build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортска сала Партизан-Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Спортска сала Партизан-Карпош
    Posted: 28-Dec-2019 at 20:26
Реконструкција на салата Партизан во Карпош

--------------------------------------------------------
Партизан обединува“ во дворот на спортската сала „Партизан“ во Карпош 4./галерија

Карпошани денеска на пладне се собраа пред спортската сала „Партизан“ во населбата Карпош 4, за да го одбележат враќањето на овој култен спортски објект во владение на Општината, која најави дека ќе почне со активности за негова ревитализација.

На настанот присуствуваа градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, претседателката на меѓународната невладина организација „Културно ехо“, Симона Димковска, директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, како и проектантот на спортската сала „Партизан“, Трајко Димитров, истакнат македонски архитект.

Во продолжение слики од моменталната состојба со салата







Ова е веројатно идејното решение



https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Feb-2020 at 14:33
ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБРАА ИДЕJНИОТ ПРОЕКТ ЗА „ПАРТИЗАН“






Завршена е анкетата за избор на идеен проект за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ позната како „Партизан“. Во периодот од 08 – ми до 18 – ти февруари, преку веб страната на општината гласаа 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, вкупно 878 доби идејниот проект кој е подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.Идејниот проект кој беше подготвен од Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски доби 444 гласови.

Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо“. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст.

Општина Карпош, избраниот идеен проект ќе го достави до Агенцијата за млади и спорт, при што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата.

Изборот на идеен проект ја потврди заложбата на локалната самоуправа за вклучување на стручната јавност, граѓаните и организациите во носењето на одлуки.
„Партизан“ е култен спортски објект, којшто трајно се заштити, а Карпош го доби на трајно користење.

https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Jul-2020 at 12:45
Проектот за „Партизан" во завршна фаза



Во завршна фаза е изработката на основниот проект за реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски – Борче" (Партизан) во Карпош 4.
Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека граѓаните го избрале идејното решение подготвено од Меѓународната НВО „Културно ехо", кое е пред финализација и конечна верзија на основен проект.
Општина Карпош извршила проверка и на статиката на објектот. Констатирано е дека салата е во добра статичка состојба и не е потребно нејзино уривање до темел, туку реконструкција на делови од објектот и инсталациите.

Агенцијата за млади и спорт ќе ги почне активностите за реконструкција на овој култен спортски објект.

– Како резултат на иницијативата на Општина Карпош овој простор е трајно заштитен, и тој сега е во владение на локалната самоуправа, а патем се преземаат активности за што поскоро негово повторно враќање во функција на спортот, соопштуваат од локалната самоуправа.

Во целиот овој процес е вклучен и проектантот на салата архитектот Трајко Димитров, кој со своите совети и мислења придонесува овој објект да добие нова вредност.

https://kanal5.com.mk/proektot-za-partizan-vo-zavrshna-faza/a429925
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Jun-2021 at 13:40
САЛАТА „ПАРТИЗАН“ УШТЕ СТОИ НЕЧЕПНАТА И РАЗУРНАТА, ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВЕЛАТ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ РЕНОВИРАЊЕТО



Спортската сала „Партизан“ во скопската населбата Карпош 4 уште стои нечепната, без никаква градежна активност за нејзино повторно враќање во функција како што неколку години најавуваат од Општина Карпош.

Пред три години од Општина Карпош најавија дека разурнатата сала повторно ќе биде култно место во Карпош, но реновирањето никако да почне. Најпрво од Општината чекаа Владата да им го предаде објектот, потоа се правеше проект, па се распишуваше анкета на која граѓаните требаше да го одберат решението. Мандатот на градоначалникот Стефан Богоев истекува за три месеци, а нема абер од почнување на градежните работи бидејќи уште не е готов основниот проект ниту пак е распишан тендер за избор на фирма изведувач.

Од Општина Карпош велат дека работат на овој проект и дека основниот проект е на финална ревизија по што ќе биде доделен на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и на Општина Карпош.

„Дополнително, ќе биде доставена и информација до Владата, за почетокот на реконструкцијата на објектот и Агенцијата за млади и спорт ќе објави јавна набавка за избор на изведувач. Претходно, општина Карпош го врати објектот во свое владение и тој простор повеќе не може да биде пренаменет за зграда или друга намена. Ова, исто така беше една од заложбите и ‘Партизан‘ сега е трајно заштитен“, велат од Општина Карпош.

Од Општината велат дека донесена е одлука за изградба на затворен пливачки базен кој ќе биде лоциран до салата „Партизан”, со што овој дел ќе прерасне во современ спортско – рекреативен центар.

„Овие денови го завршуваме и административниот процес за базенот, кој го финансира и гради Агенцијата за млади и спорт“, додаваат од Општината.

Спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Карпош 4, или позната кај скопјани како „Партизан“ е изградена во 1969, како донација на француската влада за обнова на Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963. Некогашната култна сала сега е разурната, искршена, во делови запалена, затрупана со бетон, цигли, ѓубре, шут, стакло.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/salata-partizan-ushte-stoi-nechepnata-i-razurnata-od-opshtina-karposh-velat-naskoro-ke-pochne-renoviraneto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Dec-2021 at 08:21
Избран изведувачот: Салата „Партизан“ за две години ќе им се врати подновена на карпошани

Избраната фирма „Спектартермо“ од Скопје, која ги исполнила критериумите од објавениот оглас, има обврска да подготви план за реализација и откако ќе ги заврши сите подготовки, да започне со работа, па во рок од 20 месеци Карпош и Скопје да ја добијат повторно во функција култната спортска сала.

„Спектартермо“ ДОО Скопје е градежната компанија што ќе ја обнови спортската сала „Партизан“ во Карпош 4. Агенцијата за млади и спорт, по објавениот оглас со кој бараше изведувач на работите, деновиве склучи договор со оваа фирма, која беше една од трите која со своја понуда се јави на огласот.

Еден од основните критериум за доделување на договорот беше најниската понудена цена, која е нешто пониска од проценетата вредност во огласот, односно со вклучен ДДВ изнесува 69.495.605 денари. На објавениот оглас покрај „Спектартермо“, учествуваа и „Еуровиа“ ДООЕЛ од Желино и „Бауер БГ“ ДОО од Скопје.

Избраната фирма, според договорот објавен на Јавни набавки, има обврска да подготви план за реализација и откако ќе ги заврши сите подготовки да започне со работа, па во рок од 20 месеци, Карпош и Скопје да ја добијат повторно во функција реновираната култна спортска сала.

Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, Општина Карпош ја започна на почетокот на 2019 година. По враќањето на салата во владение на општината, локалната власт во соработка со здружението „Културно ехо“ спроведе анкета за избор на идејно решение за реконструкција на салата. Идејните проекти беа подготвени од домашни и странски млади архитекти на здружението, а изборот преку анкета го направија граѓаните на Карпош. Карпошани најмногу, односно 878 гласови дадоа за идејното решение подготвено од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро. Врз основа на овој идеен проект, Агенцијата за млади и спорт потоа го работеше основниот проект.

Во меѓувреме, во мај минатата година, експертски тим предводен од Страшо Поповски, дипломиран градежен инженер и компанијата „АДИНГ“ АД Скопје, изврши процена на статичката стабилност и употребливост на салата „Партизан“. Притоа, тие утврдиле дека објектот е направен од армирано-бетонска конструкција, која е во генерално добра состојба, по што се констатирало дека нема значајни оштетувања на бетонот, што значи дека со санација на објектот и на неговите инсталации, „Партизан“ може повторно да се врати во функција.

Изработката на основниот проект траеше речиси две години, а тендерот за избор на изведувач беше распишан дури во септември годинава.

Спортската сала „Партизан“ е изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 година, како донација од Франција, а е дело на архитектот Трајко Димитров.

Веднаш до салата ќе биде изграден затворен пливачки базен, кој ќе можат да го користат учениците од општинските основни училишта, а во попладневните часови и околните жители.

https://www.slobodenpecat.mk/izbran-izveduvachot-salata-partizan-za-dve-godini-kje-im-se-vrati-podnovena-na-karposhani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jan-2022 at 14:34
Карпошани се одлучија за „Партизан“, а не за нови згради


Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, Општина Карпош ја започна на почетокот на 2019 година. Оттогаш се вложија сериозни напори за оваа спортска сала, која е дел од колективната меморија на скопјани да се врати во владение на општина Карпош, имајќи предвид дека со салата стопанисуваше приватен концесионер на несоодветен начин. По враќањето на „Партизан“ во владение на општината и со нејзината реконструкција, трајно се отстрани заканата на овој простор да „никнат“ нови згради

Најдоцна за две недели ќе почне реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош 4. На тендерот кој Агенцијата за млади и спорт го распиша во септември е избрана фирмата „Спектартермо“, со која е склучен договор вреден 75 милиони денари со вклучен ДДВ. Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, вели дека со реконструкцијата нема да се менува изгледот на салата која е со површина од 1.617 квадратни метри.

Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, Општина Карпош ја започна на почетокот на 2019 година. Оттогаш се вложија сериозни напори за оваа спортска сала, која е дел од колективната меморија на скопјани да се врати во владение на општина Карпош, имајќи предвид дека со салата стопанисуваше приватен концесионер на несоодветен начин. По враќањето на „Партизан“ во владение на општината, трајно се отстрани заканата на овој простор да „никнат“ нови згради.

Локалната самоуправа во соработка со здружението „Културно Ехо“ спроведе анкета за избор на идејно решение за реконструкција на салата. Идејните проекти беа подготвени од домашни и странски млади архитекти на здружението, а изборот преку анкета го направија граѓаните на Карпош. Агенцијата за млади и спорт го подготви основниот проект, по што објави јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција на салата.

Рокот на изведба на спортската сала е 18 месеци. Спортскиот објект е дело на архитектот Трајко Димитров, кој според првичната идеја требало да има два ката, но според добиените средства е реализирано приземје и еден кат. Во салата се играло одбојка, гимнастика, кошарка, борење, бокс, атлетика, слетови, ритмичко-спортска/модерна гимнастика, пинг-понг, стрелаштво и други спортски активности. Салата работела секој ден од 8 до 22 часот, со програма за сите возрасти, од деца од предучилишна возраст до највозрасната категорија.

Преку тогаш функционалното друштво „Партизан“, добар дел од рекреативните посетители на салата стануваат успешни професионални спортисти, освојувајќи голем број на медали, дипломи и плакети.

Покрај салата „Партизан“ треба да се гради базен. Мојсовски вели дека тендерот за базенот сè уште не е завршен.

– Претходно, тендерот беше поништен бидејќи цените наведени во него и добиените понуди, не соодветствуваа. Се јавија пет фирми со многу различни цени од наведената во тендерот, обелодени Мојсовски, додавајќи дека базенот ќе чини околу 43 милиони денари и ќе се гради паралелно со уште три затворени базени во Кавадарци, Чаир и Струмица.

Тој информираше дека се работи за типски школски базен според светски стандарди кој ќе биде со должина од 25 метри, широчина од 8 до 9 метри и длабочина од 1,2 метри, а ќе биде со површина од 641 квадратен метар.

Базенот ќе го користат, пред сè, учениците од основните училишта во Карпош, во рамките на физичко образование, а по часовите, попладне ќе можат да го користат и заинтересирани граѓани.

https://www.vecer.press/карпошани-се-одлучија-за-партизан/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Mar-2022 at 17:48
Донесени се некои контејнери во дворот,можно е наскоро да почнат со реконструкцијата





https://www.facebook.com/photo/?fbid=10224349253417348&set=pcb.5130065740382100
Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Mar-2022 at 10:32
Да го прочитаме првиот пост и да си поплачеме. Добро бе, какви ли се не луѓе седат (седеле и ќе седат) во институциите???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Apr-2022 at 18:39
Партизан повторно ќе биде место каде што ќе се афирмираат младите спортисти во различни спортови и од каде ќе произлезат многу нови спортски имиња. Реконструкцијата ќе чини 69.5 милиони денари, а инвеститори на проектот се Агенција за млади и спорт и Општина Карпош. Изведувач на градежните работи е фирмата „Спектатермо ДОО Скопје“. По целосната реконструкција на салата која е предвидено да трае 18 месеци, објектот целосно ќе биде ставен на располагање на карпошани.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Carpe diem
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 477
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Apr-2022 at 23:33
Одлична сала и одличен проект. Најголемиот проблем овде е кој дозволил салата да стане ваква?
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Apr-2022 at 23:13
ајде фала богу тргна работава
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.