build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Лидл маркети
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лидл маркети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 14-Oct-2022 at 18:32
Од продавници не се прави економија. Само фабрики кои произведуваат нешто може да ја „дигнат“ економијата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Nov-2022 at 18:31
ЛИДЛ „ДОНЕСЕ“ 45 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗЕМЈАВА, во што ќе инвестира познатиот синџир маркети?

Познатиот трговски ланец „Лидл“ од почетокот на овој месец значително ја зголеми основачката главнина. Дека намерите за инвестиција во земајва се сериозни покажуваат преку внесот на 45 милиони евра или точно 44.500.000 евра, средства кои се запишани во основната главнина на компанијата.

Промената во Централен регистар од компанијата ја направиле на почетокот на месецов, поточно на петти ноември, а промената во ЦР е внесена на 10 ноември.

За упатените ова е знак дека компанијата ќе продолжи со намерите за инвестирање во нашата земја, и појаснуваат дека оваа сума ќе и биде повторно на располагање на компанијата, која потоа може да ги инвестира во недвижен или подвижен имот, како и да послужат за набавки на материјали, обука на вработени...

Нашите соговорници појаснуваат дека средствата што се внесени во главнината не се пари кои одат во државата, туку се средства повторно на компанијата, и средства кои ќе им бидат на располагање. Според нив, овие средства може да се искористат за инвестиции во дистрибутивниот центар кој го најави „Лидл“, но и во набавка на возила кои исто така ќе им бидат потребни, или реновирање и опремување на маркетите кои ќе ги користат, но и во набавка на роба, или пак во обуки на вработените...

Фактор веќе објави дека компанијата „Лидл“ објави огласи за вработување, при што со тогашниот конкурс се бараа кадри за шест работни позиции, меѓу кои продажен специјалис, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси... Очекувањата се дека за дел од овие работни места кои ќе ги отвори познатиот меѓународен синџир на маркети ќе следуваат обуки, најверојатно во странство.

Во пролетните месеци од годинава градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски посочи имал средба со претставниците на „Лидл“ кои се интересирале за достапни локации за отворање маркети и регионален дистрибутивен центар.

За влезот на „Лидл“ во Македонија се зборува уште од 2021 година, кога тогашниот премиер Зоран Заев соопшти дека компанијата ќе инвестира во нашата земјa 300 милиони евра, и притоа ќе има обврска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

Беше посочено дека ланецот маркети ќе откупува и земјоделски и кондиторски производи од нашето поднебје и ќе ги продава во своите маркети во земјава, но и во останатите продавници во соседството.

Меѓународниот синџир на маркети „Лидл“ има 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, а вработува над 300 илјади луѓе во светот.

„Лидл“ веќе има изградено реноме меѓу македонските граѓани, кои неизбежно ги посетуваат нивните маркети во соседните земји кога патуваат таму, а во последниве месеци зачестија и патувањата на наши сограѓани во соседството каде има нивни продавници токму со намера да „испазарат“ во „Лидл“.

https://faktor.mk/lidl-donese-45-milioni-evra-vo-zemjava-vo-shto-kje-investira-poznatiot-sindzir-na-marketi-
Carpe diem
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Nov-2022 at 12:50
Знае ли некој кога ќе ги отворат првите супермаркети?Слушнав дека некои менаџери веќе завршиле со обуката во Бугарија.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Jan-2023 at 15:21
Веќе има закупено Лидл прилично голема парцела во Маџари, долж Благоја Стевковски. Се работи за магицините на АвиоИмпекс(Интеримпекс). Јавно немаат објавено но веќе се префрлени на ниво име во катастар магацините.

Купени се по пат на јавна аукција. Се очекува тука да биде еден од првите маркети во Скопје. Оваа информација ми ја соопшти близок пријател, менаџер за раст во Лидл.

Број на парцела 91/1 / катастарска оштина Маџари. Премногу е комплицирано да се стаи слика на форумов. затоа немам ставено сц.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Mar-2023 at 16:47
Првиот „Лидл“ во Скопје на местото на „Бриколаж“

Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава и пренесува порталот Фактор.
Таму се очекува да никне првиот маркет на „Лидл“ во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на фирмата во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.

Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума.
Во февруари 2021 година „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.

https://nezavisen.mk/prviot-lidl-vo-skopje-na-mestoto-na-brikolazh/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Mar-2023 at 08:22
ОТКРИЕНА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ЌЕ НИКНЕ МАРКЕТ НА ЛИДЛ - еве во кој дел од Скопје се купени имоти, сопствениците имаат рок од уште 17 месеци

Фактор со ново откритие околу германскиот синџир маркети Лидл. Нашите сознанија говорат дека таа компанија планира да гради маркет и во скопската населба Карпош, помеѓу двете клучки кај Момин Поток.

До овие информации дојдовме од дел од компаниите од кои Лидл веќе го откупил земјиштето, и им дал рок од 18 месеци да ја напуштат локацијата. Нашите извори велат дека еден месец оттогаш веќе е поминат, и дека преостануваат уште 17 месеци до моментот кога тие ќе треба да ги напуштат своите објекти, со цел Лидл да може таму да гради еден од своите маркети.

Тоа, според нашите пресметки, значи дека изградбата на тој маркет на Лидл би почнала најрано во август 2024 година, а би завршила веројатно не порано од 2025 година. Но, она што е факт е дека маркет на Лидл таму сигурно ќе се гради.

Нашите неофицијални информации до кои дојдовме говорат дека од германскиот синџир маркети веќе ги откупиле сите поголеми имоти на таа локација, односно и од некои од фирмите, и од граѓани, на сите давајќи им период од година и половина да се иселат, бидејќи потоа ќе започнат со градба.

Конкретно од наши извори откриваме дека преговорите со сопствениците на еден од тие објекти траеле цели седум месеци, иако немаме информации која цена била постигната за неговиот имот.

Информациите до кои дојдовме се и дека луѓе вработени или ангажирани од Лидл претходно со месеци мереле на различни локации во главниот град на земјава колку возила преку нив поминуваат, и нивните мерења покажале дека токму на тоа место е најголемата фреквенција на автомобили. Од тие причини и се решиле таму да никне еден од нивните најголеми маркети, и во кој очекуваат прилично значајна посетеност.

Инаку, оваа локација е токму онаа каква што и во светот ја одбира Лидл за изградба на свој маркет, и тоа во близина на клучка, со цел на потрошувачите кои таму доаѓаат со возила да им е олеснет пристапот до маркетот. До своите продажни места овој познат германски синџир маркети секогаш води сметка да има доволно простор за паркинг, кој е бесплатен за потрошувачите што доаѓаат да пазарат во тие маркети.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Лидл веќе ја купиле локацијата на објектот „Бриколаж“ од Скопски пазар, место каде што би никнал нивниот прв маркет.

Според нашите сознанија, веќе пораснал интересот за куќите на локацијата околу објектот на „Бриколаж“, од поединци или фирми кои знаат дека таму ќе влезе „Лидл“, па очекуваат дека можеби за нив би добиле подобра цена.

За своите бизнис планови, Лидл откако влезе во земјава, не сака да споделува информации со јавноста.

https://faktor.mk/otkriena-nova-lokacija-vo-skopje-kade-kje-nikne-market-na-lidl---eve-vo-koj-del-od-skopje-se-kupeni-imoti-sopstvenicite-imaat-rok-od-ushte-17-meseci
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 999
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Mar-2023 at 10:09
Овие ќе дојдат кај нас кога веќе станаа обичен маркет и го изгубија џокерот на евтинија со кој пумпаат реноме.
Во Британија веќе разликата во цени меѓу Лидл и уште четири други маркети е буквално во пенци, а веќе прва година помина како Лидл на трета позиција по евтини цени.
А и кога ќе се спореди квалитетот со цената испаѓа многу често дека повеќе се исплати да се купува од поскапите конкуренти него ли од Лидл.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Mar-2023 at 11:23
Откако зборувавме за Лидл и две поврзани вести.
Првата е дека е завршено проширувањето на логистичката база на Lidl во Равно Поле кај Софија.Продавниците во Македонија ќе се товарат од тука.
Изградени се нови магацини од 18.000 м2, со што вкупната површина достигна 54.000 м2.






















Втората вест е дека Лидл започнува со изградба на трета логистичка база во индустриската зона Божуриште, исто така во близина на Софија.
Новата база ќе има 50.000 квадратни метри на површина од 195 декари.Предвидено е да се изградат хали за готови производи и пакувани производи со различни температурни услови, како и канцеларии, административни и технички простории.
Ова ќе биде и главната логистичка база за Македонија

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 25-Mar-2023 at 12:34
ОТКАКО ЛИДЛ ЈА КУПИ ЛОКАЦИЈАТА НА „БРИКОЛАЖ“ - сопствениците на куќите околу добија понуди да ги продадат имотите

Објавено во: Економија 21 Март, 2023



Откако Фактор ексклузивно ја објави информацијата дека германскиот синџир маркети кој ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар“, откриваме уште една интересна информација, а таа е дека влезот на Лидл во земјава го зголемил интересот за купување на околните куќи околу овој објект.

Според нашите сознанија, околу „Бриколаж“ има околу 10 до 12 куќи, и токму во последниве два-три месеци дел од нивните сопственици добиле понуди за да ги продадат. Нашите информации говорат и дека цените по кои потенцијалните купувачи сакале да ги купат куќите не биле високи, но за сопствениците било изненадувачки што одеднаш за нив расте интересот.

Според сознанијата, овие луѓе или фирми што одеднаш се интересираат за куќите во близина на „Бриколаж“ во последниве месеци, всушност начуле дека тука Лидл ќе стартува со својот прв маркет, па сакаат да ги имаат овие имоти и веројатно да извлечат подобра цена доколку за нив се заинтересираат од германскиот синџир. Или, станува збор за еден вид шпекуланти кои сакаат да купат поевтино, а потоа да продадат поскапо на Лидл, и на тој начин да остварат финансиски заработки. Не се знае колку ќе бидат успешни во ваквата своја мисија.

Инаку, Лидл откако влезе и регистрираше своја фирма во земјава, не сака да се експонира и да ги открива своите планови, па затоа официјални информации за овој синџир маркети, е многу тешко или речиси невозможно да се добијат.

Според неофицијлните сознанија, пак, тие веќе отвориле и своја канцеларија во Скопје, во просториите на една автомобилска компанија.

Инаку, во сите огласи за вработување што Лидл ги распишува во земјава, на заинтересираните им се дава на располагање само мејл адресата, но не и било каков телефонски број на компанијата.

Како што веќе објави Фактор, германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар. Таму се очекува да никне првиот маркет на Лидл во земјава. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума.Имено, со оглед на фактот дека „Скопски пазар“ е компанија која е котирана на Македонската берза, таа информација би била ценовно чувствителна информација, и би била објавена на платформата СЕИ нет на Берзата. Тогаш и ќе се дознаат повеќе детали околу трансакцијата.

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека во земјава е регистрирана подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар. Според описот, Лидл планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Во ноември минатата година објавивме дека премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи оствариле работна средба со претставници на Лидл, како од националниот тим, така и со претставници на меѓународниот управен одбор.На средбата премиерот Ковачевски изразил задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка, како што нагласил, дополнително ќе расте.

Томаш Кузма, член на Одборот на компанијата одговорен за Западен Балкан, „Лидл Интернешнл“, објаснил дека како странски инвеститор „Лидл“ високо ја цени соработката и поддршката што компанијата ја добива од Владата на Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен директор на „Лидл Македонија“, истакнал дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи му обезбедиле на „Лидл“ работни групи во неколку министерства и единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на македонскиот пазар.

Исто така, своевремено објавивме и дека Лидл веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 метри квадртни и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра.

Во април лани, пак, од Лидл имаа средба со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добиле побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода, пишуваа тогаш медиумите.

Некои информации говорат дека се купени парцели и во Кавадарци и Битола.

Н.Н.Ф.

https://faktor.mk/otkako-lidl-ja-kupi-lokacijata-na-brikolaz---sopstvenicite-na-kukjite-okolu-dobija-ponudi-da-gi-prodadat-imotite
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Mar-2023 at 12:37
Очигледно е дека истите пара-структури десктруктивни, да бидам попрецизен, месен комитет на жмро Ќерамидница, пак оперираат меѓу жителите и по ова прашање. Исто како што ја упропастија експропријацијата за булеварот, така и тука пуштаат некакви локални муабети, ветуваат некакви брзи заработки, бетер се од пирамидални шеми.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 25-Mar-2023 at 16:28
Ако се работи за куќите западно од Бриколаж, таму нема планирано ништо друго. Тој простор (освен пробивањето на ул. Перо Наков) така ќе си остане, барем засега.


Edited by Théoden - 25-Mar-2023 at 16:30
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 31-Mar-2023 at 10:45
LIDL kupil parcela ( do hotel feni ) vo Kavadarci od 10 000 m2, po cena od 1 200 000 evra.
Desno ke bide Mall-ot a levo LIDL - https://www.google.com/maps/@41.4445866,22.0089453,3a,75y,87.23h,81.51t/data=!3m6!1e1!3m4!1sAF1QipNlkiSOr3PPODY-ann7wj74Plkc7MatwNOywHsX!2e10!7i5376!8i2688


Edited by UROS - 21-Apr-2023 at 10:20
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Apr-2023 at 12:34
Tolku li nema nikoj na forumot sto e vraboten vo LIDL ili nekoj negov blisok sto e vraboten da kaze koga e vo plan da se pocne so gradba na marketite. Po brzo ke vlezeme vo Evropa nego li ovie sto ke otvorat market. Ili cekaat prvo da gi kupat parcelite vo site planirani gradovi, pa da pocnat so gradba vo isto vreme i vo isto da gi zavrsat i otvorat. Taka bese vo Srbija, vo isto vreme, isti cas se otvorile 16 marketi na LIDL.

https://www.rts.rs/lat/vesti/ekonomija/3285164/vucic-o-lidlu-lepse-izgleda-nego-u-bugarskoj.html
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 05-May-2023 at 15:41
Investicijata na LIDL vo logisticki centar vo Kumanovo pred blokada

https://faktor.mk/maksim-dimitrievski-investicijata-na-lidl-vo-kumanovo-pred-blokada
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 16-May-2023 at 11:04
Neoficijalno, LIDL ne planira da otpocne so rabota vo Makedonija pred 2025-ta. Kako sto trgnala rabotata ovie ke si zaminat od Makedonija uste ne pocnati so rabota haha. Ovo nivnoto istorijsko stana, uste od 2020ta trgnale da otvoraat marketi i nikako da otvorat. Kako da spremaat nova baza za vonzemjani ( AREA 51 ) a ne marketi upm.


Edited by UROS - 16-May-2023 at 11:24
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Online
Posts: 350
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-May-2023 at 12:14
Не вервам дека му е проблем и утре да отворат,работата не е само да го отворат туку шо ќе имат во него.Лидл за македонски пазар и за германски е разлика небо земја,не су многу запознат ама зна дека се познати по сензационална пекара со огромен квалитетен избор за пристапни цени,овде тешко да видиме такво нешто.

Ваков тип на маркети се пракса веќе низ цел свет,ама 7-Eleven во Јапонија е друга планета за било кој 7-Eleven на свето,или пак FamilyMart исто Јапонија,цели готови јадења имаш,така да најпојќе зависит од народецо шо живејт во то место,овде веројатно максимумо ќе биди некое лиснато,и чкарт албански,српски,бугарски продукти,зато не очеквам кизни шо.


Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-May-2023 at 13:33
Originally posted by Vire

.... се познати по сензационална пекара со огромен квалитетен избор за пристапни цени,овде тешко да видиме такво нешто.


Нема разлика - пекарниците се речиси секаде исти.
Австрија









Бугарија






Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 01-Jul-2023 at 17:05
Бриколаж ќе го селат на ул.Перо Наков кај Тинекс Годел негде има реклами по улицата

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 03-Jul-2023 at 17:32
„БРИКОЛАЖ“ СЕ „ПРЕСЕЛИ“ ВО ПОРАНЕШНИОТ СУПЕРТИНЕКС - дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на германски Лидл?



Брендот „Бриколаж“ се пресели во еден од објектите на скопски „Тинекс“, кој своевремено работеше како Супертинекс, но потоа долго време беше испразнет од стока и не функционираше.

Станува звор за објектот на Тинекс кој беше лоциран токму според Бриколаж.

Фактор има фотографии кои говорат за „преселбата“ на брендот Бриколаж во објектот на некогашниот Супертинекс.

А, што се крие зад ова селење, може само да се насетува или да се претпоставува.

Имено, како што веќе пишуваше Фактор во март годинава, германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“.

Таму се очекува да никне првиот маркет на Лидл во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на Лидл во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.

Дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на Лидл во земјава, или станува збор само за преселба на локацијата на Бриколаж, откако нивниот објект беше продаден, останува да се види.

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев, објави тогаш Фактор.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

https://faktor.mk/brikolaz-se-preseli-vo-poraneshniot-supertineks---dali-se-podgotvuva-teren-za-otvoranje-na-prviot-market-na-germanski-lidl
Carpe diem
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 20-Jul-2023 at 12:43
Lidl na 3-ti Avgust vo Bitola ke pocne da go gradi svojot prv market vo Makedonija. Planirano e gradeznite raboti da se zavrsat za 1 godina. Parcelata e 7895 m2

https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/imotenListKupuvanje.xhtml?idPl=1113672


https://bitolanews.mk/2023/07/20/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82-%d1%82%d1%80%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d1%9f%d0%b8%d1%80-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%bb-%d1%9c%d0%b5-%d0%b7/?fbclid=IwAR3Iw0iUTacHEHRALrHbI66hg5kLQaWl5XR9LZNfPZLhyFqE2_s3Bw6VA5s




Edited by UROS - 20-Jul-2023 at 14:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.174 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.