Искуство со греење со инвертери |
Post Reply |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply
#1 Topic: Искуство со греење со инвертери Posted: 18-Jan-2021 at 18:08 |
За кого греењето со инвертер клима уред Daikin е одличен избор?
ога ќе се спомне клима уред веднаш асоцира на уред кој ја разладува просторијата во пеколно топлите денови, во просториите во кои престојуваме. Меѓутоа инвертер клима уредот овозможува поголема удобност со тоа што покрај мошне квалитетното ладење постои и уште поквалитетно греење. Во овој пост ќе се запознаете со потрошувачката на инвертер клима уредот и неговата исплатливост како одличен избор за инсталирање во вашите домови. Да почнеме со еден мал стан (гарсоњера) од некаде 25 – 35 m2, за оваа квадратура ќе биде потребен клима уред од 3,5 Kw кој во целост ќе ги задоволи потребите за климатизација. Во зависност од марката на клима уредот во просек потрошувачката на електрична енергија се движи помеѓу 8 и 15 Kw дневно при работа на многу ниски температури. За температури околку нулата потрошувачката ќе се намали и под 10 Kw дневно. Од тука лесно може да се пресмета дека сметката за струја за цел месец ќе изнесува потрошени 300 Kwh (10 Kw по 30 дена), што е многу ниска потрошувачка и што го прави инвертер технологијата најисплатливо решение за греење на струја. Инвертер клима уредите во зависност од типот имаат потрошувачка 1 до 1,3 Kw кога работат со полн капацитет, додека се постигне саканата температура и потоа работата на моторот се намалува, а потрошувачката на енергија паѓа и под 0,9 Kw. Било кој друг начин на греење на струја ќе може да загрее максимум 10 m2 со потрошувачка 1Kw/h. Сите оние кои се принудени или избрале да се греат на струја треба да се греат на инвертер клима уред. Единствената озбилна конкуренција на овие клими се топлинските пумпи. Предноста на клима уредите во однос на топлинските пумпи и електричните котли е тоа што на нив не им е потребен посебен вод за напојување со струја. Скоро секој штеќер во домовите подржува приклучување на клима уред без никаков проблем. За мали станови просто е неисплатливо, а многу често и неизводливо поставувањето на топлинска пумпа. Инвертер клима уредот во целост може да ги задоволи потребите и за стан од 60 m2 со помош на вградување на две клими од по 3,5 Kw. Најчесто проблем може да претставува само лошиот распоред на собите во станот, мегутоа во глобала станот ќе биде целосно затоплен. После сево ова се запрашувате дали инвертер клима уредите имаат и некоја мана? Она што малку ја расипува идеалната слика за инвертер клима уредите е тоа што на многу ниски температури од -15 и повеќе почнуваат и тие да стануваат помалку рационални. Сепак тие имаат надворешни единици кои се надвор и им треба повеќе сила како би го загреале станот на саканата температура. Така и покрај тоа што можат да работат на темпеартури до -15 степени нивниот учинок ќе се сведе на 1:1и се случува заради тоа да работи многу повеќе да би постигнала приближна температура до саканата. Добрата страна во сето ова е што кај нас вакви ладни денови речиси и да ги нема или има се вкупно 10 за цела година. Што би било навистина добро греење на струја? Ако се одлучите за греење на струја добра варијанта е некоја комбинација од инвертер клима уред и електрични конвектори. Најмногу за тие денови во кои има премногу ниски температури. Оваа комбинација е многу добра за претарано ниските температури кога инверторот би имал потешкотии при постигнувањето на бараната температура во просторот во кој е поставен. Секогаш при изборот на јачината на уредот треба да се биде реален и да не се оди на минималната граница за да се задоволат потребите, секогаш треба да се оди на малку појак капацитет во изборот не само на клима уредите туки и за секој уред. Една работа е најбитна и не треба да се заборави, чистете го редовно филтерот на клима уредот. Тоа неверојатно многу влијае на работата на климата. http://www.termosistem.com.mk/za-kogo-greenjeto-so-inverter-klima-ured-daikin-e-odlichen-izbor/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply #2 Posted: 18-Jan-2021 at 18:18 |
Ја отворив нишкава со еден воведен пост,чисто ме интересира некој дали има искуство со овој тип на греење пред се во стан?Бидејќи гледам стана тренд во последно време во сите новоградби особено низ Кисела Вода,Центар па и делумно Аеродром се практикува овој принцип во замена за градско парно.Најчесто се ставаат инвертери од GREE.
Поконкретно ме интересира 1.Колку е потрошувачка за струја(за стан од отприлика 60-70м2) 2.Како се понаша зимно време,колку навистина стоплува при надворешни минуси од(-10/-15) 3.Колку варира температурата во станот лето/зима? 4.Дали во новите станови поставуваат само еден уред или повеќе,мислам ГА во Урбан Гарден одат со мултисплит систем на инвертер греење незнам дали е баш така кај сите? Секое споделено искуство би ми било од корист. |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #3 Posted: 18-Jan-2021 at 21:14 |
Зависи од големина и распоред на стан/куќа и фасада, ама генерално се добри. За куќа подобро, попрактично, поеколошко и поевтино решение од ќумбе и струјојадец (попознат како термо печка), за стан зависи што е понудено, но во секој случај добра клима се исплати и зиме и лете. Грејат и на -10. Само сувиот воздух малку ми пречи. И, да, филтерот мора редовно да се чисти (особено во загаденово Скопје) иначе скоро ништо нема да згрее климата.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #4 Posted: 20-Jan-2021 at 09:00 |
Куќа, 2 уреда Беко. Еден на прв спрат другиот на втор. По мое искуство се одлична работа но до кај -5 максимум, после тоа некако не е исто како ќумбето. Двете се 3,5kw со тоа што едната долу е постар модел (за една година) и не грее како онаа горе. Наводно поновиот модел го усовршиле. Прв пат запалив ќумбе на 13.01.2021 и повеќе ради мерак, инаку почнувам инвертер да пуштам од октомври некаде. Краток е периодот кога престанувам со греење а почнувам со ладење така што преку цела година се активни. Во однос на сметката за струја не може да се каже дека има голем удел. Повеќе тука носат двата бојлера, шпоретот и машината за сушење алишта. Со еден збор, супер инвестиција.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #5 Posted: 20-Jan-2021 at 09:43 |
И јас се греам исклучиво со инвертери. До сега имам инсталирано 3x5kw. Оној во дневна/трпезарија/кујна (кои се споени и се доста големи) вредно работи веќе 8ма сезона. Го купив сосема случајно од Сетек (нивниот генерички бренд ST) демек како резерва додека не го решам греењето, 8 години подцна купив уште 2 исти уреда (понова генерација) и сите работат совршено без ниеден дефект до сега, базично тековно одржување). Куќата ми е добро изолирана што е битен предуслов и за топлината и за сметките. Влатко убаво има доловено како функционираат работите на пониски температури. Генерално амбиентот кај мене дома е постуден отколку кај пријатели со парно, но после иницијалното привикнување, сметам дека проблемот е кај нив а не кај мене. Мене ми е непријатно топло кога одам на гости кај пријатели со парно. @Влатко велиш дека на втор спрат грее 1x3.5. Дали тој ги покрива сите спални соби и колку соби/површина има? Каде е лоциран, дали во неутрална просторија како ходник? Јас се мислам за една таква варијанта, но се прашувам како тоа ќе функционира кога децата ќе дојдат на возраст кога ќе сакаат да се затворат во соба и имаат малку приватност (алтернативата ми е, неместо 1x5kw за горниот кат кој не ми е решен да ставам мултисплит систем со посебни единици за секоја соба, но разликата меѓу двете сценарија е нешто повеќе од 100.000 денари). Edited by pbanks - 20-Jan-2021 at 09:44 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply #6 Posted: 20-Jan-2021 at 12:11 |
Ви благодарам за досегашните совети,повеќе ме интересираше за станови,бидејќи ако не е мултисплит систем тогаш стан од некој си 70 м2 со еден инвертер тешко да се постигне,ќе биде доста ладно по другите соби.Ја покренав темава бидејќи цел живот сум на градско парно кое последниве години и не е баш за пофалба па сакав да осознаам за инверторите нешто повеќе.Проблематични би биле зими ако подолго време биде - 15 или -20(зимата 2017 дури и со градско парно температурата во станот ми беше под 20 степени.)
Мултисплит системот е подобра опција според мене за да има единици во секоја соба и да биде воедначена темепратурата но е поскапа инвестиција. За во куќа многу зависи каква е изолацијата,колку се губи топлина од домот...за зграда со фасадна цигла тешка работа е однадвор да се интервенира а за одвнатре незнам колку би имало ефект. |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #7 Posted: 20-Jan-2021 at 12:29 |
Мој совет, ако не ти се брза, да почекаш да дојде гасот. Секако не можам да знам како ќе биде изведено кај нас, но од моето искуство досега, да имаш инстантно топла вода и греење (и да не мора да плаќаш додатно струја за готвење, бојлер настрана од греењето) е многу добра работа. Ем ќе готвиш, ем имаш проточен бојлер, ем имаш инстантно парно - плус ќе си ги зачуваш радијаторите и ќе се поврзиш со новиот систем. Но како што реков, зависи колку ти се чека... По моја проценка, гасот ќе дојде до домаќинствата за минимум пет години.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #8 Posted: 20-Jan-2021 at 13:28 |
Ситуацијата е следна: Бидејќи првиот и вториот спрат се врзани со кружни скали, топлината од долу постојано полека се одвлекува нагоре. Горниот спрат како и долниот е отприлика околу 40м2 (детска соба, спална, вц и ходниче). Единицата е ставена во детската соба (децата ми се во возраст кога не сакаат да излезат од своја соба) така што за сега ова успешно функционира. Можеби требаше сплит систем со единица и во спалната но за ладење а не за греење. Исто така се согласувам дека прежешко, на пример 24, 25 степени е полошо отколку адаптација на 20-22 степени со инвертер. Така и ние сме навикнати. Инаку фасадата од стиропор и пвц прозорците како и топлинските мостови, секако се клучни за оваа работа. Edited by Влатко - 20-Jan-2021 at 13:29 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply #9 Posted: 20-Jan-2021 at 22:28 |
Да ова е топ комбинација и сум размислувал за истото но најмногу ме плаши и ме прави скептичен временскиот период кога тоа ќе биде широко достапно,ако прават такви приклучоци тогаш по некоја логика тоа би требало да биде делот/населбите околу Скопје кои сега немаат друга опција освен дрва,пелети,инвертори па дури подоцна местата кои се покриени со градско парно.Пет години ми делува како доста оптимистички период(не дека не е возможно само треба добра организација,доволно средства за континуирано да течат ваквите проекти и извесна обука на населението кое ќе треба да биде поодговорно во поглед на користењето на гасот). |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #10 Posted: 20-Jan-2021 at 22:52 |
Јас имам 1x5kW во ходник на горен кат ~75m2 и врата не може да се затвори подолг период, инаку мора топлината да се одржува со греалки. Со добра изолација на неекстремни температури доволно би се грееле 60м2 само со моќен инвертер. За ладење е ОК цело лето. За помала квадратура со 2 соби работа би вршеле и 2x3.5kW, во последно време ми се чини популарно решение. За куќа на 2 или повеќе ката најдобро решение би требало да биде парно или чекање на гас. Стварно не знам дали се исплати да чекам да дојде гасот (рекоа дека куќи без пристап на централна топлинска мрежа ќе бидат приоритет ако не се лажам, но досегашното искуство со ветувања на тема гасификација ни е многу негативно) или да се стави парно што побрзо (електричен котел во комбинација со соларни панели би било исплатливо на долг рок, но скапо на краток). Во дневна 1x5kW е топ, ќумбето го запаливме само 3-4 пати сезонава (со исклучок на 1 недела смрзнување со климата дур ни текна дека филтрите не се исчистени 2 месеца). Топлината од ќумбе е многу посилна и попријатна од клима, но еколошката катастрофа кое тоа ја создава и трошоците и времето за набавка, достава, сечење, складирање, цепење, палење дрва и чистење пепел во споредба со стискање на дугме не може да се споредат. Ќумбето може да се пензионира.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply #11 Posted: 28-Jan-2021 at 22:26 |
Некој со искуство од користење инвертер марка GREE,гледам доста се доминантни на пазарот и добар дел од зградите кои избираат ваков начин на греење ги монтираат токму овие?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20865 |
Quote Reply #12 Posted: 17-Aug-2021 at 11:01 |
Скопјани сѐ позаинтересирани да се греат и ладат со инвертери
поред информации добиени од градските власти, досега се субвенционирани околу 7.530 домаќинства за набавка на инвертер клима-уреди, со што исто толкава бројка на оџаци во Скопската Котлина престанале да чадат, а со тоа и да загадуваат. Греењето на инвертер клима-уреди, од година во година станува сѐ поатрактивно. Тоа се должи на поволностите што ги нудат надлежните институции за набавка на ваков тип грејни тела, но и на желбата на населението за почист воздух. Дополнителна причина за избор и набавка на инвертер клима-уред е што може да се користи и во лето кога температурите се исклучително високи. Токму поради ваквите поволности, овој начин на греење и на ладење на домовите, е сѐ поактуелен и попопуларен. Според информации добиени од градските власти, досега се субвенционирани околу 7.530 домаќинства за набавка на инвертер клима-уреди со што исто толкава бројка на оџаци во Скопската Котлина престанале да чадат, а со тоа и да загадуваат. Оваа година, до Град Скопје пристигнале вкупно 1.667 барања за набавка на инвертери. Од нив, 1.574 барања се одобрени, 71 од доставените барања се одбиени, а во моментов во процедура за одобрување се уште 22 барања. -Во 2020 година имаше 5.002 пристигнати барања за субвенционирање на набавка на инвертер-клима уреди, од кои 4.577 барања беа одобрени а 425 барања беа одбиени. Во 2019 година, пристигнале 1.600 барања од кои 1.379 се одобрени, а 221 барање е одбиено – информираат од Град Скопје. Проектот за субвенционирање за набавка на клима-уреди од Град Скопје е исклучително важен, бидејќи домаќинствата што се греат на дрва или јаглен, важат за едни од најголемите загадувачи во Скопската Котлина. Дополнителен проблем се јавува и поради одреден број несовесни граѓани што за да ги намалат своите трошоци, а притоа за да се загреат, наместо дрва за огрев користат отпад како што се стари штици, дрвени прозорци и врати, паркет, а за состојбата да биде уште поалармантна, има граѓани што не пропуштаат можност своите домови барем за неколку денови да ги загреат со гуми, пластика, па дури и со горење стари алишта. Токму поради ваквата ниска свест за чување на животната средина и опасноста што се шири во воздухот поради горење секаков отпад, загадувањето во Скопје е исклучително големо во текот на зимските месеци. Најалармантна е состојбата во приградските населби каде што населението се грее на дрва. – Спроведувањето иницијативи за одржување еколошко Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето во нашиот град. Токму затоа субвенционирањето на купените инвертери на нашите домаќинства со кои ги заменија старите печки, а со тоа директно дејствуваа во намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот, е една од иницијативите што ја спроведовме во изминатите неколку години. Особено сме горди дека повеќе од 7.000 домаќинства станаа дел од оваа иницијатива и помогнаа за подобрување на воздухот и обезбедување поздрава животна средина за сите нас – велат од Град Скопје. За субвенционирање за набавка на инвертери, имаат право да аплицираат сите граѓани што се греат на дрва или на јаглен, но услов е сите заинтересирани на претходно определени пунктови да ги достават грејните тела што дотогаш ги користеле, какви што се печки на дрва или, пак, печки на јаглен, а за возврат на тоа да добијат средства за купување клима-уред. Како што информираа надлежните, целта е да се придонесе за намалување на аерозагадувањето во Скопје преку намалување на бројот на оџаци што чадат заради загревање на домовите во текот на грејната сезона, односно во зимскиот период. За да се спречи можна злоупотреба од семејствата што ги искористиле субвенциите и набавиле клима-уред, притоа предавајќи го шпоретот на дрва или на јаглен во некој од пунктовите назначени од градските власти, инспекторите од Град Скопје вршат контроли во домаќинствата. https://www.slobodenpecat.mk/skopjani-sѐ-pozainteresirani-da-se-great-i-ladat-so-inverteri/ |
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |