build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Прифатен центар за странци-Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Прифатен центар за странци-Карпош
    Posted: 08-Aug-2021 at 10:51
Почеток на изградба на прифатен центар за странци во Карпош поточно во Бардовци





https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Aug-2021 at 12:04
Дали сметате дека реакцијата на локалното население е оправдана или е само простачки расизам изграден врз основа на стереотипи од телевизија??
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Aug-2021 at 14:51
нашиот менталитет е таков
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Aug-2021 at 15:16
Ne deka nekoj e odiseven vo blizina da ima prifaten centar no prostackiot rasizan i netoleratnost so se sto izgleda i misli poinaku se karakteristika na makedonskoto opstestvo.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Aug-2021 at 16:03
А бе прашајте ги жителите на Лезбос како им беше со Морија во соседството. Грабежи, провали, ѓубре и многу други работи. Секако, тоа беше камп со 12.000 бегалци на мало островче, далеку дека ќе дочекаме ние нешто такво, ама не е баш дека стравот е неоснован.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Aug-2021 at 17:22
Originally posted by гитардемон

А бе прашајте ги жителите на Лезбос како им беше со Морија во соседството. Грабежи, провали, ѓубре и многу други работи. Секако, тоа беше камп со 12.000 бегалци на мало островче, далеку дека ќе дочекаме ние нешто такво, ама не е баш дека стравот е неоснован.
Edno e strav, sosema drugo netolerantnost.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Aug-2021 at 22:07
А зошто да бидат толерантни?
Кој сака на 100м од својот дом да има стотици којзнае какви луѓе.

Солидарност покажуваме со тоа што градиме центри. Толку. Но локација во круг на главен град е тешка глупост! Еј под обиколница и тоа, помеѓу населби.
Ваков центра по некоја логика се гради на страна, надвор од било кој град, а не пак главен град, до некој граница.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Aug-2021 at 22:27
Originally posted by alexsend

А зошто да бидат толерантни?
Кој сака на 100м од својот дом да има стотици којзнае какви луѓе.

Солидарност покажуваме со тоа што градиме центри. Толку. Но локација во круг на главен град е тешка глупост! Еј под обиколница и тоа, помеѓу населби.
Ваков центра по некоја логика се гради на страна, надвор од било кој град, а не пак главен град, до некој граница.
Ete gledas kolku si vlezen vo makedonskoto sivilo na nesolidarnost i netolerantnost na se sto e poinakvo i razlicno! Kade da go izgradat, vo nekoja suma ili na nekoja planina pa da se socijaliziraat so meckite i volcite?! Pa toa se luge koi izbegale poradi bezbednosni ili bilo kakvi drugi pricini. Luge koi treba da se integriraat vo opstestvoto, luge so deca, koi treba da odat vo uciliste itn.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Aug-2021 at 23:36
За народ со толкава дијаспора, и тоа којзнае како све не стигнати по западните држави, многу нетолерантност покажуваме за пар поединци што ќе дојдат тука на поминување.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Aug-2021 at 00:33
Originally posted by user8642

За народ со толкава дијаспора, и тоа којзнае како све не стигнати по западните држави, многу нетолерантност покажуваме за пар поединци што ќе дојдат тука на поминување.

Баш така е.
Какви луѓе се? Како сите други, нешто се знае, тие имаат поминато многу долг и ризичен пат а најчесто сакаат да си ја спасуваат фамилијата. Не е во ред да се етикетираат како лоши поради поединци што праваат проблеми.
Македонија може само транзит-земја да биде, тешко некој да си престои или ,,гради живот,, кај нас
Иако со многу војни, балканскиот менталитет према бегалците не се менува. Тешко вас, тешко нас со вас
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Aug-2021 at 00:35
Originally posted by гитардемон

А бе прашајте ги жителите на Лезбос како им беше со Морија во соседството. Грабежи, провали, ѓубре и многу други работи. Секако, тоа беше камп со 12.000 бегалци на мало островче, далеку дека ќе дочекаме ние нешто такво, ама не е баш дека стравот е неоснован.

Тоа е нешто сосема друга ситуација.
А таквите ситуации или лезбоз 2 го имаш и без мигранти пример Шутка.
Биди среќен што е донација инаку државата ништо без донации.

Edited by my Macedonia - 09-Aug-2021 at 00:37
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Aug-2021 at 08:46
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by user8642

За народ со толкава дијаспора, и тоа којзнае како све не стигнати по западните држави, многу нетолерантност покажуваме за пар поединци што ќе дојдат тука на поминување.

Баш така е.
Какви луѓе се? Како сите други, нешто се знае, тие имаат поминато многу долг и ризичен пат а најчесто сакаат да си ја спасуваат фамилијата. Не е во ред да се етикетираат како лоши поради поединци што праваат проблеми.
Македонија може само транзит-земја да биде, тешко некој да си престои или ,,гради живот,, кај нас
Иако со многу војни, балканскиот менталитет према бегалците не се менува. Тешко вас, тешко нас со вас


Доста бе со овие глупости. „Бегалците“ од Пакистан, Сомалија и Бангладеш треба да ги прими Европа? Оти не одат во Саудиска Арабија? Сиријци бегалци веќе нема.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Aug-2021 at 11:24
Originally posted by гитардемон

Originally posted by my Macedonia

Originally posted by user8642

За народ со толкава дијаспора, и тоа којзнае како све не стигнати по западните држави, многу нетолерантност покажуваме за пар поединци што ќе дојдат тука на поминување.

Баш така е.
Какви луѓе се? Како сите други, нешто се знае, тие имаат поминато многу долг и ризичен пат а најчесто сакаат да си ја спасуваат фамилијата. Не е во ред да се етикетираат како лоши поради поединци што праваат проблеми.
Македонија може само транзит-земја да биде, тешко некој да си престои или ,,гради живот,, кај нас
Иако со многу војни, балканскиот менталитет према бегалците не се менува. Тешко вас, тешко нас со вас


Доста бе со овие глупости. „Бегалците“ од Пакистан, Сомалија и Бангладеш треба да ги прими Европа? Оти не одат во Саудиска Арабија? Сиријци бегалци веќе нема.

Е ова е многу точен аспект на гледање на работите! Ипак западот на крај сепак бил најцивилизиран и најтолерантен, ама затоа и во критични моменти и Хитлери и Наполеони се раѓале! Баш како одговор на влечкањето домашни лоши навики невклопливи во Европа, под плаштот на кобајаги "различна култура". Саудиска Арабија има буџет за платите на јавната администрација во Палестина, ама неможе пар стотина бегалци арапи-муслимани да прими, епа затоа ќе се јавува скепса по светот.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Aug-2021 at 12:41
Jas sum poveke zagrizen za Ekonomskiot aspekt na eventualna migrantska kriza vo Makedonija. So okolu 150.000 aktivni nevraboteni lica i so mnogu mal BDP po glava na zitel, mislam deka treba da sme posledni na listata drzavi vo regionot koj bi ja imale privilegijata da se grizat za migrantite. Dopolnitelno sto nemame covecki resursi za managiranje na takov proekt. Bukvalno pohumano i za samite begalci bi bilo nie da se povleceme od vakva avantura i nekoja pospremna drzava da gi primi, kako Bugarija, Srbija ili Romanija. Site ovie drzavi imaat mnogu pomala nevrabotenost od nas, a so toa i nedostatok nakadar (del od migrantite bi mozele tamu da se vremeno vraboteni i da imaat mn pohuman zivot), i mnogu poveke resursi za da im pruzat nega i zastita na lugeto. Ne samo da se primat lugeto, i nasmeani neoliberalni politicari da prodefiliraat za slikanje da se pokazat pred gazdite kolku podrzuvaat multi-kulti a u sustina da gi zapustat kutrite begalci...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Aug-2021 at 09:32
ЕУ за МВР гради нов прифатен центар за странци кај Бардовци, жителите негодуваат


Жителите на селото и населбата Бардовци веќе неколку дена протестираат против почетокот на изградбата на прифатниот центар за странци во нивна близина. Тие неодамна дознаа дека на само стотина метри од селото, ЕУ почна да гради прифатен центар за странци. Жителите бараат од општина Карпош, но и од МВР објаснување за што точно се работи и велат дека се против изградбата на прифатен центар, зашто сметаат дека мирот и сигурноста ќе им се нарушат и бараат за тоа да се организира референдум.

Според официјални информации на 10 мај почна изградбата на прифатен центар за странци финансиран од Европската Унија. Изградбата на објектот чини 1,47 милиони евра, а го гради градежната компанија Брегу од Албанија.

Почетокот на изградбата била планирана за октомври 2019 година, а објектот требал да биде готов во мај 2020. Потписник на договорот е Дервиш Хима од компанијата Брегу, а парите се авансно платени.

Новиот план е објектот да биде предаден на користење на Министерството за внатрешни работи на 20 мај 2022 година. Земјиштето било донирано од државата Македонија, а изградбата на инфраструктурата за објектот (пат, вода, струја...) е обврска на македонската влада.

Од МВР велат дека не станува збор за Прифатен центар за мигранти, туку за нов објект на прифатен центар за странци, кои како центри имаат сосема различна функција и цел.

„За потребите на мигранти во државата функционираат два транзитни центри, во Гевгелија и Табановце, кои се од исклучиво транзитен карактер и кои немаат никаква допирна точка со Прифатниот центар за странци. Прифатни центри за странци има во секоја држава и тие апсолутно немаат никаква врска со мигрантите, туку со странци на кои овој центар треба да им овозможи времен прифат до завршување на соодветните постапки“, велат од МВР и додаваат дека за ова веќе биле одржани средби со претставници на месната заедница Бардовци на кои тие биле информирани за проектот.

„Не станува збор за нов прифатен центар за странци, туку само за нов објект на веќе постоечки центар, каков веќе имаме во државата. Тој постои и се наоѓа во Гази Баба, но условите во постојниот центар се далеку под елементарниот минимум, а притоа тој е сместен на локација со густа населеност, без соодветен пристап и без соодветни услови од повеќе аспекти. Тоа ја наметна потребата од изградба на нов објект на соодветна локација, надвор од населено место, со ист капацитет, кој во целост ќе биде усогласен со меѓународните норми и стандарди, по примерот на исти вакви центри во земјите од регионот.

Новиот објект ќе биде сместен во близина на обиколницата, на неколку километри оддалеченост од споменатото скопско Бардовци, затворен со свој двор, со потполно имплементирани современи мерки во однос на безбедноста. Целокупната локација е обезбедена со безбедносна ограда која претставува надворешен заштитен појас, а освен оваа ограда се формира и втор појас на заштитна ограда околу самиот објект, формирајќи на тој начин сопствен круг околу објектот со свои интерни улици за пристап, со цел беспрекорно функционирање на овој центар како посебна издвоена целина. Овој нов објект на прифатен центар за странци е финансиран со средства од Европската Унија во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е Министерството за внатрешни работи. Целосната постапка околу јавниот повик, финансирањето, изведбата и надзорот на овој ИПА проект, за кој се обезбедени 1.470.724 евра е во надлежност на делегацијата на ЕК“, се вели во одговорот на МВР на прашањата на МКД.мк.

Жителите на Бардовци сметаат дека новиот објект ќе има негативни социоекономски влијанија, влијанија врз животната средина, како и врз вредноста на имотите на локалните жители.

По вчерашниот протест од Општина Карпош реагираа дека нема де се гради никаков центар за бегалци, туку центар за странци, кој, додаваат од таму, е во спротивна насока од населениот дел на Бардовци и е во близина на скопската обиколница. Од општината најавија скорешна средба со жителите на Бардовци.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/eu-za-mvr-gradi-nov-prifaten-centar-za-stranci-kaj-bardovci-zhitelite-negoduvaat
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Aug-2021 at 08:52
КОЈ ДА ИМ ОБЈАСНИ НА ЖИТЕЛИТЕ: Во Бардовци се гради прифатен центар за странци, а не за мигранти



Жителите на Бардовци закажаа мирен протест против изградбата на објект во нивната населба, но нема кој да им објасни дека тој објект нема да биде прифатилиште за мигранти, туку за странци.

Од МВР повторно велат дека она што се гради таму нема врска со мигрантите, туку е центар за странци и тоа не нов центар, туку само нов објект кој треба засекогаш да го прати во истријата она што како објект се наоѓа во Гази Баба.

За тоа што ќе биде овој објект имаше доста шпекулации. Почнувајќи уште од 2017 година се говореше дека се гради камп за мигранти, што со годините беше демантирано со многу малиот број на лица кои доѓаа во нашата земја и речиси ниту еден од нив не сакаше да остане тука.

МВР тогаш објави дека се работи за прифатен центар за странци, односно нов објект за постоечката „куќа на стравот“ во Гази Баба која не исполнува ни минимум човечки услови.

На таблата која е поставена на самата локација каде што се гради стои дека се работи за проект финансиран од ЕУ од 1,5 милиони евра, преку ИПА 2016 програмата „Миграции и азил, гранично управување и борба против тероризмот и организираниот криминал.

Четири години подоцна, со протестите на жителите, оживеа повторно оваа идеја – дека се гради прифатен центар за мигранти.

На социјалните мрежи жители на Бардовци објавуваат фотографии и видеа од градењето во полн ек.

-Прифатниот центар сместен во Гази Баба е целосно некомпатибилен за намената и поради тоа ќе се гради нов како замена за постоечкиот. Во претходните години, иако повеќе пати беа реализирани градежни зафати за подобрување на условите за сместување, овој објект и понатаму не може да одговори на потребите за обезбедување на неопходните стандарди за сместување на странци, особено за ранливите категории на лица – жени, деца, лица со посебни потреби, велат од МВР.

И до тука се е во ред ако се следат официјалните информации. Но, каде настанува проблемот?

Проблемот најверојато настанува во делот што никој од надлежните инститции не дошол и на самите жители да им објасни што тоа ќе значи – дали е тоа некаква закана за нив, како што тие сметаат, дали се оправдани нивните стравувања, и на крајот да ја смири јавноста.

-Причината за револтот кој што се појавува кај граѓаните јас ја гледам кај информирањето и транспарентноста, навременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. Жителите се пожалија баш на тоа. Ако им се објасни на луѓето за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми, изјави неодамна Златко Николоски, експерт за миграции за ТВ Алфа.

https://vecer.mk/makedonija/918768/?fbclid=IwAR3WeSlRBwl-nFXT-pTzoR2kODs4XY-GDfPl52JCJigr8jfkLCLctFRbOn0
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Aug-2021 at 08:54
Знае некој координати за точна локација на проектов?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Aug-2021 at 11:47
Originally posted by stef4o

Знае некој координати за точна локација на проектов?

Кога првпат се најави пред некоја година се споменуваше ова место:
42° 2'33.37"N  21°22'30.50"E
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Aug-2021 at 13:38
Originally posted by Théoden


Originally posted by stef4o

Знае некој координати за точна локација на проектов?
Кога првпат се најави пред некоја година се споменуваше ова место:
42° 2'33.37"N  21°22'30.50"E
Тоа се некои стари воени бараки.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Aug-2021 at 12:04








https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.136 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.