build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Охрид и Струга
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охрид и Струга

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Охрид и Струга
    Posted: 22-Dec-2009 at 23:42
Незнам како да ја толкувам оваа вест, дали се работи за реализација на некој голем комплекс или за отстранување на административни бариери за реализација на некој ДУП

ОТКАКО НАДЛЕЖНИТЕ МИНИСТЕРСТВА ГИ ПОВЛЕКОА ЗАБРАНИТЕ ЗА ГРАДБА


Охридскиот Менхетен почна да се гради


Започна градбата на најголемиот станбен комплекс во Охрид. На просторот во близина на Билјанините извори ќе никнат околу триесетина згради во кои ќе живеат неколку илјади жители. Градежните работи започнаа откако Министерството за транспорт и Министерството за локална самоуправа ја повлекоа забраната за градба на овој простор.
Вредноста на инвестицијата ќе изнесува околу 70 милиони евра, од кои десет милиони евра ќе се слеат во општинската каса на име комуналии.
- Станува збор за голем градежен зафат што ќе му даде ниов лик на овој дел на Охрид, вели раководителот на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа во Охрид, Бранко Арнадуов.
Урбанистичкиот план за оваа осма урбана заедница беше донесен кон крајот на минатата година, но Минстерството за транспорт и врски, иако предходно даде согласност, на барање на Управата за заштита на културното наследство побара да се сопре секаква градба. Од таму тврдеа дека на овој дел на Охрид не може да се гради се додека не се утврди дали на локацијата има археолошко вредности. Забрана за градба беше побарана и од страна на Министерството за локална самоуправа.
Охридската јавност е поделена во размислувањата за изградбата на, како што велат, охридскиот Менхетен. За едни со ваквата градба ќе се даде нов лик на градот, а за други со градењето на еден ваков мамутски станбен комплекс урбанистички се нагрдува овој дел на Охрид.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=680165B98D299247A1D52D7FC7AEEFDF


Edited by pbanks - 22-Dec-2009 at 23:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Dec-2009 at 22:35
Не знам ни јас, ниту знам како го заслужил атрибутот „Менхетен“, ама еве да регистрираме за кој реон се работи:

41° 6'31.10"N  20°48'56.24"E


А ова е урбанистичкиот план:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Ohrid/Nacrt-plan UZ 8.jpg


Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 05:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Apr-2010 at 20:59
Мал извештај од Охрид. По којзнае кој пат сум разочаран од урбаниот развој на градот. Од она што може да се види дури и уништените Кисела вода или Дебар маало во Скопје ми делуваат како урбанистички ремек дела во споредба со тоа што се случува во поголемиот дел на градот и крајбрежјето. Апартмани никнуваат на секој чекор и секој си ги поставува на плацот како што му одговара, не постојат никакви градежни линии, лакомоста по квадратен метар плус е евидентна на секој чекор со разноразни поткровја и на неколку нивоа, доградби и сл. За естетиката на објектите не сакам ни да разговарам, транзицискиот невкус во својата најрадикална форма е сеуште наголемо присутен. За жал не видов ниту еден нов објект кој би го издвоил за да го споделам тука со вас.

Во продолжение имам да постирам неколку слики од станбената изградба во населбата која скопјани нагалено ја викаат Карпош 5 (или за тие што не знаат на крајот на Охрид веднаш до бензинската пумпа на Макпетрол). Ако не друго во овој дел владее каков таков урбанистички ред.

1

2

3

4

5


Еве и две заградени локации на булеварот Туристичка, едната е прилично голема, веднаш до бензинската станица, другата е малку подоле од нејзе. Што ќе никне тука сега за сега не знаеме.

1

2




Edited by pbanks - 05-Apr-2010 at 21:00
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Apr-2010 at 21:32
Зградата на втората слика навистина ми се допаѓа. Во главном сите ми се ок, но главната замерка како и секогаш ми е поткровјето. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Apr-2010 at 21:36
Мене генерално не ми пречи поткровјето на ваков тип згради во ваков тип на населби. 
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Apr-2010 at 22:30
Барем да ја пишат локацијата

Три трговски центри и 50 згради


Во Охрид започна да се гради елитната населба Охридски Менхетн, која ќе се протега на површина од 13 илјади метри квадратни. За околу три години се предвидува да се изградат околу 50 згради со 2.000 станови и три трговски центри.

Населбата се наоѓа во еден од најатрактивните делови на градот. Според очекувањата на градежните компании кои ќе работат на проектот, цените на станбениот простор би биле повисоки од досегашните 800 до 1200 евра.

За властите во Охрид ова е најголема инвестиција досега. Од 70 милиони евра колку што изнесува целиот проект, градот ќе профитира со околу 10 милиони евра, пари кои би легнале на сметка на општината.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=98451351E4279D438191C51CAC8BA62A
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Apr-2010 at 23:15
Кажано е и досега, ама еве и јас ќе кажам. Генијалците што што смислуваат вакви имиња од типот на „Хххххх Менхетн“ и слични, треба да се стрелаат  Gunz


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Apr-2010 at 11:53
ja postirav vesta zaradi sporedbata so slikite.a od kaj im dojde toa menheten so 5-6 katnici ne se stanuva menheten...
Охрид ќе стане Менхетн

понеделник, 12 април 2010
 
До 2013 во Охрид ќе се изградат 50 згради и 3 трговски центри
 
 

Во Охрид се гради елитната населба „Охридски Менхетн“ која ќе се протега на површина од 13 илјади метри квадратни. Според најавите до 2013 година се предвидува да се изградат околу 50 згради со 2.000 станови и три трговски центри.

Населбата се гради во најатрактивните делови на туристичкиот град.

Цените на станбениот простор би биле повисоки од досегашните, кои сега се движат од 800 до 1200 евра. Реализацијата на проектот чини 70 милиони евра.

Share8

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=45950


Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Aug-2010 at 21:03
Дали има отворено нова нишка за стамбениот комплекс што се гради во Охрид еве кординати  41° 6'25.94"N  20°48'53.87"E  ?, кога бев пред некој ден во Охрид рендерот изгледаше како многу голем околу 5-6 згради паркинзи и спортски игралишта. Удрени се темелите на 2 згарди колку што можев да забележим, ама немам слики да прикажем, кој е од Охрид добро ни дошло да закачи некоја фотографија 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Aug-2010 at 08:43


Го имам забележано градилиштето во април годинава, не немаше истакнато табла за тоа што ќе се гради.

Originally posted by pbanks


Еве и две заградени локации на булеварот Туристичка, едната е прилично голема, веднаш до бензинската станица, другата е малку подоле од нејзе. Што ќе никне тука сега за сега не знаеме.

1

2


Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Sep-2010 at 08:33
Се руши " полициската" зграда

Започна рушењето на една од најстарите станбени згради во Охрид, позната како полициската зграда, која се наоѓа на улицата Јане Сандански.
Овој објект бил изграден во средината на шеесеттите години од минатиот век.
Наскоро ќе се руши и приватната куќа која се наоѓа до оваа локација.
На нивно место, според урбанистичкиот план на градот, е предвидено да биде подигната повеќекатна зграда која ќе биде  само десеттина метри оддалечена од веќе постоечка зграда, изградена исто така во шеесеттите години.







http://ohridnews.com

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Mar-2011 at 22:53

Новата монденска населба во Охрид- „Менхетн“ под вода

Охридскиот “Менхетн” под вода. Новата монденска населба што се гради на просторот Бејбунар уште при изградбата почна да се поплавува. Урбанистичката инвазија, која предвидува 39 станбени објекти на мочуришниот простор се покажа како негативна.

Геолозите предупредуваат охридскиот регион е исполнет со езерско блатна фација. Треба да се води грижа за опасноста која демне во градот, што лежи на подземни води и е сеизмички активен. Подземните води велат, можат да голтнат цели висококатници во Охрид.


- Тој простор заслужуваше најмалце барем да биде проконтролиран од тројца архитекти пред да се издаде одобрение за градба. Самата архитектура не смее во Охрид во 21 век да наликува на онаа архитектура да не кажам на Лабуништа или некое соседно место, вели Ристо Андоноски поранешен раководител на Секторот за урбанизам во Охрид.

Колку тлото е безбедно и дали ќе ги издржи гигантските бетонски зданија останува на експерите. Но овде загрижува и паркирањето што е предвидено во подземниот простор на објектите, коj при најмал дожд се полни со вода.

- Парцелите се толку многу начичкани една до друго. Јас се прашувам како ќе се изведе подземното паркирање ако знаеме дека таму целото земјиште е муљ, во муљевита состојба, вели Андоноски.

Уште на почетокот на идејата за бетонизирање на просторот Бејбунар експертите јасно укажуваа на специфичниот карактер на земјиштето. Тие бараа негово уредување со рекреативно- туристички содржини.

Охридските инвеститори кои градат на просторот кај Бејбунар негираат зградите во охридскиот „Менхетн“ се полнат со вода.

Инвеститорите тврдат дека ги имаат направено сите потребни анализи, геодетски мерења и ги поседуваат потребните дозволи за градба. Тлото е безбедно и испитано и може да ја издржи предвидената градба.

Соња Рилковска
05.03.2011, 11:57

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=72176
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Mar-2011 at 21:53
Интересно како за 4-5 месеци набрзина се кренаа толку згради.
А името на 'проектов' е генијално ,авторот си заслужил бесилка на пристаниште
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-May-2011 at 13:39
Се наѕира каква „убавина“ ќе излезе охридскиов „Менхетн“ во Бејбунар. Каква штета за локацијата и за Охрид воопшто  Ohno

1


2


3


4


5


6


7


8

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-May-2011 at 14:29
Мене се повеќе ме потсеќа на Kowloon Walled City него на Manhattan
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-May-2011 at 15:39
Само не гледам каде ќе се изградат т.н. трговски центри, или малите дуќанчиња во зградите ќе ги сметаат за тоа. Местово беше измислено за огромен мол, според мене.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-May-2011 at 15:44
Според мене местото беше за огромен парк. Нека се гради накај Даљан, накај Струга. Овде само ке се затвори погледот кон стариот дел
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-May-2011 at 19:46
Originally posted by stratus

Според мене местото беше за огромен парк. Нека се гради накај Даљан, накај Струга. Овде само ке се затвори погледот кон стариот дел


Кај Далјан ќе граделе Пензионерски Дом ,на место планирано за мол ,па сега ти види А ова место беше планирано за Аква парк ,ама испадна ова преку ноќ.Добредојдовте во Земјата на чудата   

Edited by Тркало - 09-May-2011 at 19:46
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-May-2011 at 20:27
Ох пак ли приказни за трговски центри и менхетни, ЖАЛНО е што ќе го упропастат градот, како и природните струња на воздухот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-May-2011 at 18:48

Градежни активности во Струга

published - 22/05/2011 16:36:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Десеттина нови станбени објекти за само неколку месеци никнаа во Струга.По неколку годишна апатија на градежните компании, во градот се раздижи пазарот со недвижности.Се гради на неколку атрактивни локации, непосредно до брегот на езерото.Сепак од Агенциите за недвижности велат дека треба да се направи уште многу Струга да биде порпивлечна за инвестирање во недвижнини иако цените овде се за неколку пати поефтини од цените на становите во Охрид, што е предност за Струга

„Соодносот на цените помеѓу Охрид и Струга е еден спрема два. Ако цената на становите во Охрид се движи од 500 до 1.500 евра, во Струга цените на становите се движат од 400 до 700 евра во зависност од староста на градбата и местоположбата. Во Езерски лозја има многу градба. Таму веќе има некои завршени проекти. Секаде каде што има добри локации и добра инфраструктура, инвеститорите не се двоумат да започнат градба“, вели Наташа Спасевска, Агенција за недвижности Капитал.

Од општина Струга пак, велат дека иако на првпоглед изгледа дека се гради многу, ситуацијата не е таква. Изградбата на нови станбени објекти била помала за 10 до 20 % во однос на минатата година.

„Процентуално е опадната градбата. Направивме анализи и ажурирање на техничката документација за први и втори месец од оваа година и видовме дека за 10 % бројот на нови градби е помал во однос на 2009 година. Слободни локации има многу, но економската криза го оневозможува тоа“, истакна Натмир Неџипи- сектор за урбанизам Струга.

Најголем дел од инвеститорите се од Струга, Охрид и Скопје, но има и неколку од Албанија и Косово. Сепак сопствениците на градежни компании и агенции за недвижности велат дека Струга не може да се споредува со Охрид, каде интензитетот на продажба и градба е дури за три до четири пати поголем.

Мики Трајковски

http://alsat.mk/vesti/zemja/2617408.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.262 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.