build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ДЦ Аркадија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
2 [5.13%]
14 [35.90%]
18 [46.15%]
5 [12.82%]
You can not vote in this poll
Total votes: 39   Average: 2.33

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ДЦ Аркадија
    Posted: 18-Jan-2008 at 11:23
Еве една вест за нова локација во центарот кај што скоро ќе треба да почне да се гради деловен објект. Два момента. Се работи за битна локација така да ваљда нема да зезнат работа со некој фушерски објект како оној дијагонално од соборна (кој BTW почнува да ми изгледа одвратно како е поставен во однос на Порта Буњаковец, комплетно без врска).
Втор момент е.... Каде точно ќе се гради овој објект, дали ќе се залепи до Св. Климент Охридски? Ваљда не... Имаме една дискусија на оваа тема за тоа како треба да се поредени објектите на овој булевар. Незнам веќе што да мислам можеби концептот за кој што зборувам на следниот линк е напуштен одамна а јас упорно го верглам?

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=47


НАПУШТЕНИОТ РЕСТОРАН ЗА БРЗА ХРАНА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА

Зграда ќе го покрие ѓубрето кај „Аркадија“

Сопствениците на парцелата велат дека пред изградбата ќе го исчистат буништето во објектот и се правдаат дека никако не можеле да го спречат неговото настанување

Најдоцна до 15 февруари на местото на напуштениот објект на ресторанот за брза храна „Аркадија“, кој се наоѓа на булеварот Климент Охридски, во строгиот центар на градот, ќе почне да се гради нов деловен објект. Со изградбата скопјани ќе куртулат од големата депонија што несовесни граѓани ја создадоа на местото на некогашниот ресторан, од каде што се шири смрдеа. Сопствениците на „Аркадија“, Перо и Соња Љутикови, кои ќе бидат сопственици и на новиот деловен објект, велат дека веќе добиле локациски услови од Општина Центар, а се надеваат дека во најскоро време ќе го добијат и одобрението за градба.

Од Општина Центар потврдуваат дека е во тек постапката за добивање дозвола за градење на деловниот објект.

- Локациските услови се веќе издадени и се работи на главниот проект. Новиот деловен објект набрзо ќе почне да се гради - вели градежниот инспектор во Општина Центар, Милан Пижула.

Тој објасни дека објектот ќе има и паркиралиште, бидејќи без предвиден паркинг-простор за возилата што ќе доаѓаат во зградата нема да биде издаде одобрението за градба. Според Пижула, висината на објектот од нивото на тротоарот до венецот е од 19 до 20 метри, а за тоа колку ката ќе има, ќе одлучат самите сопственици, во зависност од проектот.

Сопствениците Љутикови велат дека деловниот објектот е предвиден во детаљниот урбанистички план за локалитетот и во Генералниот план на Скопје и дека целата постапка за градба е легална.

Ресторанот „Аркадија“ не работи веќе шест години. За тоа време несовесни граѓани празниот простор го користеа како јавно веце и како голем градски контејнер во кој без трошка срам исфрлаа градежен шут, комунален смет, непотребни предмети, расипана храна и друго. Досега никој не е казнет за ваквата ситуација, ниту сопствениците на објектот, ниту загадувачите на околината.

Сопствениците на објектот, за состојбата се бранат со објаснувањето дека не можеле да ги спречат несовесните граѓани во нивните намери да фрлаат ѓубре каде што сакаат.

- Тоа не е наша вина. Ова е ѓубре на градските госпоѓи што живеат тука во центарот. Штом ќе го добиеме одобрението за градба, веднаш ќе го исчистиме буништето. Досега не можевме ништо да сториме бидејќи и за оградување на градежна парцела е потребно да се добие согласност и од Градот и од МВР, а за тоа е потребно време - се брани Љутикова.

И од Општина Центар се бранат со тоа што инспекцијата немала ингеренции да пишува казни за сметот, иако со неодамнешните законски измени добија можност да ги казнуваат граѓаните што фрлаат ѓубре на јавни места. Општинарите велат дека единствено можат пред градежните работи да го исчистат оставениот градежен шут. Градежниот инспектор Пижула најави дека ќе испрати инспектори на терен, за да видат дали нешто може да се стори околу отстранувањето на шутот.

И во претпријатието „Комунална хигиена“ се оградуваат од ѓубрето во „Аркадија“.

- Иако знаеме за случајот, ние не можеме да сториме ништо бидејќи не сме овластени да го чистиме сметот од приватен имот - вели портпаролката Југослава Дуковска Поленак.

(А.П.)



Извор: Дневник


Edited by lslcrew - 19-Oct-2008 at 15:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Jan-2008 at 17:41
Стварно изгледа не е све како што треба на таа страна од Климент Охридски. Ја концептот никако не можам да го сватам...

А за тоа што ќе никне кај Аркадија, ќе мора да се молиме овие Љутикови да имаат колку-толку вкус.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Sep-2008 at 17:50
Дечки овдека се руши веќе неколку дена... И тоа не само Аркадија туку и неколку од соседните куќарки. Со господ напред... 
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Sep-2008 at 18:20
Дечки овдека се руши веќе неколку дена... И тоа не само Аркадија туку и неколку од соседните куќарки. Со господ напред... 


Фала богу, ваљда ќе се лишиме од едно ругло во строгиот центар на градот
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3296
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Sep-2008 at 21:32
Не знам дали некој има информација, но едно време се зборуваше дека и Кингбургер заедно со Маршалот ќе го рушат за да изградат зграда. Не знам што се случи со таа градба, инаку во меѓувреме Кингбургер повторно го отворија.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Sep-2008 at 22:43
Originally posted by BOJAN

Не знам дали некој има информација, но едно време се зборуваше дека и Кингбургер заедно со Маршалот ќе го рушат за да изградат зграда. Не знам што се случи со таа градба, инаку во меѓувреме Кингбургер повторно го отворија.


да ми текнува кога беше затворен кинг бургер и баш се надевав дека се готви зграда. Како што кажа dacito сите тие трошни куќарки макар и адаптирани и реновирани се ругло за градот и под хитно мора да се порушат.

Е сега прашањето е само да не зажалиме што почнало да се гради било што. Се надевам дека се токмат добри проекти тоа е стварно многу битен дел од центарот а до сега сите новоградби се за никаде Ohno
Back to Top
duli View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote duli Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Sep-2008 at 22:54
zdravo na site nov sum moze nekoj da ja kaze lokacijata na google earth
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Sep-2008 at 23:36
На булевар св. Климент Охридски (бивш ЈНА) карши Кинг Бургер.

Добредојде на форумов Cheers


Edited by UrbanFreak - 28-Sep-2008 at 23:37
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 165
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Sep-2008 at 21:38
zdravo duli.
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 165
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Sep-2008 at 21:40
se preplavivme so delovni objekti,ali ako ne ni smetaat. Dunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Sep-2008 at 23:17

Деловен објект ќе никне кај поранешната сендвичарница

Нов деловен објект ќе се гради на просторот каде што се наоѓаше познатиот ресторан за брза храна „Аркадија“, на булеварот Климент Охридски. Градежната фирма „Аполо инженеринг“ ја урна старата и го подготвува теренот за изградба на нова зграда. Просторот е ограден за да може работниците со механизација да ги изведуваат земјените работи. Од фирмата ни објаснија дека тие се ангажирани за подготвителните работи, односно да го израмнат теренот, да ги подготват подрумските простории за да може потоа да се гради објектот. Инвеститори се сопствениците на поранешната „Аркадија“, Перо и Соња Љутикови, кои ќе бидат и сопственици на деловниот објект.

Од општината Центар велат дека сопствениците ја имаат потребната градежна дозвола за која им е издадена на 10 септември годинава. Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив. Висината на објектот од нивото на заштитениот тротоар ќе биде од 19 до 20 метри. Предвидена е и гаража во подрумот.

- Се' уште сме во преговори за тоа која фирма би ја ангажирале за изградбата на деловниот објект. Немаме ништо конкретно дефинирано, засега само теренот се подготвува за почеток на градежните работи - велат инвеститорите. Објектот на ресторанот за брза храна „Аркадија“ не работеше последните шест години, а во последно време несовесните граѓани и околните соседи го претворија во дива депонија. На смрдеата што доаѓаше од буништето повеќепати реагираа и жителите. За тоа беше известена и инспекцијата на Општина Центар, по што дворот на напуштениот објект беше исчистен. Општината Центар и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се оградуваа дека не се надлежни за расчистување на сметот бидејќи станувало збор за приватен имот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EE198676BE85124BABCCD61E45E3AD0D

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Oct-2008 at 18:04
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Oct-2008 at 18:40
Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив.


Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно


Edited by dacito - 01-Oct-2008 at 18:43
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Oct-2008 at 18:55
Originally posted by dacito

Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив.


Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно


Веројатно писателиот мислел дека основата е 226м што повторно воопшто не е импресивно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Oct-2008 at 09:44
Луѓе мора да го набавиме ДУП за овој дел од градот бидејќи мене навистина ништо не ми е јасно.

На градилиштето на Аркадија на големо се градат темели, не успеав да сликам бидејќи имаше многу сумњиви типови кои го одмеруваа секој минувач што проаѓа. Она што можев да го видам е дека градежната линија е горе доле иста како онаа што беше на субстандардните објекти од претходно, можеби за 0.5/1м повнатре но сепак поисфрлена од линијата на која се гради Корнер погоре на раскрсницата. Со други зборови овдека нема да остане ни тротоар ни бутур а со оглед на тоа како се исфрлени зградите и од другата страна на улицата единствено решение да се добијат тука нормални тротоари ќе биде уништување на средушниот појас што би било навистина штета.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Oct-2008 at 13:01
Јас ќе почекам да видам рендер, па после ќе можам да зборам за троторатот и градежната линија. Зградата од карши кај што е АМЦ може да се излезе горе и да се фати добра слика. Или па онаа кај што е АМЦ мегасторе.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Oct-2008 at 17:48
Пред лоа саат продов од овдека, и покрај тоа што беше темно имаше ангажаирано сериозна механизација. 2 бетоњерки у акција, и околу 3-4 миксера. Може би во наредниов период ќе се појави некој мал застој на сообраќајот овдека но тоа не е причина да негодуваме. Инаку дупката беше прилично голема (се гледа пошто има мрежа, а не лимена ограда), скоро да беше покопан коловозот. Ова сигурно е заради подрумските простории, или па нешто слично како со уличката кај НЛБ.

Edited by lslcrew - 13-Oct-2008 at 17:49
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Oct-2008 at 19:23
dali mose nekoj da dava kordinati
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Oct-2008 at 19:32
Изволте:  41°59'49.69"N 21°25'29.85"E

Edited by lslcrew - 14-Oct-2008 at 20:02
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Oct-2008 at 19:57
fala mnogu islcrew  ...shokiran sum sto bese vo centarot .....  cudno mi e deka nikogas ne sum go videlDunno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.