build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ДЦ Аркадија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
2 [5.13%]
14 [35.90%]
18 [46.15%]
5 [12.82%]
You can not vote in this poll
Total votes: 39   Average: 2.33

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 20-Jan-2010 at 18:09
3-ka, зошто иако е несомнено петпари објект,  не ми е претенциозен и лесно ќе се претопи со останатите објекти што би му се залепиле, а кои се надеваме ќе бидат нешто далеку подобро од ова.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 21-Jan-2010 at 21:16
3 -ка само поради тоа што ми се допаѓа осветлувањето на објектот. Ноќе поубаво изгледа него денски. 
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 15-Mar-2010 at 23:54
Овде дадов мислам 3јка. Незнам со кој памет на волку прометна локација се прави бела фасада која ќе исчури за 5 години и ќе стане грозно сива. Ова исто би им го замерил и на неколку нови објекти кај Универзална (кај Карма, спроти исто, итн). Второ, целиот објект ми е некако досаден, нешто пробале да освежат на ќошот ама џабе. Излозите (стакла/оквир) исто не ми се вклопуваат и делуваат ко од друг објект да се. + Чировите. 
Да беше во Драчево или Радишани ќе и дадев 6ка ама овде... 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4398
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 16-Mar-2010 at 00:54
Без да навредам никого, објектов е доказ дека кога земјоделецот добива пари од последната реколта не треба да оди да ги вложи во згради, туку да ги вложи во трактори. Или со други зборови, шо qr бараш да градиш згради ако не те бива за такво нешто.

Иако според мене ова е промашување еднакво на тоа на спомен домот на Мајка Тереза, без разлика што ни оддалеку не е исто важно за државата и за нас, јас сепак се решив да му дадам двојка (за разлика од спомен домот кој доби сочен кец). Тоа го сторив најмногу поради „портикото“ или „стоата“ или што и да е, коешто ми ги отвори очите и сфатив дека тоа е задоволувачко решение и за алчните инвеститори и идиотите кои им ги задоволуваат барањата, и за проблемот со тротоарите, а и мене лично многу убаво ми изгледа. Од сликата подолу се гледа дека за пешаците има прилично доволно простор, иако објектот е скоро излезен над самиот коловоз. Е да беше цела улица вака, верувам дека ќе се вклопеше колку толку повеќе во околината. Значи повеќе коментирам бидејќи сум фасциниран од идејата да има повеќе стои/портика низ Скопје (со што би се избегнале тротоари широки 15 cm), отколку што сакам да го коментирам ова срање од тули кое за жал не можам да го сместам во архитектура ала Мала Речица, туку повеќе ми личи на архитектура ала агроном-орач style.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 16-Mar-2010 at 03:04
Иако не сум архитект, веројатно сум пример, дека и не треба да бидеш архитект, за да не ти се свиѓа зградава. Грда е брате! Што се однесува до ќошот, мислам дека столбот не треба да постои воопшто, стаклата да бидат заоблени и во друга боја. На пример овие на Корнер ми се сосема ок. Тогаш можда малце ке треба да се прилагоди и бојата на фасадата, ама мислам би изгледало подобро него сега. 3ка е многу али ај, не оценувам, вие сте постручни.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 16-Mar-2010 at 03:26
Originally posted by SkyBoy

3ка е многу али ај, не оценувам, вие сте постручни.

Нема постручни и понестручни за овие анкети
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 18-Feb-2013 at 12:30

БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕKТ УСОГЛАСЕН СО УРБАНИСТИЧKИОТ ПЛАН „БУЊАKОВЕЦ 1“

Легализирани дивите делови од зградата „Аркадија“

На последната седница на Советот на Центар немаше забелешки за градежните отстапки на оваа зграда, но имаше за две други, кои не добија зелено светло - една во Дебар Маало, а друга на „Максим Горки“

Советот на Општина Центар на последната седница ги легализира бесправните делови од станбениот објект, изграден на местото на поранешната сендвичарница „Аркадија“. Станува збор за три парцели споени во една - 11776/1, 11776/2 и 11778, дел од катастарската општина „Центар 1“. 

Советникот Јован Тагасовски од СДСМ на седницата праша колкава површина отстапува од она што е дозволено, на што раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Центар, Александар Јанакиевски, му одговори дека станува збор за отстапување од 30 сантиметри. Не појасни во кој дел од градбата - дали во висина или во ширина. 

- Отстапувањето е минимално и не им пречи на околните објекти - истакна раководителот за усогласување на дивите делови од зградата во планот „Буњаковец 1“. 

На истата седница имаше барање за планска легализација на уште два објекта - едниот во Дебар Маало, а другиот на улицата Максим Горки, во околината на плоштадот Македонија. Раководителот Јанакиески образложи дека тоа не е можно. Во образложението на двете одлуки пишува дека објектите не можат да се вклопат во урбанистичко-планската документација бидејќи не се исполнети нормативите утврдени со Правилникот за стандарди за вклопување бесправни објекти. 

- Во спротивно, се задржува постојната состојба на бесправниот објект и за него не се исцртува информативна линија, а не се утврдуваат услови за идна градба - се вели во образложенијата. 

Станува збор за градба на улицата Максим Горки, која е во редот на некогашната печатница „Гоце Делчев“, на катастарската парцела 11961, дел од „Мал ринг“. Истото се однесува и за објект што се наоѓа на две парцели, 5349 и 5350, кои се дел од планот „Дебар Маало 2“. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=820E24BF480620468EA2FCFC8C5ECDEC
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 18-Feb-2013 at 12:35
скоро колку зградата на Фиат(за некој сантиметар)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.