build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајно решение за Порта Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сообраќајно решение за Порта Аеродром
    Posted: 12-Oct-2021 at 16:56
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Oct-2021 at 17:10
Дали стварно е исправно решение кружен тек за оваа локација?? Мене некако не ми изгледа дека е така, од причина што Фрањо Клуз треба да е идната врска со Кисела Вода и припаѓа на секундарната патна мрежа во Скопје со тенденција да припадне во примарната сообраќајна мрежа. А другите две улички се споредни и се дел од терцијарната патна мрежа. Кружен тек би им дал значење на сосема погрешен начин и би допринел до загушување на големата раскрница. Ама па од друга страна што воопшто па е решение за оваа раскрсница?! Можда укинување на можноста за свртување лево би било решение. Мала жртва за локалното население, а голема придобивка за макроскопската слика за градскиот сообраќај. Ваков режим би допринел значајно.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Oct-2021 at 17:30
Еве што е решението:
- Тотално да се откине можноста за проаѓање помеѓу улиците Симеон Кавракиров и Руди Чајевац. Улиците да останат исклучиво за локален сообраќај. Со ова драстично ќе се зголеми и безбедноста во самите маала. Ова е веќе направено со многу улици на Партизанска и Илинденска и нема никаква штета.
- На сметка на дворот на школото да се помести тој ghost-road кракот што е сега стои во слепо и да се спојат Симеон Кавракиров и западниот крак од Фрањо Клуз се до булевар 3-та Македонска Бригада.
- Изгубениот влез за маалото околу Руди Чајевац да се надомести со нова раскрсница и влез од кај улица Пандил Шишков. Оваа врска веќе постои, но да се крене на ниво на семафоризирана раскрница со потполна достпаност.
- Фрањо Клуз да се оформи како што е според ГУП, дел од секундарна патна мрежа, со 4 ленти од булевар Јане Сандански до булевар 3-та Македонска Бригада.
- Остатоците од улиците, слепите краци да се оформат како паркинзи.

И ако може дискусијава да ја преместат администраторите во соодветна нишка, зашто вака ќе се изгуби муабетов непотребно помеѓу поситни изборни глупости.

Edited by user8642 - 12-Oct-2021 at 17:32
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Oct-2021 at 20:17
Originally posted by user8642

Еве што е решението:
- Тотално да се откине можноста за проаѓање помеѓу улиците Симеон Кавракиров и Руди Чајевац. Улиците да останат исклучиво за локален сообраќај. Со ова драстично ќе се зголеми и безбедноста во самите маала. Ова е веќе направено со многу улици на Партизанска и Илинденска и нема никаква штета.
- На сметка на дворот на школото да се помести тој ghost-road кракот што е сега стои во слепо и да се спојат Симеон Кавракиров и западниот крак од Фрањо Клуз се до булевар 3-та Македонска Бригада.
- Изгубениот влез за маалото околу Руди Чајевац да се надомести со нова раскрсница и влез од кај улица Пандил Шишков. Оваа врска веќе постои, но да се крене на ниво на семафоризирана раскрница со потполна достпаност.
- Фрањо Клуз да се оформи како што е според ГУП, дел од секундарна патна мрежа, со 4 ленти од булевар Јане Сандански до булевар 3-та Македонска Бригада.
- Остатоците од улиците, слепите краци да се оформат како паркинзи.

И ако може дискусијава да ја преместат администраторите во соодветна нишка, зашто вака ќе се изгуби муабетов непотребно помеѓу поситни изборни глупости.

Одлична идеја!
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Oct-2021 at 15:06

Еве во продолжение неколку извадоци од ДУП-ови од Општина Аеродром за И-10, И-11, И-13 кои ја опкружуваат оваа раскрница и јасно се гледа дека со ГУП/ДУП е предвидено токму тоа што јас го имам опишано како сообраќаен режим. Фраљо Клуз е јасно одвоена по приоритет и градација од околните патчиња за до пред згради. Значи прекинување на врските со Руди Чајевац и Симеон Кавракиров. Така да ова вмровско предизборно мајмунисување со нудење "решенија" кои не се во согласност со плановите, е само бахато нафрлање на глупости кои немаат врска со правилен развој и планирање, типично вмровски.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Oct-2021 at 11:24

@ user8642

Целосно си во право за кружниот тек.

Твојот предлог е во склад со ДУП-овите и секако е неспоредливо подобар отколку да се изглупираме со кружен тек, но сепак е решение со многу недостатоци. А не велам дека има подобро решение од твоево. Во оваа фаза (откако веќе се насадија десеткатници на местото на секоја барака и на секој празен простор) веќе е доцна за добро решение

Еве конкретно кои се главните проблеми на решението како што го имаш зацртано (и како што е во ДУП-овите):

1. Уличката што ги поврзува Руди Чајавец и Пандил Шишков е тесна и згужвана. Несоодветна е за да го прифати целиот сообраќај од/кон Руди Чајавец.

2. Гореспомнатата уличка се поврзува на Пандил Шишков во непосредна близина на крстосницата помеѓу Пандил Шишков и планираниот нов булевар. Тука ќе имаме две крстосници меѓусебно оддалечени 20-30 метри и сите проблеми што произлегуваат од тоа. Значи слично како ситуацијата што сега ја има кај Порта Аеродром.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Oct-2021 at 11:37

Во Стар Аеродром, пред да никнат сите тие згради, требаше барем минимално да се реорганизира уличната мрежа. Ама идиоти и криминалци го имаат главниот збор, па еве го резултатот!

Сега пристојно решение е можно само доколку нешто се урне.

А макар и со површно гледање на ДУП-овите не беше воопшто тешко да се предвиди дека тука ќе се создадат редица сериозни проблеми, вклучувајќи го и овој. Еве најдов што сум пишал уште во мај 2009. Тогаш тазе донесениот ДУП за Стар Аеродром е малку различен и предвидува проста врска на Руди Чајавец со планираниот булевар. Се е тоа исто срање во различни варијанти, а суштината и проблемите остануваат.

Originally posted by Cloverstack

Сообраќајните решенија кај Порта Аеродром ми изгледаат тотално промашени. Вака како што испланирале, сообраќајот непотребно ќе кружи повеќе и ќе има доста полукружни вртења. Исто така самиот излез од пролазот под зградата е преблиску со постоечката крстосница и ќе создава незгодни проблеми (тие што од таму ќе сакаат да одат накај центар ќе мора да сечат ленти практично на самата крстосница, а доколку веќе има колона на семафорот, ќе мора да чекаат на лентите што се приклучуваат десно кон Бул. Јане Сандански и со тоа ќе прават блокирање на сообраќајот што оди во тој правец).

Наместо тоа, може на пример да се сврти Ул. Руди Чајавец во правец на другиот едностран приклучок и таму да се оформи комплетна крстосница која ќе овозможи вртење во сите правци, а уште побитно нема да се креираат непотребни проблеми на постоечката тространа крстосница кај „Скопјанка“. Се разбира ова е само една можност, со минимална измена на планот, не мора да значи дека е најдобрата. Таму ќе се руши се што е старо и ќе има бришан простор за разноразни комбинации - детално нека ги анализираат оние кои се платени за тоа. Но јасно е дека вака како што моментално е зацртано е тотален промашај и необјасниво создавање на проблеми.

Edited by Cloverstack - 21-Oct-2021 at 11:38
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 353
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Oct-2021 at 14:46
Се прашувам дали е изводливо и каков ефект би имало едно вакво поврзување со кружен тек на бул. Фрањо Клуз со ул. Паднил Шишков во комбинација со еднонасочен сообраќај внатре околу најголемиот блок во овој четврт (Пандил Шишков - Милан Зечар - Руди Чајавец)?

Edited by Théoden - 21-Oct-2021 at 14:53
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Oct-2021 at 16:14

Далеку од добро решение само по себе.

Но со оглед на тоа кои се опциите во оваа фаза, ова ми изгледа како одлична идеја!

Би додал дека треба мерки за смирување на сообраќајот на Руди Чајавец, која и сега не делува многу безбедно, а како еднонасочна улица ситуацијата само ќе се влоши ако не се преземе нешто.

Edited by Cloverstack - 21-Oct-2021 at 16:15
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Oct-2021 at 19:54
Страв ме фаќа само дека "како жути мрави" ќе го нагриза и овој коридор урбаната мафија. И еден ден ќе се најде некоја паметна власт што ќе рече, ете готово е, па многу пруги има, прескапо е решавањето, многу има експропријација, дајте да го избришеме од ДУП. Така сме виделе овие 15-тина години со Крушевска Република, со Јужна Обиколница, со Јужен Булевар е на пат да се случи, со врската Пролече-ЗОИЛ, со еден куп клучни улици по Скопјево.

Фрањо Клуз е една од поефтините решенија за Скопје во овој момент. Паметна власт ќе го почне уште одма. Ако еве Заев е спремен со Шилегов уште утре да почнат процедура и како власт да го истуркаат овој проект независно од тоа што ќе се случи на локалните избори, сигурен сум дека на следните билокакви избори нема да треба со кисела фаца да објаснува дека била примена пораката, него уште во прв круг ќе спие мирно. И тоа важи за секоја власт, и за секоа овакво запоставено решение со огромен потенцијал. Да не ги набројуваме, ама кај се 15-ти Корпус-Ченто на пример, мост Вардариште, мост Лепенец Бардовци - ДамеГруев. Све се ова брзи ефитини решенија, а не ги есапат ни под разно.

Edited by user8642 - 21-Oct-2021 at 19:59
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Oct-2021 at 12:35
Овој крак од ул.Фрањо Клуз кој минува поред новоградбите на Порта е многу слабо користен,освен по некоја авто-школа и градежни машини и камиони речиси никој друг не ја користи поинтензивно

Гужвата и застоите најчесто се формираат во овој правец кон бул.К.Ј.Питу

и секое утро во правец кон улица Симеон Кавракиров право и десно кон приклучок кон булеварот К.Ј.Питу

Доста долго се најавуваше дека ул.Симеон Кавракиров ќе стане едносмерна но сеуште не е реализирано.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.