build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гранични премини и царински терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 17-Jun-2020 at 21:13
Штом кај Маркова нога уште не го направија, Мајден-Баово може за 10 години да го отворат...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 17-Jun-2020 at 22:03
Тоа ниту до самиот Мајден нема пат just saying
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1996
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 17-Jun-2020 at 22:24
А да, го спомнуваа тој назив. Каде е точно на карта? Search за Пулевец ми го дава Мали Козјак, а во негова близина има патче кај западниот триаголник. Таму да не е?


Има можност за отворање уште неколку гранични премини со сите соседи; треба да се направи анализа колку би чинела изградбата и одржувањето на инфраструктурата, а колкав би бил бенефитот. На новите со Србија, Косово и Албанија, имајќи ја предвид можноста за мал Шенген да се постават One Stop Shop контејнери, кои би се отстраниле со стапувањето во сила на малиот Шенген (мада поверојатно е прво тој да бидне, а дури потоа преминиве); доколку една МШ држава стане ЕУ членка пред друга, контејнерите би се вратиле. Треба да се потрудиме што побрзо WB6 да стане целосен дел од ЕУ, Шенген и Еврозоната.
Со квадрат се означени премини од прва категорија, со круг втора, со обичен круг трета; зелено постоечки, жолто најавен или на постоечка патна инфраструктура којашто треба да се рехабилитира и надгради; црвено оние до кои моментално не води пат, или тој е земјен или сосема неадекватен (вкл. и нефункционални постоечки).

Ова би била инвестиција од неколку десетици милиони евра, имајќи предвид дека на многу места треба да се градат сосема нови патишта, некаде треба да се подобрат постојните, а теренот е воглавно планински. За сметка на тоа би се подобриле врските на одредени микролокации, помеѓу Македонија и петте соседи, како и транзитот низ земјава.

Категоризација и листа на премини: http://www.igu.gov.mk/files/pdf/nacionalna_komisija/Kategroizacija_Vlada_tabelarno.pdf


Северна граница
Косово

- Надградба на Стрезимир во втора категрорија;
- ГП I кат. на тунелот Тетово-Призрен;
- Премин IIк кај Корбилиќ во Косово и IIк Белановце, рехабилитација на Танушевци IIIк;

Србија
- Лојане и Сопот во IIк;
- ГП Огут и Голема Црцорија да се надградат и пуштат во употреба во IIк, Славујевац и Луке во IIIк.


Источна граница
Бугарија

- Црна Скала IIк;
- Ајдучки Кладенец IIIк;
- Делчево и Ново Село во прва;
- Стиник IIIк.


Јужна граница
Грција

- Николиќ IIк;
- Надградба на Дојран во прва;
- ГП Смрдлива Вода IIк;
- Пулевец, Лажец и Маркова Нога IIк;


Западна Граница
Албанија

- Св. Наум и Блато во Iк;
- ГП Џепиште IIк.


Edited by Staro Skopje - 17-Jun-2020 at 22:26
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 18-Jun-2020 at 00:21
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.