build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пејсажна архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 08-Jun-2018 at 20:39

кога Градината би ја доживеале ко Песна неопходни се:

1. Ритам ~http://www.hillagric.ac.in/edu/coa/vegetables/lectures/VSF_231_Flori/VSF_231_Flori_Lect_3_pdf.pdf

2. Хармонија ~ http://daphman.com/how-to-create-a-garden/

3. Езгија ~ https://hort.purdue.edu/newcrop/pdfs/hort-and-art.pdf

а и минимален скулптурален дизајн е доволен бар ко мини спирална градина за муабетов да звучи убаво



Edited by Zelenikovo - 08-Jun-2018 at 20:40
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 08-Jun-2018 at 23:23

https://www.finegardening.com/article/pleasing-rhythm-makes-a-garden-sing

http://pages.uoregon.edu/surviarc/three.html

понекогаш минимализмот ритмички може да се истера дури дизајнот е само камена партерна синфонија која ќе предничи во однос на зеленилото [1]




Edited by Zelenikovo - 08-Jun-2018 at 23:25
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 08-Jun-2018 at 23:52

кога спомнувам горе минимализам ритмички мислам на едноставноста на формата на дизајнот, не и на минималистичка градина, а кога би размислувал така и во тој случај кај едноставноста би додал ритам, но со истоветни геометрии макар биле натрупани една врз друга

пример за тоа би била античкава јужноамеричка терасеста градина, која и вака арпаџик како изгледа е далеку поубава него тоа новите бетонски зен трендови, што убо би и легнало едно Дрво на Човекови Права, а!?

https://en.wikipedia.org/wiki/Moray_(Inca_ruin)






Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 24-Jul-2018 at 21:31

Азија има ретко убави терасести градини, но ова е посебен цветен исклучок ... уште да може Чоек да ги турира со Велосипед ...

https://www.chinahighlights.com/kunming/attraction/dongchuan-red-land.htm

http://blog.daum.net/_blog/BlogTypeView.do?blogid=0CQq5&articleno=22046&categoryId=8®dt=20180329211309

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 25-Jul-2018 at 11:01

она што било некогаш античка пејсажна архитектура вака по ридои, сетне се сторила ко пејсажен урбанизам пр. висечките градини на хамураби, а којзнае можеби и пирамидите ги кителе со глинени саксии само прашање е како ги ваделе сигурно не рачно, та веројатно имале и некакви црева, можеби јагнешки но кои во случај на орва суша веројатно ги изеле

https://en.wikipedia.org/wiki/Hanging_Gardens_of_Babylon#Scholarship_and_controversy

Six hundred yards north of the “Tower of Babel” rose a mound called Kasr, on which Nebuchadrezzar built the most imposing of his palaces. At its center stood his principal dwelling-place, the walls of finely made yellow brick, the floors of white and mottled sandstone; reliefs of vivid blue glaze adorned the surfaces, and gigantic basalt lions guarded the entrance. Nearby, supported on a succession of superimposed circular colonnades, were the famous Hanging Gardens, which the Greeks included among the Seven Wonders of the World. The gallant Nebuchadrezzar had built them for one of his wives, the daughter of Cyaxares, King of the Medes; this princess, unaccustomed to the hot sun and dust of Babylon, pined for the verdure of her native hills. The topmost terrace was covered with rich soil to the depth of many feet, providing space and nourishment not merely for varied flowers and plants, but for the largest and most deep-rooted trees. Hydraulic engines concealed in the columns and manned by shifts of slaves carried water from the Euphrates to the highest tier of the gardens.24 Here, seventy-five feet above the ground, in the cool shade of tall trees, and surrounded by exotic shrubs and fragrant flowers, the ladies of the royal harem walked unveiled, secure from the common eye; while, in the plains and streets below, the common man and woman ploughed, wove, built, carried burdens, and reproduced their kind.

https://erenow.com/ancient/durantcivilization/59.html


најбитното прашање какви егзотични растенија имало ... итересно е дека ова станува модел подоцна за харемите во Персија а потем и во Османското Царство [1] кај егејците атриумот може вака да се исперцепира, но тој бил отворен со колонади, додека кај римјаните се јавува затворен атриум кој наликува на затворена градина, веројатно имало од се' по нешто секаде, но едно е аристократска норма, друго тренд, а сосем трето народна импровизација ...


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 16-Oct-2018 at 00:00

Скопски Ислахана Парк 1895 ~ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PID=60557#60557

Градски Парк Скопје 1972 ~ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196471#196471

Расцветани Мартовски Магнолии ~
https://www.facebook.com/pg/HoverProduction/photos/?tab=album&album_id=583817765046701

ова дека годината за кревање на паркот кај Ислахана е 1985 е од овој абер [1] каде вели дека Занаетчиското Школо за Сираци е кренато до паркот таа година, што може да значи дека паркот како локалитет е и' постар ... убаи думи во прилог првиот линк во постов има на следниот пост по линкуваниот, а како идеи како од паркот може да се направи навистина достојна Пејсажна убаина за еден главен град, која би требало да се дума да се надгради на постојниот парк во склоп поширок проект кој би бил сообраќајна артерија која би ги споила бул. Џон Кендеи и Рузвелтова а со зелен надземен тунел кој пак така би можел да биде и видиковец кон золошката но и паркот, прилика за од другата страна да има и убава трибина за тениските терени Југ, но и помошните игралишта до стадионот ... се плашам само да не штедат на звучна изолација та да излезе ваквата идеја лакрдија, исто над самиот тунел може да се пушти и вело-артерија која би ги поврзала бул.Илинден со Кеј и Кале ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=914&PID=228514#228514

сум заборавил како е во есен во Парк но за да додаму се одвлечкам можеби ново отворено кино ќе ме насколи, особено ако истото е налик зелен градски амфитеатарски сребрен екран за кој Градот би обезбедил и видеобим и платно и озвучување како младите видеоартисти документаристи или аниматори би ги освежувале бесплатно скопјани што пак ќе повлече потенцијално и спонзори преку кои би се отплатила долгорочно опремата но и утре струјата, само треба мвр да е присутно поозбилно како безбедноста би била и над ниво за да навечер на такви проекции не им е зорт ни на млади брачни парови да скитнат до парк, што пак би им го продолжило работно време и на потенцијалнa Ботаничка Градина која би била логично после Зоолошка кај расадникот на ј.п.Па.Зе. та и Бонсаи градина тро потака на крајот од паркот, меѓу кои ќе фина спојка би биле стаклени муабети [1][2][3]



~

за сите сезони но особено во Есен и в Пролет мислам фали креативно минимал лајтшоу [1] кое не мора да е скапо колку да си поиграат вајари со френел леќи и обични лед сијалици [2][3] иако за да траат подолго би требало да се поиздржливи, доволно е само две три поголеми стаклени глобуси или можеби гумени оригами скулптури [4] да расфрлаат креативно на дадени хотспотови како чешмички (за и навечер лесно да се воочливи) та веќе паркот ќе биде ако не друго освежен ... исто за вакво место да биде попосетено неопходни се и постојани парцели ако не павиљони за изложби, екс Мјузик Гарден на почетокот, покрај ѕидот на Золошка в среде и на Кеј некаде, а градскиве што сторија мјузикот-руина-за-гаврани, зоо-ѕидот-џунгла-за-рептили и конечно кејот-шанкои=за-плажери, уште макроа што нема во длабокио парк, мислам ало сте сакале еу-лафстаил и туристички град, како сте тргнале викнете скараџии и пуштете до Ам.ам. еден висечки мост за да си промовираат бадвајзер додека јадете лесковачка ...

... кога веќе идеализирам сијалично не би било лошо егзотично да се осветлени крошните на дрвата околу Кермерс Езерце и Кајакарски со јарко жолти низи за да има јак контраст на зеленилото [1] или евентуалнондискретно лампионски [2][2] но доколку некогаш сакате паркот навечер да светне велелепно думајте како да довлечкате Светулки во него но за кои ќе морате да го чкрапнете касно навечер сето светло за да почнат и да комуницираат ко што беше случај в лето порано [3][4] а евентуално патеките и мостовите да ги обележите фосфоресцентно [5] нешто што и ко секогаш е убаво за длабокиот парк но што во последно време е реткост ...





Edited by Zelenikovo - 16-Oct-2018 at 00:03
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 18-Oct-2018 at 22:55

ме инспирира од спунт вечерва ЗоранИ посреди кашаталистичкк тв-дуел си ФилипП наведувајќи дека Лампиони се лесно кршливи, што ме замисли како да се излезе на крај со кабојско-иднијански ризици апропо јавно осветлување кое потенцијално во Паркови каде нема постојано обезбедување би се изескивирале истите со леснотија, та освен видео надзор кој сепак може да послужи само ретроактивно како клетничко-судски спунт, треба и некоја оштроумна инвенција како би се осуетиле ненамерни каубојски навики за оштетување лампионско парковско осветлување т.е. паметно би било сијалиците да се дел (опкружени од) од висечка кинетичка скулптура за што потешко да им се чаталат каубојци индијанци или марсовци кога во празен парк скиткаат ...

~


кога веќе ги спомнав кинетичките скулптури а во однос парковите, иако има простор за нив некако и во ГПС [1] можеби е паметно да се истера како раритетен еден Ветро-Арт Парк нормално со дендро и хортикултурно уредување, кој можеби идеално би било да се крене на Кале, иако ќе биде зорт ако таму понира под истиот фреквентен тунел како смог-хотспот, а слично друго соодветно место би биле брдата на Зајчев Рид или Гази баба, но кои секуму не му се блиску попат, ем фино би било до МСУ да има ваква скулптурална уметност како анимација за што повеќе посетители на музејот



https://www.theartstory.org/movement-kinetic-art.htm

https://themadmuseum.co.uk/history-of-kinetic-art/

http://www.kinetica-museum.org/artists/collection.html



муабетов го верглам еве цела деценија [2][3][3] и мислев некој бар приватно или маркетиншки ќе стави бар една да развеселува дечиња можеби некаде под скверчињата долж Кеј како Вардар сред град би бил за децата што поатрактивна појава

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=3144#3144

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=113&PID=216023#216023

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1372&PID=222865#222865

во секој случај убав прилoг [1] и за секоја бавча каде треба да се одбраните од птици доколку немате намера да истерате брд-фредли градина [2][3] таман и ко брзо-бош-страшило при појава на птичји болести






Edited by Zelenikovo - 18-Oct-2018 at 23:07
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 18-Nov-2018 at 17:47

Аирлија лабраториското проширување кај ПМФ, само ептен то ѕидоите терсене тмурни, ем дограмата пвц, ко да е во прашање некоја лабараторија за отровни билки та атмосферата треба да е терсене како опомена!

иако факултетска пак и за ваква Градина прво треба корита како жардињери, сетне ѕидоите да потсетуваат на штуко малтер бар обени Окер за од спунт да разведруваат атсмофера, дограмата пак бидејќи мал простор комотно можеле да ја оптегнат ко дрвена за попитом и поприроден ефекткако би била атрактивна за посетители, иако и метална не е на одмет, се' само воа платиката да не ет, со тие пари можеле да добијат поголем метален стакленик со обично стакло а истото да е покриено со антирадијатна т.е. термо рефлективна боја, вака дефакто размислувале само како да заштедат на греење што е во ред, но далеку ет муабетот од инспиративен, а не пак да биде Монументален та во еџен голем стаклен да има еден соѕидан дел отворен кон него како студентски Амфитеатар, но арно ко за промена добро ет и ова, но нека не засрануваат само на овој лабос, нека истераат побашка по еден и за тропски, и за субтропски, и за алпски биом оддел, од каде можат да се вадат најпретставителни примероци за во еден цетрален атриум поделен според температурна подобност ...

https://mtm.mk/gazi-baba/35108-pushtena-vo-upotreba-botanichka-gradina-vo-sostav-na-pmf


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 19-Dec-2018 at 21:54

камо од Хемиски факултет да имаа поозбилна соработка со Земјоделски и Шумарски и да иатераа една заедничка Ботаничка Градина во Градски Парк, а да си ги имаат ваквите помали само заради Студентарија каде на рајат ќе си експериментираат во конролирани услови ... преклани бев во Ботаничката Градина во Каунас каде начекав и Изложба на Живи Пеперутки хм спилени од ларви од Англија мисалм со се инкубатор ги добивале, а и сред зима околниот Дендро Парк беше уникатен дури и во леите околу Стакленикот имаше зимзелени грмушки извадено саксиски, сигурно во Лето муабетот ет фестивал, та убо би било во една наша слично да думаат и при Зоолошка со амортизер Пеперут Павиљони што би било уба спојка т.е. претоп кон една идна Ботаничка Градина во продолжение, нешто можеби би требало да е под капа на ЈП Паркови и Зеленило ...

вака убо би било влезот на ЗОО'СК да е од кај Првиот Дел на Градски Парк наместо Илинденска, а со Блок Карта да може да се врви од ЗОО преку Инсектариум до Ботаничка Градина па сетне и расадникот на јпПЗ, а на крај и бонус тоа Бонсаи Центарот карши АлПал на крајот од паркот ... верглав негде чинам во оваа нишка дека при ваков влез се отвара просто за добар дел од ѕидот да се застакли а така да биде и Зоолошка попривлечна, комотно кај тоа застаклување од внатрешна страна пак може да се закачат Големи Аквариуми во кои ако не друго локална Флора од природните Езера во Македонија би можело да се огледува ... такво Ламинирано Стакло можат да договорат за ефтино со Сигурност Прилеп, плус кога сето тоа фино би се осветлило та не само преку ден ами и навечер ќе биде спектакуларен еден ваков влез, онака да и после посетата одма да се растрчаат весели Деца низ Парк наместо да стрепат родители дали ќе им скубнат ко сега директ на Илинденска ...

во вакви околности она што би требало во контекст да се среди кај Градски Парк се Мовчињата, ова кај стадион го средија, иако можеле и поинвентивно, бар да го дополнат со некоја жардињера пред по на па и над како Пергола ... реконструкција на вкупно 24 Мовчиња веќе имаше 2008-ма, но далеку се истите од уникатни ѕа мислам треба да се срочат и со поуметнички огради, можеби со уште некој висечки мост заради разновидност, дури истиот бил меѓу Кале и Парк преку Вардар кој буквално би го споил тензилно Калето за цел муабет а од Кале конечно Француските Воени Гробишта нека ги дислоцираат и таму нека дооправат некој уникатен парк ето ко што велам со Кинетички Скулптури ...





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 04-Jan-2019 at 17:27

мостовите се чудна работа како се' може да послужат, но служба е служба дружба е дружба, та би рекол претежно ни служат одошто не дружат, кога би немале ограда можеби за децата ќе станат по дружељубиви како клупа над вода каде ќе си клацкаат ноџиња, ајрет во овој случај не би била длабочината туку прљавштината на водата, која за да се реши сеопфатно треба филтер станици, најнапред оние долговетуваните на Вардар а потем и за каналите во Парк една, а на крај вакви неоградени мовчиња во голем број може да се расфрлаат вон пешачките стази како скриени премини кои би воделе по скратен пат пр. до Кајакарски каде ако водата е чиста убо е да пуштат пловни сепареа та да испие од време на време Народ чај и сред Езерце в Парк ...

колку само плени визура пејсажно оПлемеНет пешачки мост, синкир нашиве градски власти се плашат да не им скитаат питомци од Зоолошка та ја заобиколуваат ваквата пракса, иако минимализмот чинам се должи повеќе на сиромаштво отколку предострожност, а повеќе или помалку можат бар таблички да стават со предупредување Водата Се Фосилизира (не ги вознемирувајте седиментите) што пак пополека би повлекло волја за чистење на есенските Лисја, но уште тоа да го сторат та да испари и последната анимација која може Чоек да ја начека в Парк ...

https://www.pinterest.com/CoolPointLandng/garden-bridges/


Originally posted by Max



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 922
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 03-Mar-2019 at 15:15

не пред многу годиње коцевци извадиле конкурс за реконструкција на ресторанот (кај) Езерце [1][2] стигнале што стигнале сега може шилеговци ќе го истераат до крај, но она што ми падна во очи е колку сме мајстори за екстра зијан, тука пред се' мислам колку идејното решение думале авторите да се вклопи со стадионот, но и со оградата на мовчето да не говорам за фрактална сленост на таа ограда со ресоторанот а не пак нејзин спој со другите робијашки решетки во продолжение, зијанот во случајов не е само материјален туку и естетски, за што конечно не се криви авторите на идејното решение туку самите градски очуви, чунки сегашниве швалери ќе чукнат глаите и ќе се задумаат дали не треба некаква унификација бар во подзидокот на оградите низ цел парк, бар колоритно ако не формално, на крај прашање е дали и пејсажно ко на рендерите би излегла атмосферата или ќе турнат и по некое дрво за полесно да тераат изведбата, а ако веќе сакаат некоја логична симбиоза меѓу Оградите во Градски Парк ако не поинаку можат да ги сплотуваат со Ползавци, или може да одат со излиени резбани маски кои би виснале врз гелендери, а може и да пополнуваат складност минималистички орнаментално меѓу редови со метални цветови можеби дури и алуминиумски ако не лиени [1]
навистина единствен начин да се спојат брутализмот кај лотосовата фонтана, Езерце и Стадион, Кермес и Југ, Золошка и Лунапарк, Расадник и Бонсаи Центарот, но и Кеј, ет единствено вака преку симбиоза во орнаментите на урбаната опрема како Огради Клупи Чешмички Осветлување Корпи, а сега како е се' подзакрпено не било толку арпаџик ниту во турско, ни српско, ни титоистичко, ќе стави ли некој крај на импровизациите за кои патем и се фрлаат пари, ќе разберев да е оставено уметнички простор самите Граѓани да можеа да си играат кому како му чини, но да глумат пејсажно-архитектонски кловнови во Градот тоа е за невероват, сетне праеле портали за туризам, ако но прво нека си испеглаат бар авните површини, ека стават поголеми канти ако веќе не можат да постигнат на време да ги празнат, нека ги акнат на секој ќош додека не стекнат скопјани навика дали заради мандатки од екопатроли или онлајн табање на ѓубре-гилиптери кои би ги ловеле со камери, просто почнувајќи од Нова Железничка нагоре цел центар треба да е бар од ѓубре растоварен, а тоа уште одма кај новиот надежен Турски Театар веќе депонија има, ќе отворат ли конечно градски е-форум каде ќе може Народ јавно да пријавува недоследности недоносености и нечовечлук!?
се надеваат можe на европски пари, но оди не умри магаре до зелена трева, иако тревата сами треба да си ја вадиме косиме, и сервираме, та парите не се толку куцавка колку немањето осет акал и волја за пегалање ете бар на Градски Парк ко што треба, сета атмосфера таму личи на парк во некое гето а центар на Град, почнувајќи од првиот дел па натака [1]


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.