build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градилишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градилишта
    Posted: 18-Apr-2024 at 19:26
Двете згради кои се градат тука се тежок криминал...
Треба слика за да се долови, повисоки се од околните згради за кат...
Со име и презиме треба да се објават сите кои учествувале во носење решенија!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Apr-2024 at 18:49
Мешалката за бетон на тротоар, пешаците на улица



Ова е ул. „Васил Ѓорѓов“ една од најфренкветните улици во Скопје. Фотографијата е сликата веднаш карши трговскиот центар „Зебра“ непосредно кај пешачкиот премин. Граѓаните на овој дел со месеци веќе се сведоци на тотален башибозук од страна на инвеститорот кој гради зграда речиси веднаш до самиот тротоар. Во овој случај огромна мешалица со бетон стои паркирана на самиот тротоар кој е речиси уништен и е платен со пари на граѓаните.

Она што е опасно во овој случај е што пешаците за да го продолжат својот пат треба да излезат буквално на самата улица, да се бутнат помеѓу возилата да ја заобиколат мешалката за бетон за да можат нормално да го продолжат патот. Тука збориме за ако е човек сам, а што правиме ако се работи за мајка со мало дете кое во количка, тогаш на нејзе какви би и биле опциите?

Ова не е прв пат на ова место да биде паркиран камион со волкава големина, ова трае месеци наназад и за среќа до сега никој не е повреден.

https://skopjeinfo.mk/meshalkata-za-beton-na-trotoar-peshacite-na-ulica?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Apr-2024 at 18:20
Хаос со градилиштата: Граѓаните наместо на тротоар по булевар заедно со автобусите и возилата



Во хаотичното живеење во Скопје, каде што автобусите на ЈСП и на приватните превозници, такви какви што се, се единствениот јавен превоз, каде нечистотијата по улиците стана препознатливо градско обележје, а улиците останаа претесни да го примат сѐ поголемиот наплив на возила, она што сериозно ги загрижува граѓаните е и незапирливата изградба на станбени и деловни објекти.

Целиот град е претворен во големо градилиште, се гради буквално во сите општини, во секој нов ДУП се предвидуваат нови градби. Откако советниците во општините ќе ги усвојат плановите, на граѓаните веќе не им помагаат никакви реакции и протести за да спречат каква било изградба. Па, така, во општина Ѓорче Петров, на пример, на просторот спроти пазарчето треба да никнат дваететина згради со височина од 7 до 20 ката.

Но, освен незапирливата изградба во Скопје која градот постепено го претвора во голема бетонска „спална соба“ без доволно вистински паркови, а не мали зелени површини што локалните власти од неразбирливи причини ги нарекуваат паркови, граѓаните реагираат и дека со градилиштата се узурпираат јавни површини.

Лимените тараби што ги оградуваат градилиштата одземаат тротоари, велосипедски патеки, а општинските инспектори сето тоа го толерираат, иако е надвор од парцелата за градба. Велат дека е само привремено решение, а штом заврши градбата, дека сѐ ќе се врати во претходната состојба.

Но изградбата трае и неколку години, како што е на пример случај со градилиштето на булевар Партизански одреди спроти Порта Буњаковец. Таму сосема е одземен тротоарот, а пешаците и велосипедистите се движат по велосипедската патека, протнувајќи се покрај кабастите контејнери, кои исто така се лоцирани на оваа патека. Денеска пак, не беше овозможено ниту движењето на тој простор, затоа што на едната лента беше поставена механизација, која граѓаните мораа да ја заобиколуваат движејќи се на средната лента по Партизанска заедно со автобусите и автомобилите.

Срамно е ова што се случува, ќе испогинеме тука затоа што нема каде да се помине. И никој не реагира. Изведувачите си прават што сакаат, а ако се пожалиме во инспекција, велат дека мора така поради изведување на градежните работи и дека брзо ќе се тргнат. Истото се случува и на улицата зад „Холидеј ин“, а поминете да видите зад Универзална сала како е. На улицата „9 Мај“ има неколку градилишта и како им текне ја затвараат улицата со механизација. Значи, во овој град никој не се грижи за граѓаните – реагира Ема Стојанова, која ја затекнавме токму на оваа локација.



Безбедноста на граѓаните честопати е загрозена поради градежните зафати на изведувачите на објектите. Притоа, никој не се грижи во такви случаи, кога механизацијата е неопходно да биде поставена надвор од градилиштата, да биде овозможен безбеден премин на пешаците, дали со помош на сообраќајна полиција или со редари од градилиштата.

За жал, апелите на граѓаните што бараат поголема безбедност на градските улици честопати не стигнуваат до „ушите“ на локалните власти. Инвеститорите и изведувачите со разни времени одобренија си ги изведуваат потребните активности, додека граѓаните се нервираат. Ним нема кој да им издаде „одобрение“ за безбедно и непречено движење по скопските улици.

https://www.slobodenpecat.mk/haos-so-gradilishtata-gragjanite-namesto-na-trotoar-po-bulevar-zaedno-so-avtobusite-i-vozilata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Jan-2024 at 19:50
(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност



Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата.

Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да вртат кругови и далеку од градинката да ги паркираат возилата и по едно или две деца да носат во раце или количка.



Опасноста демне, не можеме да ги додржиме децата бидејќи нема простор каде да поминат а огромната дупка е веднаш до нив” се жалат родителите.

Тие неколку пати реагирале кај надлежните во општината и кај градоначалникот Горан Герасимовски, но ништо не е превземено и покрај ветувањата. Нивното објаснување е дека инвеститорот добил дозвола за градба.

Пред една недела правдањето беше дека МВР дале дозвола еден ден улицата да биде затворена и да се работи на неа, додаваат тие.

„Оттогаш не еден ден, туку помина цела недела а улицата сеуште е затворена за родителите и за децата“, реагираат родителите.

За да се најде компромисно решение, тие бараат слободна улица и можност за движење од 7:30 до 8:30 наутро кога ги носат децата и од 15:30 до 16:30 кога ги земаат.

„Исто така проблем е бучавата од механизацијата која не им овозможува услови на децата да можат да спијат. Веројатно кога се работи треба да се направи компромис во кој временски период ќе паузираат“, реагираат родителите.

Опасно е што родителите со децата мора да поминат под железните конструкции на камионите.

„Скопје1“ реагираше до градоначалникот, но состојбата не само што е иста туку и полоша.

https://skopje1.mk/archives/274815
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Jan-2024 at 18:05
(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават – рекација нема





Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани.

Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги носиме децата во градинка, има камиони кои ја блокираат целата улицата. Од 7:30 до 8:30 (време кое е наменето за оставање на децата во градинка) неможе да се помине со кола и мораме да наоѓаме место за паркинг во соседните улички и да носиме деца во раце. Од 15:30 до 16:30, работниците најбезобразно низ целиот паркинг ставаат конуси и не ни дозволуваат да се паркираме затоа што ќе вршеле градежни работи“, сведочи Маја Арсовска, чии деца одат во оваа градинка.

Таа посочува дека ова се се случува пет месеци. Дополнително, проблем за градинката создава и бучавата која се зодава.

„И ве замолуваме, кој и да е инвеститор да си постави некаква звучна изолација, секој ден се вршат градежни работи и децата неможат да спијат.
И државата сериозно да подразмисли на едукација на градежните работници, бидејќи вчера двајца работници ме убедуваа дека тоа не е паркинг на градинката додека стоеја под знак за паркинг на кој пишување “Паркингот е наменет за градинката”, додава Арсовска.

„Скопје1“ за овој проблем алармираше кај Герасимовски кон средината на ноември, но и денеска, сликата е иста.

https://skopje1.mk/archives/274299
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Nov-2023 at 17:49
Граѓаните реагираат: Градилиштата узурпираат тротоари и јавен простор, нема човек каде да помине, освен да оди по улица





Десетина дена е зафатен дел од пешачката улица Никола Кљусев со градежни материјали од објектот што се гради, а општинскиот инспектор утврдил дека се работи за размонтирано скеле кое доколку не се тргне во најкус рок, ќе има глоба за изведувачот.

Скопје со години е претворено во големо градилиште каде буквално низ сите населби се градат нови згради, а градилиштата окупираат јавни површини и го отежнуваат движењето на пешаците, па дури и одвивањето на нормалниот сообраќај. Скопјани се сведоци и честопати реагираат дека лимените тараби со кои се оградени градилиштата ги зафаќаат тротоарите, па мора да се движат на улица, но и дека просторот пред нив е претворен во паркинг за потребната машинерија на изведувачите.

Еден таков пример, на кој укажаа граѓаните, е она што во изминатите десетина дена се случува на улицата Никола Кљусев, кај Сквер Јадран, во најцентралното подрачје на градот. Тука просторот надвор од ограденото градилиште, каде инвеститорот „МГ Проперти“ ДООЕЛ гради деловен објект, е окупиран со железа, шипки и други градежни материјали. Станува збор за пешачка зона, па освен што сето ова грдо изгледа, небезбеден е за минување, а се кршат и оштетуваат и плочките на улицата. Притоа, да не се заборави дека над главите на минувачите се извишува кран, па луѓето се трудат што побрзо да претрчаат преку овој простор.

Откако од Општина Центар побаравме одговор кој го дозволува ваквото однесување на изведувачите и дали инспекцијата има увид за тоа што се случува таму, инспекцијата веднаш излегла на терен и констатирала дека пред градилиштето е оставено скелето користено на објектот.

Во моментот на увид на самото место констатирано е дека е зафатена јавна површина со скеле коешто е користено за надградба на објектот, истата е во завршна фаза и скелето е отстрането од објектот. Од страна на инвеститорот е посочено дека фирмата подизведувач за најкраток временски период ќе го дислоцира скелето од јавната површина. Според Закон за градење, доколку не се отстрани скелето од јавната површина во најкраток можен рок овластен градежен инспектор при Општина Центар според член 156-б став 1 точка 4 изрекува глоба за изведувачот – одговорија од Општината.

За проблем со градежниците реагираат и жителите на улицата 9 Мај позади Универзална сала. Тие се жалат дека за потребите на градилиштата повремено за затвора улицата за поминување, а дека тротоарите постојано се зафатени со градежни материјали. Дури на тротоар е поставен и пренослив пластичен тоалет.

Замислете си дека сте родител или старател на мало дете кое сакате да го прошетате со детска количка по улицата “9-ти Мај”. А можеби треба и да го донесете или однесете детето во градинката на истата улица… Како и да е, од едната страна нема да можете заради “дизајнот” на тротоарот, “носовите” на колите и оставените работи од градилиштето на бр. 4а, а од другата страна буквално целиот тротоар е узурпиран од истото градилиште. Ако тргнете по коловоз, ќе ве згази кола, оти нема кај да одите од паркираните коли – коментираат од групата „Во одбрана на Буњаковец“ за состојбата пред едно од градилиштата на 9 мај.



Кај градилиштето што е веднаш до градинката улицата честопати сосема се затвора од механизација која се користи за изградба. Од Општина Центар велат дека дека инвеститорот поседува одобрение за времен режим на сообраќај.

За зафаќање на јавна површина инвеститорот поседува Одобрение за времен режим на сообраќај издадено од надлежен орган. Увид направивме на лице место, а инвеститорот потврди со потпис на записниот за констатација дека ќе ги внесе материјалите во градилиштето и ќе ги отстрани од јавна површина истиот момент кога ЕВН ќе ги дислоцира каблите кои се во негова надлежност (веќе се работи на тоа) за плочата да може да се избетонира на кота +0.45м. Доколку инвеститорот повторно го остава градежниот материјал на јавна површина ќе биде санкциониран, односно ќе му се изрече глоба – тврдат од Центар.

https://www.slobodenpecat.mk/gragjanite-reagiraat-gradilishtata-uzurpiraat-trotoari-i-javen-prostor-nema-chovek-kade-da-pomine-osven-da-odi-po-ulica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Nov-2023 at 18:16
Ул.9 Мај зад Универзална



https://www.facebook.com/bunjakovets
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Nov-2023 at 18:30
Улицата кеј 13 Ноември покриена со кал претпладнево. Калливите траги водеа до влезот на градилиштето за новите висококатници на поранешниот паркинг спроти Холидеј Ин.



https://www.facebook.com/photo/?fbid=855411336589136&set=a.481614347302172
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Oct-2023 at 08:20
тротоарите на ул.9-ти Мај





https://www.facebook.com/bunjakovets
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Oct-2023 at 11:50
По прилогот на Канал 5, МВР со казни за инвеститорите кои ги блокираа улиците во Центар



https://kanal5.com.mk/po-prilogot-na-kanal-5-mvr-so-kazni-za-investitorite-koi-gi-blokiraa-ulicite-vo-centar/a607214
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Oct-2023 at 11:40
Реакции за бројните градилишта и блокирани улици зад Универзална во Дебар Маало





https://www.facebook.com/bunjakovets

-----------------------------------------------------------------------------
Целосно блокирани неколку улици во скопски Центар – граѓани не можат да си дојдат дома

Не се живее!“ - Оваа е краткиот и јасен комантар на жителите во улицата 9 Мај во скопски Центар. Причина, не можат да стигнат ни до своите домови поради градежните активности на инвеститори кои за време и на викенд масовно бетонираат нови згради.

Надвор од сите стандарди и без никави процеди на граѓаниоте им се блокирани улиците, па приморани се да прават прекршоци и да заглавуваат во метеж за да можат воопшто да пристапат во своите домови.

Канал 5 на терен виде дека огромни градежни машини целосно го блокирале улиците.

Да биде скандалот поголем граѓаните само со еден знак се пренесочени во еднонасочна улица каде што не смеат да возат, но и ако свртат таму ќе ги пречека друга машина која исто така прави целосна блокада. Гневни поради небулозниот лаверинт. Велат дека хаосот во овој дел на градот е веќе неподнослив и дека трае предлого. Ги обвинуват институциите за целсно незаинтересираност за нив.

Канал 5 контактираше со Општина Центар од каде ни кажаа дека ваквата состојба е недозволива и дека нивни инспектори веќе се излезени на терен и го констатирале хаосот. За сообраќајот велат дека надлежно МВР, кои пак одговорноста ја префрлија на локалните власти и инвеститорите.

За ваквата состојба реакција има и од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ кои обвиниваат дека никој не се грижи за граѓаните и дека локални фими си ставаат сообраќајни знаци со кои ги насочуваат граѓаните директно да праваат сообраќани прекршоци. Прашуваат и чија ќе биде одговорноста ако се случи некоја несреќа.

Инаку, во овој дел на градот има повеќе градилишта кои и во минатото беа затворани од инспекторите поради бројни неправилности и недостаток на елементарно политување на процедурите. И покрај се таму сега слобосно се гради, а одговорност за ваквата состојба никој не понесува.

МВР доцна попладнево излегле на терен со цел да се нормализира состојбата.



https://kanal5.com.mk/celosno-blokirani-nekolku-ulici-vo-skopski-centar-gragjani-ne-mozhat-da-si-dojdat-doma/a607126

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Oct-2023 at 17:23
Приватен инвеститор со денови узурпира тротоар на главната улица во Ѓорче Петров

Читател до нашата редакција попладнево испрати фотографии на кои се гледа како приватен инвеститор кој гради станбена зграда буквално го има окупирано тротоарот.
Станува збор за главната улица во скопската населба Ѓорче Петров каде стотина метри од тротоарот се блокирани со арматура, импровизирани дрвени платформи и огради.
Тоа е небезбедно за пешаците и велосипедистите, кои мора да одат по главната улица на која поради близината на автопатот кон Тетово се вози доста брзо.





https://24info.mk/2023/10/18/приватен-инвеститор-со-денови-узурпи/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Aug-2023 at 17:38
Градилишта низ Скопје - профитот пред животот









На градилиштата низ Скопје гинат и работници и граѓани, бидејќи објектите често се необезбедени според пропишаните стандарди. Здруженијата за заштита при работа обвинуваат дека градежните фирми многу импровизираат и повеќе се грижат за профитот, отколку за животот и здравјето на работниците.

Градежниот работник кој доживеа трагична судбина на градилиштето кај Старата железничка станица минатиот месец, беше меѓу последните смртни случаи кои покажаа дека условите за работа во градилиштата низ Скопје се опасни. Но освен за работниците, градилиштата се ризик и за граѓаните. Пред само неколку дена во срцето на главниот град се случи застрашувачка сцена кога багер од градилиште удри во 66-годишна која го загуби животот.

Опасноста при изградбата на градежните објекти демне низ секој агол во главниот град Скопје. Ако фрлите само површен поглед, се гледа како работници работат на голема височина на згради без заштитни скелиња или мрежи.

Ваквите локации, освен за работниците, се ризик и за граѓаните кои минуваат во близина на градилиштата. Од зградата на „Технометал Вардар“ во центарот на Скопје летаат бетонски парчиња надвор од заштитната ограда додека работниците кршат бетон.

Неправилностите на градилиштата се бројни и на тоа континуирано реагираме до институциите, но одговорите кои ги добиваме се дека треба да си ја гледаме работата, вели Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР.) Според него, работниците се небезбедни бидејќи компаниите и инвеститорите се грижат брзо да ги завршат градбите и да заработат, а не за работниците.

„Според анализите кои ние ги правиме на годишно ниво, а всушност се базирани на едноставна равенка на Меѓународната трудова организација, 4 проценти од БДП ни оди на компензации кои се директни или индиректни заради несреќите или професионалните заболувања на работното место. Тоа во бројки, ако треба на некој од менаџерите поблиску да му ја доближи темава, би изнесувало околу 400 милиони евра на годишно ниво за компензации. Тука се сите оние болнички трошоци, неодработени работни часови, загинувања на работни места, адвокатски трошоци, оштети на работните места и друго“, вели Петковски за Радио Слободна Европа.

Дејноста градежништво е на второ место според бројот на смртни случаи на работно место, според податоците на МЗЗПР од 2022 година, кога имало шест смртни случаи. Истата година имало 14 несреќи во оваа дејност.

Од МЗЗПР наведуваат дека бројките во нивните извештаи се конзервативни и дека во голема мера не го отсликуваат вистинскиот број на несреќи на работно место во сите дејности, кои во просек годишно изнесуваат околу 1.500, според податоците на институтот за Јавно здравје. Според нивните податоци најмногу несреќи се случуваат во преработувачката индустрија. Вкупно 147 повредни на работно место се случиле лани во сите дејности и 22 смртни случаи.

Кога станува збор за безбедноста на градилиштата, низа закони ја регулираат оваа област и треба да ја гарантираат безбедноста на работниците и на граѓаните: Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за градење, како и други правилници. Државата е потписник и на конвенции и директиви од оваа област и тие треба да ги почитуваат инвеститорите и работодавачите. За безбедносните контроли се задолжени државните инспекторати – трудов, градежен, инспекторатот за безбедност и здравје при работа, како и општинските инспекторати.

Побаравме одговори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на дали и колку реагираат на неправилности на градежни објекти, но не беа достапни за одговор до објавувањето на текстот.

Законите предвидуваат дека на едно градилиште, независно дали е висока, ниска градба или инфраструктурен проект, инвеститорот на локацијата треба да има лице за координирање на активностите.

Од МЗЗПР објаснуваат дека алатите и механизацијата треба да бидат според европските стандарди, а доколку на градежната локацијата има одредени ризици за работниците кои не можат да се отстранат, тогаш работникот треба да добие лична заштитна опрема пред да одлучи дали ќе прифати или ќе одбие да работи, бидејќи такво право има според Законот за заштита при работа во случај ако процени дека неговата безбедност е загрозена. Локациите на кои се гради треба да бидат јасно одделени од останатиот дел каде не се вршат работи, пристапот да биде регулиран, а скелињата треба да бидат заштитени со мрежа, според МЗЗПР.

„Но, во конкретните ситуации, најчесто македонскиот работник, а гледам дека не се разликуваат многу ни оние кои доаѓаат од страна, всушност се учени дека треба да молчат и да работат за да не ја загубат својата работа и всушност, според едно истражување кое ние го имавме, 85 проценти од македонските работници не си ги знаат своите права, ниту пак оддалеку ја третира темата за безбедност и здравје при работа“, вели Петковски.

Има многу импровизација во работата градежните фирми, кои инсистираат работата брзо да се заврши, а има многу неквалификуван кадар, вели Никола Велковски од Групацијата за градежништво при Стопанската комора. И тој укажува дека голем дел од фирмите се фокусирани само на профит и на брзината за градење, за разлика од заштита на работниците.

„Градежните фирми мора да имаат овластени инженери – раководители на градилиштата. Во најголем дел го имаат на хартија, но го немаат на лице место. Тука исто така треба да се позанимаваат и општинските и републичките градежни инспекции, за контрола на тоа колку се запазени мерките од аспект на лична заштита и од аспект на заштита на објектот. Гледате дека голем дел од објектите ги затвораат улиците кој како ќе стигне и кој како сака. Немаат сообраќајни решенија за сообраќаен режим при формирање на градилиште“, вели Велковски.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/gradilishta-niz-skopje---profitot-pred-zhivotot-/32548877.html
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Aug-2023 at 12:31
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Jul-2023 at 16:16
И кога ќе се тргне градилиштето, пак слична ситуација, недоволно големи тротоари, автомобили паркирани на сите страни итн. Битно профит...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Jul-2023 at 13:08
Тротоарите во Дебар Маало блокирани од градежни матријали



Тротоарите на улицата Радњанска во Дебар Маало кај словенечка амбасада се узурпирани од градежни матријали. Во овој дел се градат неколку згради, а градилиштата се проширени на тротоарите, но и на самата улица.

Граѓаните морат да се движат низ арматура, песок,цигли и други градежни матријали.

Во Скопје ниту еден инвеститор не го почитува Законот за градба, според кој градилиштето треба да е во рамките на градежната парцела, а не надвор од неа и не смее да зафаќа јавна површина. Па така кога се градат згради се оградуваат тротоарите, а често и дел од улиците. Багерите и камиони разнесуваат песок низ улиците и стојат кај ќе стасаат.

https://091info.mk/2023/07/03/тротоарите-во-дебар-маало-блокирани-о
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Jun-2023 at 15:29
Булеварот направен како автопат, и онака малиот тротоар узурпиран од градилиште, а откако ќе се тргне градилиштето пак тротоарот нема да биде соодветен... Македонски урбанизам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Jun-2023 at 14:31
К.Вода на бул,Борис Трајковски скоро цела десна страна во правец кон исток е узурпирана од новите градилишта



https://www.facebook.com/photo/?fbid=216233894637035&set=a.112991501627942
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Apr-2023 at 17:38
ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГРАДАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ЌЕ ГИ ЗАЧЕСТИМЕ КОНТРОЛИТЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ

Повеќе градежници не ги почитуваат законските прописи на градилиштата, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Затоа, вели тој, формирана е нова комисија која секојдневно ќе врши инспекциски контроли низ општината.

„Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почитуваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини формиравме нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување“, вели Герасимовски.

Општина Центар во моментов е претворена во големо градилиште. Откако се укина мораториумот инвеститорите повторно ги започнаа постапките за добивање градежни дозволи, со што се продолжи бетонизацијата на центарот на градот.

Покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината.

Според извештаите од комуналната инспекција, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poveke-gradezhnitsi-gradat-sprotivno-na-zakon-ke-gi-zachestime-kontrolite-veli-gerasimovski/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19775
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Jul-2022 at 11:55
Сè почесто гледаме хаос: Потребни се организирани и безбедни градилишта

Една од темелните фази при изградба на објектите е добрата организација и изработката на шемата на градилиштата, но инвеститорите, проектантите, ревидентите, изведувачите, надзорот и инспекциските служби како да забораваат да ги исполнат своите професионални и законски обврски. Многу малку се посветува потребното внимание на речиси секое градилиште во земјава, особено во градовите на локациите каде што има тесни грла или на локации со целосна околна изграденост.

Градилиштето е простор на кој се гради градежен објект или се изведуваат градежни работи и простор на кој се сместуваат машините за градење, градежните материјали за градба, работилници за припремни работи, инсталации потребни за градба, канцелариски простории, санитарни јазли, опрема и инсталации за безбедносен надзор или простор за чувар. Градилиштето треба да биде оградено и да има информациона табла со податоци за инвеститорот, проектантот, изведувачот на работите, надзорот, името и видот на објектот, податоци за градежната дозвола, почеток и завршеток на работите.

Како резултат на пропустите на некои чинители во организацијата на изградбата на објектите, денес сè почесто гледаме и среќаваме градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведување на работите, опасност од пожари, застој на функционирање на сообраќајот и околниот простор и слично.

Честа е сликата на монтажа и движење на кранови и дигалки вон локацијата за градба на објектот, како и попречување, а дури и спречување пристапи кон соседните, веќе изградени објекти, со несоодветно складирани градежни материјали. Се узурпираат постојните паркинзи и локалните улици, за што понекогаш се бара интервенција и асистенција на полициските органи, ги нема заштитните огради, оплатите против одрони, неретко изостанува обезбедување на градежната јама со шипови, или тоа се прави недоволно, а изостанува и потребното ноќно обележување и осветлување.





Ретко се монтираат заштитни оплати за минувачите и за соседните објекти или соодветни заштитни скелиња за работниците и техничкиот персонал на објектот. Посебна приказна е траспортот на градежните материјали, особено при транспортот на бетон, цемент, вар, разни малтери, земја, песок и чакал, кога од пумпите за бетон, миксерите за бетон и камионите се истураат многу од набројаните материјали, кои потоа не се чистат и се разнесуваат во околните објекти, или преку воздухот се пренесуваат и во подалечната околина. За чистење и миење на транспортните средства ретко се преземаат активности. Неретко на градилиштата се среќаваат импровизирани електрични приклучоци, кои се потенцијална опасност за вработените и минувачите. Исто така на повеќето градилишта не се почитува обврската за носење лична заштитна опрема, а нема ниту соодветни информациони табли за градилиштето.

Сите овие пропусти и недостатоци придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема.

За ефикасно да се уреди и организира градилиштето, како и да се елиминираат повеќе од набројаните пропусти, потребно е да се изработи соодветен елаборат за уредување на градилиштето (план за уредување на градилиштето или проект за уредување на градилиштето) и истиот доследно да се реализира и контролира.

Шемата на градилиште претставува детален приказ – ситуација, која во зависност од големината на локацијата се изработува во размер од 1 : 200 до 1 : 1.000, по потреба со додатни цртежи или скици, кои може да бидат изработени и во други размери.

Шемата на градилиштето содржи:

- димензии на градежната парцела

- висински коти и нивелација на постојното земјиште

- регулациони и градежни линии, положба и катност на објектите

- положба и броеви на соседните катастарски парцели и згради и име на улиците

- приказ на објектот кој се гради

- распоред на опремата за работа

- приказ на планираните привремени објекти

- распоред на приклучоците за инфраструктура

- места за складирање на градежните материјали

- влез и излез од градилиштето со внатрешните сообраќајници

Ако доследно ги почитуваме сите погоренаведени мерки секако дека ќе имаме добро организирани и безбедни градилишта.



https://www.porta3.mk/se-pochesto-gledame-haos-potrebni-se-organizirani-i-bezbedni-gradilishta
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.