build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Граѓански недоследности

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Граѓански недоследности
    Posted: 24-Sep-2008 at 12:59
Со оглед на тоа што на неколку наврати имавме дискусии околу недоследните настојувања на одделни групи граѓани кои сакаат себично да го диктираат урбаниот развој на местото во кое што живеат, предлгама дискусијава да ја тераме тука. Сега ми текнува само на случајот со ДУП-от во карпош позади електро-машинскиот факултет. Овој случај не е единствен. Имаме и уште неколку дискутирано, а еве најновата вест ни доаѓа од Аеродром.

Ако темава не треба да постои, слободно наредниот пост нека иде кај бензински. Во спротивно предлагам другите дискусии на оваа тема да бидат префрлени тука.

Земајќи во предвид дека следната вест не се однесува директно на бензинската, него на проблемот кој што го образложив неколку реда погоре, оваа вест ја постирам тука.



Edited by lslcrew - 24-Sep-2008 at 13:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Sep-2008 at 13:00

Жителите на Аеродром против новата бензинска

Утрината наместена, вечерва урната оградата која го обележува просторот на булевар „Србија“ во скопски Аеродром каде треба да се гради нова бензинска пумпа. На помалку од 50-тина метри од првите згради.

Жителите вечерва ја урнале сами оградата, револтирани од фактот дека се уништува паркот и детското игралиште, но и уплашени за сопствената безбедност и здравје.

„Не дозволуваме да се гради бензинска пумпа. Како прво, близината не го дозволува тоа, ниту пак дозволуваме децата да се трујат од отрови, од разни опасности други. Ова е, буквално бомба пред нос ни ставаат“, вели жителка на Аеродром.

За одлуката да се гради бензиска жителите од булевар Србија разбрале пред три месеци. Веднаш напишале петиција до општината, но и повеле судска постапка пред судот.

„Револтот кај граѓаните се створи затоа што почитувајќи ги институциите на системот, кај сите сме се обратиле и доаѓаме пред свршен чин. Фактички да нема кој да те заштити. Луѓето се спремни, се ова што ќе се изгради да се сруши. Јас не сум видел до сега толку голем број на интелектуалци со таков бес ова да ги направат“, рече жител на Аеродром.

Граѓаните апелираат до надлежните да дојдат и состојбата да ја снимат на терен за да се уверат дека е нелогично да се гради бензиска непосредно до нивните живеалишта.

И утре во попладневните часови ќе се соберат на протест пред оградата која вечерва ја урнаа.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98013



Edited by lslcrew - 24-Sep-2008 at 13:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Sep-2008 at 16:18
Originally posted by lslcrew


Ако темава не треба да постои, слободно наредниот пост нека иде кај бензински.


Па темава дефинитивно има место на форумов, само прашање е во каква форма точно да ја водиме дискусијата. Со pbanks мислиме дека конкретните случаи најдобро да се разглабаат во сопствените нишки (како на пример за катната гаража во Капиштец, за обиколницата, па и ова за бензинскава), а оваа нишка да биде за општа дискусија на ова поле, за место каде „збирно“ ќе се осврнеме на проблемите и работи кои не се вклопуваат во засебни нишки. Не е проблем ако една иста вест се постира во две нишки, ако има потреба од тоа, или примерите за поопшти теми да се превземаат од изворните нишки. Исто така, добро е што повеќе линкување, внатре во рамките на форумот.


Edited by Cloverstack - 24-Sep-2008 at 16:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Sep-2008 at 19:52


Во контекст на претходниот пост, мислењето за проблемот со бензинската го напишав овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=17&PID=16756#16756

Воглавно сум против вакви и слични реакции на граѓани, затоа што во многу наврати се тотално неоправдани и неосновани, но во овој случај граѓаните апсолутно имаат право што се противат!


Edited by Cloverstack - 24-Sep-2008 at 19:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Jul-2009 at 23:10

Гаражите во Аеродром претворени во магацини

Градоначалникот Коневски размислува да предложи закон со кој ќе се регулира оваа проблематика

Деспина Трајковска

Двонеделните апели на општинарите од Аеродром до сопствениците на подземните гаражи, наменските простори да не ги користат за магацини или за други потреби засега не вродуваат со плод. Подземни гаражи претворени во магацини, подруми или слични простории се забележливи речиси во секоја гаража во подземниот простор на станбениот блок „Скопјанка“, во близина на спортската сала „Јане Сандански“, а се чини најнесовесни се сопствениците на подземните гаражи на зградите во близина на ТЦ „Бисер“. Речиси повеќе од десет години, откако работи овој трговски центар, гаражите служат како магацини за кафулињата, бутиците, продавниците за техничка стока. Веројатно, сакајќи да заработат, сопствениците на гаражите за симболичен надоместок им ги издаваат подземните простории на заинтересираните, притоа не размислувајќи дека истовремено придонесуваат за намалување на капацитетот на паркиралиштата во реонот. Имено, наместо автомобилите да ги паркираат во подземните гаражи тие ги оставаат возилата на тротоар, во трева и на други недозволени места, особено во попладневните часови кога фреквенцијата на луѓе во ТЦ „Бисер“ речиси се зголемува од два до три пати од вообичаеното, со што постојниот капацитет на паркинг-просторот не ги задоволува потребите.

Сакајќи да создаде простор за паркирање, истовремено и да овозможи непречена пешачка комуникација, Општината неодамна стартуваше со акцијата со која се апелира до сопствениците на подземните гаражи своите возила да ги оставаат во наменскиот простор, а не да го користат или да ги издаваат за друга намена. Сепак, од досегашната теренска работа општинарите не можат да се пофалат со постигнати резултати. Велат дека и покрај десетиците решенија што ги доставиле до сопствениците на подземните гаражи, со укажување за пренамена на просторот, на терен нема никакви промени. Општинските инспекциски служби имале сознанија дека некои гаражи дури се користеле и за складирање храна, па велат дека доколку тоа го утврдат и на терен, за случајот ќе алармираат и до Дирекцијата за храна.

„Акцијата досега воопшто не покажа резултати. Искрено, разочаран сум од односот на сопствениците на гаражите. Подземните гаражи се идеално место за паркирање, но очигледно тие поинаку резонираат. Ги издаваат просторите за одредена кирија, не мислејќи дека истовремено тешко ќе најдат простор за паркирање пред зграда, особено во реонот на ТЦ ‘Бисер‘. Од една страна, тие жители реагираат бидејќи се соочуваат со немање паркинг-простор, а од друга страна, пак, сами не го користат она што е во нивна сопственост“, вели градоначалникот Ивица Коневски. Свесен дека укажувањата и апелите се бесцелни и оти нема механизам со кој ќе се принудат несовесните жители да ги користат подземните гаражи за паркирање, градоначалникот размислува да предложи законска одредба, која ќе ја регулира оваа проблематика. Коневски вели дека досега за своите планови разговарал со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, а планира идеите да му ги презентира и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Начелно за мојот предлог имам согласност од Трајановски и ги очекувам сугестиите од министерот Јанакиески, кој верувам ќе ни излезе во пресрет, на пример, преку некој закон чиј изготвувач е Министерството за транспорт и врски да се вметнат законски рамки за предметната проблематика, односно да се предвидат казни за несовесните сопственици на подземни гаражи“, дополнува градоначалникот на Општина Аеродром.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1C111E734505F3489F8BBC83FF916379

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Oct-2013 at 19:12

иако оваа вест е повеќе за во нишката вандализми, сепак колку да ја вратиме во живот нишкава мислам може да и се прогледа низ прсти, впрочем намератами е да чујам што се случува на ова поле, па фрлете абер!

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот што со спреј напишал Македонија на ѕидот на една џамија

Некој на џамијата во Нерези со спреј напишал „Македонија, МКД“ и полицијата сега го гони. Каде е тука прекршокот? Човекот на еден верски објект што се наоѓа на територијата на Република Македонија ги испишал името и кратенката на својата држава. За каков прекршок тука може да стане збор? Хигиенски? Да. Естетски? Да. Ама дали е ова работа за полицијата и дали е за вакво сериозно соопштение дека полицијата трага по сторителот. Колку сторители дневно испишуваат разноразни пораки на разноразни објекти, па никој не трага по нив? Дали овој потег на еден граѓанин ќе беше регистриран во билтенот на МВР ако некој на ѕидот на џамијата напишеше „Албанија е маде“ (Голема Албанија) или „Косова“?
http://www.mkd.mk/komentar/dali-ali-ahmeti-bi-bil-gord-i-patriotski-gornomakedonec


мал парадокс апропо вандализам кој звучи ко слика за уживање а всушност е провокација за дразнење, но ајде имаме и покреативни испади како потребата од топење бисти за некој денар плус во месецот, а во случај да неможат да ја однесат цела биста и сечат рака или глава

Украдена бистата на Гоце Делчев - Објавено: 04.10.2012

Крадци ја украле бронзената биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев во струшкото село Подгорци, објави „Охридпрес“.
Бистата била лоцирана на местото каде што секоја година се одбележува традиционалната манифестација „Гоцеви Денови“.
Според мештаните таа тежела околу 200 килограми, а ја немало веќе пет дена. Пред поставувањето на оваа биста, пред 10-тина години имало стара биста, но бидејќи тогаш и таа била украдена, надлежните ја замениле со нова.
http://www.plusinfo.mk/vest/59902/Ukradena-bistata-na-Goce-Delchev

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Apr-2020 at 00:05
дочекавме и мирнодобски Полициски Час како Карантин против ризици од ковид-19 (сарс2) пандемијава, и иако сметам дека низ континуирана експертска дебата е возможно да се релативизираат стравоите на Власта во однос вирусот, макар истиот бил лабараторски штиман, сепак Власти се Власти, ќе рече некој шкрти ко Егејци а всушност Дарежливи баш ко нив бидејќи сакаат на Граѓаните да им го сочуваат продолжат и разубават Живот, нели во случајов преку задолжителен Карантин заради што помала експлозија на заразата односно постојниот склет корона вирус!

лично се водам од Божјата Поука која Христос Ни Ја Има Дадено А Преносно Сведочена Во Евангелието на Љубовта > На Бога Божјото На Царот Царевото, та во овој контекст тоа значи Што одлучат властите Мое и’ е да го почитувам, а доколку не ми чини секогаш можам да си заминам од ова современо македонско царство, каде иако Цар е Народот (како Уставотворен Елемент) но бидејќи републички си одлучил својата Власт изборно да им ја остава на Управување на некои свои Браќа, а кои смета дека се фит за вршење на Управната Функција во Општеството, та логично Зборот на Тие Браќа Е Последен се’ додека јас или кој било друг Поминува Престојува или Живее Тука ...

вака видено Привремениот и Задолжителниот Карантин е Закон!!! иако како Вондредна Мерка не е најпрецизно уредена законски т.е. дури сега контаме дека постои преголем вакум, кој ко што вели Директорот на Заводот за Јавно Здравје во Хрватска Круносла Цапак [1] (пандан на нашиот Центар за Јавно Здравје [1] при Институто за Јав.Здр. во Скопјe [1]) тој вакум се пополнува учејќи во Од заедно со потребите на Граѓаните од самите нив и директно и преку медиумите ... Ех нешто што кај Нас оди тро поинаку т.е. Властите веројатно плашејќи се да не се доразводни Вонредната Состојба не иницираат широка Јавна Дебата, туку оставаат или ја туркаат истата на мала врата и на шкрги медиумски, а тоа нормално остава голем простор за да Стравои Револт и Гневои се насобираат во Народ, Не Дај Боже со крешендо Граѓанска Непослушност преку масовни Протести доколку точката на топење бидне достигната виа колапс на стопанството, па макар и за една третина тоа било случај, сепак Народ, доколку правовремено биде Предупреден дека не треба да се секира за Опстанок и дека лесно и брзо можеме да се Самоорганизираме дури и во најневозможни околности за да Преживееме истиот нема ни да паничи, пр. возможно преку Здружено Рурално Диверзифицирање на дејностите но и Доброволна Организирана Дислокација на Гладните и Сиромашните во Рурални-Комуни, но исто со поголем акцент и на Хронично Болните (на кои пак им е неопходен Чист Планински Воздух бидејќи на 1000 м.н.в. ефектот по нивното Здравје е како да се постојано на Респиратор закачени), та така мислам бар малку од малку би се Успокоиле мнозина ...

За Жал , сигурно ќе има такви, а веќе и сега ги има, кои немаат ниту Живци ниту пак Волја да се Смируваат заради еден куп лични здравствени финансиски или клаустрофобични околности, а таквите гледаме ко Зајци се растрчани дури и за време Полицискиот Час по сите Улици, за жал на сета нивна мака а заради Ред во Куќа, полицијата мора да ги лови ко да се криминалци ем да ги репне со дебели казни за да и други не го следат нивниот пример ... но онака најмалџиски бидејќи израснат во транзиционото гето на Нов.Ли. сметам дека ова нема да втера корисен а не пак оштроумен Ред знаејќи дека мнозина мандатните казни ниту можат ниту ќе сакаат да ги платат натака (еве јас сум на извршител Боли Глава и Стапала а такви ко мене ги има со лопата да ги ринеш од каде пари бе), та ќе им остане или да чекаат општа амнестија или пак Ред за во Ќумез за да си отплатат мандатките, но тоа само непотребно ќе ги стори сите нервозни на подолг рок, а зошто, бидејќи биле приморани по кој и’ да е основ да излезат оддома за време карантинот а ете тоа движење да не го пријават во Полиција како би им било одобрено истото и накнадно не биднат казнети ... пред некој ден Комшија му скокнал Миленикот од тераса и ајт бркај го низ глутници во населбата, дремејќи во Двор пред да тргне го подзастанав и потпрашав абе пријави ли на 192 дека излегуваш вели убо што ми кажа ќе се јавам и замина со колата во потрага ... значи дефакто ќе се соберат по многу основи многу казни кај мнозина, ете браќата во Ченто пример може имале сличен проблем, и оп ајт оди реши ги тие случаи мандатно!? затоа може Чаре е да се изнајде поинаква пенологија бар избор кој како ќе може да ги отплати скапите казни изречени за нарушување на полициските часои, можеби нешто налик Општокорисна Општествена Работа но надвор од Град по избор колку потешка толку побрзо да се раздолжи така на државата т.е. намерното или ненамерното заобиколување на законот [1]

... мислам, неопходно е, и се сложувам дека треба да има Ред и треба да ги ловат таквите Сограѓани како Зајци, бидејќи стекнавме ли погрешни навики (при ваквата прва во поновата наша историја Вондредна Кризна Мерка), утре при поголеми гајрети Народ може и да се доопушти, така речи сега се идеални околности за што посамонеопходен тренинг за почитување Мерка Карантин, а која чинам пред се’ е суштна во однос Младите Сограѓани, сепак знаејќи во гетото какви се не одлепени ајдуци сме биле или денес има, лично сметам ако веќе не моит регуларно секојдневно, бар сега Полиција да е опремена со Гумени Куршуми како тренингот биде норма за Народ а не за полициските службеници, онака да мора да ги бркаат зајците полетарците и кенгурите ко да се атлетичари кои под казна за поправен добиле ловење Петел или Кокошка низ бришан простор, хм еве мајтап кој може да биде добар Гум.Кур. потстрек, ако јас глумам кенгур на Полиција ќе и скубнувам и сред Центар ко Тарзан Паркур’ски шетајќи по кровои и пентарејќе се со харпуни (т.е. клајмберски) по ѕидои [1][1][1] та Ела нека ме фатат некогаш освен да ме пукаат со боева муниција бидејќи не им е дозволено да шетаат по два пиштола од кои во едниот би имало гумени куршуми ... ајт ако некој пријавил кражба па ќе разберам стој-или-ќе-пукам да изигруваат шерифи нашите Чувари на Редот и сега за време локдаун-карантин, а што може е и’ повеќе од неопходно, но во вакви околности чинам Пожелно е, Треба, па и Мора да имаат и’ не само гумени куршуми туку и IR-Дронови, a за секоја Kола која и е дозволено движење задолжителен рфид-таг во регистарски таблички за да не ги стопираат или бараат по список шоферите со пусулче за движење сред карантинов, бар оние кои имаат редовна потврда да си ги имаат инстант на gps радар, та да си се фокусираат строго на полетарци, и евентуално по случаен избор да проверуваат останатите дали недозволено некого префрлувале од точка А до точка Б - што повторно можат со инфрацрвени (heat detect) камери да го чинат додека некој поминува кај контролните пунктови ...

но еве немаме пари немаме опрема та Убо е самите Граѓани да ги ангажираме да пријавуваат на мобилни апликации движење во некоја околина а така сетне доколку се дофати некој и тие да си ја поделат наградно бар пола казна кој пријавил а по пријавата бил фатен прекршителот на полицискиот час, мислам дефакто ова е удбашки до коска ако вакво нешто легализираат, но негледам како поинаку да се застане утре на пат на самоволието на некои, мислам по кој основ тие некои се поеднакви од мене тебе нас вас, зар законот за едни ќе важи а други не!? ваква идеја но еколошка пред се’ имав во однос Еко-Инспекторите и колку се нефункционална појава истите кај нас, та логично треба и да се бараат оштроумни начини како да се стапне на опаш на големите и дрските загадувачи, ако сакате и’ на терсене комшии кои ѓубрето си го фрлаат од Прозор удоле пред зграда, та ето бар плашејќи се од Мас-Народен-Надзор мнозина сега ноншалантни прекршители да се самоцензурираат без премногу џева, а веќе оној кој греши да се знае дека морал или бил топтан криминал!

последно што би порачал во однос непочитувањето на Полицискиот Час е имајте сите Наум дека и Полициските Службеници се Луѓе и дека можат да згрешат, та заради грст непотистички нафурани редари кои додека биле на Должност пропуштиле дали непотистички коруптивно или онака најчовечки некого да мине неказнете, тоа не значи дека треба да се генерализира т.е. дека сета Полиција е угурсуз, ко и во секоја Служба има секакви и се случуваат и ненамерни грешки, но да си ги резилите јавно по фејкбук своите Чувари Редари Спасувачи вие навистина сте за жалење, сепак може и треба секој еден да помогне со Совет, можеби тука на форумов или пак директно со допис до нив, налик Што и Како може да се подобри ... за такво нешто тука на Билд ја имате нишката Безбедност во Македонските Градови, бидејќи засебна за Полиција тука нема, веројатно за такво нешто треба да постои посебен Ало-192 Портал + со еФорум нанего, но што е тоа е, па снајдете се ... Еве јас би им порачал кога ќе се јави некој Граѓанин на 192 а сака само Совет но не и да пријави проблем тие да го поврзат со Полициски Психолог Правник или Пoмошник, бидејќи тоа е Број за Тревожење а не само Пријави, та да се спречат ризици од типот - му дига некој глас на Татко Ми кој е под екстра стрес, а јас тој некој за да го заќутам откако сум пробал со Убаво сум се одлучил да го зашамарам, та логично така ризик и да се закачам поозбилно, па онака чисто информативно да има Чоек каде да праша колку ќе го чини утре според Закон шамарање некого, нели сите дома немаат Кривично Право по полици, вака пак низ Ало-Разговор фино ќе си се смират страсти, а во исто време ниту некој Ближен можеби Комшија нема ни да го пријават, а така нема ни да им губат за глупости време на Полициски Службеници, просто карантинот медиумската-параноја но и стравот од лична финансиска неликвидност Мнозина ги тера и без причина да излегуваат од кожа, особено ако се мераклија на Мезалк а сепак не смејат да се дружат како со своите Пријатели би амортизирале со лесно стресои паранои и пероснални банкроти! бреј некој и само од ваков склет мора да излезе на Улица за да не стори дома проблем, па и несфатлив, ко што имаше неколку деноиве, а само за да подома не пукне тепачка, а така разни ризици па и Тарзан Паркур’ски како шета по кровои ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.158 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.