build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1940
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 25-Nov-2021 at 13:29
Originally posted by MKDSTRUGA

I mene me raduva sto imame isto mislenje barem deka na ovoj del treba da ima nesto sovremeno. Kje gi razberev protivnicite na ideata za oblakoderi da se gradea vrz park, no tuka stanuva zbor za ogromen asvaltiran prostor koj osven sto vpiva ogromna toplina vo leto, predstavuva ogromen nesreden i gnasen del vo centarot na gradot.

Isto me radova sto spomnavte deka Jevahir konceptot na isti zgradi ne e dobar. Edino sto mene mi smeta vo resenievo koe pocna da se implementira e sto ima mnogu stambeni edinici za domuvanje. Po mene toj del bi trebalo da e sovremen office, hotelski i deloven prostor. Ne moze da ocekuvame renomirani kompanii od IT i FineTech Services industriite da dojdat vo Skopje i istite da se smestuvaat po stanovi... Ako denes vo skopje imame okolu 5-10 iljadi IT inzeneri i ako vo services rabotat uste tolku luge za 10 godini ovie brojki ke bidat tri kratno zgolemeni (dokolku se potrudime da bide taka, vo sprotivno ke sprastat kadrite po beliot svet i nekoj drug ke go obere plodot na nivniata visoka produktivnost). Nakratko mora da stvorime prvo uslovi a potoa ke dojdat i dobrite rabotni mesta za koi vo Skopje do sega nema nekoj pogolem i poznacaen kancelariski prostor.

Samo za podsetuvanje, Skopje i Pristina se edinstveni glavni gradovi koj nemaat Tehnoloski park na Balkanot, a po primerot na Srbija i Hrvatska ima i daleku pomali gradovi kako Novi Sad, Nish, Split i Slavonski Brod koj imaat office i Tech parkovi.


se slagam so se sto kaza. spored mene, vo delot kaj kukjite treba da se napravi kompleksot so plostad dodeka vo predniot del kaj parkingot da se napravi park so sto bi se iskoristile postoeckite drvja. sekako ulicata ednonasocna treba da se zatvori i samiot park i plostad da prodolzi vo kej ureden isto kako i kejot 13ti noemvri i uste eden ubav sovremen most koj ke vodi direkno do plostadot sv. presveta bogorodica. vaka nekako go imam zamisleno celiot koncept, inaku arhitekt sum po profesija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 26-Nov-2021 at 11:30
УШТЕ НЕ Е ПОБАРАНА ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА ДРУГИТЕ ДВЕ КУЛИ КОИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ НА ЕДНА ОД ТРИТЕ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“

Фирмата „МГ Фешн“ уште не поднела барање за градежната дозвола за другите две кули кои треба да се градат на првата од трите градежни парцели во центарот на Скопје. Од понеделникот градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот за изградбата на првата 20-катница, лоцирана кон кејот на Вардар која всушност ќе биде на земјиштето на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Од Општина Центар велат дека засега ќе се гради само една зграда бидејќи инвеститорот не почнал никакви постапки за останатите две.

„Фирмата ‘МГ Фешн‘ до денес нема поднесено барање за градежна дозвола за другите две згради кај ‘Холидеј ин‘. Бидејќи до Општината не е пристигнато барање за издавање на одобренија за градење за останатите две згради, досега не е издадена дозвола за градење“, велат од Општина Центар.

За првата зграда која ќе биде на 20 ката и со три подземни нивоа, како што вели инвеститорот дозволата за градба е добиена во април и платени се комуналии во висина од 2,4 милиони евра. На оваа градежна парцела нема приватни имотни односно куќи на граѓани туку чист простор кој беше државно земјиште, па потоа продаден од Министерството за транспорт и врски на инвеститорот. Според презентираното идејно решение покрај првата зграда од 20 ката, ќе се гради и станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.

Трите згради од 16, 20 и 22 ката за 1.200 жители се наоѓаат само на една градежна парцела од вкупно три кои ги предвидува Деталниот урбанистички план (ДУП). Според Деталниот урбанистички план (ДУП) донесен во 2012 во времето на ВМРО-ДПМНЕ и кој не е усогласен со Генаралниот урбанистички план (ГУП) и СДСМ пет години не успеа да го смени, просторот е поделен на четири парцели, од кои три се градежни и една е со намена плоштад со фонтана.

Според ДУП-от 60-катници се предвидени и на другите две парцели каде всушност се наоѓаат куќите на жителите на Ново Маало, што значи дека кај „Холидеј ин“ може да има има уште кули, не само трите кои инвеститорот ги презентираше во јавноста. На презентација од „МГ Фешн“ не сакаа да кажат дали откупиле дел од земјиштето и постигнале договор со сопственицте на куќите и колку и какви згради планираат да градат на другите две градежни парцели.

Сите содржини што сега се планираат се всушност според стариот Детален план, кој дозволува по 200.000 метри квадратни изградена површина на трите парцели, или вкупно 600.000 метри квадратни и 5.000 жители. Генералниот урбанистички план кој е акт од повисок ранг дозволува на сите три парцели да живеат 1.250 граѓани или 347 семејства, а сега само во првата парцела се предвидени 1.200 жители.

Такму поради тоа Деталниот план е во спротивност на Генералниот план и тој воопшто не требал да биде одобрен од Град Скопје и Министерството за транспорт и врски. Тоа значи дека сега инвеститорот ќе гради спротивно на ГУП-от, односно согласно ДУП во кој не биле запазени параметрите од повисок орган.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/ushte-ne-e-pobarana-dozvola-za-gradba-na-drugite-dve-kuli-koi-ke-se-gradat-na-edna-od-trite-gradezhni-partseli-kaj-holidej-in/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 26-Nov-2021 at 15:25
Во темелите за кулите кај „Холидеј Ин“ погребана довербата во државата



Политичката и институционална фарса за преќутно одобрување на незаконитост за случај со урбанистичко дивеење во Скопје, којшто се провлекува речиси десет години дојде кон крајот. Почнува изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј Ин“ што ќе го претвори центарот на Скопје во огромно градилиште. Деталниот урбанистички план (ДУП) за оваа локација што беше донесен во 2012 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ се реализира во време на СДСМ и покрај предупредувањата дека не е усогласен со Генералниот урбанистички план и дека новите градби ќе предизвикаат влошување на квалитетот на живеење во Скопје. Епилогот на овој случај е доказ дека партиите ги користат институциите за намерно одолговлекување и непостапување за да се реализира проект на штета на јавниот интерес.

Референдумот останува единствена шанса?
Од иницијативата „Шанса за Центар“ остро реагираа на почетокот на изградбата на висококатниците и ги повикаа сите надлежни институции да застанат на страната на јавниот интерес и да ја спречат изградбата на висококатниците. Оттаму побараа Обвинителството конечно да постапи по претставката од Антикорупциската комисија, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски да издаде привремена забрана за градење сè додека ОЈО не го расчисти случајот.

„Градоначалникот може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои сè уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно. Сето ова е можно, но вистинското прашање е дали се сака! Градоначалникот да се зафати сериозно со обврската за суспензија, како законска можност за ревизија на останатите две парцели од „Холидеј Ин“, кои секако ќе се изградат ако не се реагира“, укажаа од „Шанса за Центар“.

https://samoprasaj.mk/naacik/2177-vo-temelite-za-kulite-kaj-holidej-in-pogrebana-doverbata-vo-drzavata
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 29-Nov-2021 at 14:04
Денешни

Парцелата за првата зграда е целосно оградена,донесен е багер и неколку кипери спремни за ископ.За изведувач е избран Рапид Билд Куманово(го градеа седиштето на А1 отспротива).Со оглед на тоа дека ќе се спуштаат три нивоа под земја(12-15м ископ) сигурно ќе им се појават подземни води па ќе видиме како ќе се справуваат

Во продолжение денешни фотки од градилиште

Таблата/рендер





по тарабите имаат ставано рекламни паноа за целиот комплекс





багерот и киперите





влезот на градилиштето

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1630
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 29-Nov-2021 at 18:09
Само напред! Доста со хистеришење и играње на емоциите и стимулирање љубомора на народни маси накурчени од комплетната ситуација во државата. Баш овакви проекти може да не извлечат и да ја промениме баш таквата ситуација која предизвикува да се штрајкува против. Тоа што изгледа дека е проблем, во суштина е решението.
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 29-Nov-2021 at 21:59
Многу убаво идејно решение . Се надевам ќе биде вакво како на сликите
Back to Top
Vire View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 62
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 30-Nov-2021 at 09:49
Originally posted by user8642

Само напред! Доста со хистеришење и играње на емоциите и стимулирање љубомора на народни маси накурчени од комплетната ситуација во државата. Баш овакви проекти може да не извлечат и да ја промениме баш таквата ситуација која предизвикува да се штрајкува против. Тоа што изгледа дека е проблем, во суштина е решението.

По оваа логика требаше да го остајме грујо споменици да реди а мијалков да ја рекетира цела држава. Кај гледаш хистеришање ? Ко алва го лапнаја ова буржуите од селски ѕид,за експертите од "Марх" Филипче љепотано и Ноеми Чаусидис да не прајме муабет живи ги нема,други архитекти стари дртави што имаја па многу да кажат во минатото исто сега ги нема,оти така ?Само ако излези градоначалниката или следниве на власт со некој поинаков проект од овај овде за местово ќе почне хистеризирањето.
Вакви проекти се градат за да добие градот нешто поинаку,нешто што нема,а не да се дуплираат 18-20 катници.

Back to Top
Vire View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 62
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 30-Nov-2021 at 09:51
Originally posted by Bezveza

Многу убаво идејно решение . Се надевам ќе биде вакво како на сликите

Излези малку од скопје брат,проштај,види во свето како е.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 30-Nov-2021 at 16:56
(ВИДЕО) Антикорупциска се сомнева во непристрасноста на Обвинителството поради молкот за ДУП-от спроти „Холидеј ин“









ДКСК поднесе иницијатива до Обвинителството пред повеќе од половина година, но, предметот е се уште во предистражна постапка. Така е, велат меѓу другото од истражниот орган, затоа што се работи за обемен материјал и период кој опфаќа мандати на двајца градоначалници
Сепак, антикорупционерите сметаат дека постапката се одолговлекува без потреба
На терен, почна градбата на првата висококатница на просторот спроти „Холидеј ин“, а на хартија инвеститорите чекаат одобрение на идејните проекти и за останатите две планирани кули.

Новиот градоначалник на Центар тврди дека ќе се бара начин за стопирање на планот, но, засега, без конкретна стратегија.

Удрени темелите на првата висококатница кај „Холидеј ин“, се чека „амин“ за другите

Пораз на сите заложби за ставање на ред во урбанистичкото планирање – вака го оцени дел од јавноста почетокот на изградбата на првата висококатница на просторот спроти „Холидеј ин“. Градењето тука почна минатата недела, откако по неколку години ветувања, СДСМ не најде начин да ги измени спорните урбанистички планови донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Патот за градба се отвори по падот на мораториумот донесен од Општина Центар, со кој беа замрзнати сите нови градби според Деталните урбанистички планови што отстапуваат од Генералниот урбанистички план за Скопје. Не успеаја ниту обидите за нивна суспензија – институциите, префрлајќи си ја топката, не докажаа штета по јавниот интерес.

А откако екс-градоначалникот Богдановиќ, сепак, стави потпис на дозволата за градба на првата кула кај „Холидеј ин“, „жешкиот костен“ сега е во раце на неговиот наследник.

„Ќе се состане советот, ќе слушаме предлози од страна на советници и можности дали има начин истата да се стопира, сега засега, бидејќи е правосилна одлуката, има платено комуналии и дозвола за градба и првата зграда законски може да се гради“,

вели Герасимовски.
Иако смета дека засега нема опција за стопирање на градбата, Герасимовски вели дека е отворен за предлози. Открива дека неодамна инвеститорите поднеле барање за одобрение на идејните проекти за останатите две кули, но уверува дека нема да даде „виза“ се додека не се произнесе Советот.

Од советничката група „Шанса за Центар“, која е клуч за мнозинството во Советот, сметаат дека веќе е изгубено драгоцено време.


„Мислам дека ова што се покажува, дека се чекаше да поминат локалните избори мирно, а после тоа да се почне со градење, е еден голем сигнал дека од старт се нема волја за поинаква политика во решавање на овој урбанистички хаос во кој живееме“,

вели Белчева.

Предметот за спорниот ДУП се уште во предистражна постапка

Очекувањата од Обвинителството за кои говори Герасимовски се темелат на иницијативата што ја поднесе Антикорупциската комисија пред повеќе од половина година. Основата беа неправилностите во носењето на ДУП-от за „Холидеј ин“, кој отстапува од параметрите на Генералниот план за Скопје.

Бидејќи станува збор за многу комплексно прашање, затоа ја упативме иницијативата до Јавното обвинителство, очекувајќи дека тие ќе ја завршат својата работа, од аспект на својата надлежнсот и ќе донесат една времена мерка, која ќе трае се додека не се расчисти ситуацијата како што треба. Тоа би било најбезболно, и тоа да биде час поскоро донесена додека не настанале други материјални вложувања на местото, затоа што – кој ќе го плаќа тоа, ако дојде до рушење? Пак граѓаните“,

вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Но, предметот е се уште во предистражна постапка. Така е, велат од обвинителството, затоа што се работи за обемен материјал и период кој опфаќа мандати на двајца градоначалници. Додаваат дека сослушуваат сведоци и чекаат информации од МВР кое во два наврати барало продолжување на роковите за прибирање докази поради структурни промени во надлежната единица.

Сепак, антикорупционерите сметаат дека постапката се одолговлекува без потреба.

https://360stepeni.mk/video-antikoruptsiska-se-somneva-vo-nepristrasnosta-na-obvinitelstvoto-poradi-molkot-za-dup-ot-sproti-holidej-in/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 439
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 01-Dec-2021 at 13:23
На ова место требаше само еден облакодер (3 згради во една) со парк околу и подземни паркинг места, ништо повеќе од тоа.
Се надевам дека со останатите две парцели нема ваква грешка да се направи.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Dec-2021 at 21:57
Originally posted by Vire

Originally posted by Bezveza

Многу убаво идејно решение . Се надевам ќе биде вакво како на сликите

Излези малку од скопје брат,проштај,види во свето како е.


Јас брате повеќе од пола свет сум го видел и прошетал, фала му на Бога за тоа, од Канада па се до Нов Зеланд, само на Антарктик не сум цапнал.
Сакам да кажам дека ова е убаво за наши услови и со оглед на тоа што имаме во нашата држава и "метрополата".
ПС за твоја информација јас не сум од СК и не живеам во СК. Поздрав.

Edited by Bezveza - 01-Dec-2021 at 21:58
Back to Top
Vire View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 62
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 02-Dec-2021 at 15:22
Originally posted by Bezveza

Originally posted by Vire

Originally posted by Bezveza

Многу убаво идејно решение . Се надевам ќе биде вакво како на сликите

Излези малку од скопје брат,проштај,види во свето како е.


Јас брате повеќе од пола свет сум го видел и прошетал, фала му на Бога за тоа, од Канада па се до Нов Зеланд, само на Антарктик не сум цапнал.
Сакам да кажам дека ова е убаво за наши услови и со оглед на тоа што имаме во нашата држава и "метрополата".
ПС за твоја информација јас не сум од СК и не живеам во СК. Поздрав.

Ако си шетан тогај е уште почудно што немаш ништо против скопскиов београд на води
И јас не сум по потекло од ск ама не можи чоек да остани рамнодушен на вакви глупости,посебно ако се напрај споредба со то шо почна да се гради во Софија,во белград почнаја метро да градат ние абер немаме

Налет и то ама ако на најатрактивно место(ко бајаги)во цела држава ти земиш социјална зграда да градиш,ито та прва ја почнаја оти знат дека само уште овде остана недоквакан народ шо се ќе проголта,тогаш значи не заслужуваш држава !
Овде не зна зошто се бунат,ја имат промашено домашната,не е работата да се буниш дали биле зградите 60 ката или 160 туку како изгледат.
Зато треба да излези малку чоек од државава,да види дека ние сне од дното подолу.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 02-Dec-2021 at 15:33
Уште не сме стигнати до тоа ниво да судиме за изгледот на објектите,се оди на најниското ниво на резонирање и расудување а тоа е следново

Супер нека се гради и нека се урбанизира наместо паркинг,кал и неуреден простор нека направат згради.Отприлика вака изгледа одобрувањето а критизирањето е насочено најмногу кон катноста и се чини повеќе на народот му одговараат огромни километарски долги згради отколку одење во висина и оставање простор за парк и други можности за уредување.

Точно е тоа дека Софија,Белград,Тирана имаат многу поубави комплекси и модерен изглед но веројатно и поголема(побогата) клиентела која може да си дозволи и поскап квадрат па следствено повеќе се вложува во изведбата на самиот објект.
Најверојатно ние ќе ги потрошиме сите подобри локации со вакви условно речено (под)просечни објекти а ако дојде некое подобро време убавите проекти би биле или во некои тесни улички без да дојдат до израз или на периферни делови од градот.
Предолго време се тера со ист концепт на градење и горе-долу ист/сличен дизајн на објектите,секоја чест за дел од проектантите кои вадат сосем солидни проекти и ги реализираат(особено низ Карпош и делови од Центар).
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 02-Dec-2021 at 17:04
Vire, како и да е подобро тоа од колку кокошки, петли, коњи и крави да се шетаат низ населбата и куќи без канализација во строг центар на главен град. Еднаш мора да се среди тоа.
Јас сум од провинција и многу помал град али барем нема домашни животни да се шетаат слободно низ центар.
Back to Top
Vire View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 62
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 03-Dec-2021 at 13:27
Воопшто не се сложвам со таков начин на релативизирање Bezveza,по таја логика Сефер изградил населба што само уште кај нас и во русија можи да се види.
До кога така ? Ај за другите градој очигледно и чуе на "државава" ама главен град,ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ НЕМА ТАМУ ? Професори,сутенти во тој градежен нема? Млади со ентузијазам нема ? Сонувачи,луѓе што цртаат ГУПОЈ,ДУПОЈ... ? Па оваја зграда ако се изгради после џабе ти е и најмодерно,и највисоко,и најубо,и со злато тротоарите да ги исфарбаш,и кокошки и зајци џабе ти е се.

Ова зграда можеа "да ја пикнат" со онаа разиграната и онака станбени се и двете и да се остави та парцела за нешто модерно. И што сега три 20 катни згради,која од која погрди и после уште некоја шо ќе немат врски со ними ? Ја се кладам дека сега и Арсовска ќе се испосере и ќе намали катност на која било од следните згради,а оваја никаквата ќе се изгради. Место да земе да стопира се,да објави меѓународен конкурс,па нека се гради тој комплекс 10-15 години ако треба ама бар да личи на нешто,а не вака,ќути трај и прај.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 778
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 03-Dec-2021 at 13:47
За екстремно висок квалитет потребни се и многу пари.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 03-Dec-2021 at 14:14
ВИДЕО | Стојанов: Инвеститорот е фер, ги обесштети новомаалци и по 70 години ќе живееме нормален градски живот



Игор Стојанов е претставник на жителите на Ново маало кое со години е во распад, а сега е во центарот на вниманието поради градењето на просторот на паркингот на Холидеј ин.

-Одамна се организираме, а сега повторно се појавуваат луѓе кои се против градба на таа локација. Тие не знаат како ние живееме таму, без канализација, во куќи од ќерпич. Ние сме како ѓубриште за ГТЦ. Немаме контакти со оние кои се против градба. Дојдоа, се сликаа и сакаат тоа да биде зелен реон, вели Стојанов.

Од ЗХГ велат дека за случајот треба да постапува Јавното обвинителство сметајќи дека има некаков криминал.

-Кај нас првпат се случува некој инвеститор да нуди фер обесштетување и ние сме задоволни од понуденото. Не знам каде тука гледаат урбана мафија, вели Стојанов. – Овој план сегашен е претставен уште од времето на Кензо Танге кој предвидел 30-катници. Тука сега ќе се направи најголемиот парк во Македонија. Сега буквално сите нѐ одбегнуваат, оти има ѓубришта и кражби, вели Стојанов.

Тој додава дека не очекува дека протестите ќе бидат масовни и вели дека со тие протести им нанесуваат штета жителите на Ново маало. Тие најавија и тужба против институциите ако нивниот проблем не се реши иочекуваат урбани домови за себе и зелена површина за сите граѓани на Скопје. Стојанов најави дека ќе поднесат претставка до градоначалникот на Центар, до ДКСК.

-Ние не сме институција, институциите нека го решаваат проблемот. Но, апелирам да престанат сите да вршат притисоци. По 70 години битка ние дојдовме до ситуација да се реши нашиот проблем. Договорот со инвеститорот е компензација со станови. Нашите куќи се од 1850 година ине може да се живее, вели Стојанов.

https://www.slobodenpecat.mk/video-stojanov-investitorot-e-fer-gi-obesshteti-novomaalci-i-po-70-godini-kje-zhiveeme-normalen-gradski-zhivot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13681
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 05-Dec-2021 at 16:55
Утре во Скопје протест против висококатниците кај Холидеј Ин

За понеделник од 16 часот е најавен протест пред Јавното обвинителство во организација на Шанса за Центар и Зелен хумар град, а против изградбата на висококатниците на парцелата кај Холидеј Ин.

Во најавата на протестот организаторите истакнаа шест барања кои бараат надлежните власти веднаш да ги применат:

1. Запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност ВЕДНАШ!
2. Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата.
3. Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.
4. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП.
5. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од Зелен хумар град.
6. За локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение.
<

Протестот ќе се одржи на Кеј на Вардар кај Филхармонија и со тоа нема да бидат блокирани улиците на градот.

Првично протестот беше закажан за петок, 3 декември, но поради погребот на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија беше презакажан за в понеделник.

https://kajgana.com/utre-vo-skopje-protest-protiv-visokokatnicite-kaj-kholidej
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7710
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 05-Dec-2021 at 21:42
Originally posted by skopskodete

За екстремно висок квалитет потребни се и многу пари.
после 30 години постоење на државава, уште го праиме муабетов дека немаме пари и сме тешка сиромаштија?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 778
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 05-Dec-2021 at 22:36
Originally posted by zabegan

Originally posted by skopskodete

За екстремно висок квалитет потребни се и многу пари.
после 30 години постоење на државава, уште го праиме муабетов дека немаме пари и сме тешка сиромаштија?

Не сме тешка сиромаштија, ама сме меѓу најсиромашните земји во Европа, без излез на море. Очекувањата понекогаш и ни се преголеми во однос на квалитет за што и да е.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.