build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Противпожарна заштита

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 23-Aug-2010 at 00:37
Истото го помислив, а и текстот не разјаснува баш како оваа вода ќе стига до пожарите...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 15-Sep-2010 at 21:54

Чашка доби подарок противпожарно возило

Општина Чашка доби противпожарно возило, подарок од Општина Велес. Со ова, третата по ред општина во Македонија, според големината на територијата, ќе може да одговори на евентуалните огнени стихии.

Општината Чашка е богата со шума и е при врвот според бројот на пожари во земјава.

Противпожарното возило, кое има носивост од 8 илјади литри вода, ќе биде опслужувано од вработени во комуналното претпријатие „Тополка“, како и од членовите на доброволното противпожарно друштво што постои во Чашка.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C24639F08C5B7A4F8D196F2A8523EF8C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 25-Oct-2010 at 20:22
Со оглед на тековните сериозни вложувања во противпожарната заштита, мислам дека можеме да бидеме оптимисти и за реализирање на работите наведени во текстов    Cheers

ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА МАКА МАЧИ СО РАРИТЕТНА ОПРЕМА
Прастара сирена ги „буди“ скопските пожарникари

Роза Петкова

Скопските пожарникари се мобилизираат за гаснење пожар со систем од 1972 година, кој едвај се слуша. Наместо да работи со современа опрема, противпожарната бригада на главниот град се уште користи радиостаници стари повеќе од 30 години. На лошата опременост во бригадата се пожали и нејзиниот прв човек, командирот Благоја Менковски, на состанокот за планирање на буџетот за 2011 година, одржан со скопскиот градоначалник Коце Трајановски и со градските советници во Охрид. Тој побара во наредниот буџет за пожарникарите да се издвојат вкупно 79 милиони денари или околу 1, 2 милиони евра, во кои се вклучени трошоците за тековните сметки, основните средства за работа и нови инвестиции за подобрување на состојбата на бригадата. Освен за нова телекомуникациска опрема, Менковски побара пари и за реновирање на старата зграда на бригадата. - Објектот е изграден во 1982 година и оттогаш не е реновиран. Влезните врати треба да се сменат, да се направи вентилација во внатрешноста на гаражите и да се асфалтираат влезовите во гаражите. Исто така, веќе две години не вршиме лекарски прегледи од стручни лица. Лани правевме таков преглед, а еднаш во годината мора да се направи - истакна Менковски. Во капиталните инвестиции кои се планираат за следната година тој најави и купување на опрема и машини, набавка на електрогенератори, а за своите вработени побара и спортски реквизити, со кои би се опремила вежбалница, во која тие ќе можат да одржуваат физичка подготвеност. - Бараме да се изгради и метална кула за вежбање за пожарникарите, за која имаме готов проект, а треба да се објави тендер. Таа чини 1,5 милиони денари - вели командирот. Во приоритетните средства за работа се планира и набавката на едно командно возило, како и специјално пожарникарско возило со поголема цистерна од 16 кубици вода. Според Менковски, бригадата во моментот има две цистерни, кои имаат капацитет од два кубика, па често се случува при гасење на пожар да им снема вода. За новата цистерна се потребни околу 300.000 евра. И наредната година во план е да се купат нови униформи и чизми за пожарникарите, како и друга опрема, во која влегуваат појаси за спасување и заштитни јажиња.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2152&ArticleID=150615
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 01-Nov-2010 at 21:15

Шведска цистерна за Крива Паланка

Противпожарно возило-цистерна, со носивост од 11 тони, и' е донирано на Крива Паланка од Противпожарната единица од Упсала, од Кралството Шведска. Донацијата е обезбедена преку остварената соработка на Јован Христовски од македонската амбасада во Шведска со тамошните противпожарни служби.

Во рамките на соработката, тројца пожарникари од Крива Паланка престојуваа во Упсала, каде што беше спроведена обука за справување со пожар.

Со новата донација се продолжува модернизација на Противпожарната единица во Крива Паланка, која го комплетира својот возен парк и сега располага со цистерна, навално возило и возило за интервенции при сообраќајни и други незгоди.

Противпожарното возило од Шведска е трета по ред донација во Македонија, покрај општините Дојран и Битола, на чии противпожарни единици исто така им беа донирани вакви возила. (Ж.Ц.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C630A6DD7406BB47AC7C50EEE9D64DB8
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 09-Nov-2010 at 19:09
Previous
Донација на противпожарно возило

ТППЕ Крива Паланка се здоби со противпожарно возило, тип цистерна, марка-Scania T112H,  со носивост од 11 000 литри вода. Возилото е добиено како донација од ПП-единицата од градот Упсала - Кралство Шведска.

Во рамките на овој процес, трочлена екипа од ТППЕ Крива Паланка, предводена од командирот Иле Коцевски претстојуваше во Упсала, каде домаќин им беше г-дин Јован Христовски, менаџер на хотел „Викторија“ за конференциски услуги и обука за пожарникари во склоп на ПП бригада во Упсала, Кралството Шведска.

Оваа донација, претставува продолжување на процесот на модернизација на ПП единицата и со ова возило се комплетира возниот парк – навално возило и  пратечко возило – цистерна.

Општина Крива Паланка сака јавно да изрази голема благодарност до г-дин Јован Христовски, за несебичната помош и соработка, до г-дин Кристијан Шамбар, кој беше иницијатор на соработката и посредник во целиот процес, до г-дин Ванчо Наќев, кој ни помогна во преводот, до градоначалникот на Упсала, до вработените во ПП единицата во Упсала, како и до пензионираните пожарникари од Упсала, г-дин Уве Ериксон и г-дин Аке Ериксон за топлиот прием и престој на нашите пожарникари во Шведска.

http://krivapalanka.gov.mk/images/stories/tpp/t7.JPG
http://krivapalanka.gov.mk/images/stories/tpp/t9.JPG
http://krivapalanka.gov.mk/images/stories/tpp/t8.JPG
http://krivapalanka.gov.mk/images/stories/tpp/t6.JPG
http://krivapalanka.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 09-Nov-2010 at 19:17

Претседателот на кумановскиот Совет денеска го предаде специјалното возило на градоначалникот на Старо Нагоричане.

На овој начин сакаме да ја покажеме добрата и регинална соработка на двете општини во Севроисточниот плански регион. Ваквото возило е неопходно на Општината Старо Нагоричане, ако се земе во обзир конфигурацијата на теренот што го покрива. На предлог на градоначалнокот ние ја донесовме оваа одлука, но посакуваме возилото што помалку да го користите - рече Виктор Цветковски.

Градоначалникот Јовановиќ се заблагодари што кумановските колеги нашле можност и начин да ја помогнат помалата, соседна Општина и по добивање на новата опрема издвоиле едно возилото за нив.

Ова е возило ни е неопходно бидејќи по предизвикување на шумските пожари,ќе можеме веднаш да интервенираме. Праксата покажа дека далечината на Куманово го прави своето, и не може навремено да се интервенира. Ние сме во фаза на формирање на одделение за противпожарна заштита и против пожарно друштво, но соработката со противпожарната единица во Куманово ќе продолжи и понатаму - смета Јовановиќ.

Од противпожарната Единица Куманово сметаат дека ово возило ќе одговори на потребите на општината Старо Нагоричане и во изминатите две години било најмногу експлоатирано. Протовпожарната единица Куманово ги покрива и општините Липково и Старо нагоричане.

http://images.kumanovonews.com//content/golemi/vesti/dnevni/pozarna-st-nagor-g2.jpg
http://images.kumanovonews.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 09-Nov-2010 at 19:28
Противпожарно возило за Чашка

Советот на Општина Велес и Градоначалникот Горан Петров официјално го предеадоа на времено користење противпожарното возило (цистерна за вода) на Општина Чашка.

Официјално градоначалникот Петров и Градоначалникот Пановски го потпиша договорот со кој се уредуваат условите и начникот на користење на возилото .

http://www.caska.gov.mk/Uploadedimages//PPV1.jpg
http://www.caska.gov.mk/Uploadedimages//PPV2.jpg

http://www.caska.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 28-Dec-2010 at 03:49
ПРОМОВИРАНА НОВАТА ОПРЕМА ЗА БРИГАДАТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА НА ГРАД СКОПЈЕ    











Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски,  денеска     /27.12.2010 год./ во кругот на Станицата во Автокоманда ја промовираа новата опрема за Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје набавена во текот на 2010 година од Градот. На промоцијата на новата опрема присуствуваа и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, и секретарот на Град Скопје, Гордана Ивановиќ.

- Градот Скопје вложи финансиски средства за доопремување и доекипирање на Бригадата за противпожарна заштита. Со оглед на фактот дека имаше недостиг на опрема, Градот Скопје вложи околу 20 милиони денари во оваа Бригада којашто е од исклучително значење за функционирањето на Градот. За да бидеме поуспешни размислуваме за регионално покривање на Градот и отворање нови потцентри, како и реновирање на противпожарната потстаница во Ѓорче Петров, изјави Градоначалникот Трајановски.

Во текот на 2010 година, Градот Скопје за противпожарната бригада набави нова специјална опрема и тоа: два спасувачки чамци со мотор, термокамера (единствена од овој тип во Р. Македонија), две теренски возила, заштитни противпожарни поткапи и ракавици според европските стандарди и летни униформи.

Исто така, во текот на 2010 година направено е комплетно реновирање на дел од санитарните јазли, реновирање на дел од противпожарниот потцентар „Тафталиџе“, набавена е канцелариска опрема, мебел и постелнина за подобрување на условите во сместувачките капацитети, како и информатичка опрема за потребите на Бригадата.

Противпожарната бригада на Град Скопје во 2010 година доби 3 нови противпожарни возила донирани од Владата на Република Македонија, а следната година треба да добие уште 2 нови противпожарни возила.

Градот Скопје во 2010 година вложи околу 20 милиони денари за набавка на новата опрема за Противпожарната бригада на Град Скопје, бидејќи над 30-тина години не е набавена нова опрема за Бригадата.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3907&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 13-Jan-2011 at 09:29

Компанијата „Кнауф“ и донираше противпожарно возило „Роизенбауер“ на Територијалната противпожарна единица - Дебар вредно повеќе од 25.000 евра.

protiv_pozarna240
Нагласувајќи го значењето на донацијата, градоначалникот Аргетим Фида потсети дека дебарската противпожарна единица освен оваа општина, ги покрива и Центар Жупа, како и дел од Маврово - Ростуше.

- Единицата повеќе децении располагаше со две стари возила. Ова и претходно добиеното од Гостиварската единица, значително ја подобруваат состојбата, рече командирот на единицата Џетан Мифтароски и упати благодарност до „Кнауф“.

Пред противпожарното возило, „Кнауф“, за општина Дебар донираше и камион за чистење снег.

http://www.time.mk/read/NONE/a2cdfa2b0c/index.html
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 27-Jan-2011 at 10:21
Ново противпожарно возило за ТППЕ - Штип

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес ги предаде клучевите од новото противпожарно возило кое го доби територијалната противпожарна единица во Штип.

Станува збор за возило кое е обезбедено преку Македонската Влада (Агенција за заштита и спасување).

Возилото има двоен капацитет (4000 литри вода) за разлика од она со кое до сега располагаше противпожарната бригада, како и најмодерна опрема со што ќе се подобри работата на пожарникарите.

- Во рамките на нашите можности секогаш се обидуваме да помогнеме а тука е и драгоцената подршка од Владата која помогна во обновата на возниот парк. Со двете возила кои ги доби противпожарната служба, од кое едно е донација од странска асоцијација, значително ќе се подобри работата на службата – изјави градоначалникот Алексов.

Со ова комплетно е променет возниот парк на противпожарната служба во Штип со цел подобрување на нејзината ефикасност во справувањето со пожарите. Старото возило е испорачано на Општина Македонска Каменица која треба да формира своја противпожарна служба.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/novo-protivpozarno-vozilo-TPPE-20122010-1.JPG
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/novo-protivpozarno-vozilo-TPPE-20122010-3.JPG
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/novo-protivpozarno-vozilo-TPPE-20122010-2.JPG
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/novo-protivpozarno-vozilo-TPPE-20122010-4.JPG
http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 03-Feb-2011 at 01:27
Браво за струмичките пожарникари  Applause
Ова е достојно за некој од оние серијалите за препород на стари возила на Discovery Channel 

Пожарникарите од Општина Струмица добија „ново“ возило PDF Print


Пожарникарите од Општина Струмица ја покажаа својата креативност и иновативност и успееа од невозможното да направат возможно. Имено се работи за старо возило од марката GMC М35 А2(ЏЕМС) кое пожарникарите успешно го претвориа во противпожарно возило.

Старо новото возило е комбинација од GMC M35 A2 и противпожарна цистерна приколка VPC – 30 (носивост на вода – 3000 литри) и ќе се користи првенствено за пожари на отворен простор, шумски пожари и технички интервенции .

Идеата за реконструкција на возилото потекна од К-дир на ТППЕ Мијалче Крстев и пожарникар Јордан Костов.




http://strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=832%3A2011-01-28-09-38-41&catid=34%3A2010-09-02-08-37-56&Itemid=53&lang=en


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 03-Feb-2011 at 05:45
Atestirano li e ova? Ako proshlo sekoja cest za masjstorive, shto ke sedat taka zavrshile dobra rabota.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 03-Feb-2011 at 09:42
Big%20smile
Овоо е ногу јак камион џемс, истотака и зил, стари руски и америчји камиони,нема недостапен терен за нив, ги познавам добро бидејки мојот вујко ги обновува веќе 30 години, достигнуват цена до 7-8 000 €, и се ногу тражени. Обично за дрва и во селата.

Yes


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 07-Jun-2011 at 19:01

Ново противпожарно возило

Пожарникарите од Виница денес ги тестираа капацитетите на новото противпожарно возило со кое машинскиот парк на територијалната општинска единица е во целост комплетиран. Станува збор за навално противпожарно возило со носивост од 3,5 тони донација од Бригадата на град Скопје. Според надлежните во единицата, со поранешната донација од Словенија и сегашната од град Скопје, 4 комплетно опремени возила стојат на располагање на пожарникарите во Виница. Градоначалникот Дончев најави продолжување на преговорите со Владата за добивање и на уште едно ново возило за Виница.

http://www.opstinavinica.gov.mk/images/protivpozarno2.JPG

http://www.opstinavinica.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
NIliev View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NIliev Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 09-Jun-2011 at 23:45
Hello Everyone.
I was just going through the forum and found that the fire department in Macedonia is becoming one of the more equip countries in the area. Is there any other plans to buy more fire trucks and open new stations across the city for example Bitola needs one more station. Any other donations for the country it is my understanding that Macedonia received a offer to receive to helicopters for the fire department any news on that?
Thanks
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 10-Jun-2011 at 15:34
Helicopter Donation for Macedonia??? where did u read that news? and from which country is the donation?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 10-Jun-2011 at 16:39
16.05.2011 - 14:30 |

Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување доби понуда за подарок (донација) на два хеликоптерa од институција од САД, информира денеска директорот на Дирекцијата Шабан Салиу.

На одбележувањето шест години од основањето на Дирекцијата тој посочи дека информацијата треба да помине на Влада и доколку таа оцени дека е оправдан подарокот првиот хеликоптер може да го добијат за еден месец.

- ДЗС ќе има одлична улога во спасувањето, бидејќи хеликоптерите ќе бидат опремени со најсофистицирана опрема за прва медицинска помош, ќе послужат за евакуација и заштита од несреќи на планини и од пожари. Доколку Владата ги прифати ние ќе поминеме на законските процедури за нивно донесување во државата, рече Салиу.

Тој се осврна и на работењето во изминатиот период при што нагласи дека Дирекцијата е максимално опремена материјално и технички, а ги издвои набавките на трите авиони за гасење пожари, 30-те противпожарни возила, трите скутери за спасување на вода...

- Како никогаш досега во историјата на цивилната заштита во Република Македонија купени се вредни материјално-технички средства кои во голема мера го зајакнуваат нивото на подготвеност за несакани појави, нагласи директорот на ДЗС.

Салиу потсети на проектите за чистење на каналите и речните корита за превенција од поплави, чистењето на Охридското Eзеро од неексплодирани убојни средства, како и на ревитализацијата на Центарот за обука.

- На патот кон евроатланттските интеграции ДЗС работи на приспособување на националниот систем со поствените и усвоени меѓународни стандарди. Преку билатералните договори што ги потпишуваме со земјите во регионот утврдуваме правна рамка за продлабочување на соработката за заштитата и спасувањето, додаде Салиу.

Според него, Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија е една од најопремените во регионот, додавајќи дека со помош на Владата и соработниците ќе продолжат да внимаваат да не дојде до евентуални природни непогоди и катастрофи.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ ... -postoenje
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4798
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 10-Jun-2011 at 16:44
а за какви хеликоптери станува збор не пишал, бидејќи во САД има 1000000 видови на хеликоптери за спасување и пожари
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3572
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 19-Jul-2011 at 12:23

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ БАРА ЗАСИЛУВАЊЕ

Ќе се купува четврти противпожарен авион

Дирекцијата најавува дека во септември ќе достави информација до Владата, со барање да се одобри набавка и на четвртиот противпожарен авион

Пожарот кај Штип, на планината Серта, во близина на село Јамуларци, вчера го гасеа трите противпожарни авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тоа е прв поголем пожар летово каде што дејствуваа "ер тракторите".
"Додека изведуваа тренажни летови изминативе месеци, имаше неколку случаи на помали пожари и авионите интервенираа. Во случајов, пожарот се појавил во неделата, но бил локализиран, утрово се обновил и бидејќи теренот е непристапен, ги испратив противпожарните авиони", ни изјави вчера директорот на ДЗС, Шабан Салиу.
За гаснење на пожарите, наместо само вода како досега, авионите летово ќе користат и посебна пена како адитив, со што неколкукратно се зголемува ефикасноста.
Дирекцијата најавува дека во септември ќе достави информација до Владата, со барање да се одобри набавка и на четвртиот противпожарен авион.
"Тоа, за разлика од трите што ги имаме и се едноседи, треба да биде двосед. Не само што ќе служи за гаснење пожар, туку на него ќе може да се обучуваат пилоти. Се надеваме дека Владата ќе го прифати барањето, зашто ќе значи заштеда на пари за обука на пилотите, кои наместо во странство ќе се обучуваат дома. Имаме поддршка и од Агенцијата за цивилно воздухопловство", кажува Салиу.
Авиоодделението на Дирекцијата за заштита и спасување има 6 пилоти, 4 техничари, 2 инженери, 2 координатори е еден диспечер. Директорот Салиу вели дека бројката на пилоти треба да биде 9 и оти неопходни се уште 2-3 техничари и 1-2 инженери.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2100F2CFA8D018428E31D1413287FBE0
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 19-Jul-2011 at 23:45
Нели имаше најава и за 2 хеликоптери донирани од САД, рекоа за еден месец ќе стигне едниот али нигде го нема, баш ме интересираше каков е,но за оваа вест погоре ке речам дека се потребни уште 1 АИР ТРАКТОР  и 2 Канадаир за гасење пожар и + тие 2 хеликоптери за спасување тогаш навистина ДЗС ке биде перфектна.

Edited by mitatos - 19-Jul-2011 at 23:46
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.