build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 23-Nov-2022 at 18:09
СТОПАНСКА БАНКА – СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ЈА ГРАДИ НОВАТА УПРАВНА ЗГРАДА

Новиот дом за вработените и клиентите на Банката се очекува да биде комплетиран за околу 2 години, а ќе го гради инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“, МГ Фешн.

Денес на свечена церемонија Стопанска банка АД – Скопје го одбележа започнувањето на градежните работи за изградба на нова управна зграда. Како дел од урбаната средина во срцето на градот, новиот современ објект ќе обезбеди врвни услови за работа за вработените на Банката и за нејзините бројни клиенти.

Стопанска банка АД – Скопје, како дел од Групацијата на Националната Банка на Грција, со години остварува високи резултати во работењето, кои ѝ овозможуваат да инвестира во нов , современ деловен објект со кој ќе се продолжи по патот на успехот. Ова е прв ваков објект на Банката од нејзиното основање и благодарение на соработката со домашна градежна компанија, тимот на Банката и нејзините клиенти ќе добијат нов, модерен простор, целосно прилагоден на современите потреби.

Ни претставува навистина голема чест што потенцијалите и квалитетот на комплексот „Гранд Скопје“ се препознаени од Банката со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје, која стана наш партнер и официјален иден корисник на овој административно-деловен објект. Првооснованата банка во државата ќе добие одлични услови за работа и тоа во најсовремен комплекс во срцето на градот. Станува збор за современ објект кој ги исполнува највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои овозможуваат заштеда на енергија и имаат минимално влијание врз животната средина.“ – МГ Фешн, инвеститор на комплексот „Гранд Скопје“

Информации за објектот:

Новиот дом за вработените и клиентите на Банката се очекува да биде комплетиран за околу 2 години. Станува збор за 11-катница која ќе изобилува со природно светло и ќе нуди пријатен работен амбиент. На приземјето ќе има централна филијала и многу наменски простори за други активности. На горниот кат вработените ќе имаат на располагање пространа зелена тераса која покрај големата употребна вредност, ќе даде дополнителен архитектонски ефект на објектот. Катовите се проектирани со агилен дизајн и овозможуваат флексибилност и модуларност, односно можност да бидат прилагодени соодветно за работата на секој организациски дел. Дополнително внимание се посвети и на високата енергетска ефикасност на зградата, со што Банката значително ќе помогне во зачувувањето на животната средина, сега и во иднина.

https://kapital.mk/стопанска-банка-скопје-почна-да-ја-гра
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4042
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 23-Nov-2022 at 19:14
Може некој да покаже каде точно? Да кај грант но каде точно? Зад/десно лево?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14420
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 23-Nov-2022 at 19:43
Originally posted by my Macedonia

Може некој да покаже каде точно? Да кај грант но каде точно? Зад/десно лево?


Ова ќе му дојде до улицата до ГТЦ и до Холидеј Ин, баш пред некој ден целосно го заградуваа паркингот.

За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4042
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 23-Nov-2022 at 19:55
Фала ти Не мислев дека тоа ќе биде, ама добро, да се надеваме дека нема да изпадне како некоја социална зграда.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 24-Nov-2022 at 06:39
аха немат да испадни како некоја социјална зграда,колку и другите две што немат да испаднат како социјални згради
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 992
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 24-Nov-2022 at 08:12
Шансите да одат со малтер и фарба како Дајмонд се минимални, така да мислам проектов барем коректно ќе излезе. Паметен потег на Стопанска, ќе си добијат нов објект на слична локација со решен паркинг за вработените.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 24-Nov-2022 at 10:28
Канцелариската зграда, што е заокружена погоре од сигурно инфо ќе ја гради Стопанска Банка. Ако не се лажам и камен темелник удираа. Се надевам ќе биде како на рендерето. Искрено од трите згради само таа ми има некаков естетски квалитет.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 24-Nov-2022 at 10:31
Ме радува што најавиле дека ќе е готова за 2 години. Ќе биде добро ако трите згради се комплетираат во период од 5 години. Побрзо не очекувам и се надевам нема да е вечно градилиште како Џевахир или Лимак (сега имаат добро темпо но многу долго стоеше така).
Back to Top
doncho View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 97
  Quote doncho Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 24-Nov-2022 at 11:00
Редно беше да се среди центаров. Се надрвам ќе влијае и на околните згради па дури и на ГТЦ да заживее
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2547
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 24-Nov-2022 at 11:06
и на втората станбена и го смениле ликот. Којзнае уште колку измени ќе има и што ќе добиеме на крај. На почеток ми беше релативно прифатлив, ама сега некако мех.

Има ли некој вертикален рендер на кој може да се види колку (ќе) се засенуваат меѓусебно станбените кули?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 24-Nov-2022 at 12:57
МГ Фешн: Довербата од Стопанска банка А.Д. – Скопје е доказ за квалитетот на „Гранд Скопје“

Стопанска банка А.Д. – Скопје е новиот инвеститор на административно-деловниот објект кој инвеститорот МГ Фешн го гради во рамки на комплексот „Гранд Скопје“. Се работи за вториот објект на овој комплекс, чиј камен-темелник беше поставен вчера, на 23 ноември 2022 г.

Од МГ Фешн велат оваа капитална инвестиција на Стопанска банка, која овој објект ќе го користи како свој деловен простор, всушност претставува потврда за квалитетот на градбата на административно-деловниот објект, но и препознавање на потенцијалите на целиот комплекс „Гранд Скопје“.

„Ни претставува навистина голема чест што потенцијалите и квалитетот на комплексот ‘Гранд Скопје’ се препознаени од банката со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка А.Д. – Скопје, која стана наш партнер и официјален иден корисник на овој административно-деловен објект. Прво основаната банка во државата ќе добие одлични услови, и тоа во најсовремен комплекс во срцето на градот, и искрено се надеваме дека ќе ја оправдаме нејзината доверба“, велат од МГ Фешн.

Од компанијата потенцираа и дека објектот нуди низа поволности за идниот корисник, почнувајќи од премиум локацијата и современа внатрешна организираност со концепт на агилен дизајн, па сè до примена на највисоките стандарди за квалитет.

„Комплексот ги исполнува највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои овозможуваат заштеда на енергија и имаат минимално влијание врз животната средина. Се работи за објект со енергетски ефикасна фасада, употреба на висококвалитетни материјали согласно најнапредните стандарди во градежништвото, но и напредни системи за греење и ладење, висококвалитетни електрични инсталации и безбедносни системи. Дополнително, за овој објект ќе биде обезбеден и подземен паркинг за возила и велосипеди, но и лесен и непречен пристап за лица со попреченост“, истакнаа од МГ Фешн.

Инаку објектот, кој е проектиран од реномираното архитектонско биро „Синдикат студио“ од Скопје, е идеално поврзан со околината што овозможува низа поволности, особено за вработените на Стопанска банка. Близината на шопинг галеријата, како и софистицираниот урбан парк кои ќе бидат дел од целиот комплекс „Гранд Скопје“ за вработените нудат уникатен простор за одмор и релаксација, а пак пространата тераса на вториот кат која ќе изобилува со ниско и високо зеленило, претставува одлично место за социјализација и дополнително ја зголемува атрактивноста на објектот.





https://grandskopje.mk/мг-фешн-довербата-од-стопанска-банка-а/
Carpe diem
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 26-Nov-2022 at 21:17
Што е ова во долниот дел? Трговскиот Центар што го планираат на локацијава или толкава ќе биде главната филијала на банкава?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.