build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 23-Apr-2021 at 06:07
Hahahah me iznasmea ciftijani po balkonite u centar...original
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 23-Apr-2021 at 07:24
ТОДОРОВИЌ И ЖЕРНОВСКИ ЗА ПЛАНОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ВО СКОПЈЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА, АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ

Антикорупциската комисија поведе иницијатива до Јавното обвинителство да покрена постапка за донесувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Антикорупционерите сметаат дека во носење на овој ДУП сторени се повреди како од планерите, кои како професионалци од областа се обврзани да постапуваат според правилата на струката и законските прописи, така и од вработените во Општина Центар, Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски кои ги занемариле ваквите пропусти и со тоа овозможиле донесување на ДУП кој е спротивен на законските прописи.

„Поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 в. в. став 1 од Кривичниот законик, до Јавното обвинителство доставуваме иницијатива за поведување постапка за утврдување на одговорност на службени лица кои со своето постапување или непостапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план (ГУП) и да се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцела која е дел од ДУП Ц08“, рече на денешната седница претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Како што кажа Ивановска, одговорност се бара од градоначалникот на Општина Центар во период од 2009-2013 Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Општина Центар во период од 2013-2017 Андреј Жерновски, раководител на Сектор за урбанизам во Општина Центар во периодот 2012, раководител на Сектор за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски, помошник-раководител на сектор за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и двајца овластени планери и овластеното лице на правно лице ДПУП „Билд“ кои го изработувале планот.

„Во постапката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за период 2012-2017 ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на службеното овластување, постапувајќи спротивно на член 11 став 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со тоа прибавиле значителна имотна корист за сопствениците на градежната парцела 1.1. Во својство на овластени планери во правното лице ДПУП Билд ДООЕЛ Скопје, иако знаеле дека согласно член 11 став 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање деталниот урбанистички план, како план на пониско ниво, мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, сепак постапувајќи, предвиделе поголема густина на населеност од 500 жители по хектар, спротивно на густината која ја предвидел ГУП од 2002 што тогаш бил во важност, така што не го усогласиле Деталниот урбанистички план со Генералниот урбанистички план“ вели Ивановска.

Овој ДУП како што кажа Ивановска овозможил правните лица „МГ Фешн“ и „Обновители“ како сопственици на градежната парцела 1.1. да прибават значителна имотна корист, која се состои од правото на приватизација на државно земјиште, со кое се стекнале со право на сопственост плаќајќи приоритетна цена иако реалната пазарна цена на земјиштето е од драстично поголема вредност и се квалификува како значителна вредност и со право за добивање на дозвола за градба и реализација на градежен објект од големи размери, со кој понатаму би се стекнале со значителна имотна корист.

„Со опишаните дејствија сметаме дека постојат основи на сомнение дека службените лица сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување поради што му предлагаме на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно-обвинителска одлука“, вели Ивановска.

За просторот кај „Холидеј ин“, односно првата од трите градежни парцели, фирмата МГ Фешн“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) имаат проект за изградба на три згради од 16, 20 и 22 ката. За зградата од 20 ката која ќе се гради на парцелата на МПЦ што всушност го затвора приодот кон реката Вардар ,проектот е одобрен од Општина Центар, инвеститорите платија комуналии од 2,4 милиони евра на Општина Центар и Град Скопје и сега секој ден се чека да им стане дозволата за градба правосилна.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, иако има право да донесе решение за суспензија на планот, нешто што го бараат архитекти и граѓански иницијативи, тоа не го прави. Уште не е закажана седница на Советот на Општина Центар за да се донесе ваква одлука, ниту се знае кога ќе се закаже. Богдановииќ денеска само кусо ни одговори „Ќе бидете информирани кога ќе биде закажана седница“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/todorovik-i-zhernovski-za-planot-kaj-holidej-in-vo-skopje-ja-zloupotrebile-sluzhbenata-polozhba-antikoruptsiska-bara-obvinitelstvoto-da-otvori-predmet/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 23-Apr-2021 at 15:14
МГ фешн“ најави тужби за штета од милиони евра ако се суспендира ДУП спроти „Холидеј ин“

Компанијата „МГ фешн“, која е инвеститор на објектот што треба да се гради спроти „Холидеј ин“, најави тужба ако се суспендира спорниот Детален урбанистички план. Според инвеститорите, тие би претрпиле материјална штета од милиони евра, за кои надомест ќе бараат од Општина Центар.

„Штетите што ние како инвеститор ги трпиме од неуставно и незаконски попреченото право на градба кое произлегува од правото на сопственост, и тоа врз основа на важечки ДУП донесен во законита постапка, се проценети на десетици милиони евра и таа штета потенцијално ќе падне на товар на општината. Според законот, за урбанистичките планови од локално значење штетите ги сноси единицата на локалната самоуправа, односно Владата, за урбанистичките планови од државно значење“

соопштија од „МГ Фешн“.
Според компанијата, овој Детален урбанистички план е донесен законски и идејното решение, кое е одобрено од Општина Центар, велат дека е со параметри кои се 55 проценти помали од предвидените со важечкиот ДУП. Повторуваат дека комплексот ќе биде модерен со вкупно 6.520 м2 зелени површини.

„Во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м“

додаваат од компанијата.
Општина Центар се уште не свикува седница на која би одлучиле дали ќе бараат суспензија на деталните урбанистички планови, кои ги држеа под мораториум затоа што не се во согласност со ГУП од 2012, а за кои веќе еднаш одлучија – градоначалникот Саша Богдановиќ да почне постапка за суспензија. Одлуката беше во декември 2020, но од тогаш освен што е побарано мислење од Министерството за транспорт, официјално не се поднесени елаборати за суспензија на дел од плановите или на цел ДУП, како што предвидува законот за урбанизам.

ДКСК: Поранешните градоначалници на Центар ја злоупотребиле службената положба, Обвинителството да отвори истрага за „Голем ринг“

Вчера Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Јавното обвинителство да истражи злопупотреба на службена положба од страна на поранешните градоначалници на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и на тогашните раководители во секторот урбанизам на Град Скопје и министерството за транспорт, и планерите, затоа што во 2012 со носење на ДУП-от за „Голем ринг“ обезбедиле поголема имотна корист на актуелните сопственици на парцелите спроти „Холидеј ин“.

https://360stepeni.mk/mg-feshn-najavi-tuzhbi-za-shteta-od-milioni-evra-ako-se-suspendira-dup-ot-sproti-holidej-in/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 23-Apr-2021 at 16:10



STEP 1: Општеството им дозволува да окрупнат земјиште, преку механизам за повластен откуп на државно земјиште за дооформување на парцели.

STEP 2: Они му се „заблагодаруваат“ на општеството со тоа што ја корумпираат фирмата што го црта урбанистичкиот план.

STEP 3: Со тоа што постапката за ДУП-от е сомнителна и со тоа што ДУП-от таков каков што си го нарачаа е во спротивност со ГУП-от, самите си отвораат ризик за правни проблеми.

STEP 4: Наидуваат на правни проблеми и се прогласуваат за жртви


--------------------------------------------------------------------


Сепак, со оглед на хистеријата против високи објекти, ако овој проект пропадне, се плашам дека веројатноста да добиеме полошо урбанистичко решение е многу поголема отколку да добиеме подобро. Затоа немам баш некој ентузијазам постапкава да оди во правец на суспендирање на ДУП-от. Но ќе биде одлично ако вмешаните ликови си добијат заслужени казни за злоупотребата на службената положба. А на Муличковски и неговите „планери“ треба барем да им се одземат лиценците. Никогаш нема да се оправиме ако не ни профункционираат механизмите за казнување на криминалот.



Edited by Cloverstack - 23-Apr-2021 at 16:16
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 23-Apr-2021 at 16:39
Епа друштво, тражили сте, гледајте! Нечини овде, нечини онде, не вака, не така. Многу било 60, малку било 20 ката. На крај ќе се прокоцка и овој јавен простор за безвезе, маџармаализација не му бега. Градочалникот го заболе за јавниот простор, битно ќе си лапа 100 гласа од овие што сакаат да заработат преку леб погача и да земат по 3 стана за трошни куќи цел век стари.
Back to Top
doncho View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote doncho Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 24-Apr-2021 at 14:17
Originally posted by user8642

Епа друштво, тражили сте, гледајте! Нечини овде, нечини онде, не вака, не така. Многу било 60, малку било 20 ката. На крај ќе се прокоцка и овој јавен простор за безвезе, маџармаализација не му бега. Градочалникот го заболе за јавниот простор, битно ќе си лапа 100 гласа од овие што сакаат да заработат преку леб погача и да земат по 3 стана за трошни куќи цел век стари.


Ми се чини дека ова е приватен простор, а не јавен. И мислам дека сите многу си земаа за право да коментираат, без да понудат решение за проблемот.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 24-Apr-2021 at 14:32
Јавен или приватен, нема многу разлика. И приватниот простор лесно може да стане јавен со саглам закони, исто и обратно. Сеедно, просторот во градов генерално.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 25-Apr-2021 at 13:38
Богдановиќ ќе ја фрли првата лопата или ќе го суспендира планот

Оваа недела ќе биде клучна околу разврската на случајот „висококатници кај „Холидеј ин“, која ја зовре јавноста и стручната фела со ставови ПРОТИВ и ЗА изградбата на комплексот „Град Скопје“. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека неделава продолжуваат да течат консултациите и координациите со надлежните служби и Советот во врска со суспензијата на ДУП-от „Голем ринг“, во кој има одредени неусогласености со ГУП на Град Скопје. Богдановиќ има тешка задача да ги извага сите ставови на надлежните институции, како и на засегнатите страни со цел да се донесе одлука која нема да биде на штета на општината. А одлуката е или издавање на одобрението за градење на инвеститорот „МГ Фешн“, кој претходно ги уплати средствата за комуналии, или пак, суспензија на планот целосно или парцијално и почнување на постапка за изработка на нов план

Во носењето на одлуката Богдановиќ ќе го има во предвид изјаснувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која му предложи на Јавното обвинителство да ја истражи постапката за изменување и дополнување на ДУП „Голем ринг“ за Општина Центар за 2012 – 2017, затоа што сметаат дека ексградоначалниците ,Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и одговорни раководители во општина Центар, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на службеното овластување.

Тие постапувајќи спротивно на членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање прибавиле значителна имотна корист за сопствениците на градежната парцела 1.1. од ДУП во делот „Голем ринг“. Од Антикорупциска побараа кривично гонење на посочените службени лица и сметаат дека причините за ова состојба треба да се бараат многу наназад во годините.

Асоцијацијата на архитекти е за доследно почитување на целите, проекциите и планските решенија од ГУП на Град Скопје 2012-2022 година и плановите од пониско ниво кои мора да бидат усогласени со овој стратешки план, вклучително и планот за локацијата кај „Холидеј ин“.

– Оние наши колеги кои се занимаваат со урбанистичко планирање на просторот, а кои работат спротивно на законски акти од повисок ранг (ГУП), мора да сносат одговорност за таквото постапување, кое е првенствено на штета на јавниот интерес, а е на штета и на етиката, принципите и угледот на нашата струка – велат од Асоцијацијата на архитекти и од Академијата на архитекти.

Од инвеститорите и градежните компании бараат да го градат таму каде што е пропишано и да ги почитуваат законските прописи и советите од архитектите. На локалната самоуправа ѝ порачуваат да ја почитуваат и експертизата од професионалците и да ги вклучат граѓаните во донесувањето на одлуките. На Уставниот суд, кој го укина мораториумот на ДУП-овите во Центар, пак, му порачуваат дека судењето за одлука за мораториум претставува и судење на јавниот интерес.

Поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска – Циги вели дека од направените споредбени податоци на ДУП-от со оние параметри на ГУП-от на Град Скопје, се гледа дека е далеку пробиено, што е упад во системот.

-Таквото нешто е атак на градот, а ние имаме право на град како граѓани. Токму затоа јас ги поттикнувам оние не само што се одговорни како професионалци, меѓутоа граѓаните да застанат да си го бранат интересот. Граѓанинот може да го дигне гласот ако има осет за своето опкружување и одговорност кон генерациите што доаѓаат – вели Павловска.

Таа предлага да се донесе нов урбанистички план за тој простор или пак, да се почека новиот Генерален урбанистички план кој е во изработка, бидејќи ако се гради според параметрите на актуелниот ГУП, се прави страшно зло.

Премиерот Зоран Заев смета дека пред да се донесе било каква одлука треба да се види дали се исполнуваат законските услови. Доколку во постапката е нарушен некој од законите, одобрението за градење не треба да се дава, а ако се исполнети законските основи треба да се искористи уставното и законското право за добивање одобрение за градба.

– Затоа Парламентот ги промени законите, на предлог на Владата, слушајќи ги граѓаните – за мегаломанството во градењето и големите катности и вградивме вакви механизми и алатки во самиот Закон за урбанистичко планирање и во Законот за градење коишто дефинитивно ги оневозможуваат практично мегаломанствата во изградбата – рече Заев.

Од Владата истакнаа дека со ресорното Министерство за транспорт и врски го следат случајот во однос на урбанистичкиот план за паркингот кај „Холидеј ин“.

– Доколку општината и граѓаните во општината проценат дека таму треба, или не треба да се гради, општината има законски механизми како тоа да го спроведе. Доколку општината поднесе суспензивен елаборат, ресорното министерство ќе даде соодветно мислење, и повторно Општината и Советот на општината ќе одлучува како ќе постапат – одговорија од Владата.

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов вели дека мора да се почитува законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Тој очекува Општина Центар да изработи елаборат и ако има отстапување во однос на ГУП, треба да донесе соодветен план што ќе одговара на неговите параметри.

Според него, суспензија на проектот би значело дека во наредните шест месеци Општина Центар нема да може да го применува Решението што го предвидела во ДУП-от, а значи и дека е должна во тие шест месеци да ги отстрани неговите недостатоци. Охрабрува да има ред и законитост во постапките и доколку се утврди дека постојат услови да се изрече суспензија на планот. Од друга страна е свесен и за сериозно супстандардните услови на жителите кои живеат таму, а се во центарот на градот и затоа смета дека тој простор треба да доживее промена, трансформација, но каква ќе биде ќе одлучуваме заедно.

Жителите на Ново маало потпишаа петиција до Владата и општина Центар дека сакаат реализација на комплексот кој ќе им овозможи пристоен начин на живот. Според нив, суспензијата на планот ќе им ги загрози правата кои ги наведуваат и заради тоа ќе поднесат колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур.

– По досегашните консултации со правни експерти, децидно укажуваме дека нашите права се неоспорни, пред сè правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек да го задржи имотот, целосно да го користи и да располага со него по своја волја – велат жителите на Ново Маало.

Од Градежната комора со став дека со суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор. Ваквото постапување, според Комората, ја ограничува слободата на пазарот и претприемништвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата.

Сметаат дека институциите треба да си понесат одговорност за грешките и да најдат начин како спорот да го разрешат, без да ги оштетуваат сите останати на кои им се загарантирани правата на сопственост и обезбедување подобри услови во живеалиште во оваа општина.

Евентуалното прифаќање на иницијативата да се искористи законската можност за суспензија на планот за градење од страна на Општина Центар, според инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“, компанијата „МГ Фешн“, ќе предизвика за нив огромна материјална штета.

Оттаму нагласуваат дека штетите што ги трпат, како што наведуваат од „неуставно и незаконски попреченото право на градба кое произлегува од правото на сопственост, и тоа врз основа на важечки ДУП донесен во законита постапка“, се проценети на десетици милиони евра и таа штета, велат, потенцијално ќе падне на товар на општината.

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, не чувствува вина бидејќи не ја злоупотребил службената положба и овластување, по иницијативата на Антикорупциска кривично да се гони затоа што не постапил да се сменат деловите во планот кои им овозможуваат имотна корист на сегашните сопственици на парцели спроти хотелот „Холидеј ин“.

Според него, ДУП-от е донесен во 2012 година, а тој станува градоначалник во 2013 година. Вели дека процедурата за изработки и донесување на плановите е пропишана со закон и во тој синџир учествува општината, изработувачот на планот, институциите што даваат мислења по планот, граѓаните на јавна анкета, Министерството за транспорт и врски.

Тодоровиќ, пак, вели дека ДУП-от во 2012 година е донесен согласно ГУП-от на Град Скопје и за тоа добил согласност од градските власти и согласност од Министерството за транспорт и врски. Според него, дека овој ДУП не бил спорен е и фактот што и двајцата градоначалници потоа, Жерновски и сегашниот Саша Богдановиќ, го применувале во негова реализација, иако биле должни да изработат нов ДУП, усогласен со веќе донесениот ГУП од декември 2012 година.

https://www.vecer.press/богдановиќ-ќе-ја-фрли-првата-лопата-ил/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 26-Apr-2021 at 17:06
Новомаалци ќе останат со празни раце со висококатници спроти „Холидеј Ин“



https://samoprasaj.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 26-Apr-2021 at 17:38
ВИДЕО | Жителите на Ново Маало најавуваат протест и тужба ако се суспендира планот за градба кај „Холидеј ин“



https://www.slobodenpecat.mk/video-zhitelite-na-novo-maalo-najavuvaat-protest-i-tuzhba-ako-se-suspendira-planot-za-gradba-kaj-holidej-in/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 07-May-2021 at 17:23
БОГДАНОВИЌ: НЕМА ДА СИ ПУКАМ ВО НОГА СО СУСПЕНЗИЈА НА ОДРЕДЕНИ ПЛАНОВИ!



[URL= ][https://www.24.mk/details/bogdanovikj-nema-da-si-pukam-vo-noga-so-suspenzija-na-odredeni-planovi/URL]
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 16-May-2021 at 10:23
Богдановиќ: Kaj Холидеј Ин ќе се гради, прашање е само што – Не можам сам да се борам против цела држава

Господине Богдановиќ, ќе се градат ли висококатниците кај Холидеј Ин?

Сè зависи како ќе завршат одредени постапки коишто ги водиме. Јас само сакам да ги запознам граѓаните дека без разлика што и да се случи, таму е предвидено некој развој кој го дозволува Општината и претходно со Детален урбанистички план, а и доколку дојде до одредени промени, повторно ќе има некој развој, дали во деловен или станбен простор, зависи како ќе заврши на крај планот. Ние до пред извесно време, пред одлуката на Уставен суд, односно решението за поништување на нашата одлука за неспроведување на Детални урбанистички планови, имавме начин како да не се постапува по тие Детални урбанистички планови. Но, за жал, Уставниот суд ни ја укинаа таа одлука и сега сме во една фаза каде што се дозволува на сопствениците на земјиштето да поднесуваат барања за одобрение, а ние се обидуваме со одредени мерки да исправиме тоа што може да се исправи, така што сè зависи од исходот на тие постапки коишто ќе се водат.

Ја потпишавте ли дозволата за градба?

Сè уште не е потпишана, односно не е правосилна. Чекаме да завршат сите управни акти, сè со цел да видиме каков ќе биде исходот, бидејќи се случува да се стигнати многу иницијативи, претставки, на крајот додека не се расчистат тие не може да има правосилност.

Зошто повторно е дадено на истата проектантска куќа Билд да го направи Деталниот урбанистички план, а за таа проектантска куќа и претходно Државната комисија за спречување корупција тврди дека го прекршила Законот за урбанизам?

Ако има некакви прекршувања јас ја охрабрувам Антикорупциската комисија да покрене одредени случаи, за конечно да се расчисти. Зошто ние цело време во етерот и во јавноста слушаме ова е злоупотребено, ова е направено. Ние не сме истражен орган како општина, ние покренуваме иницијативи па има надлежни органи кои треба тоа да го утврдат. Ако антикорупциска утврдила одредени пречекорувања, тогаш треба да покрене одредени постапки до надлежни институции. Ние досега сме покренале одредени постапки. Е сега зошто велат повторно е дадено… не го дава Општината, не е мој избор јас да кажам ќе до доделам на тој и тој. Си има јавна постапка. Во законот стои, до ден денеска, дека најниската цена е главен услов за некој да ја добие работата. Ние во тоа време кога се јави таа ниска цена прашавме до самиот изработувач на планот и тие ни одговорија дека тие тоа сакаат да го направат заради референца. Ако го раскиневме договорот и склучевме договор со второстепената, којашто исто така немаше многу висока цена, некаде околу 20 илјади денари за километар квадратен, и тогаш ќе направевме прекршок и ќе дојдеше истата Антикорупциска или друга институција и ќе кажеше – Како сте имале пониска цена, без разлика што е нереална, а вие сте склучиле со повисока, така што не сме ние криви што некој така ги напишал законите во нашата држава.

Државната комисија за спречување на корупција најавува дека ќе покрене случај и против Вас ако дадете дозвола и не побарате суспензија на планот за плацот спроти Холидеј Ин. Како гледате Вие на тоа?

Јас искрено освен што слушнав од медиумите дека нешто е поднесено, нема добиено уште ништо официјално. Ние целата документација ја доставивме до Антикорупциска комисија и ако се сеќавате имавме една прес-конференција каде што јас побарав од самите институции и тие да преземат нешто. Чисто да стане појасно, ако некој направил Генерален план, над нас, ако некој направил План за просторно планирање, тоа е Владата, ние сме најниските, ние се прилагодуваме на нивните услови за игра. Ако во меѓувреме нешто се прекршило, се направил каков било проблем до сега некој требало да сноси одговорност. Мене ми е многу жал, и баш ја користам оваа прилика – Зошто до сега, ако ние цело време сме апелирале на неусогласености или штетни влијанија на одредени Детални урбанистички планови, зошто баш сега некој реагира за тие планови кои се донесени години и години наназад? Во случајов да се повика Антикорупциска за нешто што Општината воопшто не е виновна, ниту пак јас, јас не сум ги донел тие Детални урбанистички планови. Јас пробав да ги сменам тие Детални урбанистички планови, дел сум ги и сменил, одлуката на Уставен суд еднаш не сум ја испочитувал, сум донел втора одлука, јас против цела држава не можам сам да се борам. Треба да покренат одредени спорови и да утврдат дали навистина се прекршени, ние ќе им ги дадеме сите аргументи и докази и сметаме дека можат да имаат одредена одговорност и тогаш ако се докаже тие имаат уште посилен аргумент за да поведат одредени постапки и одредени планови да бидат тргнати на страна.

Господине Богдановиќ дали планирате повторно да се кандидирате за градоначалник на Општина Центар?

Не е само мојата желба, треба да поминам и одредени филтри коишто на крајот ќе ја потврдат кандидатурата.

Последната анкета на МЦМС покажа дека сте на 10 место на ранг листата на успешност на градоначалници. Очекувате ли после сите случувања со парцелите спроти Холидеј Ин, кај Треска и спорните Детални урбанистички планови да ја добиете довербата од граѓаните на Центар?

Сакам да се потврди, бидејќи единствениот човек кој досега застана на патот тоа сум јас. Јас не сум слушнал на ниту едно друго место некој да донесе и да спроведе такви радикални одлуки и на крајот и после пресуда на Уставен суд да ја продолжи битката. Пак ќе напоменам тие планови не сум ги донел јас, ги донел некој многу, многу години претходно, тие планови, за жал, предизвикуваат правни дејствија и до ден денешен, за тие планови, за жал, никој досега не одговарал, се надевам дека во некое брзо време, ако, ај да кажам, проработат одредени институции, пред сè судски, дека ќе имаме одреден епилог. Затоа сметам дека треба да ја продолжам битката, бидејќи не е само да ги менувате плановите, ние видиме многу други постапки, знаете дека имаме поништено низа одобренија за градба, коишто дошле до правосилност, со утврдување на одредени неправилности сме ги поништиле Шпанските скали, Анго катната гаража, сега сме до катната гаража Никофон на суд, така што таа борба е долготрајна и сметам дека сум и доволно способен и има добар тим за да ја продолжам таа битка.

https://mk.tv21.tv/bogdanovik-kaj-holidej-in-ke-se-gradi-prashane-e-samo-shto-ne-mozham-sam-da-se-boram-protiv-tsela-drzhava/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 16-May-2021 at 14:42
ГАРЕВСКИ: ЛОКАЦИЈАТА КАЈ ХОЛИДЕЈ ИН ЗАСЛУЖУВА УЛТРАМОДЕРЕН ПЛОШТАД СО МНОГУ ЗЕЛЕНИЛО



Паркингот наспроти хотел Холидеј Ин залсужува да прерасне во ултрамодерен плоштад каде бенефициите ќе ги имаат граѓаните - и оние што би живееле во новите згради, но и сите скопјани.

Власта се уште има шанси да го спаси овој простор од непланско градење - смета професорот Михаил Гаревски. Во моменти кога се чека конечната одлука дали на атрактивната локација ќе се градата згради или ќе има суспензија. Професор Гаревски за ТВ24 вели дека одлуката ќе биде од витално значање за кавалитетот на живот во срцето на метроополата . Предупредува на внимателнсот.

„Јас се залагам за ултра модерен плоштад, да се направи, да биде еден од најубавите на Балканот. Црквата нека покаже солидарност и да им даде на граѓаните да направат ултрамодерен плоштад со еден подземен паркинг плац за да можат луѓето да доаѓаат на плоштадот. И нормално, се подразбира тој плоштад треба да блешти еве можеме модерен, оној за оние коишто не го сакаат оној бароктен плоштад еве шанса на граѓаните да се направи ултрамодерен плоштад, светол и нормално со многу зеленило.“ - вели професорот Гаревски.

Градоначалникот Богдановиќ вели дека градежната дозвола се уште не ја потпишал, чека да завршат сите управни постапки. Сега течат роковотите за изработка на суспензивните елаборати - документи во кои треба да биде прецезирано дали и што ќе се суспендира . За дваесеттина дена општина Центар планира да ги достави и до Министерство за транспорт и врски.

„Што се однесува до суспензијата, ќе бидат поднесени суспензии не само за тие делови од планот туку за низ цел центар. Јас и тоа го инсистирав, на крајот и во пресудата на Уставен суд ни рече дека смееме селективно да постапуваме. Така да ќе бидат опфатени сите оние делови кадешто ќе востановиме - односно Комисијата заедно со правниот тим ќе востанови дека има одредени прекршувања. Затоа викам сите управни постапки треба да ги завршиме. Значи како што ќе завршуваат така нас ќе ни биде расчистен теренот и ќе знаеме на што ќе постапуваме.“ - вели Богдановиќ.

Планери, урбанисти, архитекти, токму за локацијата наспроти Холидеј Ин реагираа жестоко - не се бара запирање на градењето, но се бара запазување на стандарди во планското градење

Антокуропциска до ОЈО поднесе иницијатива за кривична одговорност на поранешни градоначалници и службени лица за ДУП кој во моментот е на сила. Од ОЈО претходно за ТВ24 претходно информираа дека предметот на ДКСК за паркингот кај Холидеј Ин е распределе кај Јавен обвинител.

https://24.mk/details/garevski-lokacijata-kaj-kholidej-in-zasluzhuva-ultramoderen-ploshtad-so-mnogu-zelenilo
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 18-May-2021 at 15:28
Тече рокот од 20 дена за корекција на елаборатот за ДУП-от кај Холидеј Ин



https://kanal5.com.mk/-teche-rokot-od-20-dena-za-korekcija-na-elaboratot-za-dup-ot-kaj-holidej-in/a475278
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 01-Jun-2021 at 14:15
Висококатници кај „Холидеј Ин“ по „скратена постапка“

Се прави ли обид преку законски измени да се овозможи изградба на висококатниците спроти „Холидеј Ин“ е прашање што заслужува внимание откако Министерството за транспорт и врски до Собранието испрати предлог за измени на Законот за урбанистичко планирање. Во него, се предвидуваат исклучоци кога би можело да се гради според детален урбанистички план (ДУП) којшто не е усогласен со генерален урбанистички план (ГУП). Таков е случајот со ДУП-от „Градска четврт Ц 08“ во кој е опфатен и паркингот спроти „Холидеј Ин“ каде што е предвидено да никнат висококатниците. Таму планот за 8,8 пати ги надминува параметрите во однос на површината за домување и бројот на жители определени во актуелниот ГУП за Град Скопје.

Со предложените измени, власта меѓудругото остава простор ДУП, донесен согласно ГУП кој престанал да важи да може да се применува кога намените утврдени во деталниот урбанистички план се во согласност со намените утврдени во новиот генерален урбанистички план.

Архитектите препознаваат алиби за планот за „Холидеј Ин“
Поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска – Циги вели дека е евидентно оти со ова се олеснува спроведувањето на ДУП за паркингот пред „Холидеј Ин“. Таа предупредува дека е тоа јавен простор и важен дел уште од времето на Кензо Танге, па затоа мора да има референдум за Градот да добие нова додадена вредност. За неа е загрижувачки што воопшто и не се споменува конкурс, што укажува дека политичарите не го препознаваат моментот и бара да не се повторат грешките од проектот „Скопје 2014“.



Власта негира дека измените се поврзани со Центар
Власта во образложението на измените се правда дека иницијативата дошла од дел од општините за поедноставување на постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови и за поголема флексибилност во улогите на учесниците во постапките. Од Министерството за транспорт и врски негираат дека измените се носат за конкретните случаи за Центар.

„Оваа одредба за примена ќе важи само за ДУП-ови кои практично се во согласност и со новиот ГУП, односно за тие плански опфати каде просторниот развој, намената на земјиштето и сообраќајните услови се во согласност и со новиот ГУП. Целта на оваа одредба не е да уреди поединечни случаи содржани во деталните планови во Општина Центар. Напротив, третира прашања кои ги засегаат сите општини, додека прашањето за усогласеност на деталните планови во општина Центар со Генералниот урбанистички план и понатаму ќе се разгледува во согласност со важечкото законско решение. Во делот на законски уредената постапка за суспензија на урбанистички план не предлагаме никакви измени“, велат од Министерството.

И Општина Центар негира дека решението се „турка“ во интерес на инвеститорот кај „Холидеј Ин“.

Општина Центар побара суспензија за целиот ДУП за парцелата спроти „Холидеј Ин“
Општина Центар ги достави првите елаборати за суспензија на спорните детални урбанистички планови коишто не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за „Само прашај“ потврдуваат дека се примени и дека е формирана комисија што треба да ги разледа. Меѓу поднесените елаборати е и оној за парцелата спроти „Холидеј Ин“, потврдува Министерството.

„Општина Центар до МТВ поднела вкупно 11 елаборати за суспензија на ДУП. Во овој момент не можеме да знаеме дали се усогласени со ГУП или не. Дел од елеборатите се за суспензија на цели планови, дел за одредени делови и тие ќе се разгледуваат во наредните денови. За локацијата спроти „Холидеј Ин“ е поднесен елаборат за суспензија на цел план“, велат од Министерството.

Дали градежните машини ќе „забревтаат“ и на последниот отворен дел во центарот на Скопје ќе се знае многу наскоро.

„Доколку нема суспензии на одредени делови, тогаш нема никаква формално правна пречка било кој да биде спречен да добие било каква дозвола, доколку истото го предвидува деталниот урбанистички план“, велат од Општина Центар.

Според последната одлука на Советот, Општината селективно може да избира за кои делови од деталните урбанистички планови ќе се бара суспензија, што според дел од советниците отвора простор за субјективизам при носењето на одлуката.

Селективен пристап и определување суспензија на делови од план, а без дефинирани критериуми (како што се параметрите од ГУП користени при мораториумот), ќе остават простор за субјективизам при одлучувањето“, изјави за Дојче Веле поранешната претседателка на Советот и актуелна советничка, Јана Белчева - Андреевска.

https://samoprasaj.mk/naacik/2007-2021-06-01-11-07-22
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 16-Jun-2021 at 17:53
НЕМА ДА ГО СУСПЕНДИРАМЕ ПЛАНОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“, БОЧВАРСКИ НИ ВЕЛИ НЕМАМЕ ОСНОВ, КАЖА БОГДАНОВИЌ

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека не може да ги суспендира деталните урбанистички планови за кои поднесе елаборати оти Министерството за транспорт и врски во одговорот му ги побива аргументите.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК да каже зошто ги утнале елаборатите и не навеле прекршување на јавниот интерес, Богдановиќ не даде конкретен одговор, туку дека после одговорите од министерството немаат начин да ги суспендираат плановите и со тоа ќе мора да стане правосилно и барањето за градење каj „Холидеј Ин“.

„Во законот за урбанистичко планирање во член 23 став 5 се наведува дека може да се суспендира план или дел од планот, а во член 35 се наброени причините по кои може да се суспендира план. Во нашите елаборати се наведени несовпаѓањето на параметрите ДУП со ГУП, а во мислењето од Транспорт ни се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А, Б, В се неограничени и не влегуваат во билансите со што тој аргумент ни се побива. Што се однесува со усогласување на линиите ГУП со ДУП ни се кажува дека со тоа не се прави штета на јавниот, и дека со елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес со што немаме основ за суспензија“, ни изјави Богдановиќ.

Претходно денеска, на брифинг во Министерството за транспорт и врски беше кажано дека Општина Центар ги утнала елаборатите за суспензија на деталните урбанистички планови кои се доставени до министерството и не докажала дека тие имаат штета по јавниот интерес. На брифингот, на кој присуствуваше и министерот Благој Бочварски, беше кажано дека елаборатите биле правени по погрешен член од Законот за урбанистичко планирање.

„Општина Центар ја промашиле темата, ги утнале елаборатите. Наместо да побараат суспензија само на делови од планот каде има одредени прекршувања, тие бараат да се суспендира цел план. Посочувајќи неправилности во една четврт бараат укинување на цел план. Во ниту еден елаборат не е докажана штета за јавен интерес“ , велат од комисијата која ги разгледувала елаборатите.

Оттаму велат дека главната грешка на Општина Центар е што не го сменила планот толку време и дозволила тој да се реализира.

Кај „Холидеј Ин“ треба да се градат трите кули од 16, 20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА, откако за една зграда веќе се платени комуналии од 2,4 милиони евра и од Општина Центар е побарана градежна дозвола.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-da-gi-suspendirame-planovite-kaj-holidej-in-bochvarski-ni-veli-nemame-osnov-veli-bogdanovik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 16-Jun-2021 at 17:54
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ УТНАЛА ЕЛАБОРАТИТЕ ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ПЛАНОВИТЕ, НЕ ДОКАЖАЛА ШТЕТНОСТ ДА СЕ ГРАДИ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“

Општина Центар ги утнала елаборатите за суспензија на деталните урбанистички планови кои се доставени до Министерството за транспорт и врски и не докажала дека тие имаат штета по јавниот интерес. На брифинг во Министерството на кој учествуваа министерот Благој Бочварски и членови на Комисијата која ги разгледувала елаборатите меѓу кои и професорот Мирослав Грчев беше кажано дека елаборатите биле правени по погрешен член од Законот за урбанистичко планирање.

„Општина Центар ја промашиле темата, ги утнале елаборатите. Наместо да побараат суспензија само на делови од планот каде има одредени прекршувања, тие бараат да се суспензира цел план. Посочувајќи неправилности во една четврт бараат укинување на цел план. Во ниту еден елаборат не е докажана штета за јавен интерес“ , велат од Комисијата.

Од таму велат дека главната грешка на Општина Центар е што не го сменила планот толку време и дозволила тој да се реализира.

Доколку се добие дозвола за градба како што е случајот од паркингот кај Холидеј ин не може планот да се суспендира. Во планот кај Холидеј не е споменато ниту збор за штета што би настанала. Сепак, ние не носиме одлука туку само укажуваме каде има пропусти во елаборатот. Општината носи одлука дали ќе суспендира план”, рече членот на комисијата Мирослав Грчев.

Кај Холидеј ин треба да се градат трите кули од 16, 20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА, откако за една зграда веќе се платени комуналии од 2,4 милиони евра и од Општина Центар е побарана градежна дозвола.

Министерот за транспорт и вески Благој Бочварски рече дека тие укажале дека има основи за суспензија за ДУП-от кај црквата Пресвета Богородица каде треба да се гради деловен објект, но има прекршувања бидејќи влегува во коритото на реката Вардар. Вториот план е Дебар Маало 1 каде со планот се предвидува деловен објект, но со регулациски план на Град Скопје се менува во парк.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-gi-utnala-elaboratite-za-suspenzija-na-planovite-ne-dokazhala-shtetnost-da-se-gradi-kaj-holidej-in/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 17-Jun-2021 at 07:05
Никој не може да ги сопре „Бетонските џинови“ , министерството ја префрла топката на Општина Центар



https://mk.tv21.tv/nikoj-ne-mozhe-da-gi-sopre-betonskite-dhinovi-ministerstvoto-ja-prefrla-topkata-na-opshtina-tsentar/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 17-Jun-2021 at 07:49
Леле кој цуркус.... не знам кој уште им верува, користат чист популизам како демек го „бранат“ народот а прават вакви „грешки“... мизерија во раскош.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 17-Jun-2021 at 16:43
УШТЕ ДВЕ ШЕЕСЕТКАТНИЦИ ЌЕ МОЖЕ ДА НИКНАТ КАЈ ХОЛИДЕЈ ИН, ПОКРАЈ ТРИТЕ КУЛИ НА МПЦ И АНТИЌ



Институцијата која го продаде државното земјиште, за 312 евра од метар квадратен, Министерството за транспорт и врски, одлучи дека елаборатите се погрешни бидејќи не докажувале штета по јавниот интерес.

Со таквата одлука на министерството за транспорт и врски, вели Богдановиќ, ќе се овозможи градење и на преостанатите 2 шеесеткатници кај локацијата наспроти Холидеј Ин, а Антиќ вели може да гради согласно параметрите од важечкиот детален урбанистички план.

„Таму може да гради согласно тие параметри коишто му се дадени. Две шеесеткатници – ама за да изградите две шеесеткатници треба да задоволите и други параметри, или не мора да бидат две шеесетканици може ќе бидат нешто пониски. Моментот со суспензија и мораториум беше да го смениме планот.“ вели градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ.

Заплеткани во пајажината на суспензивни елаборати се отплеткаа зградите кај паркингот наспроти Холидеј Ин. Додека централната и локалната власт играше пинг-понг, по пресекот на стручното мислење на министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски и стручната комисија од ова ресорно министерство на чело со професорот, Мирослав Грчев дека општина Центар ги промашила елаборатите, градоначалникот Саша Богдановиќ со контра став дека не ги згрешиле и дека со таквите мислења на транспорт и врски ќе треба да ја потпише градежната дозвола за што земале комуналии од околу 2,5 милиони евра.

„Ако немаш суспензија, ти немаш основа како да спречиш нешто како да стане правосилно. Ако се испочитувани сите рокови нема проблем. Ќе провериме, ќе видиме. Ние намерно чекавме што ќе кажат елаборатите односно мислењата. Ако имаш суспензија ти не смееш по ништо да постапуваш. Значи ти кога ќе донесеш суспензија – си докажал дека нешто не чини.Имаме и претходно враќано комуналии таму каде што сме утврдиле определени неправилности. Ама тие одредени неправилности требаше да се утврдат со елаборатот – елаборатот го поднесовме и ни дадоа мислење дека не сме во право.“ - вели градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ.

Од друга страна се чека одлуката на Обвинителството за организиран криминал и корупција како ќе постапи по иницијативата на антикорупциска токму за деталниот урбанистички план во јавноста познат по парцелата наспроти Холидеј Ин. До затворањето на овој прилог, градонашалникот Саша Богдановиќ иако вети не гио достави суспензивните елаборат со кој се опфаќа локацијата наспроти Холидеј Ин и фабрика „Треска“.

https://24.mk/details/ushte-dve-sheesetkatnici-kje-mozhe-da-niknat-kaj-kholidej-in-pokraj-trite-kuli-na-mpc-i-antikj
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.152 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.