build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Приватизација/откуп на државно градежно земјиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Приватизација/откуп на државно градежно земјиште
    Posted: 10-Jan-2013 at 20:30

Општина Гостивар успешно ја спроведе продажбата на првата градежна парцела

На првото електронско наддавање по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, Општина Гостивар ја продаде првата градежна парцела ГП бр.17/10-4 со површина 1888 м2, од кои 500 м2 градежна површина во седум ката, продажната цена за метар квадратен достигна 7.000 денари

 

„Благодарение на коректноста, конзистентноста и непокорувањето пред разни притисоци кои биле карактеристика при купопродажба на земјиште, беше достигната рекордна цена која е речиси за три ипол пати повисока од цената кога парцелата во близина се продаде по цена од 2.400 денари за метар квадратен, кога надлежностите ги имаше Министерството за транспорт и врски", истакна градоначалникот Руфи Османи, подвлекувајќи дека од ова Општина Гостивар ќе има извонредна фискална и финансиска полза.


Купопродажбата која ја спроведе Општина Гостивар по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, што, како што истакна градоначалникот Османи, претставува уште еден доказ дека Гостивар е „шампион за транспарентност, отчетност и борба против корупцијата"

http://www.makfax.com.mk/300526/opshtina_gostivar_uspeshno_ja_sprovede_prodazhbata_na_prvata_gradezhna_parcela?utm_source=daily.mk
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Oct-2012 at 17:46

Фабрики и хотел во Горно Којнаре и Бедиње

 Локалната самоуправа Куманово ќе продава парцели во селото Горно Којнаре и во касарната „Христијан Тодоровски Карпош„ во населбата Бедиње, откако доби ингеренции да управува со државното градежното земјиште.

Градежното земјиште ќе биде понудено на јавно наддавање на заинтереираните граѓани кои сакаат да инвестираат во лесна индустија и изградба на хотел.

Во Горно Којнаре се понудени девет градежни парцели со површина од 10.000 метри квадратни. Секоја парцела поединечно е наменета за леснозагадувачка индустрија и една парцела е за изградба на хотелски комплекс. Во касарната сите седум локации се со леснозагадувачка индустрија и нивната површина изнесува до 5.000 метри квадратни. Во месноста Новине во селото Којнаре се работи за градежно неуредено земјиште, додека во касарната е уредено земјиште. На територија на Општината Куманово има уште локации кои што се во сопственост на државата Република Македонија. Луѓето кои работат на оваа проблематика ги истражуваат да не се оптоварени со денационализации, хипотеки и ќе им бидат понудени на граѓаните во наредниот период - вели Лидија Ланг од Секторот за урбанизам во Општината.

Во електронските и печатените медиуми ќе биде објавен оглас за јавно наддавање. Преку софтвер добиен од Министерство за транспорт и врски ќе се врши јавното наддавање. Доколку се работи за парцели за индивидуално домување рокот за доставување документи е од 20 до 40 дена,а другите процедури ќе траат од 30 до 60 дена.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/fabriki-i-hotel-vo-gorno-kojnare-i-bedinje.html

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-May-2012 at 01:48

 

Ве информираме дека Владата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија.

 

Управувањето со градежното неизградено земјиште,  сопственост на Република Македонија понатаму самостојно ќе можат да го вршат општините Крушево, Кичево, Крива Паланка, Гостивар, Ново Село и Чешиново-Облешево, а во тек е финализирање на постапката за општините Охрид и Тетово.

 

Со оваа одлука, вкупно 34 општини до сега се здобиваат со правото да отуѓуваат и даваат под закуп неизградено градежно земјиште.

 

Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат предвидените услови можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Овие услови предвидуваат општините да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со државно градежно земјиште;  да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници; да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за јавно електронски наддавање.

 

Министерството за транспорт и врски апелира до сите останати општини да ги исполнат соодветните законски услови и да поднесат барања за добивање на овластување за управување со градежното неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, како би можел овој процес целосно да се имплементира.

 

Со управувањето на градежното земјиште од страна на општините се овозможува комплетирање на целата постапка, вклучително и купување и давање под закуп на градежното земјиште и добивање на градежни дозволи, на едно место.


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3748
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Feb-2012 at 14:06
Три градежни парцели во Аеродром понудени на наддавање
26 февруари 2012   12:24 GMT Извор: Макфакс

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на мали комерцијални и деловни единици во општина Аеродром.


Станува збор за три градежни парцели кои со површини од 760, 930 и 950 метри квадратни, чија почетната цена на јавно наддавање изнесува 5.000 денари од метар квадратен.


Пријави за учество во јавното наддавање можат да се достават најдоцна до 3-ти април.

Во текот на следната недела министерството ќе распише јавни објави за отуѓување на локации во повеќе општини во Македонија. Предвидено е распишување на јавни објави за земјиште наменето за изградба на откупно-дистрибутивен центар во Ресен, откупен центар во Чешиново-Облешево, лесна и незагадувачка индустрија во Василево, колективно домување во Кичево и викенд куќи во Дојран.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

http://www.makfax.com.mk/#278162%2Ftri_gradezhni_parceli_vo_aerodrom_ponudeni_na_naddavanje
Back to Top
ivanovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jan-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivanovski Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Jan-2012 at 16:45
Бојан ти благодарам на одговорот. Се надевам и јас дека ќе бидам редовен на форумот!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Jan-2012 at 01:33
Originally posted by ivanovski

Здраво, јас сум Александар и сум нов тука. Го разгледував форумот подолго време, но никаде не најдов слична тема. Па затоа што професионално не се занимавам во областа на градежништвото, би сакал да Ве прашам, а и воедно некој што имал искуство да го сподели со мене ако сака, како најлесно може да се откупи државно земјиште.Значи моето прашање е да се откупи државно неизградено земјиште, а не земјиште на кое што јас имам објект, за да не се забуните со темата 1 еур метар квадтатен. Значи се работи за сосема друга парцела која што имам во план да ја купам.


Најпрвин добредојде на форумов, се надевам дека ќе бидеш наш редовен член и соговорник.

Мислам дека интернет порталот www.gradezno-zemjiste.mk би можел да ти помогне околу купувањето на државно неизградено земјиште. И не заборавај дека веќе во 14 општини парцелите се префрлени од државата на локалната самоуправа, така што многу би ти помогнале интернет-порталите на општините и дневните весници, најчесто Нова Македонија и Дневник.
Back to Top
ivanovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jan-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivanovski Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Jan-2012 at 20:25
Здраво, јас сум Александар и сум нов тука. Го разгледував форумот подолго време, но никаде не најдов слична тема. Па затоа што професионално не се занимавам во областа на градежништвото, би сакал да Ве прашам, а и воедно некој што имал искуство да го сподели со мене ако сака, како најлесно може да се откупи државно земјиште.

Значи моето прашање е да се откупи државно неизградено земјиште, а не земјиште на кое што јас имам објект, за да не се забуните со темата 1 еур метар квадтатен. Значи се работи за сосема друга парцела која што имам во план да ја купам.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Dec-2011 at 20:14

Продадени првите градежни парцели

Главно Мени

Општина Гевгелија ги продаде преку јавна електронска аукција првите градежни парцели откако го презеде управувањето со градежното земјиште. На продажба беа понудени четири локации за индивидуални куќи во населбата „Караорман“ во Гевгелија, со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. На објавениот јавен повик се јавија 35 апликанти, кои согласно условите го уплатија предвидениот депозит.

Во едночасовното јавно наддавање беа продадени сите четири парцели наменети за индивидуални станбени објекти. Притоа, парцелата со број 36 која зафаќа 921 метар квадратен и парцелата број 37 од 637 метар квадратен беа продадени за по 1100 денари од метар квадратен.

Додека парцелте број 38 од 605 метри квадратни и 39 од 598 метри квадратни беа продадени по 1300 денари за метар квадратен.

На 23 декември веќе е закажана и втората јавна електронска аукција на која за продажба се понудени градежни парцели, односно 31.849 метри квадратни за изградба на Трговски центар кај Милци со почетна цена од 610 денари за метар квадратен и 3.092 метри квадратни за хотел на просторот од поранешна Касарна, со почетна цена од 61 метар квадратен. До крајот на годината ќе биде одржана уште една јавна аукција за продажба на градежна парцела од 16.244 метри квадратни за хотелски комплекс со почетна цена од 61 денар. Оваа продажба ќе се одржи на 26 декември 2011 година.

http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2011-12-12-23-24-44&catid=8:actual&Itemid=1

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 219
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Dec-2011 at 01:28
Поефтинува државното земјиште во Скопје


#


Со Уредба донесена на владина седница, намалени се почетните цени за продажба на државното земјиште во Скопје. Телевизијата „Алфа“ пренесува дека метар квадратен државно земјиште во општините Центар и Карпош сега ќе се нуди со почетни цени и до 63% пониски од досегашните, во зависносност од намената. За парцели за станбени згради намалувањето изнесува 33% (од 9.000 на 6.000 денари за метар квадратен), додека за комерцијални и деловни објекти намалувањето ќе биде 55% (од 13.200 на 6.000 денари за метар квадратен). Намалување, но процентуално помало, има и во другите скопски општини. Во останатите делови на државата цените остануваат речиси исти. Со оглед дека се работи за владина Уредба, новиот ценовник нема рок, туку ќе биде важечки се додека не се донесе нова Уредба.



#
Објавено на 12.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Деловни, Комерцијални, Легислатива, Скопје, Станбени, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=11097
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Nov-2011 at 21:53

Со добивањето на правото за самостојно менаџирање со државното неизградено земјиште, Општина Гевгелија започна постапка за продажба на седум градежни локации, со вкупна површина од 53.346 метри квадратни.

gvg-zemjiste240
Локациите се распоредени во четири атрактивни урбани зони. Во населбата „Караорман“ и Урбаниот Блок 5 кој се наоѓа во поранешна Касарна, кај месноста Милци во близина на меѓународниот автопат „Е-75“  и локација кај месноста „Смрека“ непосредно распоредена до граничниот премин Богородица. Градежната намена на продажно огласените парцели е изградба на објекти за семејно домување, туристичко-угостителски комплекси, големи трговски единици  и хотелски комплекс.

Почетната продажна цена за еден метар квадратен простор изнесува 61 денар за парцелите наменети за инвивидуално домување, во месноста „Караорман“, за парцелите наменети за времено сместување (хотел) кој треба да се гради на просторот на поранешна Касарна и за мултинаменски стопански комплекс во месноста „Смрека“,  додека почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцели во м.в „Милци “ кај преминот Богородица наменети за големи трговски единици изнесува 600 денари од метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 декември, за парцелите на Караорман и истиот ден ќе се одржи и јавната лицитација.

Рокот за поднесување пријави за поранешна Касарна и месноста „Милци“ е заклучно со 14 декември, а лицитацијата ќе следува после десет дена, на 23-ти истиот месец. Заклучно со 15 декември завршува рокот за поднесување пријави за купување на атрактивната локација во месноста „Смрека“ што се наоѓа во катастарската општина Богородица, наменета за хотелски комплекс, а јавното наддавање ќе се одржи на 26 декември.

Продажбата на градежните парцели ќе се врши преку електронско јавно наддавање кое ќе се изведе на наведените датуми, со почеток во 12 часот и ќе трае еден час, на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, кога ќе биде утврдена највисоката понудена цена и купувачот на огласените градежни парцели.

Депозитот за учество на јавната лицитација изнесува соодветно на почетната продажна цена според големината на парцелата од 7.296 денари за градежните парцели наменети за домување, до еден милион 910.940 денари за комплексот големи трговски единици во месноста „Милци“.

http://kurir.mk/republika/opstini/49709-Opstina-Gevgelija-ponudi-gradezno-zemjiste-na-javno-naddavanje
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Oct-2011 at 13:36
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=93884&kategorija=1

Склучен 331 договор за отуѓување на земјиште во 2010 година


29. 10.2011 - 13:06:24
МТВ:%20Склучен%20331%20договор%20за%20отуѓување%20на%20земјиште%20во%202010%20година
Во текот на 2010 година, по одржаните јавни наддавања бил склучени се 331 договор за отуѓување на земјиште со најповолните понудувачи, беше истакнато на прес конференција за реализираните активности во управување и документирање со неизградено градежно земјиште во сопственост на државата. 

Од нив, еден договор е спогодбено раскинат, за 21 договор се поведени судски постапки за еднострано раскинување на договорите, од причина што не биле почитувани роковите за добивање на соодветна градежно-техничка документација кои се дадени во истите, а за 5 договори овие рокови се продолжени  заради тоа што е утврдено дека причините за необезбедување на соодветната документација на време е одолговлекување на постапката од страна на надлежниот орган, а во случаи кога најповолниот понудувач навремено достави комплетна документација. 

Исто така, во тек е постапка на добивање мислење од Државното правобранителство за раскинување на вкупно 20 договори со цел правилно толкување на законските одредби и по добивање на мислењето, Министерството за транспорт и врски соодветно ќе постапи со овие предмети. Сите локации за кои се раскинати договорите се враќаат во сопственост на Република Македонија и истите можат повторно да бидат предмет на отуѓување по пат на јавно наддавање.+

Од овие активности, односно од уплаќањето на средствата согласно постигнатите крајни цени на јавните наддавања, остварени се вкупно 1.579.785.984 денари.

Во текот на 2011 година, заклучно со 28.10.2011 година, распишани се вкупно 175 јавни објави и се склучени вкупно 173 договори за отуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со што се остварени средства во висина од 536.413.986 денари.

Согласно Законот за градежно земјиште, овие средства се распределуваат – 20% за Буџетот на Република Македонија и 80% за буџетот на општината во која се наоѓа отуѓеното земјиште.

Сите договори кои не се почитуваат, односно сите нинвеститори кои не ги почитуваат одредбите во истите, Министерството за транспорт и врски поведува постапка согласно закон за раскинување на овие договори. По раскинувањето на договорите, земјиштето се враќа во сопственост на Република Македонија, а на најповолниот понудувач не му се враќаат средствата уплатени за истото.

Со одржувањето на овие јавни наддавања, меѓу останатото е овозможена изградбата на вкупно 193 објекти за лесна индустрија, сервиси и стоваришта, 21 објект за колективно домување, 17 комерцијално-деловни објекти, 13 хотели, 9 откупни центри за земјоделски производи, 6 големи трговски единици и 3 катни гаражи.

Во тек се јавни објави за јавно наддавање за отуѓување на локации на кои е предвидена изградба на хотелски комплекси во општина Центар, катна гаража во општина Центар, објект за здравствени институции во општина Карпош, објекти за индивидуално домување во семејни куќи во населба Козле во општина Карпош, како и за изградба на винарии во општините Кавадарци и Росоман, викенд куќи во општина Дојран, изградба на викенд куќи во општина Крушево, хотелски комплекси, викенд-куќи, објект за мали комерцијални и деловни дејности во „Сончева езерска населба“ – Мантово во општина Конче, комерцијален објект во општина Ранковце, и лесна и незагадувачка индустрија во општина Василево.

Исто така, во тек е јавна објава за учество на јавно наддавање за отуѓување на неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на големи трговски едининци, лесна и незагадувачка индустрија, објект за образование и наука во мултифункционалната зона во општина Петровец, како и за изградба на откупна станица за земјоделски производи покрај магистралата Тетово – Гостивар во општина Врапчиште.



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Oct-2011 at 02:06
Државата им го префрли градежното земјиште на осум општини

Илинден, Берово, Кочани, Штип, Пробиштип, Гевгелија, Битола и Демир Капија се осумте општини кои од денес ќе може да управуваат со државното градежно неизградено земјиште на нивна територија. Според Министерството за транспорт и врски, овие општини ги исполниле условите за донесување Програма за работа од областа на управувањето со градежно земјиште, воведување на електронски систем за јавно наддавање, обезбедување на доволен број лиценцирани општински службеници и формирање комисија која ќе ја спроведува постапката за јавно наддавање. Почетната цена за јавните наддавања е утврдена со ценовник, но ако има потреба од намалување или зголемување на вредноста на земјиштето, Советот на општината ќе треба да достави предлог до Владата, која ќе ја донесе крајната одлука за евентуалната промена.

Засега не е познато зошто општина Карпош не е вклучена во денешното префрлање на државното градежно неизградено земјиште. Оваа општина заедно со општините Берово и Гевгелија беа првите кои излегоа со информации во медиумите и на општинските веб – страници дека се подготвени за менаџирање со градежното земјиште во државна сопственост. Во изјава за весникот „Утрински весник“ од 29 јуни градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски потенцираше дека таа општина ги има исполнето сите услови за префрлање на земјиштето и очекува да биде првата општина што ќе го добие градежното неизградено земјиште од државата.

Префрлувањето на државното градежно земјиште требаше да отпочне на 1 јули, но целокупниот процес доцни веќе 3 месеци поради фактот што најголемиот дел од општините сеуште не ги исполниле потребните критериуми за започнување на процесот. Според информациите од министерството, во моментов 63 општини го исполниле првиот услов за префрлање на државното неизградено земјиште, па така 323 службеници веќе добиле лиценца по спроведените обуки и испитувања. Се очекува најголеми проблеми и понатаму да има кај помалку развиените општини, бидејќи локалните самоуправи од овие општини немаат капацитет да го спроведат процесот.

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=9913
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Aug-2011 at 12:20

Министерството за транспорт ќе продава уште 400 атрактивни парцели

Александра Спасевска

Формално, општините од 1. јули управуваат со државното земјиште на нивна територија, фактички - немаат дозвола од Министерството за транспорт и врски зашто не ги исполниле условите. Дел од градоначалниците се револтирани

Министерството за транспорт и врски во наредниот перид планира да продаде 400 парцели државно градежно земјиште. Во тек е продажба на 174, а се подготвуваат огласи за продажба на уште 230 парцели. Само во последните два дена се дадени на продажба десетина локации во повеќе градови, претежно атрактивно државно земјиште наменето за викенд-населби, за хотелски комплекси и катни гаражи. Со ваквата практика на Министерството практички паѓаат во вода бомбастичните најави дека од 1. јули продажбата на државно градежно земјиште ќе премине во надлежност на општините. Законот предвидува така, но Министерството за транспорт и врски сега се правда дека ниедна општина не ги исполнува потребните услови за да може да управува со земјиштето. Велат дека 48 од вкупно 85 општини го исполниле условот за електронско спроведување на јавно наддавање, но на ниту една општина не и е пренесено правото да управува со државно земјиште поради непотполна документација.

Досега шест општини, Гевгелија, Карпош, Кочани, Струмица, Велес и Демир Капија, поднеле барање до Комитетот за градежно земјиште, но биле вратени поради некомплетна документација.

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, револтиран од пролонгирањето, вели дека Министерството со банални барања од општините купува време за да може да ги продаде останатите атрактивни парцели. Тврди дека и покрај исполнетите услови, сега се бараат дополнителни документи.

“Општина Струмица ги исполнува сите услови. Ја изготвивме Годишната програма за управување со градежно земјиште и ја доставивме до Министерството за транспорт и врски, но сепак, ги вратија документитте со образложение дека не е потполна документацијата“, објаснува Заев.

Тврди дека Министерството има банални барања со цел да го пролонгира процесот.

“Бараа од нас на секоја страница од програмата за управување со државно градежно земјиште, која има 650 страници, да има печат од општината, да доставиме последна платена сметка од Интернет, како и М1, М2 образец за службениците кои се стекнале со сертификат за електронско наддавање, документи кои веќе се доставени до Министерството. Со тоа само се купува време за да може да ги даде парцелите на веќе договорени инвеститори“, вели Заев.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, се надева дека најдоцна за 15 дена ќе добие одобрение од Министерството за транспорт и врски, кога планираат да ги објават првите огласи за продажба на државно земјиште.

“Доставивме барање до Министерството за транспорт и врски, но треба да дополниме дел од документацијата за да можеме да почнеме да продаваме државно градежно земјиште. Очекувам дека најдоцна за 15 дена ќе заврши таа процедура и ќе ги имаме исполнето сите услови за да почнеме да продаваме“, објаснува Франгов.

Првите парцели што ќе ги огласи општината се за згради за домување, за хотел и за деловен центар. А тоа што Министерството за транспорт и врски веќе почна да продава земјиште, според Франгов, е за да не се забави процесот и да се продолжи со продажба на државно земјиште.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72191/ministerstvoto_za_transport_kje_prodava_ushte_400_atraktivni_parceli.aspx?iId=2308
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Jun-2011 at 21:29
Нешто подетално

Доделени 192 потврди за положен испит за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште-24.6.2011


 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски денеска на 192 кандидати од 48 општини им доделија потврда за положен испит за стекнување овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Трајановски информира дека од 231 кандидат чии пријави биле прифатени за следење на обуките и за полагање на задолжителниот електронски испит, сертификат добиле само 192 кандидати.

- Овие кандидати се испратени од 57 општини, што претставува 67 отсто од вкупниот број на единици на локалната самоуправа во државава и покажува висока заинтересираност на општините за исполнување на законските предуслови за стекнување на овластување за вршење на оваа надлежност, рече Трајановски.

Од нив, како што додаде, 48 општини го исполнија законскиот минимум за сертифицирани службеници за вршење на оваа дејност.

- Овој ден е навистина значаен за развојот на децентрализацијата во нашата земја и ја потврдува повеќегодишната заложба на ЗЕЛС и на општините да ни биде дадено на управување градежното неизградено земјиште, како една значајна компонента за развивање на локалната економија. Денес уште еднаш покажуваме пред нашите граѓани дека сме подготвени нашите барања да ги реализираме навремено и одговорно, рече Трајановски.

Тој посочи дека ЗЕЛС со поддршка од Министерството за транспорт и врски реализирале почетни обуки кои се состоеле во практичен и во теоретски дел. Испечаетен е Прирачник за стекнување знaења од оваа област, обезбедена била просторија во која на 28 компјутери, по електронски пат, во осум сесии кандидатите го полагале предвидениот испит.

Освен законски број на сертифицирани лица од општинската администрација, општините мора да имаат изготвено годишна Програма, која треба да ја усвои Советот на општината. За таа цел ЗЕЛС веќе достави образец на годишна Програма до сите општини во Македонија. ЗЕЛС со поддршка на УСАИД - Македонија обезбеди софтверски систем за опслужување на апликацијата за електронски регистар на градежно земјиште и апликација за јавно надавање.

Министерот Јанакиески информира дека наредниот период очекуваат општините да достават Програма за управување со градежно земјипте и како трет услов што треба да го исполнат е електронски да се поврзат со базата во ЗЕЛС, да има можност електронски да продаваат и даваат под закуп градежно земјиште.

- Ова е еден голем чекор кој го направивме заедно со ЗЕЛС и со УСАИД за да можат општините во Македонија по 1 јули да управуваат со градежното земјиште, рече Јанакиески и додаде дека од септември годинава ќе следат нови обуки и нови полагања.

Наша цел е, како што рече, сите општини во Македонија да управуваат со градежното земјиште.

Тој потенцира дека веќе следната недела дел од општините ќе ги усвојат Програмите, потоа тие ќе треба да ги достават до Комитетот за управување со градежно земјиште составен од претставници од ЗЕЛС, Министерствата за финасии, за транпсорт и врски и Министерството за локална самоуправа, кои доствауваат предлог до Владата и потоа таа донесува одлука кои општини да почнат со управување на градежно земјиште.

- Очекувам објективно во јули веќе да ги имаме првите општини што ќе почнат да управувуваат со градежното земјиште. Ние како Влада направивме се и останува на општините да се поврзат на софтверскиот систем и да ги донесат програмите, потоа сите услови се исполнети и Владата ќе им даде можност да управуваат со градежното земјиште, рече Јанакиески.

Тој посочи дека во моментов има над 200 парцели кои се спремни за објавување, но тој број постојано се зголемува.

Одговорајќи на новинарски прашања, за концесијата на дел од плажите во Струга, Јанакиески рече дека денеска завршува инспекцијата на струшките плажи и додаде оти следната недела ќе дадат конкретни насоки за тоа што треба да направат закупците.

- Доколку не постапат по инструкции ќе следи раскинување на договорите. Веќе завршивме со плажите во Дојран и од понеделник ќе преземеме конкретни мерки, рече Јанакиески.

Извор: (МИА)

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3283

Edited by Cloverstack - 27-Jun-2011 at 21:30
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 914
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Jun-2011 at 15:07
Од 1 јули само 48 општини ќе управуваат со градежното земјиште

48 општини го исполнија законскиот услов да располагаат со градежното неизградено земјиште.

Од 1 јули Министерството за транспорт им ги префрли надлежностите за менаџирање со земјиштето на локалните власти. Секоја општина што ќе сака да го продава земјиштето ќе може тоа да го стори единствено електронски.

За таа цел во изминатиот период вработени во локалните самоуправи се обучуваа како во иднина да го менаџираат земјиштето.

Од вкупно 231 кандидат сертификат успееја да добијат 192 лица вработени по општините. Ова е еден од условите што треба да го исполнуваат за да управуваат со земјиштето.

Друг услов е и да поднесат и план за управување со земјиштето до комитетот кој ќе ја надгледува работата на општините. За останатите општини кои нема да ги исполнат овие услови,со земјиштето ќе управува Министретвото за трнспорт во нивно име.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 914
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Jun-2011 at 15:05
Originally posted by Cloverstack



Originally posted by build.mk

Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во
градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат
со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со
државното градежното земјиште
Ова не ми е јасно. Кој ќе биде надлежен за земјиштето на територија на град Скопје??? Би било логично тоа да се општините, а градот да добива процент од собраните средства. Но збунува оваа формулација која како да сугерира дека и градот ќе стекне надлежност. Како може тоа, со оглед на фактот дека градот (административно) нема некоја одделна територија, туку неговата територија се состои од териториите на општините кои влегуваат во негов состав?


„Приходите од надоместокот за уредување на градежно земјиште се распределуваат во сооднос 60% за градот Скопје и 40% за општината во градот Скопје во која се уредува градежното земјиште.“
- Закон за град Скопје

Логично би било ова да важи и за изнајмување и продажба на земјиште.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Apr-2011 at 13:21

Државното земјиште се продава десетпати поевтино од приватното

Парцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се распродаваат за 15 евра по метар квадратен, а цената на приватното земјиште се движи од 40 до 90 евра, велат извори од општината Гевгелија. Извори од општината велат дека парцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се продаваат за почетна цена од 15 евра по метар квадратен, додека цената на приватното земјиште во близина се движи од 40 до 90 евра. Според плановите на општината Гевгелија, во следните две години на потегот од Гевгелија до македонско-грчката граница ќе никне нов туристички град во кој се очекува да бидат инвестирани повеќе од 100 милиони евра. Во новиот туристички комплекс предвидено е да се градат повеќе делукс хотели, брендирани трговски центри, спортски објекти, терени за јавање, мото-крос патеки, спа-центри и нови патишта. Неофицијално, за атрактивните парцели во Гевгелија веќе се интересирале Американци, Руси, Грци, Австријци, но и многу домашни бизнисмени.

http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/25920/drzhavnoto_zemjishte_se_prodava_desetpati_poevtino_od_privatnoto.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Mar-2011 at 15:52

Државно градежно земјиште ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадрат

Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучила Владата на последната седница.

- Мерката на многу граѓани во иднина ќе им овозможи полесно и поевтино да можат да купат земјиште на кое ќе изградат куќи, а на многу инвеститори, кои досега се двоумеле поради високата цена на земјиштето или исплатливоста, да изградат катни гаражи со кои во значајна мерка ќе го решат проблемот со паркирањето, изјави премиерот Никола Груевски по давање во употреба на резервен систем на Централниот регистар во Штип.

Според премиерот, особено важно е што желбата на многу граѓани за изградба на сопствена куќа која не можела да се оствари поради немање средства сега ќе стане реалност.

- Веќе испративме порака до многу градоначалници, а се надевам дека ова мое излагање ќе го чујат сите градоначалници да почнат да урбанизираат се поголем број парцели во нивните општини за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Штом тоа ќе го направат општините, Министерството за транспрот и врски и Владата ќе објават огласи за јавно наддавање за да може секој граѓанин да лицитира земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека овие мерки заедно со мерките за продажба на земјиште по истата цена за хотели, откуп на дистрибутивни центри, за земјоделски производи и фарми, индустриски објекти, ќе овозможи голем напредок и раздвижување на економијата.

- Веќе се продадени многу парцели, се продаваат се повеќе локации за индустриски капацитети што значи дека ваквите одлуки се поттик граѓаните и фирмите да инвестираат да градат и создаваат, додаде Груевски.

Тој, како што рече, верува дека ќе има противници на оваа одлука, но додаде дека ним ќе им порача дека државата има поголема добивка доколку се гради и создава, бидејќи така се создаваат нови вредности, а со тоа и нови работни места.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drzavno-gradezno-zemjishte-ke-se-prodava-po-pochetna-cena-od-edno-evro-za-kvadrat
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Nov-2010 at 01:17
Помало зло од досегашната пракса каде сите требаше да се правиме мутави кога наддаваа татковци и синови, кумови и кумашини, зетови и балдази... Барем да бидеме колку-толку на чисто...

Ама ме интересира како е ова решено во посредени држави. Дали и каква контрола има за театрални лицитации? Сигурно има многу држави каде не е регуларна продажба со еден заинтересиран, а од друга страна потенцијалните намештаљки треба некако да се спречат или барем да се отежнат во разумна мерка.

Лицитација со само еден лицитант

Државните парцели ќе можат да се продаваат во иднина доколку на лицитацијата има и само еден учесник. Тоа значи дека ќе биде доволно лицитантот само еднаш да ја крене цената со таканаречено едно чекорно наддавање. Оваа владина одлука веќе е стапена во сила како измена на уредбата со која се регулира постапката за отуѓување на државното земјиште.

Токму поради присуство на само еден учесник, вчера беше поништена лицитацијата за плац наменет за изградба на базен во општината Аеродром. За неа не важи новата изменета уредба, туку старите правила за јавните наддавања, бидејќи постапката е спроведена пред да стапи во сила измената.

Инаку, изменетата уредба на инвеститорите на хотели на отуѓени државни парцели сега им дава рок од 1 година да ја обезбедат градежната дозвола, период, кој, практично, е подолг од досега пропишаниот. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD729EECC0501A478D6DBD0F625AEEF9

Edited by Cloverstack - 20-Nov-2010 at 01:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2010 at 17:25
Територијална поделба за град Скопје и "Би било логично" не ги ставај во исти пост, најмалку во иста реченица. LOL

Нема ништо логично, очигледно е дека ниедна инстанца нема така лесно да се одважи од моќта со цел ефикасен закон. Тоа си е така со распределбата на моќта што веќе сме си ја поставиле со други закони. Скопје го управува дво-домен парламент со племенски совет од единаесет градоначалници и така ќе се провлекува по сите закони. Додека ова суштествено прашање не го решиме, понатака се е последица.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.074 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.