build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Луна Корпорација
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Корпорација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Sep-2010 at 10:02
За Гринго знам дека од пред некој ден продолжија со градба на уште тие два ката плус па најверојатно после ќе продолжат и со тој другиот дел кој по се мислам дека треба да биде станбен.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Sep-2010 at 12:22
Како што реков, Гринго ќе биде дограден како на рендерот. А единственото објаснување за тоа што на рендерот личи како една целина, а всушност има цел ѕид меѓу двата дела е ова што го кажа 46&2.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Sep-2010 at 15:12
Да е некој паметен ќе стави тотален бан за градење на нови високи згради низ Дебар Маало. Бар нешто да се спаси од Д Маало. Иако уништено е веќе оддавна.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Sep-2010 at 15:21
„Луна” ли è, кој ли è (нема табла, кој знае кој è), демек ја завршија „дупката”. Ама една депонија што оставија позади нив, па, па, па... Џабе ти се и закони и сè, казни ако нема и домашно воспитување...




Edited by OKA - 14-Sep-2010 at 16:54
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Sep-2010 at 17:49
Толерабилно се` додека трае изградбата... а ова нели треба да биде уличка, меѓу двата блока згради?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Sep-2010 at 22:38
Овде веќе една седмица се изведуваат геомеханички истражувања. Четврта дупка им е оваа, од планираните пет. Според првичните сознанија вода им се појави на 4,80 м.



Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Sep-2010 at 22:45
Ако можеш да објасниш (за нас градежните лаици) што би можело да значи таа вода, и како ќе влијае на изградбата?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 28-Sep-2010 at 00:00
Originally posted by alexgizh

...што би можело да значи таа вода, и како ќе влијае на изградбата?
Немам детални податоци за „подземните” планови на инвеститорите, но претпоставка е дека ако го испочитуваат ДУП-от, ќе мораат да градат и подземен паркинг.
А тој предвидува за овој објект, точно 105 места. Значи, ќе мораат да се симнуваат под нивото на тротоарот, минимум 6,50 м. Под услов да вградат, не баш ефтин, полуавтоматски систем за шаржирање на 3 автомобили, еден врз друг.
Варијанта им е и тоа да „отидат” и подлабоко (~9 м), па паркирањето да се изведува на два самостојни, подземни ката („минус еден и минус два”).
И третата, пиратска варијанта, е да се симнат само 4,5 метра под нивото на уличните тротоари, и да симулираат дека тука (понаѓомити) „ќе вградат” „незнамсикаковрубиковакоцка” систем за паркирање на коли, со што ќе ги задоволат општинарите за пропишаните паркинг места. Се разбира, оваа варијанта претпоставува дека по заминувањето на комисијата за технички прием и добиеното одобрение, таков паркинг систем никогаш не бидува вграден. А станарските автомобили, никогаш не бидуваат саглам паркирани!
Нејсе, да резимираме, како и да е, подземни работи им следат. Без оглед на нивото до кое ќе одат, ќе треба да извршат одводнување и осигурување на градежната јама, како предуслов за конзистентно темелење на градбата. Колку подлабоко, толку подолг процес на одводнување (се сеќавам, пред деценија цела, можеби, година дена интензивно исцрпуваа вода, за да ја исушат градежната јама на големана зграда, залепена на ТЦ Лептокарија).
Конкретно за објектот на Луна, на потегов во Дебар Маало, подземната вода, во зависност од влажноста пред градежната сезона, се појавувала од 4 па до 5,50, поретко на длабочина од 6 метра. Значи, ништо страшно. Освен, тоа што нашите инвеститори, љубат од подземната вода да направат баук. Од повеќе причини, а најчесто поради „тенката” финансиска конструкција. Или, пак, кога се работи за градба преку модел на соинвеститорство, тоа е добар метод, на имателите на плацот да им се дрпне уште малку од процентот или да се добие екстра продолжување на рокот за изградба. Без да се платат „пенали”.


Edited by OKA - 28-Sep-2010 at 08:24
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 31-Oct-2010 at 11:31


Деновиве вршат подготвителни работи. Претпоставувам дека се изработуваат неколку армирани бетонски столбови, кои треба да спречат смолкнување на земјиштето под некои постари објекти кои граничат со градежната маркица.


Edited by OKA - 31-Oct-2010 at 23:01
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 31-Oct-2010 at 13:45


Језиво изгледа. Кога околу мојата куќа го менуваа бетонираниот тротоар со павер тротоар, целата куќа се тресеше под ударите на багерот. Можам да замислам како било тука.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Nov-2010 at 14:45

Општината Центар мижи

за дивоградбите во Дебар Маало

На улицата Наум Наумовски-Борче, Пеце Наумовски заедно со уште една фирма гради станбена зграда на земјиште што, поради незапазување на рокот за изградба, требаше да го загуби уште пред повеќе од една година

 
 
%20  
Иако надлежните од општината Центар знаат дека на плацот на улицата Наум Наумовски-Борче, кој веќе одамна требаше да и биде вратен на државата, се гради, не презема ништо. Инвеститори на изградбата на објектот се фирмата ЦДМ „Комин Душко“, во сопственост на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кошаркар Петар Наумовски и неговиот татко Михајло Наумовски. Фирмата го купила земјиштето во 2002 година и се обврзала за година и пол да почне да гради. Но бидејќи на земјиштето веќе постоел објект, сопственост на Симеон Ризов, повеле судски спор. Судењето заврши во 2008 година во корист на семејството Наумовски. Пред два месеца, оператива најмена од градежниот инспектор на општината Милан Пижула, во три часот по полноќ со полициска асистенција ја урна бараката на Ризови, без да провери дека веќе е поминат законскиот рок во кој Наумовски требало да почне да гради. И општината и Министерството за транспорт и врски тогаш ветија дека на Наумовски ќе им се одземе плацот, поради тоа што не го испочитувале рокот за почнување на градбата, но сé уште не презеле ништо.

Семејството Ризови е револтирано поради нанесената неправда. Тие велат дека земјиштето скришно и без нивно знаење му било продадено на семејството Наумовски.

- Прво нас требаше да ни биде понуден плацот, поради тоа што бевме сопственици на веќе постојниот објект. Несреќата да биде поголема, ние воопшто не ни знаевме дека земјиштето се продава. Дознавме за ујдурмата откако добивме допис дека треба да си го урнеме објектот. Поднесувавме неколку жалби на судската одлука, но залудно, бараката ја урнаа, а татко ми остана на улица. Нема да се откажеме, ќе се обратиме и до антикорупциската комисија, како и до народниот правобранител. Мора на некој начин да нé обесштетат за катастрофата што ни ја направија - категорична е Соња Ризова, ќерка на сопственикот на бараката.

Од Министерството за транспорт и врски, надлежно за отуѓување на државно неизградено земјиште, пред еден месец ни изјавија дека е поднесена претставка до државниот правобранител, за враќање на плацот во државна сопственост. Но пред неколку дена се попишманија и ни соопштија дека претставка не поднеле, затоа што собираат докази против сопствениците на земјиштето. Дали ќе ги соберат пред да се изгради објектот не се знае.

- Во тек е постапката за обезбедување на доказните материјали, кои ќе бидат доставени до надлежните институции за да се преземат сите потребни законски мерки во случајот со плацот на улицата Наум Наумовски-Борче - велат од Министерството за транспорт и врски.

Семејството Ризови, пак, вели дека од канцеларијата на државниот правобранител добиле негативен одговор на прашањето дали Министерството за транспорт и врски поднело претставка за враќање на земјиштето на кое до пред некој месец стоеше нивната барака.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112101019301&id=14&setIzdanie=22122
 
 
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Nov-2010 at 11:28
Сликано од весник:


The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Nov-2010 at 11:39
Ова е огромно Nuts
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Nov-2010 at 12:43
Se prasuvam kade kje parkiraat koli?sigurno vo trotuar!Pa i nema mesto tamu kje se zadusat lugjeto Smile
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Nov-2010 at 13:01
Има две подземни нивоа. За едното од нив сум сигурен дека ќе биде паркинг. Инаку, десно од ова треба да дојде продолжението од Гринго, а лево ќе има мала дупка од околу 6 метри до заштитениот објект бидејќи тамошните сопственици не се согласиле да се вклучат во оваа зграда.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Nov-2010 at 18:33
Очекував некое интелигентно решение за скалестите, нивелациски висини (од 19,2 до 26 м) и посреќно архивизуелно интегрирање на фасадите, ама, тоа е... Бројноста и „мешовитиот” состав на староседелците, нивните различни апетити и нееднаквиот преговарачки капацитет, кој какво парче ќе добие од објектот - изродиле вистинско, архитектонско оригами!
Мене лично, понуденово на рендеров, ми е разочарување. Додуша, повеќе или помалку, очекувано, ама сепак, разочарување...

Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Nov-2010 at 11:25
Originally posted by OKA

Очекував некое интелигентно решение за скалестите, нивелациски висини (од 19,2 до 26 м) и посреќно архивизуелно интегрирање на фасадите, ама, тоа е...

Не ми е јасно, споени се повеќе парцели со различна висина на венец? Која е идејата овде!? Инвеститорот е еден или...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Nov-2010 at 12:35
Originally posted by Dave Gahan

...Не ми е јасно, споени се повеќе парцели со различна висина на венец? Која е идејата овде!? Инвеститорот е еден или...
Да се чудиш ама, така е!!! Всушност, погоре има измена на ДУП фајл, погледни.
Пеце Наумовски и... сè е можно!
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Nov-2010 at 14:48
Originally posted by OKA

Очекував некое интелигентно решение за скалестите, нивелациски висини (од 19,2 до 26 м) и посреќно архивизуелно интегрирање на фасадите, ама, тоа е... Бројноста и „мешовитиот” состав на староседелците, нивните различни апетити и нееднаквиот преговарачки капацитет, кој какво парче ќе добие од објектот - изродиле вистинско, архитектонско оригами!
Мене лично, понуденово на рендеров, ми е разочарување. Додуша, повеќе или помалку, очекувано, ама сепак, разочарување...



na renderot nisto ne se gleda, ama bas nisto, ama neli najbitno e da se ima negativen stav za sve i da se pluka, pa ako ispadne ubavo na kraj ne e ni tolku bitno.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Nov-2010 at 18:29
Originally posted by xnx

...na renderot nisto ne se gleda, ama bas nisto, ama neli najbitno e da se ima negativen stav za sve i da se pluka, pa ako ispadne ubavo na kraj ne e ni tolku bitno...
Па и јас тоа велам, де! Ништо не се гледа. Оти нема што да се види!
Уште една дежаву зграда: ред пиљари, ред кафулиња, малку канцеларии, станови со скалести бункери во поткровје... И влез во паркинг насред зграда.
Нејсе, плацот си има сајбии и нивно право е, може и таџ махал да си го градат. Ако им се посака. Само, ретка шанса е во МКД да се случи вакво окрупнување на градежни маркици, а архирезултатот сепак да е како да градат 4 раскарани браќа!
Мислам, драг мој xnx, се гледа тоа на брљотинава од рендер, сеедно што не е во 300 дипиај. И..., дек' ме најде мене оти сум бил негативен!? Па, јас спијам со „розови” наочари. Дури и на форумов најчесто „замарам” со претеран оптимизам! Ете, дај господе, зградава да испадне супер. Ама, ако рендерот со кој се обидуваат да ја продадат изгледа вака, тогаш што може човек да очекува дека ќе изградат!? New, smart building!? Ohno


Edited by OKA - 18-Nov-2010 at 18:45
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.