build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Буши(Технометал Вардар) Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хотел Буши(Технометал Вардар) Центар
    Posted: 22-Jan-2022 at 11:34
„БУШИ“ ЈА КУПИ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР“ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ХОТЕЛ



Фирмата „Буши фешн“ ја купи зградата на „Технометал Вардар“ на улица Македонија, во строгиот центар на градот. Како што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, идејата на новиот сопственик е зградата да биде хотел и во моментов се работи на добивање на потребните дозволи. Од фирмата „Буши фешн“ ни потврдија дека ја купиле зградата, но повеќе детали не сакаат да споделат велејќи дека уште е рано да зборуваат за овој проект.

„Буши фешн“ поседува дуќани за злато, како и хотелот „Буши ресорт и спа“ во Старата скопска чаршија.

Зградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.

„Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матели и немметали, опрема, машини и друго.

Сега зградата и просторот околу неа се целосно запуштени. Плочникот воопшто не се гледа од измет, околу е обрасната трева, расфрлено е ѓубре, фонтаната служи како корпа за отпадоци, а навечер нема ни светло.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bushi-ja-kupi-zgradata-na-tehnometal-vardar-vo-strogiot-tsentar-na-skopje-ke-bide-hotel/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Jan-2022 at 20:12
Толку ли има потреба од хотели во градов?
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Jan-2022 at 20:21
Originally posted by skopskodete

Толку ли има потреба од хотели во градов?


Вакви инвестиции не се прават од денес за утре.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Jan-2022 at 21:26
Таа зграда е изолирана секаде наоколу има згради. Канцеларии да хотел тешко..
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Jan-2022 at 22:47
Originally posted by skopskodete

Толку ли има потреба од хотели во градов?
Da. Na Skopje mu falat hoteli koi ispolnuvaat svetski standardi.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jan-2022 at 10:43
Технометал Вардар е инзвонреден објект, подигнат 1978 година според проектот на архитектите Димитар Димитров и Росанда Минчева. Тој се надоврзува на блокот „Москва“ но создава свој идентитет.

Карактеристичен е по „мостовското“ решение на конструкцијата, отворајќи пасажи, продори и тремови под себе. Учествува во дефинирањето на фасадниот фронт две улици, ул. Ѓуро Стругар и ул. Македонија.
Колку од овој објект и неговиот препознатлив архитектонски израз ќе преживее, останува во рацете на инвеститорот и архитектот што ја добил задачата да го пренамени овој административен простор во хотел?!











[https://marh.mk/tehnometаl-vardar-skopje-fotogalerija

Edited by stef4o - 29-Jan-2022 at 10:44
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jan-2022 at 14:30
Многу сличен објект од ова време, исто така деловен кој е пренаменет во хотел, е хотел "Глигоров" во Струмица. Некаде се наоѓа на периферијата на градот, на обиколницата на источниот крај, кај Жито Струмица. Тоа е бивша управна зграда на некое социјалистичко претпријатие, ама незнам кое. Ептен потсеќа пренамената на Технометал, иако Технометал е поголем габарит. Инаку мислам дека оваа аквизиција на Технометал од страна на Буши, беше една од причините зашто коалициониот партнер у владата не зуцна за рушењето на дивоградбата пред Мавровка, а го толерираше градењето на дивоградбата на Стоименов кај ТЦЦ Плаза, односно трговијата била со Технометал. Оваа зграда претходно беше стечајна маса со децении и функционираше практично "на диво" и нерегулирано.





Edited by user8642 - 29-Jan-2022 at 14:31
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jan-2022 at 14:49
Еден од малкуте постземјотресни објеки за кој е грев чоек лош збор да кажи го дадоја на.....

Последен воз е ова за урбаните граѓани што искрено си го сакат градо да се спротистават на овој политичко-коалициски дил. Ако и ова помини така тогаш вмровците прво шо требит да напрат е да го напрат гтц барок.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Jan-2022 at 09:04
Пуцко од Пласница го доби третина Карпош, никој ни мјау не направи ти за хотелов си се фатил...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Jan-2022 at 14:26
Патем, зарем не потстува дизајнот на Технометал ептен на Double Tree Hilton во Аеродром? Дизајнот на тој хотел во 21ви век ми е најголема енигма со оглед на тоа дека се работи за колку-толку солиден ланец.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Jan-2022 at 15:35
Originally posted by hcitrS

Патем, зарем не потстува дизајнот на Технометал ептен на Double Tree Hilton во Аеродром? Дизајнот на тој хотел во 21ви век ми е најголема енигма со оглед на тоа дека се работи за колку-толку солиден ланец.

Ептен и мене ми личи како него, само што ќе пишев.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Feb-2022 at 14:27
Некогашниот гигант „Технометал Вардар“ станува хотел



По децениско пропаѓање, изминатите неколку месеци интензивно се работи во зградата која беше дирекција на некогашниот гигант „Технометал Вардар“.

Огромното здание кое се наоѓа во строгиот центар на Скопје, до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, и кое во изминатите години по транзицијата најчесто се издаваше на разно-разни фирми, го купила компанијата која го поседува и хотелот-спа „Буши“ и најверојатно и ова ќе биде хотел.

Изминатите неколку месеци работници интензивно работат на чистење на внатрешноста, при што може да се види дека се исфрлени бироа, шкафови, материјали, но и метални делови од структурата. Деновиве сиот тој шут се товари во камиони и се носи од местото.

Ние неколку пати пишувавме дека местото последниве години е напуштено и најчесто во вечерните часови има собирање на групи кои потоа зад себе остваат куп ѓубре, а комуналните служби, дури со почетокот на кампањата за локалните избори, го исчистија наталоженото ѓубре.

https://skopskoeho.mk/nekogashniot-gigant-tehnometal-vardar-stanuva-hotel
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Apr-2022 at 15:01
ФОТО) Се краде лимот од покривот на „Технометал“, не е безбедно, а полицијата и газдата не реагираат



Што се случува со зградата на некогашниот гигант „Технометал“? Жителите во околните згради и оние кои работат таму или доаѓаат во локалите може секојдневно да слушнат силно тропање, а некогаш од покривот летаат и лимови.

Жителите на околните згради се сведоци како групи Роми, секојдневно се околу некогашната централа на „Технометал“ чии влезови се затворени со тараби. Во текот на денот може да се видат и луѓе на покривот.

Случајот трае повеќе од еден месец. Многупати е пријавувано во полициската станица Беко, од каде креваат раце, со образложение дека дури и да ги фатат, кога одат пред обинител се ослободдуваат и повторно се враќаат на местото кое го гледаат како извор на егзистенција.

-Што да правиме, да ставиме некој да ве пази 24 часа?, одговараат од полицијата.

Жителите се јавувале и кај сопственикот на зградата, според кажувањата тоа е истиот кој го има хотелот и спа „Буши“. Оттаму имале ветувања дека ќе испратат чувари, но ако се суди според состојбата на теренот, тоа не се случува бидејќи лицата кои го корнат покривот секојдневно се тука.

Ситуацијата е алармантна, бидејќи се работи за голема опасност по безбедноста.

Прво, тоа е безбедноста на жителите, кои велат дека лицата кои им влегуваат насилно во влезовите и им крадат работи, и се плашат за безбедноста на нивните домови.

Второ, безбедноста на сите кои се движат околу оваа зграда, која во еден дел излегува и на улицата „Македонија“ каде сега поради топлото време има многу гости во локалите кои седат надвор, а додека седат врз нив паѓа ѓубре, даски, а некогаш и лимови.

И трето, безбедноста на тие кои се качуваат по покривите иако тоа го прават на сопствена одговорност.

Прашањето е: Кој ќе одговара ако се случи некоја несреќа – полицијата или газдата кои кренаа раце од она што се случува во центарот на градот?

https://skopskoeho.mk/foto-se-krade-limot-od-pokrivot-na-tehnometal-ne-e-bezbedno-a-policijata-i-gazdata-ne-reagiraat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Jun-2022 at 17:01
Избегната голема трагедија, падна дел од лимен покрив во центарот на Скопје



Вчера падна дел од покривот на оваа зграда која е спроти спомен куќата на Мајка Тереза, а само прашање на време е кога тоа ќе се случи повторно, оти лимови и даски кои што се држат на една шајка и се клатат и на најмал провев висат од сите страни.

Малку посилен ветер во самото срце на градот може да ве доведе во опасност. За среќа кога овој не саниран покрив се откачил немало минувачи.

Целата ситуација се одиграла пред очите на уметникот Предраг Тасиќ кој своите дела ги продава токму на клупата под овој покрив. Вели минувачите се исплашиле, а за среќа откачениот дел не паднал врз него.

-Секојпат има нешто што виси, некогаш по неколку од тие плехови и бакар, како меч врз глава се, гилотина. Тогаш бев токму под дрвото, падна и овие металниве постаменти се срушија, се превртија.-Предраг Тасиќ

Не им е сеедно ниту на пешаците кои со страв поминуваат на овој дел од улица „Македонија“. Стравуваат дека во секој момент ќе се откачи нов дел и дека некој може и да настрада. Апелираат до надлежните да го санираат овој проблем пред некој да го загуби животот.

-Како не е страшно, кога ќе погледнеш вака, се држи на еден клинец./ Секако дека е за стравување, може на некој над глава да му падне/ Може човек тука и да настрада, не е мала работа, ќе земе еден живот, што правиме после, „џабе“ е се. Институциите нека си преземат нешто за оваа градба.

Се жалат и од околните кафулиња и хотели чии тераси се изложени на опасност. Велат доколку не се преземе нешто побрзо може да настрада некој гостин, а во најмала рака да претрпат и материјална штета.

Од ЦУК, на 8ми април веќе постапиле по пријава на граѓанин и интервенирале на истата зграда, отстранувајќи големо парче опасен лим. Тие веќе се обратиле до општина Центар за санација на покривот.

Со општина Центар разговаравме и ние, од каде ни посочија дека оваа зграда не е во нивна надлежност.

https://kanal5.com.mk/izbegnata-golema-tragedija-padna-del-od-limen-pokriv-vo-centarot-na-skopje/a533353
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Jun-2022 at 14:46
Купена и таксана да биде хотел, зградата на „Технометал Вардар“ сè уште е „гулабарник“





Просторот во и околу зградата на „Технометал Вардар“, некогашниот симбол на македонскиот извоз, е целосно запуштен. Стаклата на влезната врата во зградата, со површина од над 7 илјади квадратни метри, во срцето на Скопје, на улица „Македонија“, се искршени и најчесто во вечерните часови се собираат групи кои потоа зад себе оставаат ѓубре.

Плочникот надвор не се гледа од птичји измет, се шири непријатна миризба, има обраснато трева и искршено стакло. Не е препорачливо навечер тука да се поминува бидејќи нема светло, иако на зградата на „Технометал Вардар“ сосед ѝ е „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека чистачи од „Комунална хигиена“ не поминале со месеци.

Зградата е изградена во 1980 година. Во неа беше дирекцијата на „Технометал Вардар“ – водечка фирма во поранешна Југославија во трговијата со челик, мермер, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго. Но, нејзината судбина не е ништо поразлична од онаа на многу некогашни гиганти, кои во транзицијата преку ноќ станаа „голубарници“. Во изминатите години по транзицијата, просторот во зградата најчесто се издаваше на разно-разни фирми.

Во 2019 година беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка, зградата беше одземена. Потоа банката даде одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор, по што, во јануари годинава објектот беше купен од „Буши фешн“, компанијата која го поседува и хотелот-спа „Буши“ во Старата скопска чаршија.

Од новиот сопственик тогаш беше речено дека идејата им е зградата во строгиот центар на Скопје да го направат хотел. Вработени во „Буши фешн“ ни рекоа дека газдите ги знаат плановите, не сакајќи да споделат повеќе детали.

https://www.vecer.press/купена-и-таксана-да-биде-хотел-зградат/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Oct-2022 at 13:47
ДЕПОНИЈА Е СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ КАЈ „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР“ КАДЕ ИМА КУП ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ЈА ОПОМЕНАЛЕ ФИРМАТА „БУШИ“ ДА ИСЧИСТИ





Купишта ѓубре, искршени стакла и прозорци, расфрлани даски и друг градежен матријал е сликата во строгиот центар на Скопје, кај зградата на поранешна „Технометал-Вардар“ која сега е сопственост на фирмата „Буши фешн“. Овој дел од Скопје со години личи на некое напуштено и запуштено маало на периферијата од градот отколку на центар на главен град и никој, ниту Општина Центар ниту јавното претпријатие на Градот „Комунална хигиена“, не го чистат.

Откако зградата ја купи „Буши фешн“ за да ја прави хотел, не само што просторот е запуштен и валкан туку дополнително се создаваат и депонии со ѓубре. Плочникот е буквално покриен со ѓубре и измет, па оние кои минуваат од тука кон улица Македонија одат по извор на зарази. Под нозете крцкаат и парчиња стакло од искршените прозорци на објектот. Металните тараби од соседното градилиште на хотелот на „Бетон“ до зградата на ВМРО-ДПМНЕ се паднати и расфрлани. Приземјето на зградата е буквално затрупано се огромни купишта ѓубре. Просторот околу зградата ниту е ограден ниту заштитен и луѓе минуваат долу додека работниците го фрлаат од прозорците гредежниот шут и старата канцелариска опрема.

Ваквата ужасна слика никому не му пречи. Градот и Општина Цнетар велат дека е приватен имот. На само неколку чекори се наоѓаат низа државни институции, како што се Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Јавното претпријатие за државни патишта, ЈП „Македонија пат“, ЈП „Градски паркинг“, седиштето на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. И сите министри, директори, помошници, советници, раководители кои работат во овие институции секој ден минуваат низ ѓубре и измет, а кога ќе отворат прозорец им смрди од депонијата, и никој не реагира.

Од фиримата „Буши фешн“ не сакаа да дадат одговор на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто прават депонија и зошто ѓубриштето не го одлагаат во посебни контејнери кои потоа ќе се носат на депонија. Ни рекоа дека сопствениците и одговорните биле во странство и со никој друг не може да разговараме.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека Општина Центар интервенирала, односно инспектори излегле на терен и ѝ изрекле опомена на фирмата „Буши фешн“ да го исчисти просторот.

„Веднаш откако е пријавено, во четвртокот е направен записник и доставена опомена до сопствениците за расчистување на теренот. Доколку во законски предвидениот рок сами не го исчистат просторот ќе им биде пишана казна и ние ќе интервенираме“, вели Герасимовски.

Од „Комунална хигиена“ на нашето прашање зошто не чистат околу објектот и се дозволува ваква слика во центарот во градот, велат дека објектот е приватен имот и неговото чистење е обврска на сопственикот.

„Доколку надлежен инспекциски орган констатира дека поради состојбата на објектот постои можност за загрозување на јавното здравје, тогаш треба да биде упатен соодветен налог за расчистување на дивата депонија до сопственикот на објектот. Доколку од страна на сопственикот не биде спроведено расчистување, инспекциските органи праќаат налог до ЈП Комунална хигиена-Скопје. Претпријатието досега нема добиено налог за интервенција во овој објект од ниту еден надлежен инспекциски орган“, велат од „Комунална хигиена“.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/deponija-e-strogiot-tsentar-na-skopje-kaj-tehnometal-vardar-kade-ima-kup-drzhavni-institutsii-od-opshtina-tsentar-velat-ja-opomenale-firmata-bushi-da-ischisti/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Nov-2022 at 18:27
Зградата на „Технометал Вардар“ опасна руина во центарот на Скопје



Се распаѓа поранешната зграда на Технометал во центарот на Скопје. Просторот е небезбеден, ама има сопственик, па институциите се правдаат дека имаат ограничени надлежности. Околните станари живеат во страв.

Секој ден кога ќе излезе од дома Гоце Мојсовски погледнува нагоре за некое дрво или парче лим да не му падне врз главата. Со своето семејство живее во строгиот центар на Скопје, а неговиот стан е лепенка со некогаш репрезентативната зграда на „Технометал Вардар“.

Ама откако фирмата отиде во стечај, а зградата доби нов сопственик, од февруари почна кошмарот за Мојсовски.

Вели дека преку ноќ бил отпуштен чуварот кој колку толку се грижел за безбедноста на објектот. Бидејќи зградата останала незаштитена, во неа почнале да влегуваат луѓе кои го ваделе се она што има некаква вредност. Му го обиле и влезот, а и покривот за оттаму да се качуваат на покривот на „Технометал Вардар“ направен од бакар, по што продолжиле да го корнат и лимот со којшто е обложен.

А сето тоа и среде бел ден, над главите на минувачите на улица „Македонија“. Еднаш за влакно избегнал да биде погоден од парче кое паднало од покривот на зградата.

„Не е безбедно воопшто затоа што паѓаше лим, паѓаа дрва одозгора кога поминуваа луѓе, пред влезот на зградата паѓаа, позади исто паѓа шут каде што се поминува на паркот. Едно време имаше една жолта лента веројатно од сопственикот поставена дека паѓа шут, сега и таа е искината. Ги извадија решетките од атмосферската канализација и тука има дупки и може да се пропадне ноќе. Во радиус од 50 метри тука не е безбедно“, раскажува Мојсовски.

Пријавувале десетици пати во полиција, контактирале и со сопственикот кој им бил достапен во првите месеци, но решение сѐ уште не нашле. На неколку недели бил ангажиран чувар, ама и него брзо го снемало.

Па така, станарите останале сами, да се борат со ветерници и залудно да пријавуваат кај надлежните. Како што раскажува Мојсовски, полицијата еднаш ги уапсила тие што влегувале во зградата, ама за една недела повторно се вратиле назад.

Пожарот од пред некој ден дополнително го разгоре револтот за опасната петкатница во центарот на Скопје која има околу 8000 квадрати. Нејзин сопственик сега е познатата скопска компанија „Буши Фашион“. Ама, ако некогаш оваа зграда беше гордост за Скопје, сега е вистинска руина сместена меѓу пешачката зона на улица „Македонија“, белата палата на ВМРО ДПМНЕ и некогашен Рекорд.

Иако во неколку наврати беше чистен, просторот околу зградата секојдневно се полни со шут, ѓубре и искршени стакла. И за време на нашата посета на објектот внатре се движеа неколку лица. Двајца работници надвор пак се обидуваа да го исчистат дворот, изнесувајќи купишта стакло, градежен шут и изгорени материјали од минатонеделниот пожар кој според проценките на пожарникарите направи материјална штета од 9.000 илјади денари.

Во неформален разговор, работниците кажаа дека се ангажирани од сопственикот на зградата за да го исчистат дворот. Се жалеа на луѓето кои влегуваат во објектот и им фрлаат стакла. Додека разговаравме, се слушна ново кршење стакло на првиот кат во зградата, од кое дел заврши надвор, во дворот.

Одржувањето на просторот треба да биде задача на сопственикот на објектот, барем според законот за јавната чистота, а за контролата се задолжени општинските инспектори.

Од Општина Центар потврдија дека нивни инспектори излегле на терен и изрекле опомена за фирмата „Буши фашион“. Всушност досега, напишале две казни. Едната за паднат градежен шут на државно земјиште, односно на плочникот кој гледа на улица „Македонија“, а второто било решение за отстранување на смет и отпад во приватен имот.

„Истото решение е испочитувано од страна на сопственикот, а отпадот беше веднаш отстранет, со помош на градежна механизација“, велат од општината.

Еднаш излегол на терен и овластен градежен инспектор од Центар и извршил увид на објектот, но тоа го сторил за да даде решение за отстранување за доградба на локал на улица „Македонија“.

„Сопственикот Буши Фашион од Општина Центар досега нема побарано одобрение или дозвола за вршење на било какви градежни работи и активности на фасадата на зградата“, велат од Општината.

Од Град Скопје пак појаснуваат дека имаат врзани раце бидејќи се работи за приватен објект, па велат дека надлежна е општината.

„Град Скопје согласно закон нема градежна инспекција ниту ингеренции, а за конкретниов случај веќе ги има информирано надлежните општински инспекции“, велат од Градот.

РСЕ во текот на изминатата недела се обиде да добие став за проблемот од компанијата „Буши Фашион“. Оттаму ни кажаа дека сопственикот не е во земјата, но ветија дека штом ќе се врати ќе организираме состанок, што не се случи до објавувањето на текстот. Она што е познато од досегашните медиумски објави, е дека планот за зградата на Технометал е таа да стане хотел.

Фирмата „Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка во трговијата со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема и машини. Транзицијата беше тежок период, па компанијата во 2019 година отиде во стечај. Со нејзиното работење се врзуваат познати имиња во јавноста, како Трифун Костовски, Минчо Јорданов, Ристо Гуштеров.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/зградата-на-технометал-вардар-опасна-руина-во-центарот-на-скопје-/32125804.html
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Nov-2022 at 07:50
Пасивноста на институциите од „Технометал Вардар“ создаде депонија среде Скопје

Пожарот пред две недели е круна на агонијата која трае најмалку една година – кражби и огромна дива депонија во строгиот центар на градот.
Групи крадци го откорнаа лимот од покривот, дрвенаријата внатре и сите прозорци.
На барањата од жителите да му наложат на сопственикот да го среди хаосот, од општина Центар одговараа дека тоа е приватен имот и не е нивна надлежност.
Сопственикот Буши најавува дека во јануари ќе почне со градење на хотел, но чека амин од Општина Центар дали ќе може да догради уште два ката.
Според ДУП „Мал Ринг“ од 2012 г. оваа градба е потврдена со актуелната катност.







„Буши“ почнува да гради во јануари, според ДУП во овој габарит

Фирмата „Буши Фашион“ е сопственик на зградата на „Технометал Вардар“ од 2019 година, но досега не говореле јавно за објектот иако повеќе пати беа прозвани, особено откако зачестија написите за опасноста што тој ја претставуваат.

Абдулмуталиб Буши е еден од петтемина сопственици на компанијата. Во разговор за „Само прашај“ тој вели дека е свесен за проблемите со овој објект кој пред три години го купиле за да изградат хотел и признава дека и самите се виновни. Планот е да биде познат бренд, но поради ковид-пандемијата, а потоа и економската криза, тоа се одложило но тврди дека од јануари почнуваат со реновирање.

„На почетокот, откако ја исчистивме, имавме обезбедување, но тогаш почнаа проблемите – чуварите беа напаѓани од групи крадци и повеќе никој не се нафаќаше да останува таму. Ангажираме приватно обезбедување, но тоа функционира само како патрола. Не можеме да обвиниме никого, бидејќи полицијата на секоја наша пријава доаѓа, имаме над 30 пријави последно време, но нема решение“, вели Буши.

Тој објаснува дека објектот го купиле со дозвола за градење и маркичка 5+2 (дополнително да изградат уште два ката) која е издадена десетина години пред тие да станат сопственици. На прашањето, зошто се уште не започнале, Буши вели дека очекуваат одговор од Општина Центар каде во тек е процедура за промени во ДУП и дека можно е на крајот овој објект да остане во постојниот габарит (5 ката). Иако Буши вели дека тоа би ги променило нивните планови за изградба на хотел со 120 соби, сепак, во јануари планираат да започнат со градење.

Тврдењето на сопственикот на зградата го проверивме во Општина Центар. Оттаму велат дека во согласност важечкиот Детален урбанистички план за централно градско подрачје на Скопје „Мал Ринг“ од 21.12.2012г., на локацијата каде што се наоѓа објектот на „Технометал Вардар“ (КП 12035), предвидена е градежна парцела со бр. 4.5.6 на која е потврдена постојната градба со реализирана катност П+М+5.

Притоа, посочуваат дека за оваа градежна парцела во важечкиот ДУП има техничка грешка, бидејќи во графичкиот приказ е евидентирана намена А2 – домување во станбени згради, што не соодветствува со табеларниот приказ каде е заведена намената Б4 – деловни дејности, како што е и во имотниот лист за парцелата со бр. 12035.

Од Центар исто така потврдија и дека во тек е постапка за изработка и донесување на Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, а за оваа градежна парцела (број 4.6), како и во важечкиот ДУП евидентирана е постојната градба, без услови за дополнителен развој, но направена е точна инвентаризација, односно градежната парцела има намена Б4 – деловни дејности.



За тоа што досега е преземено за да се расчисти и естетска и еколошка грдотија, од Општината велат дека досега на терен биле и комунален и градежен и инспектор за животна средина. Епилогот од тоа е: казна за градежен шут на државно земјиште, односно плочникот кој гледа на улица „Македонија“, решение за отстранување на смет и отпад во приватен имот кое сопственикот го испочитувал додека градежен инспектор од Секторот за инспекции на Општина Центар донел решение за доградба на локал на улица „Македонија“.

Осум илјади квадрати бетон и отпад
Зградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година со површина од над 8.000 квадратни метри. Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон „Комерцијална банка“ објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фашион“.

Во 2016 година пред скопските советници беше предлог-одлуката за промена на повеќе фасади на улица „Македонија“ во стилот на „Скопје 2014“ при што оваа зграда требаше да добие и столбови и скулптури на фасадата.

Фирмата „Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија и беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини... Во осумдесеттите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“.

https://samoprasaj.mk/naacik/pasivnosta-na-instituciite-od-tehnometal-vardar-sozdade-deponija-srede-skopje
Carpe diem
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Dec-2022 at 18:32
https://faktor.mk/semejstvoto-bushi-i-turski-investitor-spremaat-6-milioni-evra-za-hotel-na-mestoto-na-tehnometal-vardar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Dec-2022 at 18:00
Фамилијата Буши и турски инвеститор спремаат 6 милиони евра за хотел на местото на Технометал Вардар



Управителите на продавниците за накит „Буши Фешн“ и хотелот „Буши ризорт и спа“ заедно со турски инвеститор подготвуваат 6 милиони евра за трансформација на руинираната зграда на поранешен „Технометал Вардар“ во нов хотелски објект.

Ахмет Тефик Еренсајин е турскиот инвеститор од Истанбул кој е еден од сопствениците на новоформираната компанија „Бете Бмак ДОО Скопје“, регистрирана во строгиот центар на Скопје со дејност „хотели и слични објекти за сместување“. Фуат, Исмаилаки, Суат, Сељами и Абдулмутаљип Буши се преостанатите сопственици. Турскиот инвеститор заедно со Абдулмутаљип Буши се управители, а основната главнина како паричен влог е 6.000.500 евра.

- Уште сега е рано да се зборува за инвестицијата, бидејќи тоа е само регистрација на хартија и може во кое било време да се поништи. Ние се уште немаме детален договор со инвеститорот за да можеме да објавиме поконкретни детали во јавноста, ни изјави Суат Буши како еден од сопствениците од Чаир.

Просторот во и околу зградата на „Технометал Вардар“, некогашниот симбол на македонскиот извоз, засега е целосно запуштен. Стаклата на влезната врата во зградата, со површина од над 7 илјади квадратни метри, во срцето на Скопје, на улица „Македонија“, се искршени.

Зградата е изградена во 1980 година. Во неа беше дирекцијата на „Технометал Вардар“ – водечка фирма во поранешна Југославија во трговијата со челик, мермер, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго.

Во 2019 година беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка, зградата беше одземена. Потоа банката даде одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор, по што, во јануари годинава објектот беше купен од „Буши фешн“, компанијата која го поседува и хотелот-спа „Буши“ во Старата скопска чаршија. Од новиот сопственик тогаш беше речено дека идејата им е зградата во строгиот центар на Скопје да го направат хотел.

https://faktor.mk/semejstvoto-bushi-i-turski-investitor-spremaat-6-milioni-evra-za-hotel-na-mestoto-na-tehnometal-vardar
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.098 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.