Fine Holding |
Post Reply | Page <1 2728293031 33> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #561 Posted: 31-Dec-2021 at 18:39 |
Се чини дека Космос е преименуван во проект Cosmopolitan,а наскоро ќе почнат со изградба на Fine Premium Living
--------------------------------------------------------------------- Станбено-деловен објект „COSMOPOLITAN“ е првата зграда од комплексот FINE PREMIUM LIVING, оддалечен само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар. На само три минути пеш, се наоѓа Американскиот универзитет на Европа - ФОН и претставништво на Mercedes Benz. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија, со поглед на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар, градот Скопје започна изградба на нов булевар и нов мост. Станбено деловниот објект „COSMOPOLITAN“, кој што веќе е во финална фаза на изведба, се наоѓа во близина на најурбаната општина, Општина Аеродром, во непосредна близина на Хотел Русија од спротивната страна на реката Вардар, позади Американски универзитет на Европа - ФОН. Пристапот до објектот, но и до целиот комплекс FINE PREMIUM LIVING, е реализиран со новиот булевар кој е во тек на изградба од страна на „Град Скопје“. Новиот булевар, поминува покрај комплексот на FINE HOLDING, продолжува кон новиот мост кој што веќе се гради и ќе ги спојува новиот булевар со Булеварот„ Асном“ кај Хотел Русија. Во тек е и проектната документација на сервисни улици кои ќе бидат од корист и за комплексот и за жителите во околината. На само две минути со автомобил има неколку бензински пумпи, и за десетина минути веќе возите низ строгиот центар на град Скопје. АРХИТЕКТОНСКА КОМПОЗИЦИJА Во целина, објектот „COSMOPOLITAN“ претставува современа и модерна архитектонска и дизајнерска композиција, интегрирана во најпосакуваниот лендскејп на градот Скопје. Комплексот директно влијае и на забрзување на урбанизацијата на непосредната околина. Архитектонската композиција опфаќа: три нивоа на гаражен простор, деловен простор на приземјето и мезанинот, четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина, позиција и просторна ориентација, сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување. Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување КОНСТРУКЦИJА Станбено-деловниот објект „COSMOPOLITAN“ во конструктивен поглед претставува скелетно, армирачко-бетонски систем, односно, комбинација од столбови и платна, дефинирани во подолжен попречен правец, обезбедувајќи ја потребната крутост, цврстина и еластичност на системот. Кровот како завршен дел на објектот,истовремено е еден од најдоминантните елементи на архитектонското обликување на „COSMOPOLITAN“. Предвидено е да биде завршен со видиковец, со што архитектонски се добива една убава, елегантна кровна конструкција, со ускладена дизајнерска игра помегу трите ламели, а со ова решение се ублажува доминантноста на стерилната мансардна форма која вледее во околните објекти во градот. За квалитетот на вградените материјали, гарантираат инвеститорот, изведувачот и подизведувачот со опремата инкорпорирана во комплексот. Fine Premium Living ЗОШТО КОМПЛЕКС „FINE PREMIUM LIVING“ Изградбата на комплексот „FINE PREMIUM LIVING“ претставува нов тренд во архитектурата, затоа што се состои од сегменти и содржини со кои ќе се задоволат потребите на сите членови на семејството. Надвор од градскиот метеж, а сепак непосредно до центарот на Скопје, комплексот претставува урбано катче со целосна инфраструктура, модерно место кое ќе располага со супермаркети, градинки, продавници, простор за рекреација и уживање. Едноставно, овој комплекс внесува една нова, поинаква димензија во домувањето и претставува „град“ во Градот. https://fine.mk/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #562 Posted: 31-Dec-2021 at 18:42 |
од видеото
ротирачкиот ресторан |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #563 Posted: 07-Jan-2022 at 16:37 |
Компанијата „Фине“ станува FINE HOLDING
Како дел од промотивните активности, FINE HOLDING обезбедува подарок гаражен простор за секој којшто до Божиќ ќе купи стан во објектот „Космос“ Компанијата Фине ДОО се ребрендира и станува холдинг. Фине како компанија се појавува на македонскиот пазар во 2003 година каде првенствено се занимава со проектирање и изградба, продавање на станбени и изнајмување на деловни објекти, изградба и менаџирање на приватни студентски домови, угостителство. Денес, со проширување на своето портфолио FINE HOLDING овозможува услуги во различни области како што се домашна и меѓународна трговија, земјоделство, енергија, видео продукција и други компании кои се дел од овој холдинг. ФИНЕ и фамилијата Цаноски која е основач на оваа компанија е со семејна традиција од областа на градежништвото и претприемништвото кое датира повеќе од 60 години во македонскиот, европскиот и интернационалниот пазар. Дополнително, таа го услужува и сервисира Американскиот универзитет на Европа-ФОН, првиот приватен универзитет во Република Северна Македонија со ултра модерен студентски кампус од преку 30.000 м2, кој е исто така во сопственост на оваа групација Досегашната компанија Фине во изминативе 18 години постојано се надградуваше и развиваше, со што на крајот од оваа 2021 година прераснува во холдинг со повеќегодишно претприемничко искуство. „Фокусот на FINE HOLDING е постојан раст и проширување на можностите за дополнителен развој во Република Северна Македонија, како и можностите кои ги нуди регионалниот, европскиот и интернационалниот пазар. Горди сме што успеавме да опстоиме и покрај сите предизвици со кои се соочувавме во изминатиот период. Тие нè направија посилни, но истовремено ни овозможија да поставиме нови и повисоки стандарди во претприемништвото“, истакна М-р Сефер Цаноски косопственик на овој Холдинг. FINE HOLDING е инвеститор и на комплексот FINE PREMIUM LIVING, лоциран покрај самиот кеј на реката Вардар, во населбата Керамидница. Во рамките на комплексот, во завршна фаза е првиот објект „Космос“ , а дополнително во FINE PREMIUM LIVING се предвидени да се изградат уште 4 објекти во наредните 2 години. За изградба на целиот комплекс, во наредните две години FINE HOLDING ќе инвестира преку 20 милиони евра. Како дел од промотивните активности за ребрендирањето, FINE HOLDING обезбедува посебни поволности за сите оние кои се во потрага по свој нов дом. Па така, секој што ќе купи стан во стан во објектот „Космос“, промотивно до Божиќ добива подарок гаражен простор. ФИНЕ ХОЛДИНГ останува доверлив партнер за соработка, посветен на понатамошен развој, континуирано проширувајќи ги можностите за инвестиции во земјата и регионот. Како дел од промотивните активности, FINE HOLDING обезбедува подарок гаражен простор за секој којшто до Божиќ ќе купи стан во објектот „Космос“. https://makfax.com.mk/ekonomija/компанијата-фине-станува-fine-holding |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #564 Posted: 07-Jan-2022 at 16:38 |
Fine Holding со проектот “FINE premium living” го ребрендираше првиот објект “Космос” кој е во завршна фаза и станува "КОСМОПОЛИТЕН" со станбени простори за продавање и деловни објекти за изнајмување.
Во најава се и 4 нови проекти од “FINE premium living” кои ќе се градат во “Ќерамидница” покрај реката Вардар со местоположба помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. https://www.facebook.com/sefer.canoski |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #565 Posted: 07-Jan-2022 at 16:46 |
Веројатно новиот комплекс Фине Премиум Ливинг би требало да се гради на празниов потег малку посеверно од Космос
На крај ќе испадне дека Ќерамидница ќе има подобри комплекси од шаренилото што го очекува Ново Маало,Маџир маало и Крњево кое врпочем веќе донекаде е започнато. |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1110 |
Quote Reply #566 Posted: 08-Jan-2022 at 14:44 |
Подобри комплекси? Цел овој потег ќе биде како Београд на води од Алиекспрес. Прокоцкана шанса за нешто подобра урбанизација од скопскиот просек. Лош ДУП, преблиски маркици, лоша архитектура, тоа е се што ќе добиеме.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #567 Posted: 31-Jan-2022 at 12:53 |
Денешни,има уште доста работа на објектот прашање е дали годинава ќе го привршат однадвор.
Се работи на фасадата на источната и јужната страна |
|
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 456 |
Quote Reply #568 Posted: 31-Jan-2022 at 13:13 |
Grujo vrati se!
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #569 Posted: 03-Feb-2022 at 17:47 |
Малку постари од декември и еден рендер од компанијата изведувач на фасадата
https://www.facebook.com/Rafixdoel/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #570 Posted: 08-Feb-2022 at 16:12 |
Предизвикот на градоначалникот Боби Стефковски со реизградената дивоградба на Фијат Цановски
Во 2011 година беше срушена дивоградбата во тек на градба на фирмата “Фине” зад која стоеше тогашниот пратеник Фијат Цановски, во тоа време сват на медиумскиот магнат Велија Рамковски. Дивоградбата беше срушена со одлука на општината но и на судовите во сите истанци во време кога градоначалник на општината Гази Баба беше Тони Трајковски. По доаѓањето на СДСМ на власт, започна процес во кој власта преку правосудните органи под нејзина контрола сака да обезбеди милионска сума за себе преку конструираниот предмет од СЈО наречен “ТНТ”. Идејата на тогашниот владин врв и на Фијат Цановски е преку оваа постапка, а во директна изведба на СЈО а подоцна ОЈО и судиите Ставрев и Шабани прогласувајќи ги без никакви реални докази обвинетите за виновни, да обезбедат според некои проценки 20 а по други дури 40 милиони евра оштета, кој како плен се планираше да го поделат неколку луѓе, меѓу кои веројатно и самиот Фијат Цановски и веројатно оние кои му го овозможуваат тоа, помеѓу кои Зоран Заев како контролор на судството, судиите Огнен Ставрев (син на поранешен државен висок државен и партиски функционер за време на социјализмот) и Осман Шабани (оној кој го донесе на штаки Миле Јанакиески во суд брзо по извршена операција на коленото), а можеби некоја ронка од колачот би оделе и за некој во обвинителството, кои прават се за овој предмет без никаков доказ да го добијат. Понесени од моќта, воопшто не им пречеше фактот што претходно фирмата на Фијат Цановски кој ја градела дивоградбата во Гази Баба, обидувајки се да докаже дека работела законски и дека не гради дивоградба, ги загубила сите можни судски спорови на сите можни судски инстанци. Ниту пак им пречеше инволвираноста на поединци од опкружувањеро на Цановски во аферата Рекет 2, во која Боки 13 според обвинението бил почестен со одредена сума пари за да заврши некои не законски работи во нивна корист, а попатно преку неговата телевизија и да даде подршка на овој проект од кој блишти лакомост и корупција. Но каде Фијат “се претера”? Во тоа време градоначалник на општината Гази Баба е Борис Георгиевски од редовите на СДСМ и под контрола на Заев. Од друга страна, фирмата на Фијат Цановски при рушењето во 2011 година, иако имаше обврска да ги сруши темелите, очигледно со план, ако некогаш се сменат политичките околности, со помали трошоци да ја обнови градбата на огромниот станбен простор. За несреќа на Цановски, причината заради која објектот беше незаконски граден, па оттука и прогласен за дивиградба, е токму во незаконитоста би градење на подземниот дел и темелите. Имено, своевремено, кога била издадена градежна дозвола, таа предвидувала три подземни нивоа на гаражен простор и одредена утврдена висина или длабочина на ископот односно подземниот простор. Но, при копањето градежна јама, на одредени ниво почнала да се појавува вода. Инжињерите му кажале на Цановски дека тоа е решливо но дека ќе треба да инвестира дополнителни околу два милиони евра. Тогаш според информациите “досетливиот” Цановски, за да ги заштеди овие пари им дал инструкција наместо три нивоа подземни гаражи, да градат само две нивоа, и помала длабочина, односно градежната јама а со тоа и подземната градба да ја направат по плитка односно помалку длабока за околу еден метар и четириесет сантиметри и така да избегне поголеми трошоци од водата која се појавувала доколку се копа подлабоко Цановски кој во тој период беше пратеник, веројатно сметал дека “ќе ја заврши” работата со балкански политички методи или со пари, но излезе дека работите не одат така, бидејќи за некој да му потпишел измена на градежната дозвола треба да ризикува одење во затвор еден ден кога тоа ќе се случи. Но, тоа не му било проблем на градоначалникот на СДСМ Борис Георгиевски да не се противстави на повторната градба на објектот на истите темели од претходно. Па така, Фијат повторно го изгради објектот и дури почна да продава станови на граѓани кои не се свесни дека објектот според поранешните одлуки на општината Гази Баба и одлуките на сите судски инстанци е изграден на спротивно на Законот изградено подземје и токму таму лежи дивоградбата на овој проект. Не сме провериле како оди продажбата на станови во овој објект, но, очекуваме да видиме како сега ќе постапи новиот градоначалник на општината Гази Баба Боби Стефковски, кој веројатно знае дека и непостапувањето при незаконско однесување на правен субјект во општината е кривично дело исто како и незаконското постапување на градоначалник. Не се само неговото законско работење и углед во прашање, туку и угледот на партијата која го номинирала. Дали ќе ја реактивира кривичната пријава против одговорните лица во фирмата “Фине” бидејќи градбата продолжи на истите – стари темели-дивоградба и дали ќе постапи согласно одлуките на судовите или пак ќе одбере конформизам и не конфронтирање со власта и со инвеститорот кои сите знаеме дека се моќни, и политички и финасиски. https://infomax.mk/предизвикот-на-градоначалникот-боби/ |
|
Macko
Newbiе Joined: 15-Feb-2022 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #571 Posted: 15-Feb-2022 at 13:48 |
Дали се знае крајниот рок за завршување на објектот ?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #572 Posted: 15-Feb-2022 at 13:55 |
Имаше многу рокови но сите ги надминаа,со ова темпо можеби до крајот на годината би завршиле однадвор но сепак незнам со која динамика се работи во внатрешноста. За да биде се завршено минимум уште 1-2 години имаат работа. |
|
Macko
Newbiе Joined: 15-Feb-2022 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #573 Posted: 15-Feb-2022 at 14:04 |
Дали има некој којшто има купено стан, да сподели некоја информација ?
И дали има некаков план/ДУП за делот околу комплеков лево-десно од него? |
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 325 |
Quote Reply #574 Posted: 15-Feb-2022 at 15:43 |
Бев пред 4-5 месеци кога гледав станови (иако не ми беше прв избор таму, сепак отидов и погледнав). Во тој момент, добив перцепција дека внатре не се толку назад кога ќе се спореди со прогресот надвор. Сепак, ходниците, заедничките простории беа доста назад со динамиката, барем во тој дел каде што погледнав јас, јужната половина, поглед кон исток. Моја проценка: пред Јануари 2023 нема шанси да биде готово. Ако некој го интересира за цени, тогаш, септември лани, беа 1050 (со преговарање можеше веројатно да се спушти на 1020, 1030) и ми кажаа дека од 1 октомври ќе бидат 1100. Сега пред некој ден негде ми излезе 1100 и 1150.
|
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 325 |
Quote Reply #575 Posted: 15-Feb-2022 at 15:45 |
За дуп лево има, и на сајтот на Гази баба а и тука некој сподели, можеби во друга нишка (види Корнер ресиденс или некоја друга нишка за Ќерамидница) Има ако не се лажам и во Инфраструктура -> Градска инфраструктура -> Бул.АСНОМ + изградба на нов мост
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #576 Posted: 20-Feb-2022 at 18:21 |
Изгледа тоа најгоре е ротирачкиот ресторан:
|
|
За сè има вторпат
|
|
Macko
Newbiе Joined: 15-Feb-2022 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #577 Posted: 22-Feb-2022 at 09:19 |
Сериознен габарит, не изгледа лошо според мене, напротив грандиозно. Овој дел од ФОН до новиот мост мислам дека може многу убаво да се урбанизира и да личи, ама останува да видиме...
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #578 Posted: 22-Feb-2022 at 14:55 |
Да може да се среди целиот тој потег но за едно 10 години,земи в предвид дека околу Космос допрва ќе се гради малку североисточно од масивната зграда имаат предвидено нов комплекс од 3 згради.
Реално сеуште не е баш местото со домување освен ако се има желба за градилишта под прозор и куп кал и прашина,бучава и слично. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19660 |
Quote Reply #579 Posted: 18-Apr-2022 at 11:44 |
Carpe diem
|
|
Vire
Senior Member Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 349 |
Quote Reply #580 Posted: 18-Apr-2022 at 12:17 |
Онај ротирачкио ресторан му е сигурно инспирација од зградата во нови белград,од младоста шо му останал впечаток Што од друга страна доволно говорит за то шо еден транзициски лопов сметат за нормално и модерно.
Ако имат некое правно решение треба да се срушит гнасотијава,дури ни скопјани не го заслужвет ова... |
|
Post Reply | Page <1 2728293031 33> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |