build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Противпожарна заштита

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 15-Jul-2012 at 22:01
ги држевме во станица некое време,ама докази во вакви случаеви многу тешко се обезбедуваат,но и тоа дава ефект некое време
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 15-Jul-2012 at 22:08

Хммм... ништо не правиме така... 

Некој мора да превземе одговорност... Вака испаѓа дека државни службеници кои се одговорни за интервенирање при пожари, се однесуваат крајно неодговорно и криминално... а притоа предизвикувајќи голема штета и загуба за државата... а и опасност по човечки животи...

Мислам дека ова неможе да остане на станица... треба централата на МВР малку повеќе да се заинтересира за ова...

А кога рече било ова? И дали сеуште се случува?



Edited by FoSsiL - 15-Jul-2012 at 22:08
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 15-Jul-2012 at 23:35
последен пат се случи во 2007 година на планината Буковиќ(над големиот тунел помеѓу селата Зајас и Падалишта) кога при слегување на групата што го гасеше пожарот,се случи нов пожар на неколку стотини метри под него, на линијата каде слегуваше групата.среќа имаше на магистралата инженери од ЈП Макдеонски шуми и ја вратија групата да го изгасни пожарот.

но ова не е најлошото во оваа дејност.со сегашната систематизација во МВР се укинува работното место инспектор по пожари(јас ќе си работам од останатото -со оружје и експлозиви),а увидите ќе ги превзема тој инспектор пто ќе биде дежурен таа ден.а тој ќе гледа да му префли на тој за утре итн.

а башка проблем пто тие не се стручни од инженерски аспект да ја утврдат причината за пожарот.замислете во некој погон има каде има машини,хемикалии,ел.инсталации,а некој што појма нема од техника треба да врши увид.

битно е да се прават реформи,за последиците некој друг ќе се секира


а за подметнатите пожари,не е толку трагично ова што го прават овие за дневници.

тој што подметнуваше пожари околу РЕК Осломеј во 2007 година(беше пожарот на сите вести),му пишав кривична пријава,но од пред неколку месеци е назначен за генерален директор на РЕК Осломеј а неговиот адвокат и судијата што го водеше случајот се назначени за апелациони судии.посебна приказна е што донесол уверение и диплома од два различни факултети(се збинил,на уверението ги имало сите шески,а просек напишан 6.3)
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1552
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 16-Jul-2012 at 11:17
И јас го делам мислењето дека голем дел од пожарите кои секоја година се случуваат во Македонија се подметнати.
Се надевам дека казната за тоа дело е прилично голема затоа што штетата е.
Се надевам ќе купат уште некој ЕР трактор во иднина.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 16-Jul-2012 at 21:32

Еве ги во акција...

Кичевско...

 

 

Тетовско...

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 09-Aug-2012 at 23:24


ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ


Пилотот ги заборавил тркалата, авионот слетал на стомак!

Авионот "ер трактор" кој учествувал во гаснењето на големиот пожар кај скопската рафинерија ОКТА на скопскиот аеродром "Александар Велики" слетал буквално на стомак бидејќи пилотот заборавил да ги спушти тркалата, дознава Вечер. За среќа, во инцидентот пилотот минал без повреди, но авионот за гаснење пожар е оштетен и е вон употреба

Еден од трите "ер трактори" вчера слетал на стомак на скопскиот аеродром "Александар Велики" бидејќи пилотот заборавил да ги спушти тркалата, дознава Вечер. За среќа, во инцидентот пилотот минал без повреди, но авионот за гаснење пожар е оштетен и е вон употреба.
Од Дирекцијата за заштита и спасување го потврдија инцидентот кој се случил околу 16 часот и потврдуваат дека причината е пилотска грешка.
Според нашите информации пилотот неколку часа летал и учествувал во гаснење на пожари на неколку места и тоа му бил последен лет пред да ја заврши смената. Требало да лета кон Тетово, но во последен момент бил пренасочен кон рафинеријата "ОКТА" каде околу 15 часот изби голем пожар. Откако го исфрлил товарот вода тргнал назад кон скопскиот аеродром каде се наоѓа базата авионите за гаснење на пожар.
Како и зошто заборавил да ги спушти тркала засега не е познато, исто како и фактот што ниту еден од персоналот на земја не го предупредил. Според очевидците тој имал совршено слетување иако било на "стомакот" на авионот односно на пловките - резервоари за вода.
- Добро е што пилотот имал правилно слетување, но и што пловките биле празни бидејќи при првиот контакт со пистата би се закопал во земја и катастрофата би била неизбежна. Резервоарите на "тракторите" се наоѓаат во крилата и присебноста на пилотот спречила губење на рамнотежа и евентуален контакт на крилото со пистата што исто така би било погубно, вели нашиот соговорник, поранешен пилот.
Кога виделе што се случува веднаш, според протоколот, била испратена интервентната екипа составена од цистерна за гаснење пожар и медицински тим, но за среќа немало потреба. Пилотот видно потресен излегол од авионот без гребаница. На пистата веднаш притрчале и механичарите од Дирекцијата за заштита и спасување кои со дигалка го подигнале авионот, ги извадиле тркала, и го истуркале во хангарот каде стојат "тракторите".
- Станува збор за пилотска грешка која и не е толку невообичаена. За среќа пилотот мина без повреди, јас разговарав со него и можам да ви кажам дека беше многу потресен. Според првичните информации авионот не е многу оштетен и во секој случај избегната е далеку поголема катастрофа, изјави Екрем Зендели, заменик-директор на Дирекцијата.
Од ДЗС информираат дека она што може да се види со голо око е дека се оштетени лајсните на пловките од "ер тракторот", но сепак треба детално да се провери и испита и да се отвори целиот долен дел на авионот. За таа цел веќе бил повикан сервисер од производителот од Шпанија, кој заедно со тимот механичари ќе ги извади и провери пловките за да видат дали има поголеми оштетувања и дали евентуално има дупки во резервоарите. Исто така ќе се провери и остатокот од авионот бидејќи не смее да има најмал дефект или штета. Инспекцијата на штетата треба да трае во наредните неколку дена и потоа ќе се знае што понатаму.
- Едно е сигурно, а тоа е дека во наредните десетина петнаесет дена нема теоретски шанси авионот да полета. Во зависност од степенот на оштетувања дополнително ќе се одлучува дали поправките ќе бидат извршени во Македонија, или пак авионот ќе биде транспортиран кај производителот во Шпанија, додава Зендели.
Авионите на ДЗС биле осигурани и веќе бил повикан и агент на компанијата кој треба да ја процени штетата и да ја исплати со што ќе се покријат и голем дел од трошоците.
Трите "ер трактори" беа набавени пред неколку години, а обуката на пилотите ја спроведуваа шпански инструктори. Авионите и пилотите веќе имаат илјадници часови летање и учествувале во преку стотина мисии за гаснење на пожари ширум државата.

(О.Ч.- О.С.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=059FFDB5A2236245A866A31F57F0F93A
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 30-Aug-2012 at 19:56
еве го резултатот од гасењето на пожарот на боровата шума над с.Зајас(на делот што остана неопожарен во 2011 година).пукна куќиштето на диференцијалот на едно од новите возила.вероватно дел од кривицата паѓа на `познатиот` италијански квалитет

Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 02-Sep-2012 at 23:31
Какво возило е ова?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 03-Sep-2012 at 00:09
ПП возило наменето за гасење на шумски пожари што ги купи владата пред 1-2 години.се рабoти за Bremach,и во суштина е Iveco,кое италијанската војска го користи за повеќе намени.Се покажа како доста нежно возило

првото од сликата

Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 28-Apr-2013 at 19:03
Денеска во Градски парк кај Кермес





Edited by Zoc - 28-Apr-2013 at 19:05
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 19-Sep-2013 at 21:55


што е со ова дастеров само скопјани се опоравени или сите се подновени

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 19-Sep-2013 at 22:24
Мислам дека Дустерот е некаква донација ако не се лажам.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 19-Sep-2013 at 23:12
Во градовите околу Кичево нема ваква кола,значи или е донација или им ја купил градоначалникот
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 03-Nov-2013 at 14:46
Во чест на 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп пуштена е во работа новата зграда на ТППЕ Прилеп.
Во недостаток на било каков фото материјал од медиумите, засега нека е ова ... секогаш е добро подновување на ваков тип инфраструктура














Овде можело и подот да го подноват






Да не е се така розе, сите сме свесни дека за територија на 3 општини (Прилеп, Кривогаштани и Долнени)со 1700км2 со доста шуми, земјоделски површини и индустрија, потребни се потребни поголем број возила од овие


Edited by Тркало - 03-Nov-2013 at 15:00
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 03-Nov-2013 at 15:05
Нели ќе имаше нови возила за пожарната? Се купија па Прилеп не виде ништо или не се ни купија? 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 03-Nov-2013 at 15:07
Originally posted by Andrej_LJ

Нели ќе имаше нови возила за пожарната? Се купија па Прилеп не виде ништо или не се ни купија? 



Според сликава, добиле само ЕДНО возило.Исто како Охрид, Струга, Битола...

За споредба, ТППЕ Охрид со 4 пати помала површина на покривање и 30% население помалку е опремена со над 10 возила - меѓу кои две од германска донација, едно од турска, едно од пред десетина години купено од општината(ФАП1620) и едно од последната владина набавка (ДАФ)... другите се три стари ФАП 1314, TAM T-130

и Застава Турбо Зета (најмлада од овие 4 со минимум 2 децении старост)исто како оваа.


Originally posted by Andrej_LJ


А колку беа купени? Мене ова новово возилце ми изгледа многу мало и нежно и не може да биде главното возило на противпожарна станица на толкав град. А колку стари ФАПови и друг отпад наредиле... Имаме многу леб да јадеме во оваа област.


Во мај 2010 набавени 25 возила за 19 општини во вредност од 4,3 милиони евра или просечни 172000 евра по возило.15 за урбани средини

и 10 специјализирани за шумски пожари


Четири за Скопје, две доби Битола и по едно за Прилеп, Охрид, Тетово, Кичево, Штип, Струга, Велес, Берово ...

Edited by Тркало - 29-Jun-2014 at 14:28
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 03-Nov-2013 at 15:14
Originally posted by Тркало

Originally posted by Andrej_LJ

Нели ќе имаше нови возила за пожарната? Се купија па Прилеп не виде ништо или не се ни купија? 



Според сликава, добиле само ЕДНО возило.Исто како Охрид, Струга, Битола...


А колку беа купени? Мене ова новово возилце ми изгледа многу мало и нежно и не може да биде главното возило на противпожарна станица на толкав град. А колку стари ФАПови и друг отпад наредиле... Имаме многу леб да јадеме во оваа област.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 03-Nov-2013 at 19:16
Во прилепските возила,ново е четвртото од лево на десно.Се работи за ДАФ возило,дополнително надградено вероватно во некоја специјализирана фабрика како ватроспрем во Белград.

Кичево доби 2,едно исто така ДАФ а другото Бремач(де факто Ивеко),оние што се гледаат мали.Ти се наменети за шумски пожари,тесни се,лесно подвижни, 4 x 4 погон, 3.0 турбо дизел.Кичевското возило се оштети(прикажано на мојата горна слика),каде целосно се скрши куќиштето на дифернцијалот
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11380
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 05-Nov-2013 at 17:02
Доделување на донација-возило од градот Епинал

Како подарок за роденденот на градот, општина Битола од збратимениот град Епинал доби донација противпожарно возило. Возилото е од големо значење, а неговата добра состојба ја потврди и градоначалникот на општина Битола.







https://www.facebook.com/media/set/?set=a.599893913379303.1073742168.455666064468756&type=1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11380
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 05-Nov-2013 at 17:05
ППЕ РАДОВИШ ДОБИ ОПРЕМА ДОНАЦИЈА ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ



Денеска на огромно задоволство на вработените во Против пожарната единица од Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов и претседателот на Советот, Никола Миовски им донираа нова опрема - во комплети на униформи, заштитни чизми, чевли, баретки на сите вработени.

Инаку опремата е набавена од страна на општина Радовиш и е од највисок модифициран квалитет, каде што ги задоволува сите светски стандарди на против пожарна заштитна опрема.



Вредно е да се напомене дека Бригадата на ПП Радовиш е рангирана на второ место во Република Македонија, по опрема, ефективност и спремност после ПП Скопје.

Исто така општина Радовиш и Градоначалникот г-дин. Сашко Николов одобрија средства за промена на кровната конструкција на Пожарникарскиот дом во Радовиш и старата гаража.







https://www.facebook.com/media/set/?set=a.591124640953043.1073741970.154344247964420&type=1
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.