build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонска екокуќа

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Македонска екокуќа
    Posted: 25-Sep-2007 at 04:31

Научници од Македонија заедно со свои колеги од Италија, Шпанија, Унгарија, Србија, Црна Гора и од Бугарија презентираа палета на нови еколошки материјали што во иднина ќе се користат за изградба на екокуќи и ќе овозможат заштеда на енергијата. Преку овој проект, кој траеше последниве три години, Македонија се вклучи во идејата за единствен европски истражувачки простор, што инаку е приоритет на ЕУ во областа на науката. Еколошки прифатливите материјали се базираат на природни влакна и други продукти од обновливи извори што може да се рециклираат. Тие имаат добри механички својства како што се цврстина, отпорност, еластичност, а ќе бидат поевтини од бетонот, гипсените и картонските плочи и другите материјали што се користеа во градежништвото досега.
Новите производи првично ќе се употребуваат како градежни елементи за лесни објекти, бараки, преградни ѕидови, но ќе бидат применливи и во големи градби за нивната доработка, во внатрешното уредување, за мебелот и слично.
Координатор на проектот од ЕУ е Маурицио Авела од Институтот за хемија и технологија од Наполи, а за Македонија координатор е професорката од Технолошко - металуршкиот факултет, Гордана Богоева - Гацева.
- Основна задача ни беше да развиеме нови материјали што ќе бидат еколошки прифатливи, па затоа се ориентиравме кон употребата на таканареченото кенаф-влакно. Изработивме панели на база на кенаф, кое е едногодишно растение што го има во Англија, но се прават обиди да се прошири и во другите делови на Европа, бидејќи не е премногу чувствително на климатските услови. Успехот што го постигнавме со овие нови производи е токму во можноста тие да се рециклираат и повторно да се искористат - вели професорката Гацева. Екоматеријалите во иднина ќе ги произведуваат учесниците во проектот што ќе го добијат правото да ги патентираат. Во нашава земја тоа ќе биде Еурокомпозит од Прилеп.
Проектот екокуќи е дел од програмата за поддршка на меѓународните научно-истражувачки проекти на ЕУ. Вкупен износ за него е 1,39 милиони евра, од кои Македонија доби 260 илјади евра и со тоа оствари проект со највисок буџет досега во земјава. - Македонија првпат учествува во ваков проект со научно - истражувачка дејност. Особено е важно што преку него се обезбеди директна врска меѓу истражувачите и креаторите на политиката, така што овие две страни сега се приближија - рече Миле Јакимовски, директор на Управата за животна средина.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање најавуваат дека ќе се разгледа и можноста за даночни олеснувања за увоз на одредени материјали од градежната индустрија што се екопријателски.
Во земјите на Европската Унија, како и во Јапонија, Азија и САД, екоматеријалите се во многу понапредна фаза. Огромен број производи во овие земји веќе ја носат ознаката еколејбл.
Учесниците во проектот првично имале идеја да се изгради екокуќа во Охрид, но поради финансиски средства ја одложиле реализацијата за во иднина.
Во неколку европски земји веќе постојат цели еконаселби што служат за промоција на еколошкиот туризам.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1210&ArticleID=77855



Interesno!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Sep-2007 at 18:31
Сето тоа е убаво, ама многу е ружна... Dead LOL
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Sep-2007 at 01:15
Haha vo pravo si za toa....ne e bash 'privlechna' Tongue
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jul-2008 at 22:43
Еве нешто по привлечно за размислување

http://www.zazabava.com/content/view/2958/73/
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jul-2008 at 11:48
туку арно тоа што истражуваат, но додека видиме аир ние од тие панели ќе помине пола век барање инвеститор за таа технологија, плус истите тие влакна се планирани за интегрирање во полимери, па така тоа „ЕКО“ се мисли на хуман начин на рециклирање на пластика, преку градење панели за изолација, па така оној биолошкиот момент го нема, а доколку удри некој пожар тоа ептен ќе ја прочисти животната средина, освен ако не го сторат и огноотпорен матиријалот, што е тешко веројатно... нормално дизајнот на сликата кажува се - бегајте од бетон бујрум во пластика...

еве го проектот за кенаф влакната www.shd.org.rs/JSCS/Vol67/No12/V67-No12-07.pdf , во кој учествуваше проф.Богоева-Гацева од Институтот за органска технологија, професор на технолошки по предметите Индустриски полимери и Полимерите во уметноста

а еве и нешто по лесно разбирлива статија за својствата на кенаф влакната и композитите
www.fpl.fs.fed.us/documnts/pdf1999/rowel99b.pdf

интересен момент се она пловните острови и куќите од пластични шишиња кога веќе е муабетот околу рециклирањето, но незнам дали некој има доволно мозок за испарување за да живее во ваква куќа, за работа или туризам и некако, но за живеачка се сомневам иако има и исклучоци - BOTTLE HOUSES - 


а и има и ектра хипи исклучоци

Back to Top
GoldenBoy View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GoldenBoy Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Nov-2008 at 21:16
beTon: благодарам за информациите и за линковите.
 
Сепак сметам дека е добро што се вршат испитувања.  И не би рекол дека е толку тешко и толку долгорочно да се дојде до инвеститори.  На крајот на краишата, доколку е профитабилно, речиси секогаш ќе се најде venture capital. 
 
Но посебно ми е драго дека во вакви проекти учествуваат наши стучњаци како проф. Богоева-Гацева.  Не ја познавам лично но имам слушнато се’ надобро за неа!   Се надевам дека на крајот ќе има и практичен резултат од оваа технологија.
   
 
 
Back to Top
tanja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tanja Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Jan-2009 at 15:15
beTon

Ме интересира ако знаеш кој е коефициентот на термичка проводливост на ѕидот од флаши, не можам никако да најдам таква информација на нетов.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Jan-2009 at 02:20

здраво Тања види не дека нема нешто на нет, но за полесно пребарување користи комбинирано и наводници, како би добила резултати за цели фрази. еве нешто што најдов на нет па ќе одвојам од тој документ пасус кој ќе ја разреши донекаде твојата дилема, но ќе пробам и јас да нафрлам некои информации кои ги имам во глава, па ако можеш од истите извлечи некое нзс!

http://arch.ced.berkeley.edu/vitalsigns/res/downloads/rp/thermal_mass/mass-sml.pdf
Heat transfer modes
Three methods of heat transfer between the mass and the environment can occur—by near infrared radiation (from the sun), by far infrared radiation (from/to all terrestrial sources), and by conduction/convection (from/to fluids or solids at a higher/lower temperature). The magnitude of the temperature difference determines the rate of heat flow—the greater the difference, the faster the flow.
Thermal mass exposed directly to the sun, unlike most other building materials, is effective in absorbing and storing a great deal of the radiant energy. Similarly, mass exposed to terrestrial radiant sources (such as lamps, people, and equipment) will absorb and store a large amount of the radiation. When the mass’ surface temperature exceeds those of the air and adjacent surfaces, the mass will experience a net conductive/convective and radiant loss to its surroundings. Mass will gain heat by conduction/convection from a warmer fluid or solid and will likewise lose heat to a cooler fluid or solid. This trait is especially important during a building’s cooling cycle when thermal mass is flushed with fresh air.
Heat transfer process
Heat flows from warm objects to cool objects by radiation, conduction, and convection. In a thermal mass this is a four-step process.
Step 1: Heat is radiated to the surface of the mass by a warmer object (the sun, people, lights, equipment, etc.).

Step 2: Heat is conducted from the warmed surface to the cooler interior of the mass.

Step 3: When the mass surface becomes warmer than other objects in the room, it radiates heat to them. Step 4: Heat from the warmer interior is conducted to the cooler surface. For mass to be effective this process must occur in a time frame that approximates the thermal cycle of the building—usually a diurnal cycle.
The thermal mass affects both the occupants of and the air temperature in a space. To be comfortable, people need to lose heat, through radiation (R), conduction/convection (C), and/or evaporation (E). This rate of heat loss should equal the rate of heat gain through metabolic (M), radiant (R), and conductive/convective (C) processes to maintain comfort over the long term. When conductive loss to cool air and radiant loss to cool surfaces are too rapid, discomfort results— likewise, for gains from warm air and warm surfaces (including the sun). Thermal equilibrium, which is equivalent to long-term human comfort, is described by the formula:
M ± C ± R - E = 0
Conductive heat loss to a material can be sensed by touching its surface with our fingertips or the back of our hand, but this simple test may not reveal its value as thermal storage. Our skin temperature is ordinarily above 80°F, so we sense a loss of heat to surfaces that are above desirable room temperature for heating (65–70°F) and skin temperature. These “cool” surfaces are actually providing valuable thermal comfort. Remember, we must be losing heat at a moderate rate in order to remain comfortable. 
Ideal thermal mass 
In order to be effective as a thermal mass, a material must have a high heat capacity, a moderate conductance, a moderate density, and a high emissivity. It is also important that the material serve a functional (structural or decorative) purpose in the building. 
Among common building materials, wood does not make a good thermal mass because it not only has a low heat storage potential, but is also not very conductive. Therefore, heat is not conducted readily to the material’s interior to be stored for later use, but is rejected prematurely (as surface temperature rises) by radiation to cooler objects. Steel, while having a seemingly high potential for heat storage, has two drawbacks—its low emissivity indicates that a large majority of the incident radiation is reflected, rather than absorbed and stored, and its high conductivity signals an ability to quickly transfer heat stored in the material’s core to the surface for release to the environment, thus shortening the storage cycle to minutes rather than the hours needed for diurnal thermal tempering. 
Glass also seems to have a high potential for heat storage, but it is relatively transparent to near infrared radiation and reflective of far infrared radiation. Adding pigments to glass (especially blue and green) increases its ability to absorb radiation, which can become a thermal problem during the cooling season. In the case of both steel and glass, masses that are large enough to act effectively as diurnal thermal masses are so large, heavy, and costly that they are not practical. 
Concrete and other masonry products are ideal, having a high capacity for heat storage, moderate conductance that allows heat to be transferred deep into the material for storage, high emissivity to allow absorption of more radiation than that which is reflected. When sized properly, concrete is effective in managing diurnal energy flow. Conveniently, structural concrete and thermal mass share common dimensions, so there is no wasted mass when building a structure.
Water is also effective as a thermal mass in that it has high potential heat storage and it can be effective in a diurnal thermal management scheme. Water use is more problematical in that, unlike concrete, it serves no structural purpose in construction, but when stored in clear or translucent containers can provide light and/or views through the (normally opaque) thermal mass.

The earth as thermal mass

On the global scale the earth acts as an effective thermal mass...

од горниов муабет ќе извлечам заклучок дека овие шише ѕидови се прилично енергетски ефикасни, значи доклку се оди на стаклени шишиња зиме мирен ќе биде сонот, а и лете доколку стаклото е обоено како што е наведено горе, но доколку истите шишиња одат во комбинација со вода способноста на овие ѕидови за задржување на топлината ќе биде уште поголема!

еве и една мала но информативна дискусија околу тоа дали и колку се шише куќите енергетски ефикасни, коментарите се во продолжение на статијата Recycled Wine Bottle Building Wins Energy Grant - www.treehugger.com/files/2007/03/recycled_wine_b.php...

има и една друга комбинација, а тоа е вакумирани шишиња односно пластичен вакумиран ѕид, кој би имал својство на термос односно теоретски најдобра изолација, со оглед дека термалната кондукција не е возможна во вакум , такаречи термос куќа, само треба евентуално и споевите помеѓу шишињата да се заварат некако со силикон Smile сепак ова и нема да беше баш толку едноставно и ефтино да не постоеја рачните вакум пумпи сега претежно електрични, еве и за нив нешто инфо како би останал муабетов сеуште и еколошки и економичен! во ваков случај најбрзо и најлесно решение би била алатка како Vacu seal од топ шоп која можеби треба да биде поефтина [1][2][3] но добро во однос на VacSy машинката на цептер е прилично поприфатливо решение(патем цената на цептер машинкава кај нас е во евра Smile), а и подобро две него една, но незнам која држи повеќе, со оглед дека ќе треба поприлично вакумирање шишиња!  

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Jan-2009 at 19:31

добро ова горе репликава е повеќе обид да дадам одговор на прецизно прашање но малку ја извртев работата бидејќи истото ова прашање и не е баш нај прецизно, односно гласи која е термалната проводливост на шишеѕид, сепак вредностите за стаклото се едни а за пластика други, во случајов за стаклени шишиња трети, со оглед дека кај шишињата се работи за повеќе слојни бариери од стакло а и во различни бои.

она формулата горе не дека нешто многу ќе помогне но ајде колку да се рече дека теоретски постојат услови да се пресмета енергетска ефикасност на ваква куќа, но со оваа равенка а и со која било друга многу тешко би се добиле точни вредности за простор со стаклени ѕидови исполнети со вода, или пак стаклени ѕидови исполнети со земја итн. лично јас би одел со вакумираната комбинација со оглед дека е далеку по изводлива и побезбедна него шишињата да се полнат со вода или земја...!

инаку испуштив да додадам која е термалната проводливост (U фактор) на пластично шише, PET Bottle Grade -U factor: 0.24 W/m2

Back to Top
tanja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tanja Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Jan-2009 at 10:51
беТон, фала многу за информациите.
многу се радувам кога ќе сретнам човек желен и спремен да сподели знаење и идеи со другите. Smile
Smileпоздрав!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Jan-2009 at 14:41

 повели и друг пат, патем Добредојде на билд, каде за среќа има и ваков подфорум каде може да се удри на едукација и совети, не дека другите не се едукативни, но овој некако повеќе лежи за таков!

инаку не би рекол дека имам знаење за оваа област колку што знам за што се работи и кои информации каде да ги барам за да нешто поднаучам, што повторно е далеку од процесот на изведба(пракса), па затоа и немам право да сметам дека нешто знам, се додека не се нафатам пример во случајов да направам бар една колиба или во најмала рака шупа од пластични  или стаклени шишиња, а плус сеуште имам некои недоумици околу досега набројаните комбинации за флаширана куќа, односно доколку се оди на спрат дали статиката повторно мора да се обезбеди со столбови или колку е опасно да се живее во вакум доколку се оди на комбинацијата која ја предложив, исто сомнително ми е колку одреден метод е отпорен на сеизмичка активност и како истиот да се осигура во однос на таква појава или колку е реално вакумиран ѕид да експлодира...
недоумици на кои сигурно може да се изведе одговор или веќе некој го има изведено до сега со оглед дека америте веќе некое време го тимарат овој тип на градби, во најмала рака бар тргнувајќи од тоа дека мораат да ги проучат како би си го заштитиле културното наследство.  исто верувам дека меѓудругото и вака се бара чаре како да се здомат многу луѓе во иднина и еколошки и креативно-уметнички, а воедно и енергетски ефикасно, бар оние луѓе на северната хемисфера, и повторно доколку во иднина не замине приказната со глобалното затоплување до точка на вриење, што мене и така далеку не ми е од памет LOL поздрав! 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Jun-2011 at 22:50

...

Архитект Ненад Раѓеновиќ од “Студио Р#, кое ја конструираше куќата, смета дека проектирањето со вакви материјали не се разликува многу од она со вообичаените и наоѓа сличности со гипс-картонските плочи. “Идејата беше да се направи монтажно демонтажен систем на градба кој ќе биде и комерцијално прифатен од градежната индустрија. Работата на еден ваков проект е големо искуство за нас. Горди и задоволни сме што учествувавме во него, познавајќи ги проблемите што ги има планетата. Се надеваме дека во истиот состав ќе продолжиме со нов проект#, вели Раѓеновиќ и појаснува дека овие материјали засега можат да се применат само во изградба на индивидуални куќи со приземје и кат. “Треба прво да се дефинира што е тоа еколошка архитектура, која како етикета во Европа и кај нас не постои. Мислењата се поделени меѓу тоа дали принципот и приодот кон еколошката архитектура е во моделот и сфаќањето на самата архитектура, или во материјалите што се применуваат во објектите. На Европа сега засега во преден план £ се материјалите, така што и овој проект е поблиску до тој концепт. Добивме еден рециклирачки материјал, апсолутно без штета за животната средина#, објасни тој. Раѓеновиќ оценува дека сега овој материјал не дозволува да се изведе некоја футуристичка архитектура, но смета дека идејата на научниците е веројатно утре да се дојде и до такви резултати. Сања Раѓеновиќ од истото студио вели дека од овие материјали во комбинација со други би можела да се добие и посовремена архитектура, но во тој случај нема да биде сто отсто еколошка. “Со материјалот, ваков каков што е, има одредени ограничувања во проектирањето, но постои тенденција тој да се развива понатаму#, нагласува таа. 

Нема причини ваква куќа, која сега е само во форма на макета, да не биде видена на нашите простори, смета професорката Гордана Богоева-Гацева. Ова свое очекување таа го базира на податокот дека меѓу партнерите во проектот има индустриски производител кој покажа дека е во состојба да ги произведе градежните материјали, и архитекти кои пресметаа и покажаа дека од овие елементи навистина може да се изведе екокуќата. “Во рамките на нашиот проект уште на самиот почеток сметавме на еден реален компромис - на ниската цена на природните влакна како суровина, зајакнувачка компонента, и на релативно повисоката цена на дел од полимерните материјали кои ги користиме како врзиво. Од друга страна, кога се зборува за цената на тие материјали, апсолутнио треба да се искалкулира и придобивката од добивањето на екоетикетата, затоа што во европски рамки, таа носи многу бенефиции. Во тој дел треба повеќе да се ангажираат производителите, во нашиот случај го има само еден, “Еурокомпозит#, кој преку производството на тие материјали може да има бенефит#, оценува таа.

Во нашата легислатива, пак, се прават првите подготовки за тоа екокуќите да станат реалност. Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска од Министерството за животна средина и просторно планирање објаснува дека со практичното применување на овој проект може да се поврзе и иницијативата на Владата за разгледување на можноста за промена во даночната политика во градежниот сектор. “Таа задача му е доверена на Министерството за економија кое треба да ја испита физибилноста на еден таков пристап и да го процени значењето на таа мерка за буџетот на државата. Се надеваме дека во постапката на меѓуминистерска консулатација ќе биде побарано мислење и од нас, а ние тогаш ќе иницираме во тоа решение да се вгради и аспектот кој беше предмет на проектот екокуќа#, рече таа. Исто така, МЖСПП предлага како критериум во идната методологија за изработка на просторните планови да се внесе и можноста за одредување локации на кои ќе се градат еколошки куќи. Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска смета дека иако е направена со друга цел, во таа функција може да биде и измената на Законот за заштита на животната средина со која се овозможува Македонија да се вклучи во трговијата на пазарот на ЦО2, како земја корисник на таканаречени проекти согласно со механизмот за чист развој. “Со таа измена даваме можност за фактичка имплементација на проекти во чиј склоп влегуваат и тие од енергетска ефикасност, каков што е и овој

...

http://www.eko.net.mk/news/newsDetail.asp?vestId=2829

Еколошките градежни материјали да станат и наша иднина

Името на меѓународниот проект на кој работите, а кој треба да заврши на крајот на септември е ЕЦО-ПЦЦМ. Што означува таа кратенка и од каде дојде идејата за реализирање на ваков проект? 

Кратенката ЕЦО-ПЦЦМ доаѓа од насловот на проектот “Екокуќи на база на екопријателски полимерни конструкциони композитни материјали#. Финансиран е од Европската унија во рамките на ФП6 програмата за поддршка на истражувачки проекти и спаѓа во приоритетното подрачје на проекти за одржлив развој, одржливи енергетски системи и поддршка на фаворизирање одржливи материјали. Проектот е со вкупен буџет од 1.390.000 евра, пари од Европската унија.

Технолошко-металуршкиот факултет е носител на идејата за проектот ЕЦО-ПЦЦМ. Според правилата на Европската унија и ФП6 програмата, координатор на проектот мора да биде земја-членка на Унијата, па затоа кај нас во улогата на координатор се јавува научен институт од Италија. Идејата за проектот потекна од нашата повеќегодишна соработка со координаторот д-р Маурицио Авела од Италија.

г Велите дека преку овој проект Македонија се вклучува во градењето единствен европски истражувачки простор во кој се поттикнува тимското работење и градењето научно-истражувачки мрежи. Кој с¢ учествува во овој проект? 

Партнерите на проектот ги најдовме според поставениот концепт за развој на нови, еколошки композитни материјали кои ќе можат да се рециклираат и да се употребуваат како нов производ. Во активностите се вклучија вкупно 12 земји од Европа. Координатор на проектот е научно-истражувачки институт од Неапол, Италија. Во работата се вклучија и една италијанска фирма којашто развива и произведува предформи за композитни материјали на база на природни влакна, една фирма и еден научно-истражувачки институт од Шпанија, како и партнери од Унгарија, Бугарија, Србија и пет фирми од нашата земја.

г Која беше целта на проектот ЕЦО-ПЦЦМ и како течеше истражувачката работа? 

Основна задача на проектот е развој на нови еколошки прифатливи композитни материјали кои се на база на природни влакна или се зајакнати со други природни продукти од обновливи ресурси. Нашата идеја беше да се ориентираме кон употреба на таканареченото кенаф влакно. Тоа е многу благодарно растение кое успева главно во топлите краишта, но има обиди да се прошири и во северните делови на Европа зашто не е чувствително на климатските услови. Тоа дава плод во вид на влакно, но и другите делови на растението може да се употребат како зајакнувачка компонента кај композитните материјали.
Сакавме да искористиме и земјоделски отпад од нашата земја, како оризовата арпа која кај нас с¢ уште многу малку се користи како готов производ. Исто така, сакавме да направиме и конструкционен композитен материјал кој по употребата ќе може да се преработи и да се искористи повторно за слична намена. За таа цел се определивме за неколку типа полимери, дел од нив биоразградиви. Како репер употребивме полипропилен кој е евтин, термопластичен полимер и кој лесно и успешно се рециклира. Почнавме од суровини кои претрпеа хемиски анализи, карактеризации и модификации. Дел од работата се изведуваше во нашите лаборатории, дел кај нашиот координатор во Италија, а дел во другите лаборатории. Сите партнери во проектот си имаа своја работа во одредено време.
Потоа преминавме на прединдустриски испитувања, кога се вклучија нашите индустриски партнери. Тогаш требаше да се одредат оптималните услови за процесоирање на новите типови материјали и тоа со искористување на постојната технолошка опрема. Огромен придонес во проектот тука даде фирмата “Еурокомпозит# од Прилеп зашто поголемиот дел од пресуваните композитни материјали беше изработен во таа фабрика. Предформите за композитните материјали ги изработуваше фирмата “Кефи# од Италија која се занимава со преработка на кенаф влакно за различна намена. Паралелно се правеше карактеризација на сите панели и плочи во Шпанија, во “Еурокомпозит# и во Институтот за испитување на градежни материјали во Скопје. Сите испитувања покажаа дека сме добиле палета добри производи кои можат да бидат употребени како градежни елементи за лесни објекти, бараки, преградни ѕидови, панели и друго. Ги подложивме и на одредена механичка преработка и понатаму ги искористивме за изработка на малтери. Успехот што го постигнавме најмногу се согледува во можноста тие материјали да се рециклираат.

г Што точно означува терминот екокуќа во поглед на одржливоста? 

Во архитектурата пред десетина години се појави една нова насока, екоархитектура, која кај градбите не ја гледа само нивната естетска вредност, туку ги вреднува како компоненти кои се дел од животната средина и кои треба да задоволат одредени критериуми за одржлив развој. Тоа подразбира одредена заштита на објектот од бучава, максимално искористување на сончевата топлинска енергија, одредени правила за вентилацискиот систем, за елементите што ќе бидат вградени и тоа од аспект на нивната пренамена, рециклирање и повторно искористување. За оценка на тој аспект на нашите производи користевме една компјутерска програма за определување таканаречерни екоиндикатори. Секој материјал може да биде подложен на пресметка за вредноста на тој екоиндикатор. Тука се зема предвид цената на суровината, производството, транспортот, отпадните гасови и други параметри кои влегуваат во основата за пресметка на екоиндикаторите. Пресметките покажаа дека нашите производи се еколошки попогодни од оние што денес стандардно за таа намена се користат во градежништвото.
Во делот на анализите на еколошките аспекти на новите композитни материјали се вклучи една фирма од Унгарија која се занимава токму со таа проблематика и со одржливиот развој. Се вклучи и нашето Министерство за животна средина и просторно планирање во делот на развој на стратегија за оценка на еколошките аспекти на материјалите.

г Проектот се приведува кон крај. Се исполнија ли Вашите првични очекувања во поглед на истражувањата? 

Мене, како координатор на проектот за Западен Балкан, особено ми е драго што реализиравме плодна соработка меѓу партнерите во Македонија зашто мрежното поврзување во вакви проекти кај нас с¢ уште е реткост. Беше убаво колегите да увидат што значи солидна финансиска поддршка која овозможува да се реализира секоја замислена идеја. Од вкупната сума на проектот за Македонија се издвоени 260.000 евра.
Технолошко-металуршкиот факултет од проектот доби 80.000 евра, пари кои ги наменивме за набавка на два современи инструмента за термичка и за термо-механичка карактеризација на полимерни материјали од различни видови, како што се пластичните маси, композитните материјали и влакната. Така, на нашиот факултет се оформи Лабораторија за термичка и термо-механичка карактеризација на полимерни материјали. Со тоа се осовременува и образовниот процес за студентите на ТМФ што особено ме радува. Од нашиот факултет во проектот учествуваат и доцентите д-р Анита Грозданов и д-р Александра Бужаровска.
Од нашата работа, бројните претставувања и публикации во светски познати списанија очекуваме да произлезат патенти. Со фактот дека сме потпишале договор со ЕУ, сопственици на патентот стануваат сите учесници во проектот, со акцент на производствените капацитети.

г Дали екокомпозитите се новина и во светот или таму веќе се употребуваат екопријателски градежни материјали? Каква е состојбата во Европската унија? 

Во Европската унија, како и во Јапонија, Азија и во САД екоматеријалите се во многу понапредна фаза. Огромен број производи кај нив ја носат ознаката еколејбл (етикета за еколошки производ). На кој било пребарувач на Интернет да испишете “еко-лејбл# ќе видите колкава бројка на производи ќе добиете и од кои земји. На пример, “Ауди#, “Мерцедес# и други производители на автомобили влегоа во програмата за изработка на што поголем дел од внатрешната козметика на нивните возила од рециклирачки материјали. Мислам дека “Ауди# уште пред неколку години ја промовира идејата за “автомобил којшто целосно е рециклиран#.

г Базирано на овој проект, каде ја гледате иднината на градежништвото? Може ли да се прогнозира дека екоматеријалите ќе ја преземат водечката улога пред класичните градежни материјали? 

Целосна замена не може да се очекува зашто тоа би било нерационално. На пример, при изградба на една стокатница мора да останат во примена стандардните материјали, како металните и армиранобетонските конструкции. Но, с¢ повеќе во светот во уредувањето на ентериерот се употребуваат различни преградни панели изработени од екоматеријали. Во Италија постојат фирми што произведуваат мебел од биоразградиви полимери со различни природни суровини, кој е естетски многу прифатлив, а достапна е и неговата цена.

г Колку време ќе £ треба на нашата земја, на нашите сограѓани да се навикнат на идејата дека екоматеријалите се всушност дел од иднината на градежништвото? 

Сметам дека добар маркетинг ќе помогне граѓаните и производствените капацитети да се заинтересираат за екоматеријалите. Треба да се донесат и некои законски олеснувања за производите што ќе носат еколејбл за производствените капацитети да се заинтересираат за масовно производство. Од технолошки аспект, сите истражувања покажаа дека новите екоелементи може да се произведуваат со постојната опрема, без да има потреба од нови, големи вложувања во технолошкиот процес на производство.
Во нашата земја веќе се работи на подигање на јавната свест, особено кај младите, за потребата од користење на екоматеријали како нужност во модерното живеење. Тој тренд треба да продолжи, а употребата на екоматеријали да стане наша иднина.
Во септември ќе имаме работилница на која ќе бидат претставени конечните резултати од нашиот проект, макета на една екокуќа и примероци од елементите што се веќе индустриски произведени. На работилницата ќе бидат присутни и еврокомесари од Брисел.

г Може ли во блиска иднина да се очекува да се изгради првата екокуќа или евентуално да никне и вистинска еконаселба во нашата земја? 

Финансиската поддршка што ја добивме за проектот не предвидуваше масовно производство на екоматеријалите. Сепак, имавме таква идеја и се договаравме дека ако се најде можност преку некој друг проект да направиме екокуќа, а тоа да се случи во Охрид. Одлично би било да се направи и цела еконаселба во нашата земја, особено во туристичките региони. Такви населби веќе постојат во неколку европски земји каде што се промовира екотуризам. Кај нас ова е почетокот, сега лансираме нешто ново, повеќе типови разградливи рециклирачки конструкциони елементи кои можат да ги заменат стандардните нееколошки материјали кои денес масовно се користат.

Елена Кузмановска http://www.eko.net.mk/news/newsDetail.asp?vestId=2814




Edited by Max - 29-Jul-2011 at 01:16
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Jul-2011 at 01:16
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2012 at 21:32


Japanese Electronics company NEC has developed a PLA/kenaf composite resin with 90% biomass, produced by Unitika, to replace glass reinforced polycarbonate composite for cellular phones, commercialised since 2006. Other developments by NEC are a flame retardant PLA for personal computer housings, a shape-memory PLA composite based on thermoreversible crosslinking, and heat conductive PLA composites based on carbon fibre modified PLA for mobile phones and notebook PCs. The company used renewable raw materials at 10% of its total polymer needs in 2010, and aims for more beyond that... www.nova-institut.de/download/bwr8_2011[1]




http://www.nec.co.jp/rd/en/innovative/bioplastics/03_1.html

books.google.com/books?id=HJqjEZmDbAQC&pg=PA103

http://www.kenaf.biz/uses.htm

заедно со јута-та, кенафот е квалитетна замена и за експлатацијата на дрво за хартија
biological efficiency of jute or kenaf is much higher than that of wood plants, and hence the usage of jute in place of wood to make paper pulp will reduce the cost of production to a large extent. It will also reduce the necessity of cutting down of trees, i.e. deforestation http://www.jute.org/ecology.htm


а корисен и за по' вондредни импровизирани услови
Dobili smo različite predloge, a moj omiljeni je bila ideja da se na jednoj parceli zasadi vrstu trske - kenaf (Hibiscus cannabinus), koja raste 5m mesečno u visinu, a zatim, kada medicinska ekipa dođe četiri nedelje kasnije, poseče sredinu polja trske, ostavi pojas umesto zida i postavi šatorsku konstrukciju za krov. Kenaf koristi i kao hrana koja je veoma važna kada bolujete od HIV-a.
http://www.gradjevinarstvo.rs/TekstDetaljiURL/Arhitektura_za_%C4%8Dove%C4%8Danstvo_-_najve%C4%87a_mre%C5%BEa_odr%C5%BEivih_projekata_za_ugro%C5%BEena_podru%C4%8Dja_i_zajednice_(video).aspx?ban=820&tekstid=969


Edited by Max - 22-Feb-2012 at 13:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Mar-2012 at 17:00

http://sumai.panasonic.jp/kenaboard/ [1]

...
Composite applications
Processing technology has made great strides since the early years. Kenaf has already been used in commercial applications such as composite boards, automotive panels, insulation mats and geotextiles. Major global corporations such as Toyota Motor Corporation and Panasonic Electric Works have taken the lead in the global kenaf industry. Toyota has developed kenaf fibres for automotive interior applications, and Panasonic, a structural wall board to replace timber-based plywood. The kenaf board is far stronger and lighter than plywood.
...
http://www.jeccomposites.com/news/features/biocomposites/kenaf-fibre-future-harusmas-experience


http://www.martinoberghinz.eu/index.php?/installations/panasonic--fuori-salone-2010/ [1][2]



http://myslowdesign.com/index.php/2011/01/12/good-design-2010-sustainable-award-material/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Mar-2012 at 17:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Apr-2012 at 22:43


слика од прототип  куќата од проектот  на страна 5 од http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Hemeroteka%2024-26.09.2007.pdf [1][2][3]

интересно пишувале за "македонската еко-куќа" и time и gate - наведено на крајот од извештајов http://cordis.europa.eu/documents/documentlibrary/126376171EN6.pdf 


Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Nov-2014 at 15:11


NEC bioplastic standard: a plastic that uses more than 75% biomass (plant based material) within its organic material (resin and organic additive agents).

http://www.nec.com/en/global/environment/featured/bioplastics/

   
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.602 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.