build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: 4° Golden Art-Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

4° Golden Art-Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: 4° Golden Art-Аеродром
    Posted: 18-Oct-2021 at 18:08
Започнува нова приказна во Скопје! Ви го претставуваме комплексот 4°- новата димензија на модерното живеење

4° е лоциран на потегот помеѓу бул. "3-та Македонска Бригада" и бул. "Србија" (Општина Аеродром) и го креиравме имајќи го на ум сето она што едно семејство заслужува да го има на дофат на дланка.



https://www.facebook.com/GoldenArtMKD
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Oct-2021 at 12:12
Од твитер посочена е оваа локација не сум баш сигурен но можно е да е тука планиран комплексот



Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Oct-2021 at 15:38
Рендерот одговара на маркичката:

Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Oct-2021 at 15:46
Znam deka ke me isplukate, ama mislam deka Kenzo Tange ne utepal koa ni pokazal deka na Skopje mu prilicat gradski dzidovi i parceli spoeni od kraj do kraj.... Zast mora da gi ima onie delovi P+4, zasto da ne e toa slobodno blokovsko zelenilo. I pobogu zasto voopsto na glavni prometni bulevari se predviduva domuvanje...
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Oct-2021 at 16:56
Просторно планирање -0, визија -0, урбанизам -0 а и квалитет најверојатно -0.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Oct-2021 at 19:57
две прашања:
не е имотот на Жито лукс?
зошто побогу некој би сакал да живее одма до фабрика?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Oct-2021 at 20:48
Зошто со самото тоа што некој купил стан во Скопје го сметаат за успех сам по себе
Втората генерација ќе бида локација

Да имаше логика еден куп згради требаше празни да останат, грди, на улица, без паркинг и паркови, кој би сакал погледот да му биде во соседната зграда на 10м.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Oct-2021 at 21:03
Катастрофа локација, рендерот изгледа добар за НАШИ услови.Доволно е што не е квадар и мали прозорци. Ама од рендер до реалност има тежок пат. И секако дрвцата кои нема ни да ги има на крајот се во преден план.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Oct-2021 at 09:45
Уште една потврда за локацијата



моментално парцелата е сопственост на ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОТСТВО,ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ТИТАН МОТОРС ДОО ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ     

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Oct-2021 at 15:11
Тоа дека ова што се случува е урбанистичка катаклизма е веродостојно, но реално да не се овие нови проекти да го пунат општинскиот буџет ќе немаше општината пари еден булевар да закрпи,а не да се влужува во фонана од пола милион евра во маалски парк како оној во населба Острово.

Тука повторно доаѓаме до тоа дека треба да се промени целиот модел на финансирање на општините, затоа што сегашниов систем е неодржлив ни на среден рок а не долг. На Запад никој не поседува станови во кои не живее никој, јас во Англија живеам во град по величина ко Битола,по услови и престиж за британски стандарди спаѓа во едвај некаква средина на нормално англиско градче, добар дел од ова градче се плаќа комунална такса од 140 фунти по човек месечно.
Ако не го издаваш станот и е празен плаќаш 140 фунти, имаш дисконт првиот месец откако ќе остане празен од 100%, а ако продолжи да е празен тогаш се враќаш на 140 фунти. Ако продолжи да е празен повеќе од 2 години добиваш додатна такса 'концил премиум' од 100% на тие 140 фунти, а ако е празен над 5 години премиумот станува 200%.

Кај нас инвеститорот може буквално најлежерно да си изгради зграда и цела деценија да си продава станови без да брза, или индивидуалци да поседуваат по 4 стана, сето тоа и допренесува до нереалната превисока цена на имот во Скопје.
Секако ќе има зголемување на данокот на имот, комунални такси, стубишта такса за народната маса...но без тоа мислам дека е лицемерно да се бунат луѓето за ова што се случува со урбанизмот во ситуација каде општините се скандално и со сегменти на скриена корупција зависни од разно разни инвеститори.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Oct-2021 at 15:18
Од сите досегашни згради што се изградија во градов мислам дека е на врвот по лоша локација, до булевар, позади имаш фабрика а карши ти поминува пругата.

Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Oct-2021 at 10:38
Originally posted by JovanOdGjorche

Просторно планирање -0, визија -0, урбанизам -0 а и квалитет најверојатно -0.


Локацијата е ужасна според мене, но за квалитет, не важат Голден Арт за едни од најквалитетните?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Oct-2021 at 12:25
Па можеби важат за едни од најквалитетните но не би го поврзал тоа со изборот на локации за проекти.Може да бидат вложени многу квалитетни материјали и добра изведба но нема голема корист ако е со поглед кон прометни булевари,погони и фабрики.Плус бираат се пониски и пониски точки кон Лисиче каде 3-4 месеци има погуста магла и поголема загаденост.
Гледам дека при изборот на локации за проекти упорно се избегнуваат точките како што се Маџир маало,Ново Маало и Крњево каде големите компании не влегуваат со проекти веројатно поради тешки преговори со многу голем број на сопственици на земјиште.Претежно се преферираат локации каде нема многу ниту за рушење а ни многу сопственици(најчесто државна сопственост или 1 или 2 приватни сопственици).Пример за такви проекти се Урбан Гарден,Градиа Хоум,Флетајрон,Дајмонд гарден и целата линија десно поред бул.Илинденска,ф-ка Карпош,предвидената зграда на паркингот пред Вип Хотел...
Многу подобро ќе беше 10 вакви проекти фино распоредени по маалата кои ги спомнав отколку 100-тици маркички за мали и тесни зградичиња кои ќе се влечат наредни 20 години можеби и повеќе додека бидат реализирани.Штета што се немаше концепт за тој простор за кој не е предоцна нешто да се смени но не гледам волја и обид за такво нешто.

Edited by stef4o - 22-Oct-2021 at 12:25
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Oct-2021 at 12:28
Originally posted by stef4o

Па можеби важат за едни од најквалитетните но не би го поврзал тоа со изборот на локации за проекти.Може да бидат вложени многу квалитетни материјали и добра изведба но нема голема корист ако е со поглед кон прометни булевари,погони и фабрики.Плус бираат се пониски и пониски точки кон Лисиче каде 3-4 месеци има погуста магла и поголема загаденост.
Гледам дека при изборот на локации за проекти упорно се избегнуваат точките како што се Маџир маало,Ново Маало и Крњево каде големите компании не влегуваат со проекти веројатно поради тешки преговори со многу голем број на сопственици на земјиште.Претежно се преферираат локации каде нема многу ниту за рушење а ни многу сопственици(најчесто државна сопственост или 1 или 2 приватни сопственици).Пример за такви проекти се Урбан Гарден,Градиа Хоум,Флетајрон,Дајмонд гарден и целата линија десно поред бул.Илинденска,ф-ка Карпош,предвидената зграда на паркингот пред Вип Хотел...
Многу подобро ќе беше 10 вакви проекти фино распоредени по маалата кои ги спомнав отколку 100-тици маркички за мали и тесни зградичиња кои ќе се влечат наредни 20 години можеби и повеќе додека бидат реализирани.Штета што се немаше концепт за тој простор за кој не е предоцна нешто да се смени но не гледам волја и обид за такво нешто.


Целосно се согласувам. Мислев општо да не се расипале Голден Арт и за квалитетот на градбата.


Edited by zorant - 22-Oct-2021 at 12:29
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Oct-2021 at 12:24
Уште еден рендер



https://www.instagram.com/goldenartmk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Nov-2021 at 07:42


https://www.facebook.com/GoldenArtMKD
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Nov-2021 at 11:06
Се отпочна со ископ на новиот објект.









http://www.goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-4
Back to Top
Albertos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 08-Oct-2017
Location: Skopje Aerodrom
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote Albertos Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Nov-2021 at 03:39
Се чудам како во овие 10 години одеднаш се стана приватно земјиште.
Локацијава е многу атрактивна, се мислев дека земјиштево било на жито лукс. Иако не сум за овој дел да се прави зграда, сепак вреди да се купи стан тука па и да се плати повеќе од Стар Аеродром и ТОбако бидејќи веќе на сам излез имаш пристап до 3 булевари, и со самото тоа избор за тоа како да стигнеш побрзо до центар.

Деканот на факултет Св. Кирил кој е пријател на татко ми купи стара куќа и плац 30 метри подоле позади Ројал. Бев на гости и се изненадив колку е тивко и убаво за живеење, и покрај тоа што е 20 метри од пруга. Тој пред неколку години ја земал стара куќа и плац од 400м2 за 80000 евра па ја бутна и направи нова.
Ми се допадна тишината, и тоа што нема бучава и покрај тоа што има пруга и 2 булевари. Ќе можев насабајле да бирам преку кој булевар да одам на работа, а едно супер решение на тоа место е и трим патека која што на деканов му е на 10 метри и може да се стигне до Центар со велосипед, без да мора воопшто да се уклучуваш во сообраќај. Идеално решение навистина е патеката што ја направиле.

Така се заинтересиравме да купиме и ние, да му бидеме комшија на Деканот, па он вели одете прашајте кај човеков позади мене, има празен плац прашајте, и бевме но човеков некако немаше интерес за продавање, а и плацот беше голем и цена околу 500.000 евра што се разбира ги немавме.
Договаравме да земеме дел, но не прифати и не направивме зделка.
А плацов е баш позади Ројал, обележан на сликава.

Преку Деканот исто дознавме дека еден дечко веднаш позади сервисот Пачкуљ нова ќуќа 400м2. со околу 100м2 ќуќа на приземје. Ја договоривме цената на 130к евра, но човекот ја беше издадел на некоја фирма и за некој месец истекуваше договорот.
Ја Договоривме цената, требаше само да си отиде фирмата која ја имаше под наем, но човекот во заден момент се предомисли.

<a href="//imgur.com/a/iXrBes5"> Незнам зашто не ми испаѓа сликава

Баш ме интересира што испаднало со плацот на чичково позади Ројал. Има убава цена, но незнам дали има на тој воопшто маркица за над 2 спрата. Доколку некој си пише маркичка за зграда луда работа би било.

<a href="//imgur.com/a/iXrBes5">

Edited by Albertos - 14-Nov-2021 at 03:54
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Nov-2021 at 14:22
Originally posted by Albertos


Овде поминува трасата за Јужен булевар, зафаќа скоро половина од плацот што сте го гледале, така да освен ако не ја преместат или избришат сега со новиот генерален урбанистички план, не би требало да има згради од калибарот на 4° Golden Art јужно од пругата, иако нема да ме зачуди во просторот помеѓу пругата и планираниот булевар да се вцрта некоја помала зградичка.

Originally posted by Albertos

Незнам зашто не ми испаѓа сликава

Стави го линкот од сликата помеѓу два img тага:
[имг] линк од слика [/имг]


Edited by Théoden - 14-Nov-2021 at 14:23
Back to Top
Albertos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 08-Oct-2017
Location: Skopje Aerodrom
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote Albertos Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Nov-2021 at 03:08
Originally posted by Théoden



Originally posted by Albertos

Овде поминува трасата за Јужен булевар, зафаќа скоро половина од плацот што сте го гледале, така да освен ако не ја преместат или избришат сега со новиот генерален урбанистички план, не би требало да има згради од калибарот на 4° Golden Art јужно од пругата, иако нема да ме зачуди во просторот помеѓу пругата и планираниот булевар да се вцрта некоја помала зградичка.

Originally posted by Albertos

Незнам зашто не ми испаѓа сликава
Стави го линкот од сликата помеѓу два img тага:
[имг] линк од слика [/имг]

Фала ти

Инаку бевме и на разговор со градоначалникот тогашен Темелковски, и напомена дека трасата иако е во нацрт, дека дефинитивно немало да се гради поради многу големата оштета што треба да ја платат на приватните имоти.
Нажалост и при толку трчања и прашувања не успеавме да купиме имот таму.
Можеби сега со становиве кои ги градат ќе земеме, но искрено во Стан не ми се живее, бидејќи неможе да го замени дворот никогаш.

Edited by Albertos - 15-Nov-2021 at 03:09
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.