build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Геотермални води

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Nov-2011 at 21:43
Интересен е фактот дека порано во скопската чаршија каде што се наога Чифте Амамот имало топла изворска вода ,затоа и токму тука се изградила таа бања до ден денес се знае каде е изворот,но тој извор е затрупен,доколку на некој му текне може да се направи нешто и со таа вода повеќето дуќани во чаршијата да добијат топла вода+греење во зимскиот период.

Или пак зошто да не се изгради една модерна бања ,па да се искористи таа вода.


Edited by mitatos - 08-Nov-2011 at 21:44
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Nov-2011 at 00:14
Подземните води од Старата скопска чаршија во моментов имаат друга „важна“ функција, а таа е да ги уништуваат предметите во депото на Музејот на Македонија.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Nov-2011 at 16:21
Хммм ? А депото на музејот каде се наога?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Nov-2011 at 16:29
Previous
Куршумли Ан, веднаш до Музејот на Македонија.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Nov-2011 at 22:07
Од каде таа вода дошло до тука не ми е јасно,или имало некој канал?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-Nov-2011 at 00:03
ТЕМА: Термални води имаме, геотермална енергија не произведуваме

Македонија е подрачје на кое се наоѓаат големи количини на термални води кои воопшто не се искористуваат за добивање на геотермална енергија, вид на обновлив и еколошки извор на енергија кој значително се користи во развиените држави кои го имаат овој потенцијал. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, во Македонија единствено Јавното претпријатие „Водовод“ од Кочани обезбедува производство, дистрибуција и снабдување со геотермална енергија преку работната единица „Геотерма“. Ова претпријатие го искористува лежиштето „Подлог – Бања“ со вкупен биланс на резерви од над 157 милиони метри кубни геотермална вода со температура од 70 степени целзиусови. Системот на „Геотерма“ овозможува користење на геотермална вода со средна температура од 75 степени, капацитет од 300 литри во секунда и годишна експлоатација од 1.4 милиони метри кубни геотермална вода. Сепак, искористеноста на овој капацитет се сведува на топлификација на оранжерискиот комплекс и загревање на спортската сала, судот и три училишта во Кочани.

 

*Исланд е светски лидер во производството на геотермална енергија

 

 

Во март оваа година е комплетирана документацијата од истражувањето во Кочанскиот регион која докажува дека на длабочина од 2.000 метри под земјата се наоѓаат резерви на геотермална вода со температура од 114 степени. Студијата покажува дека овој регион овозможува изградба на геотермална електрана за производство на струја со моќност помеѓу 3,2 и 5 мегавати. Сепак, досегашните податоци покажуваат дека Кочанската околија не е единствениот дел од државата кој овозможува обезбедување на електрична енергија од термалните води.

 

*систем за производство на електрична и топлинска енергија во геотермална електрана

 

 

Досега во Македонија се откриени повеќе од 25 природни извори на термални води со температура поголема од 21 степен. Архивските информации укажуваат дека долги години наназад се говори за можноста за производство на енергија во Гевгелискaта и Кратовско – злетовската област, каде се смета дека постојат извори на термални води со температура од над 100 степени со што се задоволува еден од критериумите за производство на електрична и топлинска енергија. Последната иницијатива и повик за инвестиции доаѓа од општина Дојран, која го претставува истражувањето на месноста Топлец на сопствениот интернет – портал.

 

*геотермална електрана за производство на електрична енергија во Лардарело, Италија

 

 

Иако имаме огромни ресурси за добивање на геотермална енергија, сепак инвестициите во овој сектор во последните години се сведуваат единствено на „Геотерма“ и овогодинешното пуштање во употреба на Дублет – системот за енергетска рационализација на геотермалниот систем во вредност од 2 милиона евра. Инвестицијата овозможува геотермалната вода по искористувањето повторно да се враќа под површината на земјата.

 

 

Државата предвидува користење на геотермалната енергија на подолг рок

 

Во документот „Стратегија за искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година“, Владата и Министерството за економија планираат силен развиток во производството на геотермална енергија, како финална, од 400 до 520 GWh до 2020 година. Во потрошувачката на финална енергија во 2020 година, геотермалната енергија ќе учествува со 440 – 570 GWh, а стратегијата за 2030 година предвидува ваквото производство на енергија да се зголеми за 30 – 40% во споредба со 2020 година.

 

 

Хрватска со значително помалку природни ресурси ќе гради геотермална електрана

 

Иако Македонија ги има еден од најголемите капацитети на овој природен енергетски ресурс, сепак значително заостанува од останатите балкански држави во насока на производството на енергија. Во Грција на островот Миконос функционира геотермална електрана со моќност од 20 мегавати која произведува електрична енергија, а во септември оваа година загребската компанија „Геоен“ ја најави изградбата на првата геотермална електрана „Марија 1“ во близина на градот Бјеловар. Инвестицијата е во вредност помеѓу 20 и 30 милиони евра и ќе овозможи изградба на енергетски објект со моќност од 4,71 мегавати во првата фаза.

 

*предвидената геотермална електрана на локалитетот Велика Циглена во Хрватска

 

 

Целокупниот проект предвидува инвестирање на 120 милиони евра, така што во втората фаза се предвидува изградба на топлана и на 8 хектари стакленици, додека во третата фаза е планирано да се изгради постројка со моќност од 10 мегавати што целосно ќе го искористува геотермалното поле на локацијата Велика Циглена.

 

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 11.11.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Геотерма, Геотермална енергија, Енергетика, Енергетска ефикасност,Инфраструктура, Кочани

http://www.build.mk/?p=10263
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 12-Nov-2011 at 00:39
Aуу, супер анализа. Браво за истражувањево! Thumbs%20Up
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Nov-2011 at 00:00
Кочани ќе ја искористува геотермалната енергија

Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски и претставниците на словенечката компанија „Терме Виват“ потпишаа договор за изработка на физибилити студија за искористување на геотермалните води од Кочанскиот регион и нивно ползување за загревање на градот. Планираната студија подразбира искористување на геотермалниот потенцијал за производство на електрична и топлинска енергија, но и за изградба на геотермален спа центар како прв од ваков вид во Македонија. Финансиските средства за изработка на документот се обезбедени од страна на словенечката влада.

 

Преку РЕ „Геотерма“ на комуналното јавно претпријатие, Кочани е единствениот град во Македонија кој од 1984 година го искористува потенцијалот на подземните геотермални води. Во моментов системот топлифицира 18 хектари оранжерии во Кочанскиот регион, како и спортската сала, судот и три основни училишта во градот. Иако има големи потенцијали, Македонија недоволно ги искористува геотермалните водикако обновлив извор за производство на електрична и топлинска енергија.

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 25.11.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Геотерма, Геотермална енергија, Енергетика, Енергетска ефикасност,Инфраструктура, Кочани, Терме Виват

http://www.build.mk/?p=10889
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Mar-2012 at 17:34
http://denesen.mk/web/2012/03/15/od-geotermalnite-vodi-makedonija-moze-da-dobie-nekolku-milijardi-evra/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Mar-2012 at 18:10
Па не разбираат колку топлинска и електрична енергија може да се извади од геотермални води. Плус е бесплатно... Готова пареа, ни јаглен, ни гас, ни ураниум не е потребно за нејзино создавање... ја имаш од земјата... пробиј дупка, стај парен генератор и систем за пренос и ете ти бесплатна енергија...
Back to Top
Gorco2 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Aug-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gorco2 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Aug-2013 at 11:28
КАПИТАЛ 5 ЈУЛИ 2012

ЗА ПЕТ ПАТИ ПОСКАПЕ ГЕОТЕРМАЛНАТА ВОДА ЗА ОРАНЖЕРИИТЕ. ОВА НЕ Е АНТИКРИЗНА МЕРКА!

Александра Спасевска
За пет пати поскапе геотермалната вода за оранжериите. Ова не е антикризна мерка!
Од 50% до 500% е зголемена цената на еден кубик геотермална вода од почетокот на годината. На 17 јануари со одлука на Владата е сменет тарифникот за висината на надоместот за концесија за експлоатирање геотермална вода, според кој преку нова формула се изедначува цената на топлата вода од геотермален извор со цената на мазутот потребен за загревање стакленици во оранжериското производство.

Менаџерите на пет оранжерии кои користат геотермална вода за загревање на стаклениците се избезумени. Велат дека ваквата одлука е катастрофална во услови кога растат цените на енергенсите и кога цел свет води борба за користење обновливи извори на енергија за намалување на трошоците. Негодуваат на одлуката, која според нив, е донесена без анализа на состојбите и бараат веднаш да се вратат старите цени, бидејќи со оваа мерка за повеќе од 50% им се зголемени трошоците за загревање на стаклениците.

Ѓорѓи Самандов, сопственик на оранжериите ЕКО Оаза Самандов од Штип, вели дека на 17 јануари добиле допис од Владата според кој цената на еден метар кубен геотермална вода во Виница е зголемена за 583%. Ова било голем шок за нив, со оглед на тоа што никој ниту најавил, ниту пак, направил анализа на терен за состојбата на изворите на геотермална вода.

„Со одлука на Владата цената за кубик испумпана геотермална вода е покачена за 583% за изворите со кои ние управуваме. ЕКО Оаза Самандов има под концесија четири извори во Виница, во кои сами инвестиравме. Ние сме и експлоататор, транспортер и корисник на термална вода и затоа, не може без најава и без консултација наеднаш да се донесе одлука за зголемување на цената. За еден метар кубен претходно плаќавме 1,60 денари, сега плаќаме 14 денари“, вели Самандов.

Според него, наместо да им помага на компаниите со намалување на трошоците, со што ќе произведуваат поконкурентни производи и ќе го зголемат извозот, Владата без анализа на потребите на стопанството носи мерки со кои го прави спротивното, односно дополнително му отежнува на бизнисот.
„Владата пресметала дека еден кубик геотермална вода која има 57 степени еднакво загрева колку четири килограми мазут и во согласност со тоа, сега ја зголемува цената за да биде еквивалентен трошокот од двата енергенси. Наместо да се стимулира производството, вака само се уништува“, вели Самандов. Тој истакнува дека ставката греење во целокупното производство на сите три оранжерии во сопственост на компанијата учествува со 40%-70% во вкупните трошоци.

Во Кочанско со геотермална вода се загреваат 20 хектари

Според анализите, во Кочанскиот регион има големи резерви на геотермална вода кои се неискористени, односно се проценува дека има извори кои имаат капацитет од 1.000 литри топла вода во секунда кои може да се користат како обновливи извори на енергија во производството. Еден од најголемите експлоататори на геотермална вода е кочанското јавно претпријатие Геотерма, од кое топла вода за загревање стакленици користат три оранжерии, кои се простираат на над 20 хектари.
Ванчо Симеонов, раководител на Геотерма, вели дека од почетокот на годината, во согласност со новиот тарифник, цената на еден метар кубен геотермална вода е зголемена за да се изедначи со количината на мазутот потребен за загревање.

Според него, цената на еден кубик топла вода која во Кочани се испумпува со топлина од 75 степени Целзиусови е еднаква на 5,35 килограми мазут и во согласност со тоа се зголемува и цената на водата за трошокот на вода да биде еквивалентен на трошокот за мазут.
„Наши корисници се две големи оранжерии во Кочанско, Зелена куќа и Добра, како и еден помал производител во стакленици, Томато лидер, кои од почетокот на годината плаќаат нова, поголема цена за топла вода за загревање на оранжериите“, вели Симеонов.

Во Кочанско годишно се испумпуваат над 350.000 кубни метри геотермална вода.
„Со зголемување на цената на топлата вода за 50% ни се зголемија трошоците за загревање, кои учествуваат со 80% во вкупните трошоци на компанијата. Ова е голем проблем за нашето работење, пред сe за профитабилноста на компанијата“, вели еден од менаџерите на оранжериите во Кочани кои користат топла вода од Геотерма. Тој потенцира дека со оглед на тоа што на крајот на минатата година склучиле годишен договор со јавното претпријатие за цената и количината на испорачаната топла вода, со поскапувањето практички, се прекршува договорот.

Се изедначуваат цената на чинење на геотермалната вода и на мазутот

Според одлуката која Владата ја донела на 17 јануари, а стапи на сила на 26 јануари, сменет е тарифникот за надоместот за концесии за експлоатација за минерални суровини. Во согласност со формулата, цената на метар кубен геотермална вода се пресметува во согласност со топлината на водата и количината на мазутот која се заменува со еден метар кубен геотермална вода и во согласност со тоа се формира нова цена. Во согласност со новиот тарифник, еден метар кубен топла вода од геотермален извор која има од 31 до 40 степени Целзиусови заменува 0,9 литри мазут. Еден метар кубен топла вода која има од 71 до 80 степени Целзиусови заменува 5,35 литри мазут. Во согласност со тоа се зголемува и цената на чинење, која сега е еквивалентна на цената на чинење на мазутот. Со стариот тарифник за експлоатација на геотермална вода во износ од 7% од вредноста на минералната суровина се плаќаше 21 денар за метар кубен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.