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Mar-2021 at 17:42

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-Mar-2021 at 19:15
Абе бајка
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Mar-2021 at 22:16
Изгради им брани, автопати и факултети, и после сецесија. И ние како Србија ќе си се зафркниме.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Mar-2021 at 23:51
КАКО КОСОВО ДОБИ СКАП АВТОПАТ КОЈ НЕ МУ ТРЕБА?

Американска градежна фирма добива проект за изградба на автопат на Косово, иако ММФ и Светска банка велат дека таков автопат е економски неисплатлив. Погодете каде ја завршува кариерата тогашниот американски амабасадор во Косово кој отворено навива за автопатот?



https://m.off.net.mk/vesti/balkan/kako-kosovo-dobi-skap-avtopat-koj-ne-mu-treba
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.