build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
doncho View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote doncho Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 18-Apr-2021 at 07:03
Originally posted by Marxentric

Originally posted by user8642

Originally posted by Marxentric

... и од далеку кога ќе го види странец да добие впечаток на метропола....
Ако има нешто поограничено од оваков начин на размислување.....

Правиме град за себе да ни биде убаво и удобно во него, или потемкиново село за дојам пред странци?!

Брат мене Скопје ми делува на дупка секако, а облакодерите ги гледам како единствен излез да заличи на поубедлив град.
Е сега ако си сместен во една од гарсоњерите во Градски Ѕид, тогаш ти е оправдана фрустрацијата, но така не се гради град
Originally posted by doncho


А колку би бил квадрат во ваква зграда? Кој би купил во МК по 3-3.5 илјади евра квадрат апартман од 100м2? Или деловен простор од 1000м2? Треба малце реално да се гледаат работите и според куповната моќ на граѓанинот.

Зарем е битно колкава ќе е цената ако некој се нафатил да го изгради проектот? Во моментот таму има паркинг и Шутка, шутката ќе ја снема, а би се добило посреден паркинг, а и многу поатрактивна плаза со модерни згради.


Аекако дека е битно колку ќе е квадрат, некој треба да купи нели, а разни архитектонски финочи (од типот на зградата од сликата во Белград ако не се лажам) ја дигаат цената на квадратот. Како и да е, според мене ова што се нуди изгледа коректно и општината во овој момент треба само да инсистира строго да се запази зеленилото што е предвидено (и хоризонталното и вертикалното).

Btw зошто никој не се бунеше за пропуштената можност за парк позади рамстор? Таму се предвидени 4 20-катници плус други чуда пониски.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 18-Apr-2021 at 09:35

Ако навлегуваш во цена на квадрат или исплатливост на некој проект, лесно може да стигнеш до заклучок дека треба само социјални згради да се градат во градов. Истиот муабет е за секој полуксузен комплекс или мол (нема пари народот да купува итн.). Ако не им иде продажба по 2500, ке намалат цена. Нивен проблем. Цената ја дига инвеститорот зависно од пазарот, види го Cevahir Sky City како пример на ниски цени за домување со плус погодности од обичен стан. Во друг поразвиен град ќе имаше конкурси, борба на инвеститори за ова земјиште. Кај нас треба да се задоволиме со само „коректно“. И до менталниот склоп ќе да е.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 18-Apr-2021 at 11:39
Originally posted by Шарла

Originally posted by Cloverstack


Не знам по кои мерила се водиш, ама еве неколку бенефити од паркови во градска средина, се надевам не мислиш дека се банални:

1. Почист воздух, помалку токсини, помалку ПМ честички.

2. Сузбивање на урбаните топлински острови, а и генерално попријатна микроклима, не само во паркот туку и во околината.

3. Намалување на опасност од поплави при поројни дождови (почвата ја апсорбира водата, за разлика од поплочени/асфалтирани/бетонирани површини).

4. Абсорпција на звучно загадување.

5. Одлично место за рекреација, за краток одмор, за оброк пауза од работа, за кулирање, за дружење...

6. Зеленилото позитивно влијае врз расположението и психата на луѓето.

Листава може да се продолжи...




Стварно,епа еве им идеја од мене,нека го срушат градски ѕид и на негово место нека направат огромен парк,огромен круг на зеленило место сив гол,грд бетон,како симбол на ново раѓање на градот,и негово излегување од 1967-ма година.


Градски е веќе изграден, а има и зеленило измеѓу кулите-блоковите.

На линија сум со Clover, тој плоштад 1.4 дефинитивно не треба да биде од типот на плоштад Македонија, а повеќе како Жена Парк.

---

туку мене ме секира сообраќајниот пристап. Колку гледам едини влез е тој од Мирче Ацев т.е. од бул. КР па потоа МА. Чинам не би било лошо да има кружен на самиот влез да може да се пристапи и од страната на ГТЦ, а воедно и жителите/корисниците на Градски не би морале да кружат околу целиот блок за да дојдат до нивните паркинзи. + Сервисна улица паралелна со КР од страната на 1.2/3 со посебен влез и излез во тој дел.

----

1.2 ми се чини како ударна локација и тука верувам ќе никне „чудовиште“ од 40+ ката. На 1.3 би требало помала катност, можда ~20 максимум. Не ги разбирам засеците во парцелата? Која е причината за нив?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 18-Apr-2021 at 12:00
Originally posted by Шарла


Стварно,епа еве им идеја од мене,нека го срушат градски ѕид и на негово место нека направат огромен парк


Сфаќаш дека кога зборев за пренамена во парк, зборев за парцелата 1.4 ? Или според тебе и тоа е премногу? Толку ли те вознемири помислата 1.4 да биде парк, па мораше да контрираш со бесмислици?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 18-Apr-2021 at 17:16
ОД ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ДО ТРИ ЗГРАДИ ОД 20 СПРАТА, КАКО СЕ ОФОРМУВАШЕ ПАРЦЕЛАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“



https://24.mk/details/od-denacionalizacija-do-tri-zgradi-od-20-sprata-kako-se-oformuvashe-parcelata-kaj-kholidej-in
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 19-Apr-2021 at 06:59
KOD - Ke odgovara li nekoj za oblakoderite kaj Holiday Inn? 18.04.2021

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 19-Apr-2021 at 10:01
ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЗАКАЖУВА СЕДНИЦА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ПЛАНОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“, БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ ПРАВЕЛ КОНСУЛТАЦИИ, ИНВЕСТИТОРОТ ЧЕКА ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА

Уште не е закажана седница на Советот на Општина Центар на која што советниците треба да одлучат дали да се суспендира Деталниот урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Позитивна одлука на Советот е единствен спас да се спречи градба на трите кули од 16,20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА), откако за една зграда веќе се платени комуналии од 2,4 милиони евра и од Општина Центар е побарана е градежна дозвола.

Не само што не е закажана седницата за спас на срцето на Скопје, туку градоначалникот Саша Богдановиќ не знае кога ќе се закаже иако во прашање се денови кога инвеститорот може да добие дозвола за градба. Исто така, откако таква одлука би се донела од Советот на Општина Центар таа треба да биде одобрена од Министерството за транспорт и врски кое има рок од 15 дена да се изјасни, по што повторно се враќа во Општина Центар и дури тогаш станува правосилна.

Градоначалникот на седницата одржана на 15 април им објаснуваше на советниците само што значи суспензијата, беа да побара точката да се стави на гласање. Тој им кажа дека ако се донесе одлука за суспензија инвеститорот можел да тужи бидејќи тоа се дозволува со новиот Закон за урбанистичко планирање.

Богдановиќ утрово ни одговори дека седница не е закажана, но тој не ја закажува туку претседателката на Советот во консултација со советничките групи. На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто тој како градоначалник на побара вонредна седница, како што според овластувањата има право и досега во неколку наврати таква седница се закажала и одржала, Богдановиќ ни одговори ‘имам уште неколку консултации што треба да ги завршам’.

Претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска вели дека градоначалникот треба да достави до Советот материјали за да може да се закаже седница, а досега такво нешто ниту е направено, ниту пак е споменато.

„Откако ќе бидат доставени материјалите односно образложение за каква одлука се гласа, се закажува седница. Таа според деловник, се одржува после седум дена од денот на закажување и праќање на материјалите на советниците. Значи, ако денес се закаже ќе се одржи наредниот понеделник. Досега мене никој ништо не ми ни пратил, ниту пак усно ми спомнал, за да можам да закажам таква седница. А градоначалникот според деловник може да побара вонредна седница и таа се закажува одма за наредниот ден“, ни изјави претседателката на Советот Симоновска.

Откако проектот на „МГ Фешн“ и МОЦ (ОА) беше презентиран во јавноста и почнаа постапките за градење на овој последен слободен простор во центарот на градот, архитекти и граѓански организации побараа итна суспензија на ДУП-от и распишување конкурс на кој би се одбрало решение за што би имало на овој простор.

На првата од трите градежни парцели кај „Холидеј ин“ која е државното земјиште што во 2018 кога министер за транспорт и врски беше Горан Сугарески од СДСМ, беше продадено на инвеститорот и имот на МПЦ (ОА), ќе се градат три згради. На овој простор нема куќи, односно имотите на жителите од Ново Маало се на другите две градежни парцели кои не се опфатени со проектот. Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката. За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/opshtina-tsentar-ne-zakazhuva-sednitsa-za-suspenzija-na-planot-kaj-holidej-in-bogdanovik-veli-pravel-konsultatsii-investitorot-cheka-dozvola-za-gradba/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 19-Apr-2021 at 11:40
Темата е исчистена од последните објави.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 19-Apr-2021 at 12:25
Жителите на Ново Маало со петиција бараат изградба на комплексот кај „Холидеј Ин“

За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата , и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот.

Жителите од Ново Маало викендов масовно собирале потписи за петиција со која бараат Општина Центар и Владата да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на „Холидеј Ин“, информираат жителите од Ново Маало.

– За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата , и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот. Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување – велат жителите на Ново Маало.

Тие најавија дека доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излезат на протест, да ја блокираат работата на Општина Центар, како и да поднесат тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур.

Ги известуваме и останатите сопственици на имот кои не дошле до информација за петицијата, а сакаат да се потпишат на истата, да се обратат на меил адресата zitelinovomaalo@gmail.com за да го изразат својот интерес – велат жителите на Ново Маало.

https://plusinfo.mk/zhitelite-na-novo-maalo-so-petici-a-baraat-izgradba-na-kompleksot-ka-holide-in/?fbclid=IwAR3RQulbDb_PFys74ctdr9fBUsoxIUellPI8kTnTfijyElQkG15tM2cyd0g
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 19-Apr-2021 at 17:08
ВИДЕО: Кружат петиции „за“ и „против“ изградбата на висококатници кај Холидеј ин



Две различни петиции кружат за проектот за изградба на комплекс висококатници на паркингот спроти Холиден Ин во Скопје. Жителите од Ново Маало викендов собираа потписи за петиција со која ќе побараат од Општина Центар и Владата да овозможат изградба на комплексот.

-За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата, и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот. Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување, велат од жителите од ова скопско маало.

Од друга страна, граѓански организации, универзитетски професори и архитекти упатија повик да се заштити јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина како врвно начело на управување со државата и дека обврска на Владата е да интервенира кога е тој загрозен.

„Овој ДУП мора да ја напушти максималната изградба како основен приоритет и мора да биде и квалитативно подобар нудејќи повисоки вредности. Планот мора да води сметка за јавниот интерес, а со тоа и на заштита на животот и здравјето на граѓаните, психичкото здравје, социјализација, наместо осаменост. Со зелен простор ќе се помогне во справувањето со последиците од загадувањето, бучавата, топлотните острови и неотпорноста кон климатските промени кои со изградбата на „Скопје 2014“ се случија во центарот на градот. Иако и Градот и државата имаат стратегии и документи со кои овие прашања се третираат, нивното неспроведување ги остава граѓаните да живеат во небезбедна и нездрава средина“, пишува во повикот.

Меѓу потписниците на оваа петиција се и режисерот Милчо Манчевски, професорот и архитект Мишко Ралев, „Македонска АРХитектура“ (МАРХ), Оливер Белопета, Скопски џез фестивал, На точак“ – група граѓани за подобро велосипедско Скопје.

Локалната власт се уште не одлучила што понатаму со ДУП за просторот кај “Холидеј ин“, а инвеститорот МГ Фешн веќе ги уплати парите за комуналии за изградба на првата кула. Поднесено е и барање на дозвола за градба, но дозволата не е се уште издадена, а деновиве во јавноста беше презентиран и проектот за изградба на парцелата 1.1 која го опфаќа паркингот и просторот каде се наоѓаше „Дрводекор“, без куќите од Ново Маало.

Проектот предвидува изградба на три згради на парцелата 1.1, две станбени од по 20 и 22 ката и една деловна од 16 ката, во кои ќе има 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители. Предвидени се и 1.000 паркинг места и зелена површина од 6.520 метри квадратни. Што ќе се гради на парцелите 1.2 и 1.3 на кои сега се наоѓаат куќите од Ново Маало засега е непознато.

Новомаалци најавија протест доколку не се испочитува нивната потреба, на овој начин да добијат пристојни услови за живот. Најавија и тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Судот за човекови права во Стразбур.

https://www.slobodenpecat.mk/video-kruzhat-peticzii-za-i-protiv-izgradbata-na-visokokatniczi-kaj-holidej-in/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 19-Apr-2021 at 19:15
Висококатници се единствен спас од маџирмаализација на маалово. Максималистичките нацрти од огромни 60 катници, иако се знаеше дека такво нешто нема, а ниту пак реално може да се гради, многу штета направија.

Поважно е да се променат законите (со воведување суспензија на ДУП, регулација на изглед и рендери на вакви битни градби и зголемување на задолжителното зеленило, паркинг и растојание меѓу згради) и да се спаси она што може да се спаси од Маџир Маало, Треска, Алумина... На ова место нека остане висината со намалување на габаритот. И онака местово е погодно за десетина високи згради.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
doncho View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote doncho Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 20-Apr-2021 at 00:00
Originally posted by Staro Skopje

Висококатници се единствен спас од маџирмаализација на маалово. Максималистичките нацрти од огромни 60 катници, иако се знаеше дека такво нешто нема, а ниту пак реално може да се гради, многу штета направија.
Поважно е да се променат законите (со воведување суспензија на ДУП, регулација на изглед и рендери на вакви битни градби и зголемување на задолжителното зеленило, паркинг и растојание меѓу згради) и да се спаси она што може да се спаси од Маџир Маало, Треска, Алумина... На ова место нека остане висината со намалување на габаритот. И онака местово е погодно за десетина високи згради.


Ме чуди како им смета на комшиите од кулите кои патем се 14 оли 15 катови.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 20-Apr-2021 at 12:53
Украден проект или совпаѓање на идеи? Зградите кај „Холидеј Ин“ идентични со светски наградено дело



https://mk.tv21.tv/ukraden-proekt-ili-sovpagane-na-idei-zgradite-kaj-holidej-in-identichni-so-svetski-nagradeno-delo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 20-Apr-2021 at 15:07
ИВАН АРСОВСКИ: ЛОКАЦИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ЗАСЛУЖУВА ТРЕТМАН СО ЈАВЕН КОНКУРС А ДУП-ОТ ДА СЕ СУСПЕНДИРА

Прво живот, па простор па згради – обратно би било нефункционално ќе каже данскиот архитект Јан Гел, тука некаде се вркстува приватниот и јавниот интерес особено во нашата држава, но и тука некаде ГТЦ, се вкрстува и ДУП-от за Градска четврт Ц08 Ново Маало 2 во јавноста познат по паркингот наспроти Холидеј Ин за што изминатите неколку години е во континуитет од интерес во јавноста. Во контекст на ова разговаравме со Иван Арсовски, планер и урбанист.

Сунаи Сабриоски: Господине Арсовски, не случајно се наоѓаме во ГТЦ бидејќи во деталниот урбанистички план за Градска четврт Ц08 – Ново Маало 2 постои еден надземен простор кој што би требало да го поврзи ГТЦ со она идејно решение кој што го видовме изминатиов период. Зошто тоа вкрстување е битно?

Иван Арсовски: Оваа точка на која што се наоѓаме е една од точките каде што се спојуваат повеќе градски садови. Во случајов Градскиот трговски центар како постоен објект и локацијата на којашто се предвидува да се изгради еден комплекс којшто треба да биде надополнување на сите содржини на централното градско подрачје – односно на самиот центар на градот. Зошто е тоа така? Тоа е за што поголема комуникација, тоа е предвидено за што поголема комуникација и пешачко движење обезбедено да ги интегрира тие неколку простори, изградени простори на вертикални основи на ниво на земја и така натаму. Морам да напоменам дека градскиот центар, центарот на градот заедно со плоштадот Македонија па и сите распослани содржини од околу, како и една од локациите на којашто треба да се предвидат некои содржини треба да биде како еден систем на интегрирани садови, една машина којашто ќе им даде или обезбеди на корисниците, на посетителите непречено движење и користење на просторот.

Сунаи Сабриоски: Меѓутоа, за време на, условно кажано, јавна презентација на идејното решение не го видовме моментот со поврзувањето на ГТЦ со тоа идејно решение коешто беше предложено. Дали можеби тоа би било дополнителен проблем во иднина когаќе се почне, да речеме да се спроведува овој детален урбанистички план?

Иван Арсовски: Доколку го разгледате ДУП што е во сила за предметниот простор и таму се предвидени тие надземни пешачки движења коипто треба да ги спојуваат овие постојни и идни содржини. Зошто е тоа го нема не знам, меѓутоа таа комуникација отсекогаш опстојувала како идеја. Од минатото па до денеска, односно од претходните урбанистички планови, односно во планирањето на историјатото на овој простор постоела таа комуникација за тие како што ги нареков садови. Овозможувајќи една машина која што непречено ќе функционира. Зошто е тоа така не знам, едноставмо тоа е понудено како решение.

Сунаи Сабриоски: Ако се навратиме и ги погледнеме, доволно е неколку детални урбанистички планови за да се видат и насетат тие апетити особено, се разбира тука несомнено политичката номенкулатура ги има вкрстено своите апетити. Мешутоа за конкретната локација, наспроти Холидеј Ин, веќе подолг временски период се зборува. Дали овде станува збор за фетишизирањето на економските (финансиските) ефекти кој стануваат тренд со цел да се оправда урбаното профитерство – случај Ц08 Центар, како и тоа што се крие под фразата „ добро е да се гради“?

Иван Арсовски: Да, таа фраза опстојува низ минатото и доколку видиме таа е многу жива фраза. Опстојува можеби повеќе од десетина години. Затоа што е многу добро осмислена фраза. Зошто, затоа што битно е да се гради се надополнува со битно е да се стимулира економијата преку градежниот сектор. Но, доколку ја гледаме таа фраза дали е точно или неточно, таа содржи вистина токпму поради економијата. Но, доколку би ја надополниле таа фраза таа би звучела вака: „ Битно е да се гради заради движење на економијата но на сметка на што?“. Тоа може да се поистовети со постојната локација наспроти Холидеј Ин. Таму имаме веќе во сила детален урбанистички план којшто понатаму беше предмет на изменувања заради некакви погрешни политики.

Сунаи Сабриоски: Дали тука можеби се насетуваат повторно тие т.н. „ урбани профитерски политики“?

Иван Арсовски: Не е вопшто проблематично некој да пројави економски интерес. Зошто иначе би се занимавал во тој сектор. Главното прашање кога ќе се осврнеме на овој проблем со постојната локација е секогаш КОЛКУ, ШТО и КАКО!Значи не е проблем некој да извлече економски бенефит, не е проблем да живее економијата, не е проблем градежништвото цело време – градежниот сектор да се обновува со нови задачи, со нови проекти. Меѓутоа секогаш најбитно прашање треба да биде колку, што и на кој начин. Сето тоа треба да се изменаџира.

Сунаи Сабриоски: Дали преку тоа кога велите колку, што и како до мерењето на квалитетот наспроти квантитетот?

Иван Арсовски: Така е. Тоа токму парафразирано би звучело така, квалитет наспроти квантитет.

Сунаи Сабриоски: Ова го прашувам затоа што најчесто, не навлегуваме во коментирањето на интересот на приватниците тука, меѓутоа во тие прашања колку, што и како би требало да се гради низ призмата на квалитетот наспроти квантитетот ние се почесто доаѓаме да инвеститорите да си овозможуваат преку приватната сосптвеност при процесот на дооформување на земјиштето да некако можеби се избегнува јавното добро – или можеби е обратно?

Иван Арсовски: Така е, ова се можеби многу прашања во едно. Секако дека преку приватниот интерес е битен, тоа е загарантирано уставно право. Мешутоа, мене не ми е јасно како може парцијално да се гледаат уставните права. Односно, едно од уставните права е и хуманизација и здрава животна околина. Меѓутоа на тие одредби од уставот се гледа како на уставна поезија, додека на приватниот интерес се гледа како основно човеково право – не и тоа е основно човеково право хуманизација и квалитетна животна средина односно таму каде што на човекот тоа му е потрбно за да егзистира во конкретен простор. Да, деталниот урбанистички план за постојната локација – за предметната локација Холидеј Ин важно е да се согледа каде прекинува важењето на тој претходен урбанистички план и се предвидуваат нови проекции за развој на просторот. Во случајот тоа е носењето на Генералниот урбанистички план во 2012 година. Многу е деликатен моментот каде што можеме да видиме дека се појавува едно преклопување на носење на плански документи,еден од пониско ниво тоа е деталниот урбанистички план и еден од повисоко ниво, Генералниот урбанистички план. Периодот во којшто се донесени и двата документи е две недели. ГУП-от е донесен на 3.12.2012 година, според моите информации коишто ги има, деталниот урбанистички план што е во сила и којпто е план од пониско ниво и треба да ги почитува параметрите на планот од повисоко ниво е донесен 14 дена подоцна, односно на 21.12.2012 година. Тој не е синхронизиран во грото параметри од ГУП-от, единствено по површина и видот на намени, односно содржини што треба да с епојават таму тоа е домувањето и комерцијалните и деловни намени. Кои се тие параметри коипто се разликуваат и во едниот и во другиот план? Тоа се бруто развиената површина односно колку вкупна површина ќе се изгради на етажите и на земјата. Понатаму, бројот на жители, катноста, густината на населеноста како и потребните содржини доколку ги зголемувате некои од тие параметри коипто секако во одредени случаи со Генералниот урбанистички план меѓутоа и со други подзаконски акти како Правилникот за стандарди, нормативи за урбанистичко планирање е дозволено да ги зголемувате тие параметри. Колку што ги зголемувате тие параметри. Толку се појавува и потреба од сосема други содржини за непречено функционирање во тој простор. Сообраќајот, јавните функции во коипто влегуваат образование, социјална заштита односно детски градинки, понатаму потребното урбано зеленило по глава на жител и инфраструктурни потреби и така натаму.

Сунаи Сабриоски: Ова е всушност тоа пто цело време го слушаме, дека ДУП-от не кореспондира со ГУП-от, односно целиот тој процес на овој ДУП во коресподенција со ГУП-от е обратен процес. Ги начнавте параметрите во ДУП-от којпто пак со одлука на Уставен суд е вратен повторно на сила, во тој период беше ставен под мораториум, па ревизија, се нагажираше планерска куќа да црта. Имаше еден момент 9 хектари за 9 денари – колку е тоа логично за една планерска куќа, или можеби е логично?

Иван Арсовски: Не постои економски оправдан интерес на некоја планерска куќа да се ангажира да работи за 1 денар од хектар. Во конкретниов случај овдека мислам дека се работи за приближно 9 хектари зафат, односно плански опфат којшто треба да се испланира и во случајот ако ги сумираме тие би биле неполни цели 9 денари. Зошто е тоа така? Сите го поставуваат тоа прашање. И, не знам како локалната самоуправа може да изврши некакво влијание за да ги презентира своите интереси пред планероткога вие имате толку мала сума. Тој нема д апочитува едноставно. Зошто за 9 денари да прави тоа што сака општината – не ќе прави нешто друго што смета дека треба да прави.

Сунаи Сабриоски: Договорот е раскинат со оваа планерска куќа „Билд урбан“ меѓутоа после три години од нејзиното ангажирање. Истата планерска куќа која што го има направено моментално важечкиот ДУП. Додека траеше целиот тој процес, Комисијата за урбанизам во рамки на општина Центар три пати има доставено свои забелешки до планерската куќа за конкретниот детален урбанистички план. Како гледате на ова со оглед на моментот на идејното решение кое што беше презентирано во делот на сообраќајот кон ул. Кеј 13-ти ноември па и севкупно.

Иван Арсовски: Ќе одговорам подоцна на прашањето со сообраќајот но претходно да одговорам на прашањето за комуникацијата планер со локална самоуправа. Што се случи а што требаше да се случи. Значи вие кога имате планер којшто урбанизмот му дозволува да биде привилегиран да менаџира со тој простор (паркингот наспроти Холидеј Ин) односно да го уреди. Тогаш тој во преден план ги става и своите идеи, своите интереси непостапувајќи по интересите на комисијата за урбанизам. Тука е погрешно поставена работата кога се работи за вакви клучни централни градски простори коипто треба да се моделираат и да се искреираат. И тука ќе го најавам оној јавен конкурс којшто цело врем се повторува во јавноста треба јавен конкурс, треба јавен конкурс.И тоа беше единствениот пат врз основа на што можеше понатаму да се донесе деталниот урбанистички план.

Сунаи Сабриоски: Меѓутоа, го слушавме градоначалникот дека во фазата на ревизија при носење на ДУП ќе се прашаат граѓаните на јавна анкета. Нели е тоа предоцна, нели треба да се направи јавен конкурс пред тоа?

Иван Арсовски: Така е. Јавниот конкурс требаше да се направи или паралелно со носењето на урбанистичкиот план или прво јавен конкурс па носење на урбанистички план. Што сакам да кажам со тоа. Кога би имало јавен отворен конкурс и кога би имало изобилство на креации и идеи и нормално ќе победи една од тие креации вие на планерот нема да му оставите простор да каже јас не се согласувам со вашите желби и интереси како локална самоуправа. Не, вие јавниот конкурс го ставате на одлука за гласање во Советот којшто раководи со локалната самоуправа, с еноси одлука дека за тој простор тоа и тоа ќе се гради и на планерот му е дадена информација дека тој во техничкиот документ, урбанистички план, техничка документација ќе ги гради параметрите од ова конкурсно решение – награденото конкурсно решение. Нема аргументи после за сакам, не сакам, не мислам така и така натаму.

Сунаи Сабриоски: Дали ова е пропустот на којшто ќе сведочиме допрва? Реално ние веќе имаме понудено идејно решение.

Иван Арсовски: Има идејно решение, проект архитектонско решение меѓутоа немате лепеза на избор на креации. Имате само едно не понудено решение – туку презентирано решение. Тоа не е понудено решение – не навлегувам во тоа каков е проектот, меѓутоа тоа ви е единствениот избор.

Сунаи Сабриоски: Како во конкретната ситуација со паркингот наспроти Холидеј Ин да се заштити тоа што цело време во јавноста се слуша јавниот интерес? За каков јавен интерес станува збор?

Иван Арсовски: Сега ќе се навратам на оној дел од прашањето каде што не одговорив за сообраќајот. Ова е една од помалите градски четврти планирани со Генералниот урбанистички план, површината изнесува 9 хектари каде што во другите делови имаме блокови коишто се со тие површини. Обрабен е со примарна улична мрежа од која што не се дозволува според сообрачајните техничките параметри и стандарди пристап директен во парцелата. Односно мора да имате секундарна, сервисна првично, па после станбена и лична мрежа. Во случајов тука се работи, со понуденото планско решение за секундарна сервисна улична мрежа со слепи завршетоци. Тоа се само пристапи до парцелите, немате едно кружно движење кое што е многу битно за проточност на сообраќајот, зборувам за автомобилскиот сообраќај. Понатаму, покрај сервисната улична мрежа треба да имате и станбена улична мрежа од каде што понатаму ќе се влегува во планираните градежни парцели такво нешто овдека е исклучено. Обезбеден е само пристапот до градежна парцела и обезбедени се некои параметри конкретно за едната градежна парцела која што е предмет на интерес во јавноста, а тоа е заради заштитата од пожари односно два излези на двете слепи сервисни улици коипто се предвидени. Многу е битно да имате развиена сервисна мрежа, зошто? Затоа што ова е локација која се јавува во прстенот на големиот ринг на градскиот централен дел на градот Скопје, и овдека е многу битно да имате повеќе опции за движење – сега зборувам за автомобилскиот сообраќај. Многу повеќе опции за движење, за евакуација, з апразнење на локацијата, за проточност во движењето при евентуално закрчување на сообраќајот.

Сунаи Сабриоски: Еден друг момент, имаме четири градежни парцели, и цело време слушаме дека би требало да биде една. Зошто би требало да биде една наместо четири градежни парцели?

Иван Арсовски: Не мора да биде, добро е да биде една градежна парцела со содржини коишто се предвидено со Генералниот урбанистички план и со овој Детален урбанистички план кој што е во сила, по којшто се постапува. А тоа се содржините за домување, и комерцијални и деловни намени. Тоа би можело да биде една градежна парцела којашто ќе бид епонудена на јавен конкурс. Меѓутоа, може и целиот локалитет да бид епонуден на јавен конкурс. С епласира една теза дека во Генералниот урбанистички план не е предвидено за локалитетот содржини од јавни функции, училиште, градинки и т.н. И се користат ресурсите од околните соседства од околните градски четврти. Можеби и основните училишта имаат капацитет да примат, тоа најдобро го знаат во локалната самоуправа, односно бројот на уленици и бројот на слободни места. За детските градинки можам да напоменам дека можат да се предвидат воп осебна градежна парцела впрочем тоа и ГУП-от го дозволува доколку некои параметри се надминуваат и произлезе потреба од предвидување на такви јавни функции оставена е една апроксимација во површините од 4 посто дека може да с епојават и такви содржини. Така да таа фраза дека ГУП-от не предвидел не е точно дека не предидел можност за јавни функции – токму така ја предвидел и ја дозволува таа можност.

Сунаи Сабриоски: 400 станови, 1.000 паркинг места, 1.200 жители отприлика ова се на некој начин понудените параметри во рамки на оваа градежна парцела 1.1. при проектирањето на трите згради од 16, 20 и 22 ката со деловниот/ комерцијалниот простор и тука некад еповторно доаѓаме до сообраќајното решение?

Иван Арсовски: Заборавивте нешто да напоменете, овдека не се само тие параметри што се испланирани односно испроектирани. Вие ги заборавивте да ги напоементе и постојните паркинг места коишто, ова не е смислено туку така како паркинг. Кога ќе видите колкав капацитет има овој паркинг, има повеќе од 500 паркинг места, имате 10 автобуски стојалишта тоа пто ви кажува? Тоа ви кажува дека е осмислен простор за доток на корисници преку моторизиран сообраќај за наблудување и користење на градското централно ткиво. Каде се тие 500 паркинг места?

Сунаи Сабриоски: Колку тоа ќе го искомплицира целиот сообраќај?

Иван Аросвски: Секако дека ќе го искомплицира. Од друга страна имаме едно гледиште дека моторниот сообраќај треба да се изфрли од градското централно ткиво. Меѓутоа вас повторно ви требаат коридори за секакви ситуации, режимско користење, специјални возила, локални жители и т.н. Можеби транспортниот центар односно Железничката станица со големите паркинг места можеби ќе надомести од меѓутоа повторно зборуваме за едни поголеми дистанци пешачки коишто ќе се створат. Во катноста само да доодговорам бидејќи тоа го спомнавте. Да ние видовме во проектот дека с епонудени помали катности – помала бруто развиена површина. За тоа три нивоа подземно ние во урбанистичкото планирање за жал немаме некои процеси коипто се облигаторни а тоа се геомеханички испитувања на тлото. Што има под земјата, близината на Вардар си го прави своето – имавме случај кадешто еве зградата на Т-mobile беше поплавена долго време пред да започнат да градат, со секави технологи тоа возможно да се гради меѓутоа не би навлагал во тој дел на градежништвото.

Во однос на катноста, рековте дека имаме намалување на катноста од 60. Видете, тоа може и да се гледа и како еден спин. Значи вие имавте 3 шеесеткатници, се излезе во јавноста дека нема да се градат овдека 3 шеесеткатници дека тие ќе бидат дваесеткатници. Прашањето е повторно колку. Имате три шеесеткатници коишто технолошки е многу деликатно за изведба, или имате 10 дваесеткатници.

Е сега тука ова може да се гледа како на спин тоа не се 3 дваесеткатници, биле шеесеткатници па сега се 3 дваесеткатници. Не, тоа ќе бидат 10 дваесеткатници – мое мислење, односно можно сценарио како понатаму ќе се развие целата приказна. Јас би се навратил на тоа што значи шеесеткатници, мислам преодот шеесеткатници можеби е популарно да с екажува меѓутоа многу е битна висината. Овдека понудената висина во деталниот урбанистички план е 180 метри. Јас мислам дека не е тоа случајно така, тоа е нарачана висина како што деталниот урбанистички план е нарачан.

https://24.mk/details/ivan-arsovski-lokacijata-kaj-kholidej-in-zasluzhuva-tretman-so-javen-konkurs-a-dup-ot-da-se-suspendira

Edited by stef4o - 20-Apr-2021 at 15:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 20-Apr-2021 at 15:09
БОГДАНОВИЌ: ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ПАДНЕ ОДЛУКАТА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ПЛАНОВИТЕ МЕЃУ КОИ И ЗА Ц08

И покрај досегашните укажувања на архитектите, урбанистите и планерите дека потребно е веднашѓ да се суспендираат деталните урбанистички планови во општина Центар меѓу кои и тој за паркингот наспроти Холидеј Ин, градоначалникот Саша Богдановиќ и понатаму калкулира. Одлуката за суспензија тврди дека лежи во рацете на Советот на општината. Доколку Советот не донесе одлука Богдановиќ вели ќе ја потпише дозволата за градење на Антиќ

„На крајот одлуката ќе падне во наредните неколку денови, ај да кажам една или две недели. Одлуката на Советот, дали ќе се оди во насока нма суспензија или нема да се оди.“ - вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Планерите и урбанистите и понатаму со укажување на градоначалникот од потребата да го суспендира ДУП-от и веднаш да спроведе Јавен конкурс со кој ќе се опфатат сите четири градежни парцели а не само една како што е сега парцелата на МПЦ и Зоран Антиќ.

Богдановиќ пак вели дека не ја исклучува и можноста за консултативен референдум за суспензија на деталните урбанистички планови меѓу кои и урбанистиќкиот план со кој се опфаќа паркингот со предвидентите висококатници. Нејасно е се уште зошто не е свикана седницата на Советот на општина Центар, јавноста прашува дали се купува само н а време за да с еима алиби пред локалните избори да се каже дека не може ништо да се напарави.

https://24.mk/details/bogdanovikj-vo-narednite-denovi-kje-padne-odlukata-za-suspenzija-na-planovite-me-u-koi-i-za-c08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 20-Apr-2021 at 17:19
(ВИДЕО) Можна ли е суспензија за ДУП-от кај „Холидеј ин“: Богдановиќ и Белчева во војна



https://360stepeni.mk/video-mozhna-li-e-suspenzija-za-dup-ot-kaj-holidej-in-bogdanovik-i-belcheva-vo-vojna/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 22-Apr-2021 at 13:28
Жители на Ново Маало: Почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови

Жителите на населбата Ново Маало започнале правни консултации и велат дека ќе ги искористат сите правни механизми доколку Општина Центар одлучи да го суспендира ДУП-от со што би се спречила изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“.

– Откако вчера ја поднесовме петицијата до Владата и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај „Холидеј Ин”, ние жителите на Ново Маало, почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови, се вели во соопштението од жителите.

По досегашните консултации со правни експерти, посочуваат, децидно укажуваме дека нашите права се неоспориви, пред се правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек.

– Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати. Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината, додаваат во соопштението.

Напоменуваат дека до добивање на конечен одговор на нивните тужби, до последниот ден, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.

https://www.slobodenpecat.mk/zhiteli-na-novo-maalo-pochnuvame-so-mobilizaczija-na-praven-tim-vo-odbrana-na-nashite-stavovi/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 22-Apr-2021 at 19:49
ама и овие новомаалци се досадни више, видоа што ќе се гради и едвај чекаат да лапнат некое станче и да може да се профитира од тоа како убер ексклузивен центарски вонземски комплекс... да не се лажеме, да требаше тука да се прави улица или било што што е од општо добро и не е станбен објект, ќе имавме кукања за тоа како е нарушена нивната населба и како се бесценети нивните распаднати куќарки што ги немаат чепнато со децении, а пола од нив не ни живеат внатре, слично како случајот со Маџир маало, поради што и добивме кокошарници и искривени улици таму
меѓудругото, ако не сум грешка, планов што толку се дискутира не ги засега нивните имоти, туку целиот простор што е сега паркинг и бараки, така да не знам кај се брзаат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Шарла View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Шарла Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 22-Apr-2021 at 21:18
Прочитав интересен предлог,целиов овој простор да се третира како една маркичка и да се објави конкурст за светски архитекти кои би го испланирале Скопскиот "Down-Town". Едно време и за фасадите во центарот објавија конкурс за светски познати архитекти па видовме како се заврши тоа.
Конкретниов проект е само за паркингот,новомаалци изгледа нема да имаат среќа да добијат стан во 60-катниците ако се изградат,нив веројатно им се ветени станови во разиграната зграда штом толку им се брза...

Сепак кога ќе ја видам таа зграда од лево-београд на води ми се слошува,не смее тој хорор да никне сред центар.

Edited by Шарла - 22-Apr-2021 at 21:18
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 23-Apr-2021 at 04:01
Ќе висат чифтијани од балконите среде центар како тргнала работава, место да се изградеше модерен деловен центар.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.173 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.