build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Противпожарна заштита

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Jul-2011 at 23:24
како вработен во противпожарна служба од прва рака и јас кажувам дека на македонија и треба летала(за конкретни решенија можи да се кометира),како и теренски возила како што ги има АРМ 4x4со високо поставени дифернцијали и големи тркала.Овие последниве наменети за шумски пожари-италијанските "Bremach" се расипуваат уште во гаража(нашето имаше незатегнат филтер за масло!!!!!!!!!!), а Дафовите само механиката е Даф,ПП опремата е Ватроспрем-Београд, и кога пумпата работи како да се кршат ореви внатре.Од таму кажуваат-така требало,како ние прв пат да се среќаваме со пумпи
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 19-Jul-2011 at 23:42
А имаш ли инфо за хеликоптерите ? стигнале или сеуште не.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 19-Jul-2011 at 23:48
незнам,јас работам во Кичево,но ќе се распрашам
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 20-Jul-2011 at 18:01
како да го подреков Дафот,денеска ни го удрија на маг.пат од страна на Мерцедес Е кој непрописно се вклучуваше(нормално е наш `странец`)и непочитуваше ротациони светла и вклучување на пат со првенство на минување, и уште пожарникарот што возеше бил `говедо едно`.нема крупни оштетувања на системите ама сите пластични браници и десниот фар е АУТ
Back to Top
NIliev View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NIliev Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 29-Aug-2011 at 01:23
Hello,

Do we have any other news on the fire department and the two helicopters that were going to be donated? Also any other donations from the operation FLORIAN? Thanks
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 30-Sep-2011 at 22:13

Прв кампус за пожарникари-волонтери

Од 14-15 мај 2011 година, во организација на повеќе доброволни противпожарни друштва од Македонија, во детското одморалиште „Копанки“ – Битола, се одржа првиот кампус за пожарникари-волонтери во кој учество зедоа над 100 млади пожарникари. ДППД-Богданци учество зеде со 14 млади пожарникари и пожарникарки.

Првиот ден од кампусот беше изведена настава од прва помош и презентација со практично користење на ПП опрема. Вториот ден беа одржани тактичко-показни вежби на сите учесници по сопствен избор. Учесниците од ДППД-Богданци максимално успешно ја изведоа тактичко-показната вежба со поставување дводелна линија од едно Б-црево разделница и шест Ц-црева, како и користење на грбни торби за гаснење на пожари на отворен простор.

На сите учесници на кампусот им беа доделени Благодарници за учество.
http://www.bogdanci.live.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=118

Две години постоење на ДППД Богданци 

На 06 јули по повод двегодишното работење на ДППД Богданци се одржа тактичко-показна вежба на женската единица од ова противпожарно друштво, на кои воедно им беа доделени и Дипломи за успешно завршениот курс за доброволен пожарникар.

Пред изведувањето на вежбата, дипломите на младите пожарникарки им ги додели градоначалникот на општина Богданци, Ристо Ичков. На свеченото доделување присуствуваа претседателот на ДППД Богданци, Страшо Олумчев, раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи - Гевгелија, Зоран Лазаровски и Лидија ПопДучева од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачно одделение-Гевгелија.

Во својот поздравен говор, градоначалникот Ристо Ичков на младите пожарникарки им порача: „Во животот ќе добиете многу вакви дипломи, но, знајте дека со стекнувањето на оваа диплома станувате побогати бидејќи се работи за дисциплина што е многу благородна и со која ќе спасувате животи и материјални добра.“

За да чинот биде комплетно реализиран, после доделувањето на дипломите, пожарникарките од женската единица на ДППД Богданци и останатите членови на Младинската унија при ова друштво, изведоа тактичко-показна вежба на платото пред Арриктон Порта, со што успешно ги презентираа стекнатите знаења во услови на дејствување при пожар. Крајот на вежбата беше проследен со бурно ракоплескање од присутните.

Покрај сите овие активности како резултат на посетата на Operation Florian, во септември-октомври 2011 год., во Богданци ќе престојува инструкторски тим предводен од Roy Barraclough заради дообука на единиците на ДППД Богданци како и прецизирање за доопремување со материјално-технички средства и опрема за гасење пожар.
http://www.bogdanci.live.mk/index.php?view=article&catid=1

ДПД Свети Николе во работна посета на ДППД Богданци

На 25.06.2011 година во работна посета на ДППД Богданци престојуваше делегација на ДПД Свети Николе, на која што беше потпишан заеднички Меморандум за разбирање и соработка помеѓу двете противпожарни друштва, а воедно од странана ДПД Свети Николе беше доставена донација за потребите на ДППД Богданци.

Донацијата содржи заштитни одела за интервенции на затворен простор (20 комплети), заштитни ПП чизми од португалско производство (10 пара), заштитни одела за млади пожарникари (5 комплети), шлемови за млади пожарникари, чевли и др.

На оваа работна средба двете друштва направија прелиминарни договори за одржување на камп за млади пожарникари есен-пролет, секоја година (по два кампа во текот на една школска година на различни локации) и за камп во септември 2011 на кој ќе присуствуваат и инструктори од Operation Florian
http://www.bogdanci.live.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=142

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 01-Oct-2011 at 12:51
Имаше најава за 2 хеликоптери ,не знам до кај е таа процедура ,повеќе не видовме никакви вести од тоа.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 14-Nov-2011 at 22:15
ОПА, НÈ ЧЕКА НОВ БЕНЧМАРК?
„Противпожарните цигари“ задолжителни во ЕУ од четврток
Текст: Б.И Живот | 14 ноември 2011
Производителите на цигари од четврток ќе бидат задолжени на пазарот да ги нудат цигарите од новиот тип „со слаба можност за предизвикување пожар“, кои се гасат самите после извесно време откако ќе бидат фрлени, со цел да се избегнат пожарите.



„Сигурна цигара не постои, и секако најсигурно е да не се пуши воопшто, но за оние кои одбираат да пушат, новите норми кои наскоро ќе стапат на сила ќе ги примораат производителите на цигари да ги применат прописите кои би можеле да заштитат стотици граѓани од ризикот од пожар“, вели Џон Дали од Европската комисија за здравје и потрошувачи.

Производителите на хартијата за цигарите ја промениле постапката на производство и на две места вградиле погусти прстени од оние постојните, па цигарата би требало да се угаси сама кога ќе дојде до таквиот прстен, кој го намалува протокот на воздух, доколку нормално, некој не вовлече од неа. И времето на распаѓање на овие цигари е пократко, со што се намалува ризикот од запалување на мебел, постелнини и други материјали при „несоодветно“ ракување со цигара.

Овие безбедносни мерки веќе се применуваат во САД, Канада и во Австралија, како и во Финска од април 2010 година.

Новите безбедносни норми ќе бидат објавени во четврток во Службениот весник на Европската унија, после што на националните влади останува да ја контролираат примената на истите.

Податоците кои се однесуваат на периодот од 2003 до 2008 година велат дека во Унијата цигарите секоја година предизвикуваат 30.000 пожари, повеќе од 1.000 мртви во пожарите и просечно околу 4.000 повредени.
http://kajgana.com/protivpozharnite-cigari%E2%80%9C-zadolzhitelni-vo-eu-od-chetvrtok
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 03-Apr-2012 at 09:36

Македонска Каменица ќе добие нова противпожарна станица

Во присуство на претставници од владата, општината и УНДП во општина Македонска Каменица денес се потстави камен темелник со што се одбележа почетокот на изградбата на новата противпожарна станица. Објектот ќе биде со вкупно корисна површина од 281 m2 во кој ќе биде сместен ТППЕ од Македонска Каменица со сите свои специјализирани возила и опрема за гаснење на пожари.

Oваа нова противпожарна станица, заедно со тренинзите и едукациите, ќе и помогне на Општината поуспешно да се справи со пожарите кои претставуваат потенцијално сериозен проблем со оглед планинскиот терен покриен со шума и пасишта.

Проектот е вреден 5.204.500 денари од кои 70% го финансира Општината од својот буџет додека остатокот ќе биде кофинансиран од страна на УНДП.

Градежните работи според очекувањата ќе бидат целосно завршени до јуни годинава, пред почетокот на летото и сезоната за пожари.

http://www.makedonskakamenica.gov.mk/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
ezee View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Apr-2012
Location: US
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ezee Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 09-Apr-2012 at 14:12
Originally posted by anDarko

додека чекаме на авионите, бар ова ќе биде од помош:

Игор Чавески

Четири нови транспортни хеликоптери од руско производство, наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи, се набавени деновиве, а два од нив завчера пристигнаа на скопскиот аеродром, потврди претставник на МВР. Станува збор за хеликоптери од типот „М-171“, кои можат да соберат 37 луѓе и да пренесуваат товар од четири тона. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, потврди за „Време“ дека два хеликоптери се веќе пристигнати и дека Министерството за внатрешни планира да купи уште два хеликоптери од истиот производител, без да наведе детали од која земја се набавени. Хеликоптерите завчера во голема тајност пристигнале на аеродромот „Александар Велики“. Веднаш по пристигнувањето, тие биле префрлени во хангарите на аеродромот и надлежните од Министерството чекаат врз нив да биде направен технички прием за да може да се користат. Од полицијата велат за дел од нив бил распишан тендер, додека за другите допрва ќе биде распишан. Во изминатиов период МВР немаше најави дека планира да купи нови хеликоптери. Откако LED хеликоптерите ќе ги добијат сите неопходни дозволи, тие ќе се стават во функција на специјалните полициски сили од единицата за посебни намени, бидејќи првите луѓе на полицијата констатирале дека таму постои најголема потреба за зголемување на бројот на леталата. Хеликоптерот „М-171“ важи за едно од најсовремените летала и се користи за патролирање во цивилни цели, а може да се употребува и во воени услови. Максималната висина на која може да лета е 6.000 метри. Развива максимална брзина од 250 километри на час и со еден резервоар може да помине околу 600 километри. МВР има на располагање само три хеликоптери, од кои два се стари петнаесетина години, амортизирани се и досега неколкупати биле целосно сервисирани. Последниот хеликоптер МВР го доби како донација од тајванската влада во 1999 година, како благодарност за воспоставувањето на дипломатските односи со Тајпеј. Македонските безбедносни сили се соочуваат со проблеми со
led функционирањето на своите воздухоплови. Веќе две недели не летаат воените хеликоптери на Министерството за одбрана поради техничка неисправност. По препорака на Комисијата за испитување на воздухопловни несреќи, Генералштабот на АРМ донесе одлука целиот воздухопловен ВИНГ да биде приземјен. Комисијата констатирала дека хеликоптерите се небезбедни за летање. Забраната за нивно летање се уште е во сила.

Хеликоптер Ми-117




Woah! Тоа е навистина голема ... убаво хеликоптер .. Ви благодарам многу за вашиот корисни информации. Ќе ви се исполнат.


Edited by ezee - 13-Apr-2012 at 05:00
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 09-Apr-2012 at 15:14
Ako ne se lazam pred dve ili tri godini bea kupeni 4 helikopteri mi-171 od Litvanija!?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 09-Apr-2012 at 16:27
Originally posted by LAV

Ako ne se lazam i pred dve ili tri godini bea kupeni 4 helikopteri mi-171 od kupeni od litvanija!?


Ne me svakajte nisto licno, megutoa ne se palete tekstot e star !!!!! se raboti za tie helikopteri koi veke bea nabaveni...... vidi sto pisuva tamu kade avtorot veli deka portparolot na mvr potvrduva za vesnikot VREME !!!!!! koj veke ne postoi !!!! pozzzz
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 28-Apr-2012 at 15:08

Незнам дали сум го пуштил видеово претходно, истото или пак во некоја друга форма...

Како и да... погледнете го... мислам дека има превод на англиски.. одете на cc копчето...

Се работи за "бомба" чиј состав ако не се лажам е амонијак и јаглерод диоксид, кои најверојатно го отстрануваат кислородот а со тоа го гасат пожарот...

Па си викам, зошто не набавиме вакви... и поефикасни се, и даваат поголема сигурноста за пожарникарите без да си го загрозуваат животот... дури може да се користи како превентива и брза употреба (реакција) и по дома, во згради, други објекти, по институции, па дури и во превозните средства и слично... како што денес е задолжителен ППА...

Еве за што станува збор:

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 28-Apr-2012 at 16:41
ова може да се користи во случаи кога се знае точно што има внатре,дали има или нема луѓе кои тогаш без кислород нормално одма би умреле,дали има хемикалии кои би реагирале обратно,како некои соли и соди кои несмеат да се гасат со вода бидејќи тогаш баш се јавува пламен и тн

Edited by gjoko - 28-Apr-2012 at 16:41
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 02-May-2012 at 10:00
Многу нормално...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 15-Jul-2012 at 18:21
Еве го фамозниот "Fire Boss" кој вчера неколку пати ја надлета билдерската средба на врвот на Водно

За жал светлото беше лошо, а фокусирањето на апаратот кој го користам не му е баш најјака страна, па еве ова е максимум што успеав да изфадам од фотките, со помош на фотошоп...


1



2



3



4



5



Edited by Cloverstack - 15-Jul-2012 at 18:22
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 15-Jul-2012 at 19:00
со оглед на фактот дека Македонија е планинска земја,купувањето на ПП авиони е права работа.

бидејќи работам во оваа дејност,најдобро знам дека со овој чекор и финансиски се заштедува,земајќи во обзир колку луѓе треба да се прата во планина за да го изгаснат пожарот,па да им се обезбеди јадење,дневници и сл.

за жал морам да признам дека за проширување на некои пожари во регионот околу Кичево што го покривам,со докази беше докажано дека при заминување од терен во вечерните часови пожарот го дозапалуваа луѓето на кои им беа плаќани дневници,нормално за да се викнат и другиот ден.

цел ден гасат,а при заминување попат запалуваат на неколку места..

се има десено во 2000 година кај с.прострање да ги најдиме истурени тубите со бензин за моторните пили што ги употребувавме за правење на просеки во шумата.

така да авионите заслужуваат оцена 10
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 15-Jul-2012 at 19:06
Сакаш да кажеш дека пожарникари подметнувале оган, за да имаа повеќе работа со што ќе им се исплаќаат дневници?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 15-Jul-2012 at 21:22
не пожарникарите,повиканите од Дирекцијата за заштита и спасување кои се во резервниот состав на поранешната цивилна заштита.тие при позив добиваат дневници.пожарникарите си земаат нормална плата
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 15-Jul-2012 at 21:55

аха... 

И санкционирани се? Превземени мерки за превенција на вакви идиотизми?

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.