build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Oбиколница на Ресен
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Oбиколница на Ресен

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 281
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Oбиколница на Ресен
    Posted: 08-Apr-2021 at 11:56
Гледам овој инфраструктурен проект е во планот на оваа власт. Незнам кога и како би се изградил, ама е од голема важност овој проект. Особено за оние што транзитираат кон Охрид преку Битола, и за товарниот сообраќај исто така.Моментално, пред влезот во Ресен има некој недовршен пат што наговестува дека за време на Југославија им било во план да се направи Ресенска обиколница.Еве како изгледа тоа:А со мали модификации, овој дел од патот може да се направи во трубна клучка, па и другиот влез кон градот. Еве како би изгледало тоа:Еве ја и целата траса што ја нацртав јас:Мислам дека оваа траса би била најдобра. Неколку клучки, и не треба ништо повеќе.Може да се изгради во профил на експресен пат, брз пат (1+1) или брз пат (1+2).Не би коштал многу овој проект, а е витален. Со ова ќе се ослободат преоптоварените тесни улици во ресен, и транзитниот и товарниот сообраќај ќе мора да ја користат обиколницата.* Не ме бива баш за цртање па не ми замерувајте.* Нацртаното не е 100% точно.Ајде дискусија Smile

Edited by The Wild Boy - 09-Apr-2021 at 18:49
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Apr-2021 at 13:50
Еве еден совет за почеток, кога црташ на мапи труди се секогаш нагоре да ти биде север. Ако веќе не го ставаш горе, стави стрелка кон север во еден ќош на мапата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 281
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Apr-2021 at 15:14
Originally posted by гитардемон

Еве еден совет за почеток, кога црташ на мапи труди се секогаш нагоре да ти биде север. Ако веќе не го ставаш горе, стави стрелка кон север во еден ќош на мапата.


Знам, ама дека од брзање а и плус последно ми беше така.
Следна пат ќе гледам точна ориентација да биде :-)

Инаку, слободно ако може некој подобро од мене нека нацрта и прати. Мојот цртеж е груба претпоставка. Можеби нема 100% точно од таму да минува трасата, или можеби нема точно таму да завршува.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Apr-2021 at 15:42
Се обидов да најдам вести поврзани со најавите, има на гугл од 2018 и 2019, но нема ништо постаро. На пример од некој локален ресенски весник или портал нешто архивирано од СФРЈ. За Битола се наоѓа многу, ама за Ресен ништо така старо.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 281
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Apr-2021 at 17:16
И јас сум барал доста. Барав и за A1 од Велес до Катланово што е граден во 80 - те години, но едино што успеав да најдам се слики од омладинските работници кои што биле дел од таа таканаречена радна акција, и тоа е тоа што можев да најдам. Слики, или друго нешто слабо. Тешко се наоѓа во глобала за историјата на патиштата.

А2 Ѓорче Петров - Тетово е граден средина - крајот на 90 - те години и тоа цели 10 години, барем така покажува Google Earth.

A2 Тетово - Гостивар експресен пат е граден 80 - те или доцните 70 - ти, но како експресен пат.

За A1 Смоквица - Граница Богородица и Скопје - Куманово, вклучително со експресниот пат кај Аеродромот се исто така градени во тој период.

Но, нит слики, нит текстови, нит списанија, јас неможам ништо да најдам. Треба да направиме посебна тема за историјата на патиштата, да споделуваме информации, слики, текстови, и слично.

Бидејки патот од Битола кон Ресен граден е или реновиран во 80 - те години, а тоа се приметуваше по дотрајаните знаци пред да се реконструира патот, сигурно тоа што го пратив каде што завршува патот пред Ресен им било план да направат барем некоја клучка до самиот град, а можно е и да имале план за обиколница на Ресен. Битола има добиено обиколница исто така тој период. На Google Earth се гледа, ако го отворите тој панелот за историја, мислам 84 или 85 се приметува брзиот пат од Прилеп до Битола, со се обиколницата на Битола завршен, и некаква градба од Битола кон Ресен.


Сепак, како и многуте заостанати планови, пропаднати планови, и не остварени планови, можат сега да се реализираат. Не би коштало многу оваа обиколница на Ресен, а би било од големо значење.

Повеќето што се од Југот, или Југоистокот патуваат преку Прилеп и Битола према Охрид. Ете и тоа е една од причините зошто A3 треба и ќе биде Автопат. Едно што е алтернатива на A1 кон Грција, и е под - коридор, но исто така е алтернатива на A2 кон Охрид, и кон Албанија.

Edited by The Wild Boy - 08-Apr-2021 at 17:16
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.