build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гранични премини и царински терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-Nov-2009 at 17:48
Ај ваљда преминов ќе повлече нога и за преминот "Маркова Нога"...

Нов граничен премин меѓу Македонија и Грција

Сузана Тасева Коментари (0)   
14.11.2009 16:45
 

 

Безвизниот режим кој треба да стартува од 19. декември ги размрда и пограничните општини со Грција. Ќе се отвора уште еден граничен премин кај Гевгелија.

Иницијативата е заедничка на локалните од пограничните општини Гевгелија и грчката Аксиополи.

Според градоначалникот на Гевгелија, со овој граничен премин ќе се олесни малограничниот промет и ќе се намалат мешаниците на еден од најфреквентните гранични премини со Грција - Богородица. Тука годишно поминуваат над 3 милиони луѓе.

„Сметам дека ќе придонесе за нашето зближување, затоа што овде во близина порано постоел премин за малограничен промет. Сега тој од поодамна е затворен, но иницијатива има од двете општини, од Гевгелија и од Аксиополи, за да тој малограничен промет се обнови“, рече градоначалникот

Со изградбата на мостот со пари од Програмата за соседство на ЕУ, веќе е направен првиот чекор. Следниот е изградбата на пат до граничниот премин во должина од 1 километар.

Гевгелија овој мост го именува како мост на македонско-грчкото пријателство, како знак на добра волја за интензивирање на меѓуграничната соработка меѓу Македонија и Грција, во која се вклучени по 10 општини од двете земји.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116286
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 30-Nov-2009 at 01:00

Гевгелија сака нов премин кон Грција

Новиот мост на Стара Река наречен Мост на македонско-грчкото пријателство, кој се наоѓа во близина на некогашниот граничен премин меѓу Гевгелија и Грција, гевгеличани ги прави поблиски со јужниот сосед за неколку километри.

Со програмата за меѓугранична соработка и зачестените контакти меѓу градоначалниците на соседните грчки општини, Поликастро и Аксеополи, локалната самоуправа на Гевгелија покрена иницијатива за отворање нов граничен премин, на неполн километар од Гевгелија.

- Сега гевгеличани патуваат три километри до границата, а со отворањето на новиот мост делницата ќе се скрати на само еден километар. Во летниот период, кога на Богородица има многу мешаница, овој нов премин ќе ја намали. Сметам дека тој ќе придонесе за нашето зближување, затоа што тука, во близина, порано постоел премин за малограничен промет. Тој од поодамна е затворен. Иницијативата е од страна на двете општини и наша задача во следниот период е да го изградиме патот до граничниот премин - изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Од Општината, изградбата на патот до граничниот премин ја најавуваат за идната година. Истото би требало да се направи и од грчка страна, по што со договор на двете влади би требало да се утврди кога ќе биде отворен новиот граничен премин меѓу Македонија и Грција.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9A600D2D1734AA439647A200BB2AA0CD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 30-Nov-2009 at 01:01
За неодамнешната премиерска средба во Преспа се најавуваше на дневен ред дека ќе бидат и преминот Маркова Нога и пругата за Лерин, ама не обивме никаква информација дека воопшто се разговарало.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 25-Dec-2009 at 21:09

Идејата за „Клепало“ и до Бојко Борисов

Сеад Ризвановиќ   
25.12.2009 16:16




Иницијативата за отворањето на граничниот премин „Клепало“ дошла и до бугарскиот премиер Бојко Борисов. На неодамнешниот собир на народни партии во Бугарија, македонските претставници му ја пренеле оваа иницијатива.

„Беше дадено ветување од страна на Бојко Борисов дека ќе се заложи максимално за овој проблем да се реши во што е можно побрзо време. Како нов премиер Бојко Борисов не беше запознаен со тој проблем дека е тоа проблем за граѓаните од малешевијата“, изјави Миле Пачемски, пратеник во Собранието на Македонија.

Активностите за отворањето на граничниот премин „Клепало“ ги води асоцијацијата за алтернативен балкански туризам Балканија. Нив им помага и широка лоби група составена од пратеници, заменици министри, агенцијата за поддршка и развој на туризмот и повеќе туристички организации.

Граничниот премин би бил од огромна корист за стопанството на малешевскиот регион, но и за општините кои се наоѓаат на бугарска страна.


 

 

„Од тој граничен премин до Банско, големо развиено туристичко место е 43 километри а до Кулата, преминот на грчката граница е 57 километри. Самото тоа значи дека пуштањето на овој граничен премин ќе значи многу голема фреквенција, многу големо движење, развој на туризмот, размена на идеи, размена на искуства и поврзување на регионот“, вели Владо Србиновски, претседател на Балканија.

„Контактираме со нашите партнери од бугарска страна. Едноставно лобираме да и туристичките работници се заангажираат и едноставно да лобираат на нивната страна “, рече Зоран Стрезовски, агенција за поддршка и развој на туризмот.

Македонија одамна е подготвена за пуштање на овој граничен премин. Асфалтиран е патот од Берово до „Клепало“, долг 16 километри, а веќе 15 години е изградена и современа погранична зграда со сите придружни објекти. Целиот проект застана од бугарска страна. На двапати, кај нашите соседи досега пропаѓаа обидите да се изгради патот во должина од 30 километри.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117957
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Jan-2010 at 13:31




Меџитлија

Edited by гитардемон - 15-Jan-2010 at 14:24
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 19-Feb-2010 at 08:51
Гледам дека протестот на грчките цариници се продолжи и ќе трае до 23 февруари. Ќе бидат затворени граничните премини или сепак ќе може да се патува и да се влезе во Грција ако се одлучам да тргнам по пат денес?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 25-Mar-2010 at 03:54

„Гранит“ ќегради дел од преминот Блаце

Оперативата на „Гранит“ ќе го гради патничкиот дел од граничниот премин Блаце. Договорот што вчера го потпишаа првите луѓе на Царинската управа и на „Гранит“, Ванчо Каргов и Страшо Милковски, е вреден 1,65 милиони евра. Проектот, како што соопшти Царинската управа, ќе биде финансиран со средства обезбедени од Светска банка, во рамките на Вториот проект за олеснување на трговијата и на транспортот во Југоисточна Европа.

Договорот предвидува изградба на нови сообраќајни ленти, со што нивниот број ќе се зголеми од постојните две ленти на четири за влез и од две на три за излез. Истовремено ќе се градат и современи објекти за вршење на граничните и на царинските формалности.

Одговорните во Царината очекуваат новиот патнички премин што ќе ги содржи сите неопходни содржини за нормално функционирање, како и современа контрола на патници и на патнички превозни средства, да ја зголеми реалната моќ на пропустливост за два-три пати, бидејќи ќе овозможи побрз и полесен прекуграничен промет според потребите на бизнис- заедницата и на граѓаните.

Изградбата треба да биде завршена за 14 месеци, по што новиот граничен премин треба да биде пуштен во употреба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B0FB9D0184DB0443BE764DB197CA3464
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 25-Apr-2010 at 03:32
Царински терминал Куманово. Веднаш до бензинската Детоил (за која некаде имаме рендери за изградба на нова). За координативе не сум точно сигурен, од причина што незнам која од бензинските покрај патот е наведената. (42°12'25.02"N 21°42'6.95"E)

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Apr-2010 at 16:18
Македонија и Косово со пари од ЕУ ќе градат нов граничен премин Белановце - Станчиќ Скопје, 26 април - Изградба на нов граничен премин Белановце (Куманово) - Станчиќ (Гнилање) на македонско - косовската граница со 1,2 милиони евра од Европската унија, предвидува програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, чија содржина ја финализираат денеска во Скопје работни групи предводени од министрите за локална самоуправа на двете држави.

- Изготвувањето на Програмата е услов за подготовка и имплементација на проекти со финансии од ИПА програмата на ЕУ. Покрај стратешкиот проект за граничниот премин Белановце-Станчиќ, вредноста на останатите предвидени проекти за кои ќе има јавен повик е 1,080 милиони евра, информира на прес-конференција македонскиот министер за локална самоупрва Муса Џафери кој со косовскиот колега Садри Ферати потпиша Меморандум за согласност за програмата за прекугранична соработка.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1988
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-May-2010 at 18:33

Изградбата на фито станицата на Табановце при крај

 Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евро-амбасадорот Ерван Фуере на граничниот премиен Табановце, денеска се информираат до каде е изградбата на ветеринарната и фито-санитарната станица, како дел од проектот за Подршка на интегрирано гранично упрваување.

 Станува збор за центар за интегрирана гранична контрола во кој ќе бидат инкорпорирани повеќе објекти , упрвана зграда , зграда за ветринарна контрола, зграда за фито-контрола, штала во која ќе бидат третирани животните.Овде ќе имаме центар во кој ќе се врши контрола во склад со европските стандарди.Оваа е прв центар што се гради, а палнирано е вакви објекти да бидат изградени и на граничните премини Меџитлија, Блаце, Ќафасан и Аердромот Александар Велики. На овој начин ќе се овозможи брз прием, односно брз преглед на сите пратки од животинско и растително потекло и ќе има непречена циркулација на стоката без особени проблеми-изјави министерот Димковски.

 Евроамбасадорот Фуере при посетата на Табановце, истакна дека фито-санитарните стандари се многу важен дел за евро-интегрирањето на државата.

Административниот капацитет којшто Владата треба да го обезбеди за спроведување на ваквите проекти останува многу работа за нас, впрочем тоа е најважното за реализиацијата на проектот - истакна Фуере.

Фито-санитарната е на повшина од 1860 м2 и се очекува да биде изградена до крајот на месецот јуни. Средствата во висина од 1.674 000 денари ги обезбди Европската агенција за реконструкција.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/izgradbata-na-fito-stanicata-na-tabanovce-pri-kraj.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 11-Jul-2010 at 16:06

Модернизацијата на Блаце - подобра конекција со земјите од ЈИЕ

11 јули 2010, 15:55
Извор: Макфакс
Скопје

Стартуваше реконструкцијата на граничниот премин Блаце кој ќе овозможи подобрување на конекцијата со Косово и олеснување на транспортот и размената на стоки.

„Блаце ќе биде по европски стандарди ќе се изгради нова зграда на царината и полицијата објект за контрола на автобуси и патници, две коловозни ленти ќе се забрза протокот на возила автобуси и патници“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески на поставувањето камен темелник за реконструкција на граничниот премин.

Со 324 милиони долари годишно Косово е на листата на топ 10 партнери во размена на стоки, остваруваме најголем суфицит во првите пет месеци од минатата година трговското салдо  со Косово изнесувало 35 милиони долари, а за истиот период оваа година изнесува 165 милиони долари.

„Со модернизација на граничниот премин стануваме уште поатрактивна земја за инвестиции со отварање на повеќе работни места Македонија докажува дека е сериозен кандидат за европскиот пазар“, изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Средствата во висина од 15 милиони евра се обезбедени Светската Банка за олеснување на трговијата и транспортот меѓу Македонија и земјите од Југоисточна Европа.

„Македонија како држава без излез на море треба да инвестира во стратешките транспортни врски на граничните премини со што се олеснува комуникацијата со регионот, изјави Беким Имери претставник од Светската банка во Македонија.

За царинската управа ова значи создавање на подобри услови за граничните премини и на царинските контроли сметаме дека  проектот ќе биде готов за 14 месеци, изјави Ванчо Каргов директор на Царинската управа.

Димче Алеков претседател на Сојузот на Стопански Комори смета дека ќе се подобри бизнис заедницата преку зголемување на стоковната размена меѓу Македонија и Косово.

Со реконструкцијата на граничниот премин предвидено е зголемување на бројот на сообраќајните лентите од 2 на 4 на влез и од 2 на 3 на излез./крај/мт

http://www.time.mk/read/9683e17cfe/6b787d04d4/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 27-Jul-2010 at 16:30

Дојдете преку Богородица, Господ да ве види


Ако првите неколку километри по границата се доволни за да се стекне впечаток за една земја, тогаш тие што досега не биле во Македонија најдобро е да нé посетат преку Грција

 
 
%20  
Лошиот впечаток тешко се поправа, а добриот лесно се губи.

Оваа изрека е особено применлива за патувањата низ Македонија, односно за влегувањето во земјава низ најфреквентните премини на четирите граници, Табановце на северната, Деве Баир на источната, Богородица на јужната и Ќафасан на западната.

Ако првите неколку километри по границата се доволни за да се добие барем воопштена идеја за тоа во каква земја се влегува, разликите меѓу четирите премини се значителни, речиси како да станува збор за сосема различни држави.

Од еден граничен премин се излегува на градилиште, друг води преку лош пат кон запустени села, преку трет се влегува во негибната природа, а четвртиот е порта кон луксузни хотели и казина. Но никаде нема барем едно срдечно „добредојдовте во Македонија“, освен на неколку билборди на „Ти-мобајл“, а на држачите за рекламен материјал многу почесто може да се најдат информативни и рекламни брошури за хотели и за ресторани, но не секогаш и за Република Македонија.

Како објекти, самите премини се, да речеме, солидни - си ја извршуваат работата за која што се наменети. Некогаш со помал застој, некогаш со поголем, а има и моменти кога воопшто не се чека ред за влез. Командирите на граничните премини велат дека бројот на патници што поминуваат дневно во лето е двојно поголем отколку во зима - на сите премини. Но биометриските пасоши, кои ги имаат сé повеќе граѓани и на нашата земја и на соседните, овозможувале протокот да биде многу побрз.


ОД ТАБАНОВЦЕ ДИРЕКТНО ВО ЛОЗЈЕ



Табановце е нашиот најфреквентен граничен премин, каде што дневно поминуваат по 25 илјади патници, влегувајќи во земјава низ осум, а излегуваат низ пет ленти. Ваква е состојбата во лето, кога се јавуваат и застои, особено ако има поголем бран возила. За само еден ден минатата недела поминале дури 40 илјади луѓе, во десетина илјади возила. Во остатокот од годината, пак, на ден поминуваат по 10 до 12 илјади луѓе. Но иако колоните понекогаш го исполнуваат целиот простор меѓу српските и македонските рампи, сепак, процедурите се кратки, траат одвај една минута кај полициските и две-три минути кај царинските служби.


Tабановце
%20
40 илјади луѓе во десетина илјади возила минатата недела поминале во еден ден


Што доаѓа по преминот, дали прв град е Куманово, каде се Скопје и Охрид, не може да се дознае уште на Табановце. Првиот патоказ само покажува дека на 90 километри јужно има лозови насади и може да се вози низ „винските патишта“. А потоа, нервозното чекање на границата најчесто преминува во нервозно возење низ големото градилиште. Патот од Куманово до Табановце се проширува веќе две години, а уште не му се гледа крајот. Мора да се патува побавно од вообичаено и да се внимава на работниците и на градежните машини, но коловозот што се употребува е релативно чист и покрај засиленото градење околу него.

Оваа слика може некому да асоцира дека сме земја што добро се грижи за својата инфраструктура, но тој впечаток ќе се расипе само што ќе се напушти градежната зона и ќе се продолжи по оштетениот пат.


НАШИОТ ВЕГАС ПАЛИ ОД ВТОРА



За жал, на патниците што влегуваат во Македонија преку граничниот премин Богородица тоа најчесто им е втора посета на земјава. Веќе поминале 172 километри низ неа кога патувале кон Грција или кон Турција. Ретките посетители што за првпат ќе влезат оттаму ќе бидат пријатно изненадени од сликата. Добар автопат, со многу цвеќиња меѓу коловозните ленти, зимзелена шума од едната страна, лозја од другата. Но она што остава најсилен впечаток се казината, хотелите, десетината блескави објекти покрај патот. Македонскиот Лас Вегас можеби е многу помалку сјаен од вистинскиот, американскиот, но сигурно е доволен за да ги надмине очекувањата од земја за која ретко кој чул. Секако, и оваа слика има крај, веќе кај мостот на Вардар, од кој се гледаат остатоци од стар урнат премин, а во водата има и понекој насукан трупец, донесен при последното зголемување на водостојот.


Богородица
%20
18 илјади патници поминуваат во работни денови за време на сезоната
25 илјади луѓе поминуваат за време на викендот


Преминот Богородица е најголемиот што го имаме, со по осум ленти во двата правца, чист е, уреден, и според неговиот командир Никола Стамов, застои може да има само кога доаѓа голем бран возила, на пример за Илинденските празници. Сега низ него поминуваат до 18 илјади патници во работни денови, а во викенди до 25 илјади. Летниот проток секаде е двојно зголемен, но овде е тројно, бидејќи надвор од оваа сезона граничарите на Богородица опслужуваат околу шест илјади луѓе на ден или до осум илјади во саботи и во недели.

- Со биометриските пасоши проверката е побрза, бидејќи тие само се ставаат на скенер, не се внесуваат податоците рачно. Затоа времето на чекање е кратко. Еден автомобил во кој сите имаат такви пасоши се задржува најмногу минута и половина кај полицискиот службеник. Доволно сме опремени и кадровски и технички за да си ја извршуваме работата. Годинава, откога почна безвизниот режим, има и повеќе патувања од лани. Во првите, нецели седум месеци, сме регистрирале 470.180 патници повеќе во однос на истиот период минатата година. Затоа очекуваме 2010 година да ја завршиме со повеќе од четири милиони патници, за разлика од евидентираните 3,2 милиони во 2009 година - вели командирот Стамов.


БУГАРСКОТО ЗНАМЕ КОЛКУ ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ



Источната и западната граница се далеку помалку фреквентни од северната и од јужната. Теренот овде не дозволил брз и лесен развој на инфраструктурата. Двата најголеми премина се наоѓаат среде планини, Деве Баир на Осоговските, а Ќафасан на Јабланица. Дневно низ нив поминуваат по околу три илјади патници во лето.

- Во овој период е зголемен прометот, инаку има околу 1.500 патници за 24 часа. Имаме доволен капацитет, три ленти за излез и четири за влез во земјава - вели Ивица Тошевски, командирот на Деве Баир.

Овој премин често се споменува во вестите, за заплена на стоки, спречен нелегален увоз, но и за откриена дрога.

- Нивото на опременост ни е задоволително. Имаме телескопски палки, детектори, сетови за присуство на дрога, радијација итн. Но најважно е што полициските службеници често посетуваат обуки, па според тоа што го учат, според искуството и интуицијата успеваат да ги откријат овие криминални дела - објаснува Тошевски.


Деве баир
%20
1.500 патници поминуваат за 24 часа


Дали ова значи дека на тие што влегуваат преку Бугарија првиот контакт со Македонија ќе му биде претрес до гола кожа?

- Детално не се проверуваат сите возила. Постојат техники за да се процени дали нешто е сомнително, според однесувањето на патникот, ако изгледа нервозно, на пример - додава командирот.

Без разлика дали ќе биде претресуван или пропуштен веднаш, на патникот што ќе дојде од тој правец нема многу да му се допадне земјата на прв поглед. Нешто што веднаш се забележува е минијатурното знаме. Всушност, тоа е еден од оние 20-метарски јарболи што ги има насекаде, кои ги нарекувавме огромни. Но не во споредба со двете знамиња од другата страна од границата, бугарско и европско, кои се барем десет пати поголеми од нашето.

По патот кон Крива Паланка, природата од двете страни воодушевува, но коловозот е толку оштетен што целото внимание треба да се насочи на возењето, а не на разгледувањето на околината. Така полесно ќе се забележат и зарѓаните огради покрај патот, како и избледените знаци и патокази на кои одвај се познава што пишува. Поминувајќи низ неколку села заостанати во времето, но не доволно живописни, се пристигнува до градот и до ѓубриштата околу него, кои уште повеќе ја влошуваат целата слика.


ЗЕЛЕНА, НО ПРАЗНА ЗЕМЈА



Сосема спротивна е состојбата на Ќафасан. Оттаму кон Струга се патува по широк, одржан пат, со само две-три оштетувања, низ исто така негибнатата природа на Јабланица. Коловозот е во добра состојба и покрај тоа што, според податоците на пограничните служби, од 800 возила што просечно го газат секој ден, околу 300 се тешки камиони. Но можно е до струшкото поле да не се пресретне ниту едно друго возило, па на патниците да им се чини дека влегуваат во пуста земја.

- Сообраќајот годинава е намален зашто косовските граѓани поретко го користат овој пат кон Албанија, откако е отворен граничниот премин Молина на косовско-албанската граница. Претходно, имаше денови кога оттука поминуваа по пет-шест илјади патници - вели Мишко Наумоски, командирот на Ќафасан.

Ќафасан
%20
5.000-6.000 патници дневно пред отворањето на преминот Молина на косовско-албанската граница


Тој додава дека со пет ленти за влез и четири за излез неговиот премин овозможува патниците набрзина да ги завршат сите формалности, а метеж можело да се создаде само кога доаѓа траект со нашинци од Италија во Албанија, кои во колона со своите автомобили одеднаш пристигнувале на границата.

По патот има и многу малку градби, само во селото Мали Влај. Но и овде патувањето е пријатно само додека се слегува од планината. Во полето веднаш се забележува засилена градба, ѓубришта и метеж.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72710103491&id=9&prilog=0&setIzdanie=22044
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Aug-2010 at 06:07

Pred nekoj den imase vesti deka granicniot premin izmegju Trebishte i Dzepishte za prv pat se otvori za Ilinden. Nashive od Albania (Golo Brdo) vikaat deka sve bilo gotovo od Albanskata strana samo od Makedonskiot del ne bilo sredeno. Isto taka Markova Noga so Prespanskiot del vo Grcija treba da se otvori a i nakaj Srbija trebalo da se otvorat uste dva novi granicni premini edniot mislam deka bese blisku do Kriva Palanka a ne znam kaj ke bide drugiot.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 05-Aug-2010 at 05:22

По цели 60 години кружење за влез во Македонија од Албанија


Отворен преминот Џепиште - Требиште


Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа. - Во пописот во 2011 се надеваме дека ќе има графа за Македонците, изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко


Шеесет години беа потребни за преминот Џепиште - Требиште повторно да ги поврзе Македонците во Албанија со татковината. Првата државна делегација викендов го означи почетокот на новата врска. Старо-новиот премин повторно ја врати надежта кај Македонците од другата страна на границата. Новата можност побргу да стасаат до Македонија им ја враќа можноста за зајакнување на своите врски и зачување на корените.
- Да, токму тоа е она што ни е потребно за да се шири македонската кулутура, традицијата и нашата историја, вели Едмонд Темелко, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

Најголема е радоста за најстарите. По долги години повторно ќе имаат можност да го минуваат патот по кој ги правеле првите чекори сеќавајќи се на времето кога само половина час им требало за да ги посетат роднините и да се напијат чај во селската меана. Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа.
Токму сега се надеваме дека во пописот во 2011 г. ќе покажеме дека Македонци освен во Мала Преспа има и во Голо Брдо и во Гора, додава Темелко.

Присуството на државната делегација им ја врати вербата на Македонците во Албанија. Заменик-министерот за надворешни работи и неговиот колега од Министерството за локална самоуправа ги бодрат дека државата стои зад нивните напори. Преминот Џепиште - Требиште, петтиот премин на овој дел од границата, наскоро ќе започне да функционира. На почетокот Македонците ќе можат само пеш да ја поминат границата, а во иднина тоа ќе можат да го прват и со возила. Но, не само границата со Албанија, вакви премини се во подготовка и на останатите државни гранични линии. Да им се олесни животот на локалните жители и да се подобрат врските со татковината и семејствата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=95F9C314DE40EE408E9596E6955F2436
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Aug-2010 at 19:03
Interesno e sto se spomnuva kako Slovenija i Austria imaat 12 granicni premini taka da bi trebalo da imame poveke granicni premini okolu drugite nashi sosedni drzavi. Ke bide dobro em za biznis em za turizam da ne kruzhat okolu zhitelite od Albania vo ovoj slucaj.

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/intervju-so-zamenik-ministerot-za-nadvoreshni-zoran-petrov

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/nov-granichen-premin-na-golo-brdo



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 14-Aug-2010 at 19:26
Словенија и Австрија имаат слободен проток и практично имаат безброј премини. Неспоредливо е тоа, тука е друг случај.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 19-Aug-2010 at 07:10

Се чека српскиот министер Дачиќ за отворање на новиот премин

Според договорот, предвидено е за почеток преминот Голема Црцорија-Голеш да биде малограничен, односно дневен премин од трета категорија, наменет за пешаци и лесни возила

Со најавената посета на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на Македонија се очекува да биде отстранета и последната пречка за отворање на новиот граничен премин Голема Црцорија-Голеш, на македонско-српската граница, во кривопаланечкиот пограничен регион. Со преминот треба да се реши долгогодишниот проблем на комуникација за жителите од ова погранично подрачје. Според најавите, скорашната средба на министрите Дачиќ и Гордана Јанкуловска ќе биде искористена за потпишување на договорот на ниво на министерствата за внатрешни работи, по што ќе се преземат конкретни активности за функционирање на преминот.

- Останува уште потпишувањето на договорот помеѓу двете министерства, по што ќе се пристапи кон доизградба на патната инфраструктура и обезбедување на потребните гранични објекти. Задоволни сме што помеѓу двете страни е постигнат договор за довршување на сите потребни формалности, така што овој долгогодишен проблем конечно ќе биде решен, а жителите ќе може повторно да ги воспостават прекинатите врски со родните огништа, роднините и имотите од другата страна на границата - истакна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Работите за отворањето на новиот премин, за кој е потпишан меѓудржавен договор пред повеќе години, постојано се одлагаа, што наидуваше на остри реакции кај месното население, кое најавуваше блокади, протести и тужби за државата, поради 18-годишните гранични бариери. Тие реагираа и при неодамнешната посета на министерката Јанкуловска на Крива Паланка, која им вети дека ќе го отвори ова прашање со српскиот колега Дачиќ. Конечно, од министерството е најавено дека од двете страни се надминати сите пречки за реализација на новиот премин, за кој лани беа утврдени нулта точките, со уште двата приоритетни премина Огут-Трговиште во Кривопаланечкиот регион и Лојане-Миратовац во кумановско-прешевската област.

Според договорот, предвидено е за почеток преминот Голема Црцорија-Голеш да биде малограничен, односно дневен премин од трета категорија, наменет за пешаци и лесни возила. Пограничните служби ќе бидат сместени во заеднички објект, а во зависност од потребите и можностите на двете држави, не е исклучено во иднина преминот да биде преквалификуван во премин од втора категорија.

Градоначалникот Алексовски потенцира дека отворањето на новиот премин е од големо значење за економското заживување на овој пограничен регион.

- Овозможувањето на секојдневните комуникации ќе придонесе за развој на целото подрачје и искористување на заедничките потенцијали со кои располага. Со пограничните српски општини Босилеград и Трговиште имаме засилена соработка и правиме напори за реализација на проекти, кои ќе го заживеат регионот и ќе обезбедат економски просперитет за целото подрачје - вели Алексовски.

Отворена граница за средбата во Трговиште

Македонските граѓани денеска ќе може непречено да ја минуваат македонско-српската граница кај селата Огут, Кривопаланечко и Лесница, Општина Трговиште, каде што ќе се одржи погранична средба и општонароден собир по повод христијанскиот празник Свето Преображение Господово. Границата ќе биде отворена од 8 до 18 часот, а граѓаните ќе може да ја минуваат само со лични карти или со патни исправи.

На средбата кај Козји Дол, Општина Трговиште, ќе присуствува општинска делегација од Крива Паланка, како и голем број жители што потекнуваат од овој крај, а кои поради граничните блокади не се во можност да ги посетат своите родни огништа и семејства.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=79E1A6367185A249B813DE5DDAC3100E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 20-Aug-2010 at 14:19
Што се случи со преминот Пулевец кај селото Мајдан близу Алшар. Требаше да има уште еден премин према Грција што е најавуван со години заедно со Маркова Нога. Лани се спомна еднаш се сеќавам, а еве во прилог текст од 2002-ра година...

Тиквешијата поблиску до Пела и Воден, Грција
Се гради патот до новиот граничен премин Пулевец

КАВАДАРЦИ - Деновиве на Кожув, во делот на Тиквешијата, почнаа градежните работи околу пробивањето на патот од селото Мајдан до новиот граничен премин Пулевец кон соседна Грција. Инаку, од Мајдан, на македонска страна, до идниот граничен премин Пулевец ќе биде изграден нов асфалтен пат во должина од 5,4 километри и ќе ја претставува идната раскрсница на одамна проектираните патни насоки: Демир Капија - Витолиште - Прилеп - Кавадарци. Втората делница до Кавадарци е асфалтиран регионален пат во должина од околу 40 километри, а на овој потег од поодамна има изградено инфраструктурни објекти за струја, телефон и слично.

Првичните пресметки на проектот за новиот граничен премин Пулевец се ценат на над шест милиони евра. Притоа радува фактот што Европската унија има обезбедено четири милиони евра преку програмата за погранична соработка КАРЦ и тие средства се депонирани на сметка во Владата. Ова, неодамна официјално го изјави министерот за Македонија и Тракија во владата на Симитис, Георгиос Паскалидис при престојот во Кавадарци.


http://217.16.70.245/?pBroj=851&stID=8793&pR=3 (Се работи за Утрински весник)



Edited by lslcrew - 20-Aug-2010 at 14:20
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 31-Aug-2010 at 08:10
 
 
Србија го отвори граничниот премин Прохор Пчињски
Белград , 30 август –Српска делегација свечено го отвори граничниот премин Прохор Пчињски  кој се граничи со Македонија, пренесува ФоНет.

Модернизираниот граничен премин се наоѓа на  достапно место, 2,5 километри од местото каде претходно се наоѓаше.

Спред соопштението од Управата на царините изградени се четири нови  сообраќајни ленти, комплетна сигнализација и нови службени простории за вработените во царинската служба и пограничната полиција.  / fonet /
http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=3081015250
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 13-Sep-2010 at 12:29

Проширена урбанизација на Деве Баир

Деновиве во општина Крива Паланка почнаа подготовките за изработка на потребната планска документација за урбанизацијата на нови површини на граничниот премин Деве Баир, заради доопремување на патниот Коридорот 8. Со измените и дополнувањата на урбанистичкиот план предвидена е изградба на повеќе придружно-услужни објекти за потребите на овој патен коридор.

- Бидејќи со проширувањето на опфатот на новиот план се зафаќа и приватно земјиште, остваривме средба со сопствениците за да се запознаат со постапката на урбанизација. Ако од нивна страна постои интерес, и тие самите можат да партиципираат во изработката на документацијата за објектите, кои се од државен интерес. Со тоа им се дава можност на сопствените парцели да ги градат предвидените објекти и да ги стопанисуваат - истакнува Добри Јовановски, раководител на одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.

Сопствениците на имотот на Деве Баир побарале најпрвин да се дефинираат површините за градење и да се знае дали на една парцела може да се предвиди само еден објект, како и да се одреди критериум врз основа на кој ќе се финансира изработката на документација и по која цена.
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.