build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градинка во нас.Пролет-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градинка во нас.Пролет-Центар
    Posted: 10-Jun-2021 at 14:55
Населба Пролет ќе ја добие најмодерната градинка за 150 деца




По изградбата на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, Општина Центар продолжува со реализација на уште еден капитален проект, а тоа е изградба на градинка во Пролет која ќе биде најмодерна во Македонија.

Детската градинка е предвидена да биде со капацитет за околу 150 деца, организирани во девет занимални, по возрасни групи.

Како што информираше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, локацијата на оваа градинка е во централното градско подрачје, со густа населеност, со аголна поставеност и граничи со собирната улица „Никола Карев“ и станбената улица „Мирче Ацев“.

– Со оглед на тесната локација при процесот на проектирање, посебно се внимаваше да бидат задоволени сите услови предвидени за детски градинки, а воедно да се почитуваат и побарувањата на инвеститорот. Локацијата е приклучена на постојната инфраструктура – објасни Богдановиќ.

Детската градинка ќе биде на приземје и еден кат со вкупна површина од 2.760 квадратни метри. Во отворениот дел обезбедено е 20 проценти зеленило од градежната парцела каде ќе можат децата од 2 до 6 години, кои ќе бидат сместени во приземјето во 5 занимални, да излезат во дворот каде е предвидена урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки, лулашки, мостови), до кои можат да пристапат и децата со попреченост во движење.

На катот се сместени четири јасли, групирани по две занимални и заеднички простор за санитарен дел, ќе има и галерија и тераса. На катот е сместен и делот за администрација, каде се предвидени просторија за раководител, сала за состаноци, просторија за благајник и сметководител со свој санитарен дел.

Во подрумскиот дел е сместена и централната кујна која е во функција само за потребите на градинката, додека во приземниот дел сместена е помошна кујна која служи само за миење на садови. Освен тоа, обезбеден е и паркинг-простор со контролен пристап преку рампа во објектот.

Како што истакна Богдановиќ, изградбата на градинката ќе започне во јули, а ќе чини 133 милиони денари без ДДВ.

https://www.vecer.press/населба-пролет-ќе-ја-добие-најмодерна/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jun-2021 at 13:16
ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ГРАДИНКА, СТАРИОТ ДУП ПРЕДВИДУВАШЕ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Општина Центар во јули ќе стартува со изградба на градинка во населба Пролет. На местото каде што со претходниот план се предвидуваше изградба на деловен објект, со измените сега е нацртана маркичка за градинка. Како што кажа градоначалникот Саша Богдановиќ во оваа населба досега немало градинка и со овој проект ќе се реши проблемот на жителите.

Според проектот градинката ќе има подрумски простор, приземје и 1 кат, со вкупна нето површина од 2.760 метри квадратни и најголема бруто површина за детска градинка во државата, од 3.276 метри квадратни, односно по 21 метар квадратен по дете.

„Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити. Надворешното игралиште е инклузивно и до него можат да пристапат и деца со попреченост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа“, изјави на денешната презентација на проектот градоначалникот Саша Богдановиќ.

Изградбата на градинката ќе чини околу 2 милиони евра обезбедени од буџетот од Општина Центар

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-naselbata-prolet-opshtina-tsentar-pochnuva-so-gradba-na-gradinka-stariot-dup-predviduvashe-deloven-objekt/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jun-2021 at 13:18
Рендери од градинката во населба Пролет





https://www.facebook.com/Јагода-Шахпаска
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Sep-2021 at 11:32
Градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет, во Општина Центар



На местото на поранешната урбана заедница, каде според минатиот ДУП, требаше да никне деловен објект, со новиот ДУП јавниот интерес е заштитен и Пролет ќе ја добие првата детска градинка.
На површина од 3276 м2, на приземје со 2 ката, ќе никне една од најмодерните детски градинки, со инклузивен карактер, еколошка, енергетски ефикасна, каде првите чекори во воспитно-образовниот процес ќе ги направат 150 дечиња од овој дел на општината.
Со градежните работи ќе започнеме на крајот на месец октомври за веќе во 2023-та година, дечињата да можат да влезат во нова, современа и квалитетна детска градинка.

https://www.instagram.com/opstinacentar/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2021 at 14:09
Локацијата треба да е оваа:
41°59'20.99"N
21°26'30.63"E



Edited by Théoden - 21-Sep-2021 at 14:10
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2021 at 14:12
Да тоа би требало да е локацијата,треба да се руши еден објект и на негово место да се одвива градбата

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Oct-2021 at 06:50
Започнавме со првите подготовки за изградба на најголемата детска градинка во населбата Пролет во Општина Центар.
На површина од 3276 м2 ќе се изгради нова и најмодерна градинка, која што ќе биде со инклузивен карактер, еколошки одржлива и со енергетско ефикасна фасада.

Објектот ќе биде изграден по сите стандарди за квалитет, а од општинскиот буџет ќе бидат обезбедени 154.243.997 денари.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-May-2022 at 14:40
Тука се чини наскоро ќе почнат со градба,стариот објект е веќе празен и спремен за рушење

Еве неколку денешни фотки









Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.045 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.