![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Петровец |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Online Posts: 14964 |
![]() ![]() Posted: 16-Jan-2022 at 18:40 |
Во Петровец ќе се гради нова општинска зграда
![]() ![]() Администрацијата на Општина Петровец ќе добие нови подобри услови за работа во нов објект. Од март ќе започне да се гради новата административна зграда која ќе биде веднаш до старата, која како што истакна градоначалникот Борче Митевски е пред распаѓање и е изградена од пред повеќе од 70 години. Веќе е распишан и тендерот за изработка на проектна документација за изградба на управна (општинска) зграда на Општина Петровец, по што ќе следи нов за избор на изведувач на објектот. – Новата општинска зграда ќе биде со површина од 850 квадратни метри и ќе биде со приземје и еден кат. Ќе биде двојно поголема за разлика од старата – изјави Митевски. Во новиот објект ќе има четири канцеларии, сала за седници на Советот, но и сала за матичната служба, како и просторија во која ќе биде сместена архивата и просторија каде вработените ќе може да јадат, наместо како што вели Митевски тоа да го прават по канцелариите. Со зголемување на просторните капацитети ќе има можност да се примат уште двајца правници, како и двајца вработени во Секторот за урбанизам. Освен тоа, советниците ќе имаат просторија во која ќе се одржуваат седниците, наместо тоа да го прават во блиското основно училиште „Кочо Рацин“. Исто така, до сега младите се венчаваа во ходникот на Општината, а во 90 проценти им го отстапував мојот кабинет за да се одржи свечената церемонија. Со изградбата на новата општинската зграда тие ќе добијат просторија каде ќе можат онака како што заслужуваат да склучат брак – вели Митевски. Во буџетот на Општината за оваа година за изградбата на објектот до покрив се предвидени 15 милиони денари, иако ќе бидат потребни уште плус 7 милиони денари за комплетно да се заврши. Инаку 70 проценти од мебелот ќе се префрли во новата зграда, додека само 30 проценти ќе се купи нов. Изградбата на општинската зграда би траела не повеќе од 11 месеци, и градоначалникот Митевски очекува во неа да се преселат до крајот на годинава. https://www.vecer.press/во-петровец-ќе-се-гради-нова-општинска/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |