build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Луна Корпорација
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Корпорација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Луна Корпорација
    Posted: 23-Aug-2010 at 23:21
По речиси двегодишно натегање со сопствениците, деновиве отпочнаа подготвителни работи на окрупнетиот градежен терен, со несвојствени димензии, барем кога станува збор за Дебар Маало 2. Припоени се 3 поголеми градежни парцели (14.13. 14.14 и 14.19), со нивелациски висини од 19,2 до 26 м, лоцирани наспроти и паралелно со северниот влез и фасада на деловно-станбената зграда (на Форумов позната како) Гема 2.



Неофицијално, како инвеститор на проектот фигурира „легендарната” тета Мира, алијас Луна корпорација, проект „Корнер”. Исто така неофицијално, проектот во својот состав ќе опфати широк недвижен спектар: локали, хотел, деловни канцеларии, подземни паркиралишта и станови.



Инаку, неодамна медиумите пишуваа за „проблематичноста” на една од градежните парцели кои влегоа во проектот и вмешаноста на екс-кошаркарот Пеце Наумовски во наводна афера со незаконско преземање на земјиштето.

Како и да е, теренот интензивно се расчистува, во еден изненадувачки субстандарден и би рекол незаконски манир. Мегапарцелата е делумно оградена со лошо поставени лимени плочи, без информативна табла, но со мноштво групи на Роми, кои деноноќно се тепаат (неколкупати интервенира и МВР) која група ќе дрпне што е можно повеќе секундарен метал, тули, дограма... На градилиштето нема надзор, но е преполно со малолетни лица, никој не носи заштитна облека, за багерите, копачите и камионите не се презема ништо против прашината и валкање на сообрајќајниците, се работи вон работно време, околината е преполна со отпад од расчистувањето... Новиот Закон е добар, најверојатно ќе треба време капацитетот на администрацијата, а и менталитетот на граѓаните да зајакнат.

Во секој случај, проектов е исклучително важен, затоа што, според мене, претставува пример како ќе еволуира Дебар Маало, преку проекти кои ќе бидат се покомплексни и интегрално одржливоголеми, наспроти досегашниот тренд, секој, кадар-некадар, да си го реализира меракот, градејќи ситна зградичка, со двеипол паркинг места (и тоа преку пасаж) и една „пиљара” до влезот.

П.С. Топиков може да си добие и поконкретно име кога ќе имаме подетална слика, бидејќи проектов е сепак само дел од Блокот 14.





Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 16:29
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Aug-2010 at 13:32
ОКА гледам дека си доста упатен па би сакал да те прашам нешто. Скоро кога проаѓав таму беше срушена и обложувалницата до објектот Гринго што го имаме одамна евидентирано на форумов и уште три реда куќи. Е сега ме интересира дали обложувалницата е срушена за целосна реализаија на Гринго (види рендер) или пак има некои промена на терен па и таа локација ќе влезе во склоп на ове нови згради. Не ми беше логично да дигнат пола објект од Кубус од планираното а другата половина да стои така.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Aug-2010 at 13:41
Уште нешто кога проаѓав на 14.19 немаше ништо срушено, сакаш да кажеш дека и таму рушеле ??? Ако е така тогаш е стварно замашен објектов
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Aug-2010 at 13:47
Originally posted by 46&2

Уште нешто кога проаѓав на 14.19 немаше ништо срушено, сакаш да кажеш дека и таму рушеле ??? Ако е така тогаш е стварно замашен објектов

14.19. исто така се руши!
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Aug-2010 at 13:50
Имам сватови кои се сопственици на една од маркиците споени во новава голема. Од информациите кои ги имам од пред неколку месеци, објектот ќе варира во висина, бидејќи 14.20 е објект заштитен со закон. Таму ќе се оди со помалата висина од 19,2, а на другата половина ќе има 26 метри. Рендер немам видено, незнам дали ќе биде продолжение на Гринго. Ако добијам информации ќе споделам.

Во однос на Гринго, рендерот кажува дека половина од објектот ќе се гради на местото на некогашната обложувалница, а таа маркица (14.13 ако не се лажам, 14.12 е постојното изградено) е споена во големава исто така. Дали целиот објект ќе биде продолжение на Гринго? Малку веројатно, земајќи предвид дека веќе има ѕид од западната страна на Гринго (иако и тој ѕид може да се руши нормално).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Aug-2010 at 14:07
Originally posted by alexgizh

...објектот ќе варира во висина, бидејќи 14.20 е објект заштитен со закон. Таму ќе се оди со помалата висина од 19,2, а на другата половина ќе има 26 метри. Рендер немам видено, незнам дали ќе биде продолжение на Гринго. Ако добијам информации ќе споделам.
Три висини се всушност, испрекинатата лилава линија ги покажува денивелациите, од 26 м за 3/третина, преку 21 м за 2/третина, до 19,2 м, за 1/третина.
Originally posted by alexgizh

Во однос на Гринго, рендерот кажува дека половина од објектот ќе се гради на местото на некогашната обложувалница, а таа маркица (14.13 ако не се лажам, 14.12 е постојното изградено) е споена во големава исто така. Дали целиот објект ќе биде продолжение на Гринго? Малку веројатно, земајќи предвид дека веќе има ѕид од западната страна на Гринго (иако и тој ѕид може да се руши нормално).
Не сум баш најчисто со ова, имам впечаток дека 14.13. си е чисто предвидена за новиот проект.



Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 18:43
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Aug-2010 at 15:21

1. "Ground zero" во Дебар Маало 2
Сé уште нема табла...



2. Кон Grawe, Cubus и Соборна
Според ДУП-от, објектот во левата маргина е дивоградба... Со години...




3. Ромите го чистат 14.19.
Сé си е според Законот, еколошко превозно средство, згора на сé...


Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 18:45
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Aug-2010 at 15:26
Топ слики.

Плус имаме и редовен исзвестувач од терен
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Aug-2010 at 16:04
Ова е некако ипланирано и тука позади зградиве измеѓу двата реда не е планирана никава уличка, а слободно може да се вцрта некоја сервисна слепа уличка, backdoor за зградиве или некој паркинг за вработените и жителите во овие згради. Мислам како продолжение на паркингчето мало на крајот на улица Пиринска. И така ќе остане неискористен простор.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Aug-2010 at 19:39
Ќе има уличка позади.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Aug-2010 at 22:29
WOW!

И покрај сите лоши работи што ги навде ОКА, главната вест практично засенува се друго. На крај памет не би ми паднало дека некогаш во Дебар Маало ќе се гради објект со ваква големина (70 метри должина). Дури си велам и да не е преголем за амбиентот, но и тој впечаток во огромна мерка ќе зависи од надворешниот изглед, па ми останува да се надевам на проект кој ќе биде радикален позитивен помак каков што помак е и самото ова окрупнување на маркиците. Во секој случај подобро од фрагментираните микро маркички кои доминираа досега. Ваљда ќе дувнат нови ветришта во Дебар Маало и ќе се воспостават нови трендови. А ако тргне посериозно натака работата, тогаш тешко дека ќе се запре, бидејќи премногу очигледна ќе биде разликата, пред се во бенефитот за самите станари и корисници на идните градби. Мислам дека не е се изгубено и дека сеуште постои голем потенцијал за значителна позитивна трансформација во Дебар Маало.

Cheers


Edited by Cloverstack - 24-Aug-2010 at 22:31
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Aug-2010 at 17:02

1. Падна и 14.19.
А со тоа и првото дрво. Знае ли некој каква е законската процедура со дрвја, дрвореди и слично, лоцирани на градежната траса!?
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Aug-2010 at 17:07
1.


2.


3.

4.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Sep-2010 at 12:16
Нови информации: инвеститор е Луна, и официјално (може да се преимени нишкава во Луна Дебар Маало на пример), рокот на изведба е 28 месеци (кои почнаа да течат).

Објектот нема да се слепи со тој заштитениот (од една страна), и Гринго (од друга), што значи дека Гринго ќе си го добие изгледот од рендерот, т.е. ќе се прошири на запад, а меѓу овој и заштитениот објект ќе има место за тесно зградиче.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Sep-2010 at 17:57
Името на нишката е сменето во „Луна - Дебар Маало“ бидејќи именувањето според парцела беше несоодветно. До евентуално добивање на некое официјално име ќе стои вака.

Бидејќи е во изградба, додадов кранче.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Sep-2010 at 11:05

Духови ќе градат зграда во Дебар Маало


Иако инвеститорот им е познат на соседите, а и на општината, тој сепак според законот треба да постави информативна табла на која пишува кој е инвеститорот на објектот, што ќе гради и бројот на одобрението за градба

 
 
%20  
Нејасно е дали општинарите од Центар навистина не знаат што ќе се гради во срцето на нивната општина и кој ќе гради, или, пак, сакаат да ги покријат незаконските градежни зафати и начинот на кој инвеститорот го добил земјиштето. Во Дебар Маало, веднаш зад ресторанот „Боними“ на улицата Наум Наумовски Борче пред две недели беа урнати неколку бараки, а потоа беше расчистена и оградена парцелата, но само од предната страна. Сопственик на една од петте парцели на кои ќе се гради е фирмата „ЦДМ Комин Душко“, односно поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кошаркар Петар Наумовски и неговиот татко. Иако според Законот за градење, инвеститорот треба да постави и информативна табла на која треба да пишува информации кој е инвеститорот што ќе гради, каков објект ќе се гради и бројот на одобрението за градба, на Наумовски не му било важно што го прескокал тој дел од Законот.

Од општината веќе цела недела не сакаат да кажат ништо ниту за инвеститорот, ниту, пак, што ќе се гради, а камоли да кажат дали инвеститорот има добиено локациски услови и дозвола за градење. Луѓето што живеат од незаградената страна на градилиштето велат дека на нивните имоти веќе е направена огромна штета.

Засегнатите соседи велат дека биле и во општина за да добијат повеќе информации околу изградбата на новиот објект и од општината им кажале дека инвеститорот воопшто нема добиено ни локациски услови, а камоли, пак, одобрение за градење.

- Од општината ни кажаа дека сé уште не се издадени ниту локациски услови, а инвеститорите веќе си донесоа и булдожери и си копаат без да постават никаква заштитна ограда. Целата куќа ни се тресе, дворот ни е полн со градежен шут, а ми направија и штета од околу 15 илјади денари - вели една од сосетките.

Објектот што наскоро ќе почне да се гради во Дебар Маало е предвиден со најновиот детален урбанистички план за Дебар Маало. Планерот Благоја Тагасовски од проектантската куќа „Ин пума“, која го изработуваше планот, на презентацијата на нацрт-верзијата на планот на советот на општината кажа дека сопствениците на парцелите си нашле инвеститор што ќе им го гради објектот. Но сопствениците на бараката на земјиштето на Наумовски велат дека нив никој не ги прашал за изградбата, ниту, пак, им понудил нешто, а нивниот дом бил срушен во три часот по полноќ.

Тие објаснуваат дека бараката ја купиле во 1996 година на лицитација во суд, но тогаш не постоел Законот за земјиште, па затоа тие ја добиле само бараката. Симеон Ризов, поранешниот сопственик на бараката, вели дека кога дознале оти мора да го имаат и земјиштето, веднаш поднеле барање за да си го купат, но тогаш им кажале дека некој друг веќе го купил пред нив. Наумовски и неговиот татко земјиштето го купиле во 2002 година, тие во рок од една година требале да добијат градежна дозвола, а за шест месеци да почнат да градат, во спротивно ќе го изгубеле земјиштето. Поради судскиот спор што Наумовски го воделе со семејството Ризови, тие не биле во можност да почнат да градат, но од завршувањето на судскиот спор, па до сега има поминато две години, што значи дека Наумовски не го испочитувале купопродажниот договор, а сепак ниту од општината, ниту пак од Министерството за транспорт и врски не го спречуваат да си го изгради објектот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9610109156&id=14&prilog=0&setIzdanie=22077
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Sep-2010 at 13:59
Коректен новинарски напис. Со исклучок на правниот спор на г-дата Наумовски vs. Ризов за споменатата „барака”, што е работа на судовите, сé друго е целосен недостаток на административен капацитет, со напомена дека фактичкото премолчување на состојбата на терен, дава оправдани сомнежи за некаква латентна корумпираност на општинските служби.
Несфатливо е дека некој може да биде толку дрзок во центарот на Скопје, 100% да игнорира Закон за градење.
Ете, тоа се дел од нуспојавите предизвикани од државното „газење” по легалните процедури за ДУП и градење, однесување општо присутно при носење на последните градежни планови.


Edited by OKA - 06-Sep-2010 at 14:13
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Sep-2010 at 14:12
Originally posted by alexgizh

...Објектот нема да се слепи со тој заштитениот (од една страна), и Гринго (од друга), што значи дека Гринго ќе си го добие изгледот од рендерот, т.е. ќе се прошири на запад...
Така е, пред некој ден увидов дека тој дел од теренот го препарира сосема друга екипа, со засебен машински парк. Чудни се градежните „патишта” кај нас, кој знае кои биле причините за ваквото, одложено и неекономично, двофазно градење на „Гринго”!?
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Sep-2010 at 11:09

Багерите на Пеце Наумоски побрзи од администрацијата


Пред речиси еден месец, општината Центар и фирмата ЦДМ „Комин Душко“ во три часот по полноќ им ја сруши бараката на семејството Ризови во Дебар Маало, за дури вчера од Министерството за транспорт и врски да информираат дека поднеле иницијатива за раскинување на купопродажниот договор за земјиштето

 
 
%20  
Сопствениците на урнатата барака на улицата Наум Наумовски -Борче, семејството Ризови останаа на улицата, а причината за тоа е што нивниот имот се наоѓал на државно земјиште што државата без да ги извести во 2002 година го продала на фирмата ЦДМ „Комин Душко“, чии сопственици се поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Наумоски и неговиот татко. Фирмата што го купила земјиштето во купопродажниот договор се обврзала да набави градежна дозвола и да почне со градење во рок од една и пол година. Семејството Ризови веднаш штом дознале дека земјиштето каде што се наоѓа нивниот дом е продадено, поднеле пријава во суд. Со фирмата се суделе од 2002 до 2008 година, па затоа ЦДМ „Комин“ не можеле да почнат со градење, но во 2008 година судот донел пресуда дека фирмата легално си го купила земјиштето и затоа има право да гради на таа локација. Но оттогаш, па до денес се поминати две години, а од локацијата наместо голем деловен објект, сé уште зјае дупка, што значи дека фирмата не го почитувала купопродажниот договор и според законот земјиштето треба да и биде одземено. Од Министерството за транспорт велат дека веќе поднеле иницијатива за раскинување на договорот, но за тоа не била известена ниту општината Центар ниту, пак, фирмата- сопственик на земјиштето.

- Министерството поведе иницијатива до Државното правобранителство за да се раскине купопродажниот договор со фирмата ЦДМ „Комин Душко“ по пат на судска постапка, а државното правобранителство веќе ја покрена постапката за еднострано раскинување на договорот - информираа од Министерството.

Семејството Ризови се револтирани од начинот на кој државата се однесувала со нив. Тие велат дека неколку пати оделе во општината и го молеле градежниот инспектор Милан Пижула да не ја руши бараката, но тој иако им ветил дека ќе им дозволи сами да си ја отстранат конструкцијата дошол со екипи и во три часот по полноќ им ја срушил бараката.

- Ни го одзедоа домот во кој живеевме, ни направија плус трошоци со рушењето, за сега да дознаеме дека Министерството за транспорт и врски ќе го раскине договорот со сопственикот на земјиштето. Во секој случај ова е добра вест за нас затоа што ние не планираме да се откажеме од тоа што е наше. Се надевам дека ќе добиеме барем некакво обесштетување за тоа што ни го направија - револтирано објаснуваше Соња Ризова.

Од фирмата „ЦДМ Комин“ не беа достапни да кажат зашто не го почитувале договорот и дали ќе преземат нешто за да си го задржат имотот. Од општината Центар, ниту денеска не сакаа да одговорат на нашите прашања со образложение дека раководителката на секторот за урбанизам имала премногу состаноци.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9710109216&id=14&prilog=0&setIzdanie=22078
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Sep-2010 at 01:36
Originally posted by alexgizh

Објектот нема да се слепи со тој заштитениот (од една страна), и Гринго (од друга), што значи дека Гринго ќе си го добие изгледот од рендерот, т.е. ќе се прошири на запад, а меѓу овој и заштитениот објект ќе има место за тесно зградиче.


znaci vo objektot so ke se gradi sega ne vleguva drugata polovina na gringo ( kako vo renderot ) tuku taa podocna ke se dogradi ? ili paralelno ke se gradat so ogled na toa so oblozuvalnicata ja srusija ?!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.232 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.