build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлог идеја: Езеро Јазирци (брана Радишани)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Предлог идеја: Езеро Јазирци (брана Радишани)
    Posted: 24-Jan-2021 at 16:54
Ми падна една интересна идеја на памет. Скопје во својата околина нема некое лесно и брзо достапно вештачко езеро кое би можело да биде стопанисувано по целата своја обала, а да е блиску до Скопје. Од една страна да, го има Козјак, ама тоа и не баш нешто особено блиску до градот па треба специјално да се оди, има некаква туристичка зона која сега го почнува развојот. Ок е, ама некако е првенствено за енергетски потреби, на неповолен терен, неможе човек да се бања во него, нема нешто многу риболов. Од друга страна секако тука е и езеро Треска со исклучиво туристичка намена, ама во очајна состојба, еколошка катастрофа, мултиетнички специфични односи, неоддржувано, практично не постои.

Идејава е Скопје да добие уште едно езеро од мал формат, големината по површина би му била нешто колку две езера Треска. Ако езеро Треска е околу 140.000 м2, ова би било околу 300.000 м2. Би се наоѓало во делот на Скопје кој не е блиску ниту до Козјак, ниту до Треска или Матка, односно би се наоѓало на просторот каде некогаш се наоѓало селото Јазирци. Тоа е веднаш над населба Радишани низводно по течението на река Серава. Кота на браната и на езерото би била 475м надворска висина. Овој дел од Скопска Црна Гора е доста населен со оформени села кои функционираат како приградски населби, па тоа значи дека езерото би било супер искористено како туристичка зона. Од знаменитости има доста манастири во овој дел претежно од средновековната српска држава, но меѓу обиколница и Скопска Црна Гора нема буквално ништо како содржина, а ова може да биде добро дополнување на тој простор. Затоа мислам дека овакво езеро кое би требало да биде идното езеро Треска по функција, би требало да биде баш тука. Поволностите кои би ги нудело не се само туристички, туку може да се користи и за други намени како на пример водоснабдување или риболов. Луѓе сега идат и по загадените железарски езера на риболов, а тука би можело да биде многу подобро. Езерото би имало пристојно поволен водостој заради предвидените зафати од соседните мини-сливови, би било доста проточно и не би го имало проблемот со застоена вода што се има појавено во езеро Треска. Дури мислам дека овакво нешто може да биде и економски исплатливо и да се изгради со приватен капитал со некоја децениска концесија. Цел аквапарк, со кафани, рибници и што-све-не моќе да се извади од оваква потенцијална локација.

Втора фаза би биле два канала по планината на двете страни од сливот на Езерото (сливот на Серава) кои би прибирале атмосферски води во сливот на езерото, како и би функционирале за заштита на Скопје од поплави како таа што беше во Стајковци. Каналите би се граделе фазно, прво западниот канал во две подфази на кота од некои 650м надморска висина кои би ги прибирал водите над селата Кучевиште па потоа и над село Бањане. Втора фаза со неколку подфази би било изградба на источниот канал на висина од некои 700м со прибирање на води над селата Љуботен, Раштак, Булачани, Црешево. Ваков сличен канал има изградено над Атина за заштита на градот од поплави, овој барем го знам, има и над многу друи градови, а во Македонија мислам дека има нешто слично на Шар Планина што зафаќа води за полнење на Мавровско Езеро. Скопје нема ваков систем од страна на Скопска Црна Гора, на Водно има некакви канали кои можат да зафаќаат бујица (стогодишна вода), ама Водно и не е некое големо сливно подрачје.

Еве нека биде ова една интересна идеја за наредните локални избори за политичките партии да си ја стават во своите изборни програми, особено десничарската партија која претежно е популарна во овие суб-урбани средини.









Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Jan-2021 at 20:00
Проблем со ова е длабочината - дното кај браната е на 449 мнв, што е разлика од 26 метри. Треска е длабоко од 1,6 до 3 метри. Башка патот на најниската точка до езерото е токму 475 метри.

Нацртав уште две варијанти, со кота 463 метри (121k m2) и и 467 метри (183k m2)

На избориве, во Љуботен, Љубанци, Побожје, Кучевиште, Мирковци и Радишани СДСМ имале 2,384 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 3,166, ДУИ 520 и АА/А 537. Скоро сите на ДУИ и АА/А се во Љуботен, а ДПМНЕ има огромна разлика во Љубанци и поруралниот дел на Радишани.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Jan-2021 at 20:23
Длабочината не е проблем, напротив е предност. Да може поголема количина вода да собере како резервоар. Секако се експлоатир туристички само крајот обалата на езерото. Што се однесува до котата, да езерото може да има работна кота 470 или помалку во мирнодобски услови на работа. Но браната мора да е малку повисока за ако надојде вода да може да ја истрпи како пик кој потоа преку вентили се испушта. Максималната да е 475м, а работната пониско за ~5 метра.

Во статистиката би требало да се вклучат и селата од општина Чучер-Сандево, како Чучер-Сандево, Бразда, Глуво, Бањани, Горњани.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Feb-2021 at 21:10
Слично нешто во Македонија има над неколку Кочански села од Соколарци до Тркање. Има канали кои се изградени по изохипса со некаков ваљда минимален нагиб за природен пад на водата и во нив се зафаќаат води од порои и со тоа ем се заштитуваат земјоделските земјишта од поплави, а ем се преусмерува водата во селски реки или канали за наводнување. Случајно го приметив, незнаев дека го имало веќе во Македонија. И тоа тука има околу 15 км вакви канали, може има уште да не сум ги приметил. Така да не е нешто филозофија да би го направиле, ако веќе некаде сме го направиле во Македонија, кога веќе знаеме дека Скопје пред само неколку години го зафати поплава во овие подрачја.










Edited by user8642 - 04-Feb-2021 at 21:10
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Feb-2021 at 13:18
Ова оди до Истибања на исток
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Feb-2021 at 23:53
Одлична идеја

Инаку гласачкото тело таму не верувам дека се пали на било какви проекти. Чучер Сандево има доживотен градоначалник што нема лопата асфалт фрлено. Патот накај Бродец пропаѓа, а и генерално цела инфраструктура. Цела Скопска Црна Гора е заборавена и од државата, веројатно поради малку население, иако има огромен туристички, но и резиденцијален потенцијал со оглед на близината до главен град.

Edited by <Fresno> - 09-Feb-2021 at 23:55
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Feb-2021 at 00:01
Originally posted by <Fresno>

....Инаку гласачкото тело таму не верувам дека се пали на било какви проекти. Чучер Сандево има доживотен градоначалник што нема лопата асфалт фрлено. ...
Nailed It! Вечно гласаат за античко-кафански приказни место за реални потреби. Потребите/очекувањата им се сведуваат на пикање во институција и клатење врата.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.