build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Приватизација/откуп на државно градежно земјиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Nov-2010 at 16:11
Originally posted by build.mk

Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со државното градежното земјиште

Ова не ми е јасно. Кој ќе биде надлежен за земјиштето на територија на град Скопје??? Би било логично тоа да се општините, а градот да добива процент од собраните средства. Но збунува оваа формулација која како да сугерира дека и градот ќе стекне надлежност. Како може тоа, со оглед на фактот дека градот (административно) нема некоја одделна територија, туку неговата територија се состои од териториите на општините кои влегуваат во негов состав?


Edited by Cloverstack - 18-Nov-2010 at 16:12
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-Nov-2010 at 14:47
Од 2011 државното градежно земјиште треба да премине во раце на општините

Владата го усвои текстот на Предлог законот за градежно земјиште и истиот ќе биде предложен до Собранието на Република Македонија. Со него се предвидува од 01.07.2011 година, единиците на локална самоуправа кои ги исполнуваат условите, да управуваат со градежното неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија. Со тоа процесот на отуѓување и давање под закуп, кој во моментот го води Министерството за транспорт и врски, ќе се префрли на локално ниво, во самите општини.

Голема придобивка од овој закон ќе биде тоа што на едно место (по принципот на едношалтерски систем), во единиците на локална самоуправа, заинтересираните домашни и странски инвеститори ќе можат да ја остварат целата постапка околу купување и закуп, добивање на локациски услови и одобрение за градење, па се до моментот на реализација на урбанистичката планска документација, односно изградба на предвидените објекти на тоа земјиште согласно важечките планови.

Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со државното градежното земјиште:

•да имаат изготвено и усвоено едногодишна програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија

•да имаат потребен број на вработени лица кои поседуваат овластување

•да имаат формирано Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање

•да имаат воспоставено електронскиот систем за јавно наддавање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

Неопходниот број на вработени лица кои поседуваат овластување во оваа сфера изнесува најмалку две лица за општини кои имаат до 20.000 жители, три лица за општини кои имаат од 20.001 до 40.000 жители; четири лица за општини кои имаат од 40.001 до 80.000 жители и пет лица за општини кои имаат повеќе од 80.001 жители. Заради следење, остварување и унапредување на начинот на вршење на работите за располагање со државното градежно земјиште, се основа и Комитет за градежното земјиште сопственост на Република Македонија како советодавно и координативно тело.

За службените лица во единиците на локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски кои ќе сторат прекршоци и неправилности во процедурите, предвидени се глоби од 500 до 4.000 евра во денарска противредност.

Во изработката на Предлог законот активно учество имаше ЗЕЛС, градоначалниците и претставници на општините,  претставници на бизнис секторот, УСАИД, а текстот повеќепати беше предмет на јавни дебати. Исто така беа консултирани голем број на институции: Министерство за правда, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Државно правобранителство на Република Македонија, Секретаријат за законодавство, Дирекција за технолошко индустриски развојни зони, Државна комисија за спречување на корупција, Агенција за катастар на недвижности, а предлозите и забелешките од истите во најголем дел се вградени во законот.


http://www.build.com.mk/?p=5689


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 15-Sep-2010 at 20:37
Државата ќе продава градежно земјиште за стопански објекти и за хотели по почетна цена од едно евро gradezno-zemjiste.w-400.jpgСкопје - Почетната цена на јавните наддавање за продажба на градежно неизградено земјиште на кое според деталните урбанистички планови е предвидена изградба на објекти за индустрија и стопанство и за хотели, ќе биде евро за метар квадратен на територијата на целата држава.
- Таква одлука донесе Владата на вчерашната седница, со цел да се стимулира БДП и нови вработувања, како и развој на туризмот, информира денеска на прес-конференција миистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески одговарајќи на новинарски прашања.

Локации со земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти има во општина Ѓорче Петров, во индустриската зона Жабени во Битола, како и во Валандово. Јанакиески најави дека во соработка со општините и останатите надлежни институции штом ќе бидат создадени можности сите останати локации со таква намена ќе бидат ставени на продажба преку јавно наддавање.

Во однос на процесот на гасификацијата министерот за транспорт очекува во првиот квартал од наредната година да бидат готови проектите.
- Во меѓувреме во соработка со Министерството за финансии контактираме со повеќе меѓународни банки за обезбедување финансии за почнување на изградбата во текот на наредната година, информира Јанакиески и додаде дека е во финална фаза решавањето на клириншкиот долг со Русија, од кои наjголем дел од средствата ќе бидат искористени за гасификацијата. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2587&Itemid=125
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Sep-2010 at 17:37

Градежното земјиште за индустриски објекти по цена од 1 евро за метар квадратен

Владата на вчерашната седница одлучила неизграденото земјиште на кое според Деталниот урбанистички план треба да никнат индустриски и стопански капацитети кои ќе ја стимулираат економијата и ќе отворат нови работни места да го даде на потенцијалните инвеститори за симболична цена.

Мерката која треба да стапи на сила деновиве ќе важи и за изградба на хотели, бидејќи поради високите цени на голем број огласени локации досега никој не се јавувал, вели премиерот Груевски.

- Тоа е драстично намалување на почетната цена, но не значи дека цената ќе биде и финална. На некои атрактивни локации ќе има крупни наддавања и цената веројатно ќе биде повисока, но на понеатрактивните локации каде досега немаше интерес или им беше прескапо на потенцијалните инвеститори, сега ќе имаат можност преку симболична цена да дојдат до земјиште на кое ќе можат да изградат фабрика и да вработат луѓе - вели Никола Груевски, премиер на РМ.

Министерот за транспорт и врски, Јанакиески најави дека во соработка со општините и другите надлежни институции, сите локации во државата наменети за изградба на фабрики и други индустриски објекти ќе бидат ставени на продажба преку јавни наддавања.

- Локации со земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти има во општина Ѓорче Петров, во индустриската зона Жабени во Битола, како и во Валандово - вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Властите очекуваат дека оваа мерка ќе ги стимулира домашните инвеститори да вложуваат и да градат во овие индустриски зони, бидејќи со пристапните цени ќе бидат рамноправни со странските бизнисмени.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/gradeznoto-zemjishte-za-industriski-objekti-po-cena-od-1-evro-za-metar-kvadraten
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Sep-2010 at 11:09

Милијарди евра или трошки за општините


Во Агенцијата за катастар на недвижности се евидентирани 90.330 парцели на државно градежно земјиште со кои во иднина ќе управува локалната самоуправа

 
 
%20  
Капитал тежок од неколку стотици до неколку милијарди евра ќе добијат општините како наследство од државата со новиот закон за управување со градежното земјиште, кој најскоро треба да биде изгласан од Собранието.

До денеска се очекуваат забелешките од страна на релевантните институции, по што законот ќе биде доставен до Владата, велат од Министерството за транспорт и врски. Со трансферот на надлежностите за управување со градежното земјиште, општините се надеваат да привлечат повеќе инвеститори и да изградат цели нови станбени и бизнис-квартови, со што целосно ќе се смени ликот на населените места.

И додека дел од градоначалниците задоволно тријат раце, други изразуваат сомнение дека до стапување во сила на новиот закон (една година по донесувањето) централната власт ќе го распродаде најатрактивното земјиште и за нив ќе останат само непривлечните локации.

- Може ќе се опариме, а може и да се попариме - додаваат тие.

Од Агенцијата за катастар на недвижности ни изјавија дека во нивната база на податоци се евидентирани вкупно 90.330 парцели на државно градежно земјиште со вкупна површина од 148782916 квадратни метри или 14878 хектари. Со новиот закон целото ова градежно земјиште ќе премине во надлежност на општините. Ако овие површини се претворат во пари, според пазарните услови, се добиваат суми од неколку десетици милијарди евра. Произлегува дека градежното земјиште во моментов е најсилниот економски адут со кој располага државата. Така, доколку целокупното државно градежно земјиште се продаде по симболична цена од само 10 евра за квадратен метар, општините ќе инкасираат 1,4 милијарда евра. Кога пак продажната цена би била 100 евра за метар, се добиваат фантастични 14,8 милијарди евра. За некои од атрактивните локации во главниот град досега беше постигната цена и од над 500 евра за квадратен метар, што значи и многу повеќе пари за општините. Сепак, се чини дека најразвиените општини и најмногу ќе заработат, бидејќи во руралните области или нема значителни површини на државно градежно земјиште или неговата цена е многу ниска.

Во Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека во првите шест месеци од годинава се објавени 106 огласи за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, од што во државната каса влегле 169.555.280 денари или 2,7 милиони евра. Од овие средства 80 отсто се слеваат во буџетот на општините, каде што се наоѓа земјиштето, а 20 отсто во буџетот на државата.

- До крајот на 2010 година предвидено е да бидат распишани јавни објави за отуѓување на неизградено градежно земјиште. Меѓу нив поатрактивни локации се земјиштата предвидени за изградба на бензинска пумпа и хотел во општината Штип, хотели во општината Аеродром, Охрид и Крушево, како и хотелски комплекс во Битола, на граничниот премин Меџитлија - велат од Министерството за транспорт и врски.

Од локалната самоуправа сметаат дека е неприфатливо законот да стапи во сила речиси една година по усвојувањето, бидејќи во тој временски период централната власт ќе ги продаде сите атрактивни локации и за нив нема да остане многу.

- Не се согласувам по една година да се спроведува законот. Рокот треба да се скрати - вели Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

Градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски, проблемот со градежното земјиште не го гледа во одземањето на овластувањата една година по усвојувањето на законот, туку во неподготвеноста на општините да управуваат со него.

- И во 2005 година кога беше децентрализацијата, не бевме подготвени за тој процес, но сепак влеговме. Можеби ќе ни требаат 5-6 месеци за усовршување на администрацијата, но веруваме дека успешно ќе менаџираме со оваа надлежност - смета Трајановски.

Од ЗЕЛС нагласуваат дека иако барале право на сопственост над земјиштето, добиле само право да управуваат со него. За дел од единиците на локалната самоуправа проблем е и немањето детални урбанистички планови, што го поврзуваат со недостигот на финансиски средства.

Од Министерството за транспорт и врски нагласуваат дека откако општините ќе почнат да управуваат со неизграденото градежно земјиште ќе се воведе принципот на извршување на сите административни активности на едно место, што претставува огромна придобивка.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9131010126&id=10&prilog=0&setIzdanie=22081
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Jul-2010 at 18:03
„Има одредби кои велат дека државата може во секое време во било која фаза од постапката за продажба или закуп може да интервенира и да го земе предметот без никакво објаснување зошто е тоа така“.
Така и треба!!! Не е ова ни античка Грција со полиси ниту па Швајцарија со Кантони!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Jul-2010 at 16:19

Општините ќе располагаат со државното земјиште

Од идната година најверојатно општините ќе располагаат со државното земјиште. Во фаза на подготовка е законот кој ќе овозможи единиците на локалната самоуправа да управуваат, но и да го продаваат неизграденото земјиште што е во сопственост на државата.

„Кога ќе почна да управуваат со земјиштето, ќе носат и урбанистички планови, ќе привлекуваат инвестиции, што ќе им даде можност да градат цели нови населби“- изјави Миле Јанакиески, министер за транспор и врски.

Неколку месеци ќе трае обуката на општинската администрација за новите надлежности.

„И во 2005 кога беше децентрализацијата не бевме баш подготвени но сепак влеговме, може ќе ни требаат едно 5,6 месеци за усовршување на администрацијата но веруваме дека успешно ќе менаџираме со оваа надлежност“ –изјави Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје.

Цените за закуп или продажба на земјиштето ќе ги одредуваат самите општини но ќе мора да бидат одобрени од Министерството за транспорт и врски. Општините сепак имаат одредени забелешки за законот.

„Има одредби кои велат дека државата може во секое време во било која фаза од постапката за продажба или закуп може да интервенира и да го земе предметот без никакво објаснување зошто е тоа така“- изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Парите од менаџирањето со земјиштето ќе одат во локалните буџети. Предлог на општините е да ја добиваат целата сума. Сега 80 проценти одеа во буџетот на Општините, 20 проценти во државната каса.


Соња Јованова
26.07.2010, 15:34

http://www.time.mk/read/9b22d6464d/9ae3764c2d/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Jul-2010 at 15:50

На лицитација 20 илјади квадрати неизградено државно земјиште


Најголем дел од земјиштето наменет за комерцијално-деловни објекти

 
 
%20  
Министерството за транспорт и врски за овој месец најавува навистина жешко време, ако се суди според бројот на закажаните јавни наддавања на кои ќе бидат понудени многу атрактивни парцели државно неизградено земјиште. На продажба се нудат вкупно 17.924 метри квадратни државно неизградено градежно земјиште во неколку скопски општини, а почетната цена на земјата во зависност од локацијата ќе се движи од 1.800 до 6.600 денари за квадрат. Најголем дел од предвидените објекти што ќе се градат на ова земјиште се од комерцијално-деловен карактер.

%20Во општината Центар државата ја нуди на продажба локацијата спроти Домот за деца без родители на улицата Васил Ѓоргов бб. Според Деталниот урбанистички план за овој дел од населбата Капиштец од 2004 година, на просторот е предвидено да се гради деловен објект, катна гаража. Плацот има површина од 1.735 метри квадратни, а за градење се дозволени 1.017 квадрати. Почетната цена за квадрат е 6.600 денари, а пријавите за учество треба да стасаат во Министерството најдоцна до 16 јули. Јавното наддавање е закажано за 23 овој месец.

Најголемиот плац што ќе биде продаден во текот на месецов се наоѓа во општината Аеродром, каде што според ДУП за „Јане Сандански“ на површина од 11.972 квадратни метри се предвидува изградба на хотел. Наддавањето е закажано за 6 јули, а почетната цена е 6.000 денари.

Во општината Гази Баба, ќе се лицитира плац за изградба на семејна куќа. Градежната парцела има вкупна површина од 213 квадрати, а се наоѓа во населбата Маџари, урбан блок 3. Почетната цена за квадратот е 1.800 денари. Право за лицитирање имаат и физички и правни лица. Во Гази Баба се нуди и државно земјиште наменето за изградба на големи трговски единици. Според Деталниот урбанистички план, како и одлуката од советот на општината, се предвидува овие 4.004 квадратни метри да се претворат во трговски објекти. Површината за градење е 1.949 квадрати со висина на објектите од девет до 13 метри од заштитниот тротоар до венецот на врвот. Почетната цена на земјиштето е 6.000 денари за метар кавадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може за да се доставуваат најдоцна до 14 јули, во Министерството за транспорт и врски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72101039147&id=14&prilog=0&setIzdanie=22023
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 11-Apr-2010 at 19:19

Државното градежно земјиште ќе биде во сопственост на општините

Општините ќе бидат сопственици на државното градежно земјиште. Од почетокот на идната година, тие ќе одлучуваат по која цена ќе го продаваат и што ќе се гради на него.
- Општина Велес има неколку пати објавено преку Министерството за транспорт и врски јавен повик за продажба на градежно земјиште, меѓутоа заради високата почетна цена, немаше доволен интерес - изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.
 
- Имавме многу заинтересирани инвеститори, но поради овие законски пречки и процедури ние губиме инвеститори - изјави Фати Исени, градоначалник на Студеничани.
 
За реализација на проектот, општините треба да ги запишат градежните парцели кои досега беа во државна сопственост. Тоа е сложен процес, кој освен луѓе бара и технологија. Потребниот компјутерски софтвер ќе го донира UNDP.
 
- Подготвивме софтверско решение со кое ќе и помогнеме на општината да го евидентира земјиштето кое треба да го управува, во смисол да го забрза локалниот економски развој - изјави Розалинда Василевска од UNDP.
 
Во првата фаза од реализацијата на проектот се вклучени и општините Прилеп, Охрид и Сопиште. Надлежните сметаат дека со добивањето на градежното земјиште, значително ќе се подобри економската состојба во општините.                                                                                                                                              http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drzavnoto-gradezno-zemjishte-ke-bide-vo-sopstvenost-na-opshtinite 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 12-Mar-2010 at 00:15
На продажба бројни државни локации во повеќе општини

Министерството за транспорт и врски деновиве објави повеќе огласи за отуѓување на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Во Велес се продаваат девет градежни парцели за мало стопанство, дел од „Комплекс УЗУС Велес“. Парцелите се со големина помеѓу 679 и 867 метри квадратни, а почетната цена е 700 денари за квадрат. Во Зрновци, за иста намена се продаваат осум парцели помеѓу 1169 и 1697 метри квадратни, со почетна цена од 300 денари. Во општина Василево се продава земјиште за бензинска пумпа кај село Градашорци со површина од 7226 метри квадратни и почетна цена од 500 денари. Министерството продава и парцели за индивидуално домување во Виница и Прилеп, како и парцели за викенд куќи во општина Македонски Брод, предвидени со ДУП за село Здуње Блок 1.

http://www.build.com.mk/?p=2246
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Dec-2009 at 15:12

за рушење тешко но и тоа е поентата, да бидеш правно осигуран дека никој нема да може да те заобиколи, на некој начин убаво кажа досега пример во случај на некаква експропријација на тоа земјиште станарите може само спогодбено нешто да издејствуваат (да им го поправат плочникот пред влез) додека сега комотно можат да се пазарат со оној кој сака да го користи или откупи тоа земјиште!

е сега јасно се знае дека без можност во дуп  и согласност на повеќето станари пример ни зградата не може да се доградува, па и дискутабилно е колку веднаш ваквата инвестиција е исплатлива, но како што наведува премиерот може да се третира како залог за идните генерации, иако реално и сега може да се експлоатира како земјиште на кое ќе се изнајмува пример простор за рекламни паноа, а може да и од привремени објекти да се профитира доколку за тоа некој има интерес и воедно истата појава е дозволена во општината, киосци, тезги итн. така и општината топ и станарите камен за одржување фасади...              

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-Dec-2009 at 14:55
А што еве да речеме дека сите сопственици пропорционално го имаат одкупено имотот. И после да речеме решат дека сакаат да ја урнат колективната зграда и да изградат нова. Ипак ќе треба да оди консензуално со стопроцентна согласност. Ако барем еден не сака тогаш е загалвено, пошто неможе никој да те примора да потпишеш да го урнеш својот стан, освен ако се работи за некојаекспрпријациа па со решение од суд ако не е работата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 28-Dec-2009 at 12:19


на хартија да, во пракса... незнам... Ние сме рекордери во имање регулативи и закони, каскаме во спроведувањето. Не верувам дека нешто драстично би се сменило.

Еве да видиме баш колку ќе се спроведе законот за пушење после нова година на пример .
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 28-Dec-2009 at 12:15

 

Originally posted by pbanks

но многу е битно и сопствеништвото на земјиштето под зградата.

јасно долгорочно земено и тоа е случај, но пред се доколку решат пример дотраен објект да му продадат на некој инвеститор кој на тоа место ќе изгради нешто ново и подобро, а со тоа и тие ќе бидат квалитетно ситуирано

но пред се ваквиот посед значи и поголема одговорност за сопствениците, од чистење снег и канализација па се до партерно уредување и фасадирање, досега ова беа обврски на општината и ЈП-ата бидејќи стануваше збор за општествено земјиште што значи сега истите ќе се грижат само за главните водови пример или само за јавните пвршини но не и за самите згради кои ќе мора сами да се снаоѓаат, што и досега беше случај, но сега тоа е и правно регулирано 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 28-Dec-2009 at 12:09

Originally posted by lslcrew

Добро а како е ова регулирано кај новоизградените станови?! Со купување на стан се добива соодветен дел од земјиштето како учинок или на крај кога ќе се распродадат становите постои некоја заврзлама земјитето да остане у сопственост на инвеститорт и да се доведе до некоја правна пат ситуација?! Има ли можност за некои вакви злоупотреби?!

можност за злоупотреби нема и сопственоста се префрла од продавачот на купувачите, односно сите имаат учество во катастарската евиденција и врз основа на таа добиваат имотен лист, со кој потоа можат да бркаат хипотеки, надградби, доградби итн., досега ова беше покривано само со поседовен лист и врз основа на него се подигаше хипотека но од друга страна обврските кон општината квалитетно изостануваа и само колективно имаа одговорност станарите односно куќниот совет

Прашање: Имам поседовен лист, но истиот не ми го признаваат како валиден документ со кој можам да ја докажам сопственоста врз мојот имот. Што е разликата меѓу поседовен и имотен лист?
Одговор: Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон. Имотниот лист содржи податоци за: катастарските парцели, зградите и посебните делови од зградите и други објекти, носителите на правата на недвижностите, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правната основа на запишување, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувања и прибележувања. Во поседовниот лист се содржани податоци за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште, и истиот не е доказ за запишаното право на сопственост.http://www.katastar.gov.mk/mk/Faq.aspx
заврлами имало досега но тоа беше заради корупцијата и несредената еведенција во катастарот, сега вече не би требало да има вакви проблеми бидејќи базата на податоци е дигитализирана, односно потешко е да се манипулира со електронскиот катастар каде секој во секое време има увид за што, кога и дали има промена во сопственоста 

е сега како оди цел овој процес и мене не ми е познато, односно како точно оди записот во катастар, дали секој стан си има поединечен упис или тоа оди на заеднички лист тоа незнам!


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 28-Dec-2009 at 11:54


Мах, не се работи само за управување на дворното место околу зградата (уредување, оградување итн како што велиш), но многу е битно и сопствеништвото на земјиштето под зградата. Со сегашните услови многу од зградите лебдат во воздух или пак на земјиште кое не им припаѓа на станарите. Тоа значи дека ако удри еден земјотрес и падне една зграда, нејзините станари немаат право повторно да градат на тоа место ниту имаат било каква основа да претендираат на таа локација бидејќи земјиштето не е нивно.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 28-Dec-2009 at 11:45

земјиштето досега беше општествено а за многу згради од минатото нема ни градежна дозвола, најверојатно за ова да се испегла во општина станарите треба овој процес да го поминат, не е нешто скапо ниту невозможно тешко, но исто мислам дека со ова и се отвора простор зградите односно граѓаните во нив да понесат одговорност за фасадите пример и евентуално пеналите штоби следеле доколку истите не се одржуваат, тука исто се и надградбите и проширувањата... просто не е мозможно само заради полнење буџет оваа улсуга да е достапна, особено не доколку еден квадрат чини 1 евро, ајде да беше како што е за класичен откуп каде во зависност од местоположбата и категоризацијата муабетот тера и над 3000 ден квадрат па да рече човек целта е полнење буџет но со едно евро за вкупно 5000 стана тоа е смешен изговор

според изјаваите на премиерот станува збор само за можност за стопанисување со земјата околу своите онјекти кои за тоа имаат услови, во основа ова значи да можеш односно имаш право дворот да си оградиш, уредиш или го користиш за некоја активност, приимер правење скара абез притоа да ти дојде комунална инспекција, добро карикирам незнам дали воопшто е дозволено некој во близина на згради за колективно домување да прави пикник муабети но тоа е поентата, а следствено и си ги превзема како граѓанин сите обврски кои доаѓаат со тоа право за сопственост на дворно место, кое сепак во иднина доколку стопанот од него ќе може да профитира, во случај државата или некој приватник да се реши нешто да гради... 

Дворовите ќе се откупуваат по едно евро за квадрат

Граѓаните и фирмите добија можност да го купат државното земјиште на кое имаат изградено свои објекти по цена од едно евро за квадратен метар. Новата владина мерка веднаш стапува во сила и според неа, по едно евро за квадрат ќе се продава и земјиштето под и околу колективните станбени згради, објектите за спорт и рекреација, јавните институции и земјиштето околу инфраструктурните објекти, како термоцентрали, трафостаници, водоводи и патишта. Новата мерка не се однесува на земјиштето кое се наоѓа под и околу фабриките.

Цената по која досега се продаваше државното градежно изградено земјиште беше поделена во неколку категории. Најскап беше квадратот во централниот дел на Скопје кој изнесуваше 13 евра или 800 денари. Отсега иста цена ќе важи за цела држава.
-За двор од 500 квадрати во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или за цели 5.000 до 6.000 евра помалку, односно 10 до 12 пати поевтино - објасни премиерот Никола Груевски.

Според него, предностите и користа од оваа најнова мерка на Владата се очигледни.
-Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост и изградба на пазарна економија, ќе се забрза и заокружи историскиот процес на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните конечно ќе стекнат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите, ќе можат да го стават во функција ова земјиште при земање кредит во банка, или при продажба - потенцира премиерот Груевски.

Согласно владината одлука, станарите на зградите пропорционално би го откупиле дворот на зградата што ќе им даде можност за доградба. Досега ова земјиште не можеше да биде ставено под хипотека ниту да се добие дозвола за градба за него.

Уредбата за приватизација на дворното место е донесена уште минатата година. Засега нема официјални податоци колку граѓани платиле за својот двор. Тие реагираат дека со новата владина мерка се ставени во нерамноправна положба со граѓаните кои сега многу поевтино ќе ги откупат своите дворни места. Најавуваат поведување постапка пред Уставен суд и прашуваат дали ретроактивно ќе им бидат вратени парите што претходно ги платиле.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6175AF496B1B044EAED75BC99615A6C7


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 28-Dec-2009 at 01:09
Добро а како е ова регулирано кај новоизградените станови?! Со купување на стан се добива соодветен дел од земјиштето како учинок или на крај кога ќе се распродадат становите постои некоја заврзлама земјитето да остане у сопственост на инвеститорт и да се доведе до некоја правна пат ситуација?! Има ли можност за некои вакви злоупотреби?!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 28-Dec-2009 at 00:49
ЕКСПЕРТИТЕ ЖЕСТОКО ГО НАПАЃААТ ОТКУПОТ НА ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ЗГРАДИТЕ
Дворовите одат на Уставен суд

Пазарот на недвижен имот целосно ќе колабира ако влезе во сила Законот за домување, според кој никој нема да може да го продаде станот ако не го купи земјиштето под зградата. Адвокатите сметаат дека законски не е можно сопственоста на земјиштето и на градежните објекти да биде различна и најавуваат преиспитување на уставноста на ваквото законско решение.

- Овој закон ќе направи хаос зашто 99 проценти од сопствениците на станови го немаат купено дворното место. Тоа ќе предизвика последици од правен и од економски карактер. Кај агенциите за недвижен имот ќе се одрази катастрофално на и така лошата ситуација. Ќе треба да затвориме и да отпуштаме работници зашто никој нема да пушта огласи и ќе немаме работа. Само во Скопје има околу 120 агенции за недвижен имот со по најмалку двајца вработени - вели Сашо Поп Илоски, директорот на агенцијата за недвижен имот „Хепинес“.

Тој додава дека е најтрагично што при донесувањето на законот не ги консултираат засегнатите страни.

- Пред да донесат закон треба да проверат дали е тоа можно, да ја слушнат и нашата мака. А, тие не само што воопшто не не консултираат, туку и не не информираат и ние за овие работи дознаваме преку медиумите - вели Поп Илоски.

Според адвокатката Снежана Андреевска правото на сопственост, кое дозволува продажба на имотот, не може да биде ограничено.

- Правото на располагање со сопственоста не смее да има никакви ограничувања при продажба, освен ако имотот не е ставен под хипотека или ако продавачот не е носител на правото на сопственост, како и ако сопственикот е починат, а не се регулирани наследните односи - вели Андреевска.

Таа смета дека откупот на дворното место под зградите е најголемата глупост што била донесена и со неа се лажат граѓаните дека добиваат повеќе права.

- Дворното место околу зградата треба да им се понуди на продажба на приземните станови, кои директно излегуваат и го користат ова земјиште. Во спротивно, ако тоа се подели на цела зграда ќе има повреда на правото на мирно уживање во домот зашто секој ќе може да дојде и да стави столче под прозорец на овие станови. Местото под зградата, пак, треба да им припаѓа на сите станари. За овој закон планирам да поднесам иницијатива до Уставниот суд - вели Андреевска.

Во Министерството за финансии велат дека земјиштето под зградите треба да се приватизира зашто, во спротивно, излегува дека становите лебдат во воздух.

- Кога биле градени зградите на државно земјиште, компанијата не го откупувала земјиштето од државата. Потоа дошло до приватизација на становите, но не и на земјиштето - објаснуваат во Министерството.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129964&EditionID=1902

дворното место на зградите од секогаш го користеле сите станари, би требало да е на приземјашите, но бидејќи тоа законски беше регулирано само со договор за користење на тие дворови но не и за соптвеност, доколку тој на призмје не си го средеше и оградеше дворот пред неговиот стан секој можеше да го користи што и во доста слуачаи беше реалност односно секој од другите станари можеше пример да го уреди истиот тој двор како нему што му се сака!

не е нешто опасна работава, но правно истата е недоречена, сепак за да се заведе станот во катастар треба да има имотен лист за одредена локација што е возможно да се додели доколку за истото се направи купо-продажба со државата, најверојатно ова го третираат сега законски како појава бидејќи во централниот депозитар каде се депонираат хипотеки и слични товари врз објекти тоа се мора да е објект кој има и поседовен лист што е возможно само во ваков случај! односно објектот во случајов станот доколку нема откупено земја имаме ситуација каде зградата односно станот е дивоградба... 

сепак би сакал да видам како ќе помине ова на уставен и која е адекватна алтернатива старите згради да останат дивоградба!?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 05-Dec-2009 at 05:45
Е допрва сега ќе се отфикари земјиштево по братучеди и по роднини. Чекам и сакам да дознаам у поскоро време кои ингеренции ќе останат у рацете на Министерстово за транспорт и врски?! Дали од министерството ќе правиме здружение со помалку ингеренции од ЗЕЛС?! Дали воопшто има механизам да се воведе давање амин од министерството пред воопшто да се продаде, односно освен спроведената процедура да се бара како посебен документ и согласност од министерството! Дали е ова вовед во создавање полиси! Македонија воопшто не е спремна за вакви чекори и сме можеби, да не претерам, век далеку!

И најбитната работа и аргумент кој нема да кажам поради аполитичноста на форумов, а беше прв коментар на сите со коишто имам разговарано на оваа тема. Нема да се компромитирам и да ја кажам знам дека некој подолу ќе ја спомене сигурно и се слагам со него. И оправдано е што така мислат.


Edited by lslcrew - 05-Dec-2009 at 05:47
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.