build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градинка во нас.Пролет-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градинка во нас.Пролет-Центар
    Posted: 13-Jun-2020 at 15:27
Општина Центар ќе гради прва самоодржлива градинка во државата







Општина Центар најави изградба на нова детска градинка во населбата Пролет. Градоначалникот Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција го претстави идејното решение за изградба на првата самоодржлива градинка на територијата на Центар и генерално во државата. Објектот ќе овозможи 70 отсто самоодржливост и енергетска ефикасност. Според проектот, новата градинка ќе биде со нето површина од 1.500 м² и ќе има капацитет за згрижување 150 деца. Објектот ќе биде лоциран во непосредна близина на ООУ „11 Октомври“, во средина со доминантно зелени површини и објекти за станбено домување.

„За првпат на територијата на Општина Центар ќе биде изградена нова самоодржлива градинка. Со проектирање на објектот во населбата Пролет, ќе добиеме детска градинка која ќе биде различна од останатите градинки и уникатна во однос на нејзината енергетската ефикасност и самоодржливост. Со овој капитален проект, Општина Центар поставува нови стандарди во грижата за најмалите и заштита на животната средина, како и за зголемување на капацитетите и подобрување на просторните и образовните услови за правилен раст и развој на децата“, изјави Богдановиќ.

На градинката ќе бидат поставени сончеви колектори, енергетска ефикасна фасада, стаклена фасада на дел од прозорите со УМ10 стандард и прочистувачи на воздух. Сите градежни материјали и вградени инсталации ќе ги задоволат стандардите во однос на конструкцијата, противпожарната безбедност, топлотната и звучната изолација, заштитата од влага и енергетската ефикасност. Енергетски ефикасната фасада ги спречува сончевите и другите негативни атмосферски влијанија, додека флот-стаклата претставуваат посебна заштита, обезбедувајќи природна светлина во најголем дел од денот.

„Ние како локална самоуправа продолжуваме со капиталните инвестиции за изградба на локалната инфраструктура. Овој проект има огромно значење за жителите на Центар, бидејќи за првпат, со изградба на нова градинка, ќе го решиме проблемот на жителите кои живеат во населбата Пролет и ќе имаат можност да ги запишат своите деца во градинка што е во близина на нивното место на живеење“, истакна Богдановиќ.

Начинот на димензионирање, содржините и капацитетот на објектот ќе бидат според Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на детски градинки и во согласност со Законот за заштита на децата.

https://24info.mk/општина-центар-ќе-гради-прва-самоодрж/
https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jun-2021 at 14:55
Населба Пролет ќе ја добие најмодерната градинка за 150 деца




По изградбата на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, Општина Центар продолжува со реализација на уште еден капитален проект, а тоа е изградба на градинка во Пролет која ќе биде најмодерна во Македонија.

Детската градинка е предвидена да биде со капацитет за околу 150 деца, организирани во девет занимални, по возрасни групи.

Како што информираше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, локацијата на оваа градинка е во централното градско подрачје, со густа населеност, со аголна поставеност и граничи со собирната улица „Никола Карев“ и станбената улица „Мирче Ацев“.

– Со оглед на тесната локација при процесот на проектирање, посебно се внимаваше да бидат задоволени сите услови предвидени за детски градинки, а воедно да се почитуваат и побарувањата на инвеститорот. Локацијата е приклучена на постојната инфраструктура – објасни Богдановиќ.

Детската градинка ќе биде на приземје и еден кат со вкупна површина од 2.760 квадратни метри. Во отворениот дел обезбедено е 20 проценти зеленило од градежната парцела каде ќе можат децата од 2 до 6 години, кои ќе бидат сместени во приземјето во 5 занимални, да излезат во дворот каде е предвидена урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки, лулашки, мостови), до кои можат да пристапат и децата со попреченост во движење.

На катот се сместени четири јасли, групирани по две занимални и заеднички простор за санитарен дел, ќе има и галерија и тераса. На катот е сместен и делот за администрација, каде се предвидени просторија за раководител, сала за состаноци, просторија за благајник и сметководител со свој санитарен дел.

Во подрумскиот дел е сместена и централната кујна која е во функција само за потребите на градинката, додека во приземниот дел сместена е помошна кујна која служи само за миење на садови. Освен тоа, обезбеден е и паркинг-простор со контролен пристап преку рампа во објектот.

Како што истакна Богдановиќ, изградбата на градинката ќе започне во јули, а ќе чини 133 милиони денари без ДДВ.

https://www.vecer.press/населба-пролет-ќе-ја-добие-најмодерна/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jun-2021 at 13:16
ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ГРАДИНКА, СТАРИОТ ДУП ПРЕДВИДУВАШЕ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Општина Центар во јули ќе стартува со изградба на градинка во населба Пролет. На местото каде што со претходниот план се предвидуваше изградба на деловен објект, со измените сега е нацртана маркичка за градинка. Како што кажа градоначалникот Саша Богдановиќ во оваа населба досега немало градинка и со овој проект ќе се реши проблемот на жителите.

Според проектот градинката ќе има подрумски простор, приземје и 1 кат, со вкупна нето површина од 2.760 метри квадратни и најголема бруто површина за детска градинка во државата, од 3.276 метри квадратни, односно по 21 метар квадратен по дете.

„Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити. Надворешното игралиште е инклузивно и до него можат да пристапат и деца со попреченост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа“, изјави на денешната презентација на проектот градоначалникот Саша Богдановиќ.

Изградбата на градинката ќе чини околу 2 милиони евра обезбедени од буџетот од Општина Центар

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-naselbata-prolet-opshtina-tsentar-pochnuva-so-gradba-na-gradinka-stariot-dup-predviduvashe-deloven-objekt/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Jun-2021 at 13:18
Рендери од градинката во населба Пролет





https://www.facebook.com/Јагода-Шахпаска
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2021 at 11:32
Градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет, во Општина Центар



На местото на поранешната урбана заедница, каде според минатиот ДУП, требаше да никне деловен објект, со новиот ДУП јавниот интерес е заштитен и Пролет ќе ја добие првата детска градинка.
На површина од 3276 м2, на приземје со 2 ката, ќе никне една од најмодерните детски градинки, со инклузивен карактер, еколошка, енергетски ефикасна, каде првите чекори во воспитно-образовниот процес ќе ги направат 150 дечиња од овој дел на општината.
Со градежните работи ќе започнеме на крајот на месец октомври за веќе во 2023-та година, дечињата да можат да влезат во нова, современа и квалитетна детска градинка.

https://www.instagram.com/opstinacentar/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2021 at 14:09
Локацијата треба да е оваа:
41°59'20.99"N
21°26'30.63"E



Edited by Théoden - 21-Sep-2021 at 14:10
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Sep-2021 at 14:12
Да тоа би требало да е локацијата,треба да се руши еден објект и на негово место да се одвива градбата

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Oct-2021 at 06:50
Започнавме со првите подготовки за изградба на најголемата детска градинка во населбата Пролет во Општина Центар.
На површина од 3276 м2 ќе се изгради нова и најмодерна градинка, која што ќе биде со инклузивен карактер, еколошки одржлива и со енергетско ефикасна фасада.

Објектот ќе биде изграден по сите стандарди за квалитет, а од општинскиот буџет ќе бидат обезбедени 154.243.997 денари.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-May-2022 at 14:40
Тука се чини наскоро ќе почнат со градба,стариот објект е веќе празен и спремен за рушење

Еве неколку денешни фотки









Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jun-2022 at 16:53
Во понеделникот го срушија белиот објект,теренот се расчистува

------------------------------------------------------------------------------
Со една година задоцнување ќе почне изградбата на градинка во населбата Пролет

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период.

Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено место.

„Градинката во Пролет ќе биде една убава, модерна градинка, на површина од 3270 метри квадратни, каде што ќе можат да се сместат околу 150 наши дечиња од Општина Центар. Една од помодерните градинки во државата, нешто слично како основното училиште ‘Киро Глигоров’, отворено пред неколку години“, рече Герасимовски во гостувањето.

Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидено е во состав на објектот да има урбана градина со сандаци со песок и земја и детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа, а концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра.

Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, кој ќе биде во рамки на надлежност на ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти.

Градежните работи се предвидени да започнат во текот на месецот, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар.

Изградбата на оваа градинка се најавува од поодамна. Имено, претходниот градоначалник на Центар, Саша Бограновиќ, почетокот на изградбата на градинката го најавуваше за јуни 2021 година, но тоа не се случи. Претходно пак, на тоа место се планираше изградба на деловен објект, но со измените на планот се нацрта маркичка за градинка.

https://nezavisen.mk/so-edna-godina-zadocnuvanje-kje-pochne-izgradbata-na-gradinka-vo-naselbata-prolet/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jun-2022 at 10:41
Теренот е расчистен,наскоро ќе почнат со ископ на темели.

Поставена е инфо табла

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Jun-2022 at 12:39
За новата градника во Центар ќе се сечат четири дрва за да потоа се насадат 20 нови

Четири дрва ќе бидат исечени за да се ослободи просторот за почеток на градба на новата градинка во наслбата Пролет, соопшти денеска скопската општина Пролет. Наскоро треба да почне градбата на детска установа на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со што ќе биде една од најголемите детски градинки во државата.

-Во наредните денови ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на општината ќе отстрани 4 дрва (2 копривки, липа и софора), со кои ќе се ослободи простор и ќе се овозможи изградба на градинката. Дополнително, со помош на специјална механизација, ќе бидат пресадени уште 4 јасени во парцелата на која ќе се гради градинката. На местото на отстранетите дрва ќе бидат засадени нови 20 високо калемени садници од видот Јавор и друг вид на средно и ниско зеленило кое на просторот околу објектот на градинката ќе му даде нова свежина и нов лик, се наведува во информацијата.

По завршувањето на градежните активности поврзани со новата градинка, ќе се добие зелена површина на околу 2.000 метри квадратни, со што општината ќе заштити животната средина, а овој простор ќе стане ново зелено катче во населбата Пролет.

Детската градинка, која наскоро ќе започне со изведба, е првата целосно нова градинка која ќе се гради во Општина Центар по повеќе од 50 години, прва воопшто во населбата Пролет.

https://skopskoeho.mk/za-novata-gradnika-vo-centar-kje-se-sechat-chetiri-drva-za-da-potoa-se-nasadat-20-novi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Jul-2022 at 12:07
Почнуваме една нова приказна за најмладите - започна изградбата на првата детска градинка во населбата Пролет.
Изградбата ќе чини 154.243.997 денари, средства од Буџетот на Општина Центар. Новата градинка „Пролет“ ќе има подрумски простории, приземје и еден кат, со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. На површина од 3276. м2, оваа градинка ќе биде најголема детска градинка во државата.



https://www.facebook.com/gerasimovskig
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Jul-2022 at 11:59
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Jul-2022 at 11:23
Веќе се врши ископ на темели

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Sep-2022 at 12:47
Денешни







Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Oct-2022 at 16:56
Денес

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Dec-2022 at 14:08
Денес





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Jan-2023 at 14:27
Денешна



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Feb-2023 at 13:05
НАПРЕДУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКАТА “ПРОЛЕТ“, 40 % СЕ ВЕЌЕ ГОТОВИ.
Со капацитет за 150 дечиња во 9 занимални градинката ќе понуди најсовремени услови за згрижување на децата од населбите Пролет и Маџир Маало. На површина од 3.276 метри квадратни на две нивоа и капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални градинката ќе понуди најсовремени услови за предучилишно воспитание и образование.
Покрај внатрешните содржини меѓу кои просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата, градинката ќе располага и со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето.
Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу околу 2,5 милиони евра.



https://www.facebook.com/photo/?fbid=580780794062367&set=pcb.580780944062352
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.