build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лични документи/патни исправи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Лични документи/патни исправи
    Posted: 17-Aug-2021 at 17:28
БАНКИТЕ СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ИМ ГИ БЛОКИРААТ СМЕТКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ БЕЗ НОВИ ЛИЧНИ КАРТИ, ЗАШТО ФИНАНСИСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВА ЛИВЧИЊАТА ОД МВР

Хаос со блокирани сметки во банка, неможност да се подигнат средства од шалтер, да се направат трансакции… настана по банките со ливчињата од МВР место нови лични карти. Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност според Законот за употреба на јазиците.

МВР, сметајќи дека пратениците ќе го изгласаат новиот Закон за лични карти, си го надгради системот за лични документи и исправи и сега нема назад. Нови лични карти велат дека не смеат да даваат, 30-тина илјади граѓани кои поднеле барање за нова лична карта, останаа со ливчиња од МВР, кои не се лична исправа и не им важат никаде. Оваа бројка секојдневно расте, бидејќи МВР прима барања, но не издава нови лични карти.

„Со оглед на тоа дека ливчето што ми го дадоа од МВР не ми го призна банката како валидна исправа, јас не можев да ја исполнам законската обврска да ги ажурирам податоците. Како што налага законот, неажурирани податоци – блокирање на сметката. Мојата трансакциска сметка од денеска е блокирана!“, испрати скопјанка утринава допис до САКАМДАКАЖАМ.МК .

Бидејќи пратениците очигледно не им е гајле за прописите, затоа и не можеле да ги согледаат тешките последици за граѓаните, дел од опозицијата првин го блокираше законот со 1.500 амандмани, а остатокот спокојно си заминаа на одмор од 1 август и ги нема уште да се вратат.

Она за кое нашите пратеници не се заинтересирани, покрај другото, е дека постои Закон за спречување на перење пари и други приноси, кој е основата на Управата за финансиско разузнавање преку редовно ажурирање на податоците на граѓаните и на фирмите во банка, да контролира финансиски криминал. Банките се должни да работат под ваквата контрола на Управата, во спротивно вршат кривично дело.

Управата за финансиско разузнавање и да сака, не може ливче од МВР да го признае за лична карта, т.е. документ за идентификација место лична карта. Оттаму ни банките не смеат за ажурирање на податоците на граѓаните да им прифаќаат како документ за идентификација некое ливче место валидна лична карта, зашто ќе добијат кривична пријава од Управата, т.е. од Финансиската полиција.

Триаголникот: Управа за финансиско разузнавање – Народна банка на Македонија – МВР, бара решение за проблемот и веќе утре се очекува некаква солуција за хаосот што настана поради заглавениот закон. Се чека Управата да се изјасни дали тоа ливче од МВР ги содржи сите лични податоци што ги бара законот, за да може да служи место лична карта.

За секојдневните потреби на граѓаните, пак, место лична карта, банките примаат идентификација и со валидна патна исправа. Но, проблемот е што многу од граѓаните поради пандемијата и опасност од заразување, не ги обновија навреме своите пасоши. Најзагрозената група граѓани се пензионерите со истечени лични карти, кои средствата ги подигаат во готовина, од шалтер. На овие случаи, им нема помош. Од што живеат и како живеат, никој не се секира.

Народниот правобранител е преплавен со претставки од граѓани кои се соочуваат со проблемите и спас за блокираните сметки што воопшто не е по нивна вина, бараат таму. Уште пред да ескалира до овој степен проблемот, Народниот правобранител два пати алармираше, предупредуваше, но институциите не седнаа да најдат решение.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/bankite-se-prinudeni-da-im-gi-blokiraat-smetkite-na-graganite-bez-novi-lichni-karti-zashto-finansiskoto-razuznavane-ne-gi-priznava-livchinata-od-mvr/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Aug-2021 at 17:30
Мислам дека сме немале нишка која би ги третирала овие теми а последниве неколку месеци навистина е хаос и со лични карти и со издавање возачки дозволи.
Во МТВ се чека и по 3-4 часа и на крај прашање е дали е готов документот или ќе речат дојди за неколку дена повторно.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Aug-2021 at 17:32
Над 30 илјади граѓани не можат да добијат лични карти поради воведувањето етничка графа

Околу 30 илјади граѓани не можат да добијат нова лична карта, поради собраниските лавиринти во коишто заглави предлогот за етничката графа во документите. Бројката на неиздадени документи секојдневно расте, бидејќи граѓаните коишто имаат термин, аплицираат, се фотографиират, плаќаат за нови документи, а нови лични карти едноставно нема.

81-годишна скопјанка којашто пред месец и половина аплицирала за обновување на старата лична карта, изутринава се обидела да добие одговор дали во предвидениот рок од две недели по фотографирањето и поднесувањето на аликацијата, ќе го добие новиот документ. За ДВ вели дека од службите добила негативен одговор.

„Законот е во Собрание“, е одговорот којшто го добила од службениците во МВР. Таа е загрижена дали ќе може да ја подигне пензијата, со оглед дека банките бараат валиден документ за подигнување на пари, но стравува и од други проблеми коишто би можела да ги има, поради тоа што не поседува основен документ за идентификација. Многумина коишто планираа со лична карта да заминат некаде на одмор во околните земји, каде што е дозволено преминувањето на границата со овој документ, исто така се спречени да патуваат без валиден документ, пред се на одмор во Албанија.

Клучот е во Собранието

Како што дознаваме, од 05 до 31.07.2021 барање за лична карта поднеле 26.314 граѓани, додека од 01-06.08.2021 примени се 4.864 барања за лични карти од граѓаните.

ОД МВР велат дека целиот проблем се врти околу Законот за личните карти кој е блокиран во Собрание. „Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1.507 амандмани“, велат од МВР. Од амандманите коишто се поднесени за законот, еден е од парламентарното мнозинство, а 1,506 амандмани се поднесени од опозицијата.

„Ова законско решение, МВР преку Владата уште во март го достави во Собранието, се со цел да може да ги помине собраниски процедури и да можеме да отпочнеме со примена на ова законско решение од 1 јули 2021 година. Притоа, ова законско решение не прецизира ништо друго освен тоа дека и кај личните карти од 1 јули треба(ше) да се применува уставното име на државата и да се применуваат одредбите од законот за јазиците, односно сите заедници што живеат во државата имаат право на личен документ на сопствен јазик“, објаснуваат од МВР за ДВ. Тие апелираат до пратениците час поскоро да го донесат ова законско решение, во интерес на граѓаните.

Надлежните велат дека барањата на граѓаните за термин за фотографирање, односно аплицирање за издавање на лични карти редовно се примаат, од страна на МВР целата процедура се завршува, но дека не смеат да започнат со издавање на новите лични карти сѐ додека законот не биде на сила.

Личните карти со старото уставно име, од влегувањето во сила на новиот Закон за лични карти, ќе можат да се користат до 12 февруари 2024 година.

Проблемот со издавањето на новите документи трае веќе подолг период. Најпрво поради пандемијата службите беа затрупани со барања за нови лични карти и пасоши. На почетокот на летото, МВР го надградуваше системот, по што настана нов застој. Последната блокада започна со имплементацијата на законската обврска за менување на името на државата во документите - во Република Северна Македонија. Некои граѓани во текот на јуни и почетокот на јули, сепак успеаја да дојдат до своите документи. Останатите ќе мора да почекаат на милоста на пратениците.

https://www.dw.com/mk/над-30-илјади-граѓани-не-можат-да-добијат-лични-карти-поради-воведувањето-етничка-графа/a-58779832
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Aug-2021 at 18:55
Замислете го вовеле новиот систем пред да го донесат законот, и сега немало како да се вратат на стариот софтвер. Е што ако никогаш не се изгласа законот?

Баш банана држава.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Aug-2021 at 19:18
Се надевам на сите ви е јасно дека ова е уште една од придобивките од договорот. Thumbs%20Up
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Aug-2021 at 15:52

Врска нема со договорот, има врска со неспособни полтрони кои се на власт од 1991 па наваму. Договорот сам по себе не е страшен, неспособноста на секој еден политичар во државава да го спроведе како што треба или да го користи како адут е тоа што е страшно.

Патем, се чека законот за „етничка припадност“ во личната карта. Таа лудост од шеријатските земји која и ВМРО и СДСМ немаат проблем да ја прифатат.

Edited by гитардемон - 18-Aug-2021 at 16:00
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Aug-2021 at 16:35
Стар закон, а нов софтвер – 40.000 граѓани останаа без лични карти

Околу 40.000 граѓани чекаат нови лични карти, а неважечките им прават проблеми. Ако имате истечена лична карта, а сте се фотографирале за нова, само со листот издаден од МВР, моментално во банка не можете да направите трансакција, а доколку треба да ажурирате податоци и не го сторите тоа, сметката може да ви ја блокираат. Ова следи откако МВР користи друг систем, а не може да ги изададе личните карти бидејќи Собранието сè уште го нема изгласано Законот за лични карти, со кој, во нив се впишува новото Уставно име – Република Северна Македонија

Бидејќи потврдата (исечокот од апликацијата) што граѓаните ја добиваат при поднесување на барањето за лична карта, како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, не ги задоволува интерните политики на одредени деловни субјекти, МВР работи на изнаоѓање на процедурални решенија со кои што ќе им биде овозможено на граѓаните да ги остварат своите права низ институциите. МВР апелира до деловните субјекти, особено оние од банкарскиот сектор, да ги прифатат потврдите од граѓаните како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, односно да им излезат во пресрет на своите клиенти, со цел навремено подигање на нивните исплатени месечни приходи – велат од МВР.

Според информации на Алсат, најверојатно од идната недела граѓаните кои имаат само потврда дека се во процедура за издавање на лична карта или пасош, ќе можат да направат трансакции во банките со приложување на листот од МВР и неважечкиот докумет. Со нив, исто така ќе можат и да ги ажурираат податоците. Но, ова, официјално ќе треба да го овозможи Управата за финансиско разузнавање. Оттаму за Алсат брифираат дека се наоѓа решение за граѓаните и го најавуваат до крајот на оваа недела. Премиерот Зоран Заев потврди дека се наоѓа решение за граѓаните за од банка да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош, но и да вршат било какви трансакции. Но, тој е загрижен и за друг проблем со истечените лични карти.

Го разгледуваме начинот како да ги најдеме решенијата како тие граѓани да гласаат. Ако има пасош ќе гласаат со посошот како друг документ за идентификација дозволен по изборниот законик, но ако немаат пасош, а веројатно еден дел немаат, а немаат валидна лична карта, истечената не важи. Министерството за правда бара решение заедно со ДИК за ова – рече Зоран Заев, премиер.

Законот за лични карти МВР во Собранието го испратило уште во март, со план законското решение да се пименува од 1 јули. Оттогаш се поминати месец и половина, а допрва пратениците треба да рагледуваат повеќе од 1.500 амандмани поднесени од Левица, иако на 1 август пратениците заминаа на одмор.

https://alsat.mk/mk/star-zakon-a-nov-softver-40-000-gragani-ostanaa-bez-lichni-karti/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Aug-2021 at 17:13
Originally posted by гитардемон


Врска нема со договорот, има врска со неспособни полтрони кои се на власт од 1991 па наваму. Договорот сам по себе не е страшен, неспособноста на секој еден политичар во државава да го спроведе како што треба или да го користи како адут е тоа што е страшно.

Патем, се чека законот за „етничка припадност“ во личната карта. Таа лудост од шеријатските земји која и ВМРО и СДСМ немаат проблем да ја прифатат.


Тоа е најголем проблем во Македонија. Се изнаслушавме планови и имаме толку многу закони ама НИШТО не се спроведува!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Aug-2021 at 13:19
ЗАЕВ ЌЕ БАРА НАЧИН ДА МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА СО ИСТЕЧЕНА ЛИЧНА КАРТА, НАД 40 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ НЕ МОЖАТ ДА ДОБИЈАТ НОВ ДОКУМЕНТ

Поради недонесувањето на измените на Законот за лични карти, заглавени се барањата на над 40 илјади граѓани за нова лична карта и на дел нив веќе им се блокирани трансакциските сметки, а ако не се реши проблемот до октомври, тие нема да може да гласаат на локалните избори.

Премиерот Зоран Заев вели дека решението на ова прашање треба да се бара со почетокот на работата на парламентот да се изгласаат законските измени во септември или со донесување соодветни одлуки или правилници да се овозможи гласање со истечени лични карти.

„Законот е блокиран од Левица со амандмани, иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна амандманот за етничката определба на граѓаните во личните карти да го поднесе со одложено дејство од 2023 година, очекувајќи Европа да се изјасни за ова прашање. За мене ова е флексибилност на една сериозна партија како БЕСА, но Левица одлучи да го блокира законот. За жал поради ваквата блокада трпат граѓаните. Не се издадени преку 40.000 лични карти. Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е министерот за правда, заедно со другите надлежни ресори, да изнајдат начин, директно со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа. Верувам дека ќе се изнајде решение зошто и во минатото сме имале пракса, поради неможност да се издаде нова, да може да се гласа со личната карта со истечен рок. Но, проблемот не е само за изборите. Голем дел од банките не ги ставаат во функција трансакциските сметки на чии сопственици им е истечен рокот на личната карта па граѓаните не можат да земат пензија, социјална помош и други потреби“, изјави премиерот Зоран Заев.

Предложените измени на Законот за лични карти се со цел да почне да се користи уставното име Република Северна Македонија.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/zaev-ke-bara-nachin-da-mozhe-da-se-glasa-so-istechena-lichna-karta-nad-40-iljadi-gragani-ne-mozhat-da-dobijat-nov-dokument/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Aug-2021 at 13:56

Од сите работи кои се нелегални, ова е апла нелегално. Како може „да се бара чаре“, а да не може да се врати стариот софтвер или старите лични карти? Запнал да не ги издава без „Северна Македонија“.

Левица се тотално антипатични, ама да се здрави и живи и да го блокираат законов до крајот на времето.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1794
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Aug-2021 at 14:12
Добро, ова е многу лесно правно решливо, само не се креативни во влада. Образецот е пропишан со подзаконски акт, а не со закон. Подзаконски акт е во надлежност на Министерство за Внатрешни.

Слободно нека пропишат образен на обичен А4 лист хартија, горе ќе пишува "Лична Карта", ќе има "Северна", доле ќе има печат. И готово! Ќе се шетаме со листови во новчаник со захефтана слика како да сме 95-та, ама битно правниот проблем ќе се заобиколи. Барем до нова година додека се разреши работава, а до тогаш ќе имаме полноважечки кобајаги "лични карти" на обична хартија. Но формално правно баш тоа што треба да бидат, лични карти. Рок на важење по 6 месеца и после одново ќе се издадат соодветни биометриски пластични. На избори сите ќе гласаат со важечки лични карти и тоа е тоа.

Edited by user8642 - 19-Aug-2021 at 14:13
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Aug-2021 at 15:10
Значи постои важечки закон, а одбиваат да го спроведат оти очекувале дека ќе се изгласа нов (како јасновидци да се, ја гледаат иднината). И сега опозицијата била крива Одма опозицијата да се симне од власт, протести против нив!

Еј ВМРО беа ненормални, ама овие па, овие...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Aug-2021 at 15:13
СЕ ОГЛАСИЈА БАНКАРИТЕ: Надминат е проблемот со истечените лични карти, банките ќе прифаќаат и важечки пасош и потврдата од МВР

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

„Имајќи го предвид добиеното мислење известуваме за следното: Согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош). Оттука, граѓаните коишто имаат важечка патна исправа (пасош), а немаат важечка лична карта, услугите и производите од својата банка / штедилница може да ги користат со приложување на важечката патна исправа“, објаснуваат банкарите.

Притоа, како што велат, се имаат предвид и законските одредби, согласно со кои важноста на одредени патни исправи се продолжува до 31.12.2021 година.

„Во случаите кога граѓанинот – постоечки клиент на банка/штедилница не поседува ниту валидна патна исправа – пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, ниту валидна лична карта, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент, ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта“, објаснуваат од МБА.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи.

„Истовремено ја известуваме јавноста дека согласно со добиеното мислење од Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците се должни за клиентите коишто во моментот немаат ниту валидна лична карта ниту валидна патна исправа, во најкус можен рок од моментот на добивањето на важечка лична карта или патна исправа, да направат ажурирање на документите и податоците за клиентот. Оттука, клиентите коишто во моментот немаат ниту важечка лична карта ниту важечка патна исправа (пасош), по добивањето на нов документ треба да ја контактираат својата банка / штедилница, со цел навремено ажурирање на податоците“, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

https://faktor.mk/se-oglasija-bankarite-nadminat-e-problemot-so-istechenite-lichlni-karti-bankite-kje-prifakjaat-i-vazechki-pasosh-i-potvrdata-od-mvr
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Aug-2021 at 15:41

Банките прифаќаа пасош отсекогаш!? Јас имав истечена лична карта со години (don't ask), ама бев пријавен со пасош и немав гајле.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Aug-2021 at 07:48
ОД УТРЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ИЗДАВАЊЕТО ЛИЧНИ КАРТИ, ВЛАДАТА НЕМА ДА ЧЕКА НА НОВИОТ ЗАКОН

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти, соопштија од Владата по денешната владина седница. На седницата било одлучено да се донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците и на тој начин да продолжи издавањето лични карти, процес што беше закочен речиси два месеца и над 40 илјади македонски граѓани останаа со истечени лични карти, што им предизвика бројни проблеми, пред сè со банките.

„Соодветно на информацијата, Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во ‘Службен весник’, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања“, се вели во владиното соопштение.

Од МВР претходно кажаа дека издавањето лични карти застана бидејќи го надградиле системот да биде во согласност со Договорот од Преспа, кој предвидува од 1 јули годинава да почне да се употребува уставното име Република Северна Македонија на личните документи, како и во согласност со Законот за употреба на јазиците, кој предвидува двојазични лични карти за припадниците на малцинствата кои ќе го побараат тоа.

За таа цел беа предложени измени на Законот за лични карти, но тој е заглавен во Собранието поради 1.500 амандмани поднесени од Левица. Левица ги поднесе амандманите поради барањето на Беса во личните карти да стои и националноста.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-utre-ke-prodolzhi-izdavaneto-lichni-karti-vladata-nema-da-cheka-na-noviot-zakon/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Aug-2021 at 16:42
ОД ДЕНЕСКА СЕ ИЗДАВААТ ЛИЧНИТЕ КАРТИ СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ

Првите лични карти со новото име Република Северна Македонија започнаа да се издаваат од денеска.

Над 40.000 граѓани кои беа без лични карти последниве два месеци поради измените на Законот за лични карти кој е блокиран во Собранието со над 1.500 амандмани од опозицијата, од денеска можат да ги подигнат. Иако законот е заглавен во Законодавниот дом, Владата го одблокира со подзаконски акт.

Премиерот Зоран Заев, вели нема ништо ништо спорно.

„Креативноста на правните служби, пред сè од Министерството за внатрешни работи, заедно со законодавство, утврдија дека Законот за употребата на јазиците е доволна основа и самиот Устав на државата е доволен основ. На основа на членот 13, 14 и 23 од Законот за употреба на јазиците и Уставот на Република Северна Македонија се најде правната формулација и навистина за оваа креативност уште еднаш изразувам благодарност до стручните експертски служби во Министерство за внатрешни работи, овде во Владата, законодавство, сите коишто изнајдоа начин“ рече Заев.

За опозицијата регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и законите.

Левица ќе поднесе кривична пријава за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за злоупотреба на службената положба. Подготвуваат и преставка до Уставниот суд.

„Законските норми се јасни и истите предвидуваат дека додека не се донесе новиот закон, во сила е постоечкиот и актуелно важечки Закон за лични карти, по кој институциите се должни да постапуваат, без оглед на коалициските договори на владејачката клика! Бидејќи со незаконската измена на софтверот за издавање лични карти, без закон кој формално стапил во сила, извршено е флагрантно кривично дело кое се гони по службена должност, правниот тим на Левица во наредните денови ќе поднесе и соодветна кривична пријава против министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски за злоупотреба на својата службена положба, кој уште еднаш демонстрира дека неказнивоста“ велат од Левица.

Инаку личните карти на кои се уште не е истечен рокот, ќе важат до 12. февруари, 2024 година.

https://24.mk/details/od-deneska-se-izdavaat-lichnite-karti-so-novoto-ustavno-ime
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Sep-2021 at 16:38
Купишта изгубени лични документи високи како планина

ДАНОК ЗА НЕВНИМАНИЕ, КРАЖБИ И БРЗО ТЕМПО НА ЖИВОТ
Граѓаните често губат лични документи, свидетелства, лични карти, возачки дозволи, пасоши и друго, но најчесто минатата година се губеле личните карти. Од вкупно изгубени 32.849 документи, дури 14.316 граѓани минатата година, почнувајќи од 1 јануари заклучно со 31 декември, своите лични карти ги огласиле за загубени во „Службен весник“.
Еден од начините на кои граѓаните останале без некои од личните документи се и џебните кражби, кои на пример од почетоков на годинава досега најчесто се случувале во автобусите на јавниот превоз, на автобуските постојки и на пазарите.
Според бројот на огласите во „Службен весник“, веднаш по личните карти по бројот на загубени документи се пасошите, а лани без нив останале дури 1.689 граѓани. Од различни причини биле изгубени и свидетелства за завршено образование, а вакво искуство во 2020 година имале 4.777 граѓани. Нешто помалку биле изгубени возачки дозволи, односно 4.232, и 3.513 сообраќајни дозволи. Од вкупно 32.849 изгубени лични документи, 1.778 се изгубени дипломи, 478 картички за здравствено осигурување, 263 студентски индекси.
Граѓаните губат и мемориски картички, работни, воени и штедни книшки, потоа дозволи за оружја, студентски и воени легитимации, уверенија, девизни книшки и други документи. Личните документи граѓаните ги губат на различни начини, а многу често од невнимание или кражба на паричници, па крадците освен пленот со парите, остатокот не ги интересира. Искуството покажува дека тие ги фрлаат паричниците со сите лични документи што се наоѓаат во нив.

Но она што е посебно за обележување е фактот дека губењето документи граѓаните ги чини пари и време, а најмногу од сѐ – трчање по шалтери, што за многумина е како одење по жар. Огромните редици, нервозата, недисциплината – за многумина се доволна причина за губење на нервите, па често се случуваат и инциденти, а граѓаните се на работ да се откажат од целата постапка, бидејќи не може секој да ја издржи долгата процедура што го чека пред некои од шалтерите за вадење нови документи или продолжување на старите.
Сепак, оние што ќе се решат да ја почнат постапката, треба да знаат дека најпрвин мора да ги огласат во „Службен весник“, за потоа да започнат постапка за вадење нови документи.
Во „Службен весник“ личните документи се огласуваат за неважечки без оглед на тоа дали се изгубени, украдени, оштетени, издадени со печатна грешка итн. Од тие причини, немаме податоци по која основа се поднесуваат барањата за огласување неважечки документ – објаснија од „Службен весник“.
И во Министерството за внатрешни работи не можат да кажат какви документи најмногу губат граѓаните, односно колку од документите им се изгубени, колку украдени или колку им се најдени. Документите само ги одделуваат настрана од другите предмети при извршените џебни кражби.
Во периодот од јануари до април 2021 година се извршени 166 кривични дела џебни кражби, а од нив 56 биле извршени во јавен превоз – автобуси, 33 на автобуски постојки, 42 на зелените пазари, десет во објекти за услужна дејност (продавници, маркети, трговски центри), 18 на друг јавен простор, најчесто на улица, и седум биле во други објекти (болница, обложувачница и слично). Напоменуваме дека во согласност со начинот на водење на податоците, џебните кражби се расчленуваат на паричници, мобилни телефони, пари или банкарски картички и друго -велат од МВР.
Најмногу џебни кражби на паричници во кои имало и лични документи, за првите четири месеци од годинава, имало во Скопје, односно 70 биле пријавени во полициската станица во Центар, а 31 кражба биле евидентирани во полициската станица на Бит-пазар, во кои исто така граѓаните останале без своите лични документи. Во Гази Баба 23 граѓани, а во Карпош четиринаесетмина ги загубиле своите документи при кражба, а нешто помалку во другите општини.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/купишта-изгубени-лични-документи-вис/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15335
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Sep-2021 at 14:17
Македонија со најскапа зелена карта во регионот – од следната година поевтинува цената на зелената карта?





https://mk.tv21.tv/makedonija-so-najskapa-zelena-karta-vo-regionot-od-slednata-godina-poevtinuva-tsenata-na-zelenata-karta/
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 313
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Sep-2021 at 22:03
Епа Северџаните се со зелен мозок, затоа и плаќаат скапо за зелена карта, таман си е, кроце ајде.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1794
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Sep-2021 at 22:53
Северџаните може плаќаат скап зелен картон, ама затоа за Античките Македонци и границите се затворени по свет па и не ни им треба зелен картон. Ќе биде брзо и ова ќе падне, не се секирај.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.