build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Буџети на општините вон Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Буџети на општините вон Скопје
    Posted: 16-Jan-2022 at 14:55
Општините ќе располагаат со повеќе пари, но ќе има и поголема финансиска дисциплина и отчетност

Од годинава општините ќе добиваат повеќе пари со што треба да станат финансиски постабилни и на тој начин да испорачуваат подобри и поефикасни услуги за граѓаните. Со реформата за унапредување на фискална децентрализација предвидено е постепено до 2024 година општините да добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од ДДВ.

Поточно, сегашните три проценти предвидени приходи за општините по основ на данокот на личен доход треба да се зголемат до шест проценти во 2024 година, а стапката на дотација од ДДВ од сегашните 4,5 проценти да се зголеми на шест проценти во 2024 година.

Зголемувањето на приходите од данокот на личен доход ќе оди постепено. Поточно, годинава тој процент ќе биде четири, следната година пет проценти за веќе во 2024 година да достигне шест проценти.

Постепено зголемување ќе има и кај стапката на дотација од ДДВ така што таа годинава ќе изнесува пет проценти, во 2023 година 5,5 проценти и во 2024 година шест проценти.

Податоците покажуваат дека од 2005 до 2019 година, средствата за општините се зголемени од 5,9 милијарди денари на 37 милијарди денари. Сега, согласно закон, општините добиваат 2,8 милијарди денари преку дотација од ДДВ и преку данокот на личен доход, а со реформата за унапредување на фискалната децентрализација се предвидува овие средства да се зголемат речиси двојно, односно на 5,2 милијарди денари во 2024 година.

Фонд за перформанси (успешност) и Фонд за воедначување

Средствата ќе се распределуваат во три фонда и тоа Основен фонд во кој ќе одат 4,5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година, како и Фонд за перформанси и Фонд за изедначување каде ќе се слеваат по 0,75 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година.

Општините кои ќе имаат позитивни резултати и повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат повеќе средства од Фондот за перформанси, а оние кои имаат пониски приходи заради ограничениот капацитет на ресурси, а покажале добри резултати во собирањето на сопствените приходи, ќе добиваат средства од Фондот за воедначување.

Годинава, кога треба да почне постепеното зголемување на средствата, во Фондот за перформанси и во Фондот за воедначување ќе се распоредат по 0,25 проценти соодветно, додека во Основниот фонд ќе се распоредат 4,5 проценти. Веќе во 2023 година, кога се очекува приходите од ДДВ да се искачат на 5,5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година ќе се распоредат 0,5 проценти во Фондот за перформанси и Фондот за воедначување, а за Основниот фонд остануваат 4,5 проценти.
Нови инструменти за поголема финансиска дисциплина

Со реформата за унапредување на фискалната децентрализација се очекува да се зголеми и финансиската дисциплина и да се намалат и репрограмираат доспеаните, а ненамирени обврски.

Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку 10-годишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Таа е една од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност што е регулирано со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Покрај ова, на општините на располагање ќе им бидат уште два инструмента – условен кредит, кој ќе го издава исто така Министерството за финансии со времетраење од 10 години, како и бескаматна општинска обврзница која е со рок на доставување до 10 години. Бескаматната општинска обврзница ќе се издава по донесување акт за одобрување на емисијата на хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност.

За користење на еден од инструментите, општината ќе доставува барање до Министерството за финансии врз основа на Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Барањето ќе содржи податоци за потребниот износ на финансиски средства и можноста за користење на еден од инструментите.

Наспроти досегашната обврска, градоначалникот да прогласува финансиска нестабилност, сега финансиската нестабилност настанува по сила на закон со денот на исполнување на еден од условите пропишани во Законот, без да се чека на донесување одлука од страна на градоначалникот.

Веднаш по настапувањето на финансиската нестабилност, Советот на општината, на предлог на градоначалникот, носи План на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Мерките опфаќаат ограничувања на градоначалникот во поглед на користењето на општинските средства по повеќе основи со цел рационално користење на средствата и надминување на финансиската нестабилност. Планот транспарентно се објавува на веб-страницата на општината со цел запознавање на пошироката јавност, а Министерството за финансии го следи спроведувањето на мерките од Планот.

Со зајакнување на фискалната одговорност на општините, се очекува да се зголеми и транспарентноста во нивното работење. Поточно, тие ќе имаат обврска да објавуваат финансиски податоци на своите веб страни, а се најавува и зголемена контрола од страна на финансиската инспекција.

Унапредувањето на фискалната децентрализација е во согласност со Европската повелба за локална самоуправа на Советот на Европа (1985) којашто е прифатена со Декларација и ратификувана и во нашето Собрание во 1997 година.

Децентрализацијата официјално започна од 1 јули 2005 година, согласно Законот за локална самоуправа кој беше донесен во 2002 година. Со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кој е донесен во 2004 година се уредува финансиското работење на општините, како и фазниот пристап на фискалната децентрализација. Втората фаза од процесот на фискалната децентрализација започна од 1 јули 2007 година со оценување на општините за влез во втора фаза.

https://nezavisen.mk/opshtinite-kje-raspolagaat-so-povekje-pari-no-kje-ima-i-pogolema-finansiska-disciplina-i-otchetnost/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Jan-2022 at 22:54
Текстот личи како насочен кон партиски мекотели. За нормалните луѓе оваа невероватна штедрост на државата значи дека за 2 години ќе имаме невероватни, дополнителни 100 денари по жител месечно. Џам свиткаја од децентрализирање.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jan-2022 at 17:35
ДОЛГОВИ НА ОПШТИНИ

Општините тонат во долгови и покрај обидот на Владата во 2018 година да им помогне со финансиска инјекција од 50 милиони евра. Па така, гледано по општини и бројот на жители согласно пописот од 2002 година, Охрид има 42.033 жители и долг од 6. 693.227 евра додека по глава на жител долгот е 159 евра.

Тетово, е со долг од 11,937,984 евра а има 86.580 жители и долг од 137 евра по глава на жител. Куманово, е со долг од 85,146 евра и вкупен број на жители, согласно пописот од 2002 година, 70.842 жители но има и долг од по 1 евро по глава на жител.

Меѓу општините со поголем долг е и општина Гостивар која има долг од 5,449,071 евра и население од 35.847 жители но и долг од 152 евра по глава на жител.

Од скопските општини, Карпош е со долг од 4,160,549 но и број на жители од 59.666 жители но и долг од 69 евра по глава на жител.

Експертите алармираат дека Владата треба да им помогне на општините да излезат од долговите но овој пат тоа да не биде како во 2018 година, туку потенцираат дека Владата тоа треба да го направи преку јасно воспоставена фискална и финансиска дисциплина кон општините, преку создавање механизми за рано предупредување и детектирање на општините кои запаѓаат во долгови.

Експертите велат дека треба и да постои и механизам кој ќе лоцира и одговорност во општините, кај секој еден кој ќе го направи долгот да даде објаснување а преку закон да се пропипше дека ќе се прави ревизија на финансиите на општините барем на секој три години, бидејќи според професорот се до сега постојат општини кои никогаш не биле предмет на ревизија на нивното финансиско работење.



Попис на население 2002 година

Охрид - 42.033 жители

Тетово - 86.580 жители

Куманово – 70.842 жители

Гостивар - 35.847 жители

Карпош - 59.666 жители



Трет квартал - доспеани, а неплатени обврски за тековна фискална година

2021

Охрид – 6,693,227

Тетово – 11,937,984 евра

Куманово – 85,146 евра

Гостивар – 5,449,071 евра

Карпош – 4,160,549

https://24.mk/details/dolgovi-na-opshtini
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Jan-2022 at 16:23
На помалите општини ќе им оди се потешко гледано од финансиски аспект бидејќи со тек на време ќе бидат во се поголеми проблеми за исплата на плати,плаќање за потрошена струја и слично.Не знам до кога ќе може да им се покриваат сите расходи од државниот буџет бидејќи цените секојдневно се во пораст а многу од општините немаат доволни приливи за да го покријат тоа.
Освен од наплата на даноци друг поголем извор на финансирање речиси и да немаат бидејќи нема многу градежни активности од кои би се прибирале комуналии и други придонеси.
Слободно може да се направи реорганизација со која од 80 би можело таа бројка да се преполови во најмала рака бидејќи имаме квантитет по број на општини и градоначалници но нулти квалитет во поглед на основни инфраструктурни услови(нема канализација,асфалт,водоснабдување и многу други основни потреби не се задоволени).
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jan-2022 at 19:26
Па не знам дали имаме квантитет на општини. Јас сум противник на територијалната поделба од 2004 година и сум поборник за имање на што повеќе општини, кои би ги немале сите овластување, односно би имале Општина и Зависна општина, па така на пример може неколку Зависни општини да си функционираат посебно, но за комунални/сообраќајни/даночни и други прашања да бидат здружени во една заедница, која би ги водела овие работи. Тоа може да биде т.н. Општина или пак една од тие Зависни општини.

Како човек што лично посетил 60% од сите села во државава и сум многу добро запознаен со руралните средини, моето искуство, но и разговор со мештаните е дека имањето макар и на една канцеларија, која би имала началник и двајца вработени да ги ислушаат и да поднесуваат проекти, многу ќе значи за тие села, отколку да се има една голема Општина Битола, да треба некој да патува 60-тина километри за да си ја каже маката.

Имањето на 1.700 села, а само 80 општини и сега е проблем според мене, кој поради несакањето да се има вистинска финансиска децентрализација, не треба да се решава со укинување и на овие општини.

Финансиската децентрализација мора да се спроведе, а општините да имаат и свои даноци, за да мрднат од мртва точка и да не зависат од комуналии и дотации.

Инаку, нашата територијална организација знаеме како се направи и зашто се направи.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jan-2022 at 19:44
Друго решение е да се воведе двостепена локална самоуправа:

I. 30-34 општини, еквивалентни на сегашните градски метро зони кои би се занимавале со покрупни локални инфраструктурни прашања, даноци, комунални прашања, урбанизам од втор степен (ГУП-ови и одобрување ДУП-ови и акти за село), образование, здравство, пожарна и останати битни работи. На нивно чело би бил градоначалник со кабинет од тројца заменици (урбанизам и инфраструктура; финансии и администрација; комунални работи) и совет од 11-49 члена избрани на непосредни избори.

II. 34 града и околу 300 селски заедници во состав на општините, кои би се занимавале со помала инфраструкура, предлагање ДУП-ови и акти за село и прашања од значење за населените места и земјоделие, а воедно би биле и поблиски на секој жител, со тоа и нивна врска со општината (преку горенаведените канцеларии во секое село). На нивно чело би бил управник и совет од 5-9 члена, избрани на непосредни избори.

Со намалувањето на бројот на општините би се подобрила нивната работа преку зголемување на буџетот, а со тоа и можноста за самостојно делување во низа сектори и намалувањето на зависноста од комуналии, а градовите со селата околу нив би се равивале на подобар начин. Селските заедници се важни за подобрување на состојбата во руралниот дел од земјата. Се разбира, нужна е финансиска децентрализација.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 991
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Jan-2022 at 02:56
Попис 2002

Вевчани 2,433 жители
Лозово 2,858
Конче 3,536
Новаци 3,549
Ранковце 4,144
Старо Нагоричане 4,840
Дојран 3,426
Градско 3,760
Зрновци 3,264
Карбинци 4,012
Росоман 4,141
Пехчево 5,517

Денес сите сигурно имаат големи падови на население.
Освен Новаци која може да се одржува некако заради ТЕЦ Битола на нејзина територија и евентуално Дојран од туризам, другово треба да се укине.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jan-2022 at 17:48
ОПШТИНИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Почнаа да пристигнуваат зголемените сметки за струја во општините. Декемвриската сметка на Свети Николе за три и пол пати повисока од претходно. Градоначалникот вели лани за цела година биле потрошени 3,5 милиони денари, годинава предвиделе 10, но можено е да се прави и ребаланс на буџетот.

Тешко ќе може да издржат без подршка од државата.

Свети Николе е една од општините и комуналните претпријатија на кои добавувачот на електрична енергија еднострано во ист ден им ги раскина договорите. Иако тие имаат законска можност да тужат, општините и комуналните претпријатија тоа нема да го сторат бидејќи голем дел од нив должат и по неколку рати. Таква е состојбата во Карбинци, каде комуналното претпријатие има долг од 17 милиони денари, а со нова цена тешко ќе може да ја платат тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг, но засега не се размислува за повисоки цени на комуналните услуги.

Новите тендери за набавка на струја се во тек за повеќе општини, училишта, комунални претпријатија. Очекувањата се дека годинава поголем дел од буџетите ќе одат за оваа ставка. Од Владата претходно рекоа дека не може да се мешаат во либерализираниот пазар на струја, но се прават разговори за заштитена цена за малите потрошувачи.

https://24.mk/details/opshtinite-se-zhalat-na-visoki-smetki-za-struja
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Feb-2022 at 14:06
Куманово има пари за струја само за три месеци

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 информираше дека сериозен е проблемот со енергетската криза и со него ќе се соочат сите општини, така што државата треба да изнајде начин за субвенционирање на сметките на општините по примерот со субвенционирање на сметките за секое домаќинство.

„Ако видиме дека гасот е покачен за четирипати, а еве за еден месец се веќе потрошени средствата кои се планирани за следните четири месеци, тогаш ќе наидеме на сериозен
дефицит во буџетот и недостаток на наменски средства кои ги добиваме од блок дотации за делегираните надлежности и во образованието и останатите сегменти на функционирање на локалната самоуправа. Тука е и проблемот со покачување на цената на електрична енергија. Во петок ги гледав анализите за потрошената електрична енергија, некаде во овој момент општина Куманово само по основ на енергенси за месец јануари
во буџетот виси со средства кои треба да пристигнат од блок дотации за образование со повеќе од 2 милиони денари, што значи дека во месец јануари, февруари и март ние ќе ги потрошиме вкупните планирани финансиски средства за финансирање на енергенсите за цела тековна година, бидејќи имаме енормно покачување“, рече
Димитриевски.

https://fokus.mk/kumanovo-ima-pari-za-struja-samo-za-tri-mesetsi
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.